2. Моделот сервер − клиент
Кога се поврзуваат мал број компјутери,
тие можат да бидат рамноправни и со
еднакви можности.
Но, кога се работи за поголем број
компјутери, разменувањето податоци
мора да биде добро организирано. Тоа
се постигнува со моделот сервер −
клиент.
3. Моделот сервер − клиент
Сервери се компјутери на кои се собираат податоците
што се доставуваат до другите компјутери во
мрежата, кои ги нарекуваме клиенти.
Серверот има поголеми можности од другите
компјутери и има посебни програми со кои им
овозможува на клиентите да се поврзат со него и да
преземаат податоци.
На серверот се приклучени и уреди, како, на пример,
печатачот или скенерот, до кои имаат пристап и
клиентите.
Клиентите можат да разменуваат податоци меѓу
себе, но и таа размена оди преку серверот.
4. Моделот сервер − клиент
Интернетот го користи моделот сервeр −
клиент.
Серверите постојано се вклучени во мрежата
и меѓусебно разменуваат податоци, така што
на секој корисник во секој миг му е достапен
кој било податок од кој било сервер што се
наоѓа каде било во светот.
Ова е обезбедено со единствени правила за
пренесување податоци, наречени протоколи.
5. WWW (World Wide Web)
Кога ќе се спомне зборот Интернет, главно се
мисли на неговиот најзастапен сервис WWW
(World Wide Web), но овие два поима не се
исти.
WWW или само Web (веб) е систем од
различни документи (текст, слики, звук...),
меѓусебно поврзани и поставени на
Интернет.
Разгледувањето на овие документи
популарно се нарекува „сурфање“. Тоа е како
менување ТВ канали.
6. Веројатно мислиш дека Интернетот постои
околу десетина години. Но тоа воопшто не
е точно. Уште во 1969 година е направена
првата размена на податоци меѓу два
компјутера во рамките на компјутерската
мрежа наречена АРПАНЕТ, која се смета за
камен-темелник на Интернетот.
Повеќе: Како настанал Интернетот?
Преку АРПАНЕТ научниците и истражувачите
во САД комуницирале меѓусебно и
разменувале податоци. Во тоа време не
можело ни да се претпостави какви размери
и моќ ќе има комуникацијата преку Интернет.
Но, набрзо мрежата почнала забрзано да
расте бидејќи сè повеќе организации и групи
се приклучувале кон неа. Така, Интернетот со
текот на времето се претворил во
најголемата компјутерска мрежа на светот.
7. Постојат определени правила на одне-
сување на Интернет што треба да се
почитуваат. Таквите пра- вила ги
нарекуваме нетика.
Netiquette = Network + Etiquette.