4. Enterprise Europe Network 40 земји 600 партнерски организации Повеќе од 23 милиони МСП Членки : Австрија, Белгија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Грција, Данска, Естонија, Ирска, Исланд, Италија, Кипар, Латвија, Литванија, Луксембург, Македонија, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Турција, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Чешка, Шпанија, Шведска,Русија Центри за кореспонденција : Русија, САД,Ерменија, Израел, Чиле, Швајцарија, Египет
5. Европски Информативен и Иновативен Центар во Македонија - историјат Идеја за основање ИРЦ (ЕИИЦ) центар во Македонија . Состанок на претставници од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Фондација за индустриски менаџмент – Скопје, SINTEF , Норвешка и други субјекти. Работилница со националните институции инволвирани во проектот. Формиран Конзорциумот на ИРЦ Македонија. Универзитетот и МИР Фондацијата на состанок во Европската комисија во Брисел ги презентираат активностите пред шефот на одделот D-2 и одговорните за проширување на мрежата. Договорено е Македонија да продолжи со активностите и да отпочне со пилот оперативна фаза според техничките барања утврдени од ЕК. Пилот фазата е финансирана од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, преку проект на SINTEF Норвешка како ментор на ИРЦ Македонија. Документите од идејниот проект се испратени до Европската комисија. Македонија ги започнува подготовките за ЦИП програмата (3,6 милијарди евра). Во рамките на административната процедура за основање на ЕИИЦ во Македонија, претставници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, МИР и SINTEF , одржаа состаноци со Заменикот на претседателот на Владата на Р. Македонија за евроинтеграции м-р Габриела Коневска-Трајковска, министерот за економија г-а Вера Рафајловска и Делегацијата на Европската комисија во Р. Македонија, на кои беше претставена иницијативата за основање на ЕИИЦМ, по што Владата на Р. Македонија на својата 11 седница во декември 2006 година, донесе одлука за пристапување на Р. Македонија кон ЦИП програмата и алоцирање на средства во висина од 100 илјади евра годишно за работа на ЕИИЦМ центарот. Потпишан е нов конзорциумски договор, за коориднатор е избран Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а за претседател проф. д-р Велимир Стојковски. Комплетната проектна докуменатација за осоновање на центарот е доставена до ЕК. Европската комисија го извести Конзорциумот дека е завршена постапката за евалуација на проектот, тој е оценет со високи оценки и прифатен за финансирање од страна на Комисијата. Декември Март Мај Јуни Септември Октомври Март Септември 2005 2006 2007
9. ЕИИЦМ - дејност МОДУЛ А : ИНФОРМАТИВНА ДЕЈНОСТ – поранешен ЕвроИнфо Центар Малите и средните претпријатија од Република Македонија, ќе можат да добиваат информации за регулативите, директивите, стандардите и за другите услови за водење бизнис во Евро Зоната како и во други сите земји каде Enterprise Europe Network е присутна. Тие ќе можат да добијат информации и за условите и начините за финансирање на заедничките меѓународни проекти. Исто така, овие претпријатија преку мрежата ќе имаат силна поддршка во нивната интернационализација и ќе стекнат меѓународни бизнис контакти. МОДУЛ Б : ИНОВАТИВНА ДЕЈНОСТ – поранешни IRC центар за трансфер на технологии Малите и средните претпријатија од Република Македонија, ќе бидат поттикнати во искористувањето на новите можности за технолошка соработка. На овој начин ќе се родат и многу иновативни идеи. Со Enterprise Europe Network научно-истражувачките и развојни центри ќе можат да вршат размена на резултати од научни и развојни истражувања во рамки на мрежата. Исто така, на овој начин, на малите и на средните претпријатија од нашата држава ќе им овозможи пристап до иновативни технологи. Многу иновативни замисли на наши пронаоѓачи ќе можат да се остварат. Ќе можат да се склучат и бројни договори за лиценца МОДУЛ Ц : НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА И РАЗВОЈНА ДЕЈНОСТ Преку оваа дејност, ќе се воспостави тесна соработка помеѓу бизнис заедницата и академскиот интелектуален потенцијал. Така, малите и средните претпријатија заедно со потенцијалот на универзитетите и на научните центри, ќе можат да остварат заедничко учество во меѓународни научно-истражувачки и развојни проекти, и во други облици на слична меѓународна соработка. Малите и средните претпријатија преку оваа мрежа особено ќе бидат поттикнати да учествуваат во истражувачки и развојни програми. `
10.
11.
12. ЕИИЦМ – БИЗНИС СОРАБОТКА (МОДУЛ А) Дејност : Бизнис соработка • Избрани услуги за компании кои бараат бизнис партнер, агенти или дистрибутери во Европа • Публикација на локални бизнис понуди или барања во EIC мрежата, бизнис база на податоци • Давање информации за странски партнери на македонски компании • Следење и помош во процесот на соработка Бизнис обука и состаноци • Сесии за обука на ЕУ теми и конференции • Бизнис состаноци од различни сектори со компании од ЕУ во Македонија • Посета на саеми за трговија, бизнис состаноци (Б2Б контакти)
13.
14.
15.
16. ЕИИЦМ – Enterprise Europe Network - ЦИП Програма за конкурентност и иновативност (CIP)