Agenda and concept note, joint SIGMA-ReSPA PIFC regional conference for EU candidate countries and potential candidates, Skopje, 19 September 2019 (Macedonian).
1. КОНЦЕПТ
Петта регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола
за земјите-кандидати и потенцијални кандидати на ЕУ
Датум и место:
18-20 септември, Скопје, Северна Македонија
Најважни точки:
Раководна отчетност, стратешко и финансиско планирање, финансиска инспекција, квалитет на системите
на внатрешна контрола
Организатори за Европската комисија: СИГМА и РеСПА, домаќин - Северна Македонија
Опфат и цел:
Целта на Петтата регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земјите-кандидати
и потенцијални кандидати на ЕУ е да се состанат претставници на високо ниво од министерствата за
финансии, јавната администрација и избрани ресорни министерства. Администрациите кои ќе учествуваат
на конференцијата ќе ги претстават резултатите постигнати во развојот на раководната отчетност и ќе
дискутираат за теми од клучен интерес, вклучувајќи ефикасно стратешко планирање и планирање на
ресурсите, оценување на квалитетот на системите за јавна внатрешна финансиска контрола (ЈВФК) и улогата
на финансиската инспекција.
Стратешкото планирање, соодветно усогласено со планирањето на ресурсите, ја поставува основата за
ефикасни системи на внатрешна контрола. Целокупната координација, спроведување и долгорочна
одржливост на реформата на јавната администрација (РЈА) и на стратегиите за управување со јавните
финансии (УЈФ), поврзани со барањата од процесот на европската интеграција, резултираат со тежок и
сеопфатен предизвик за јавната администрација кај корисниците на ИПА. Посебен предизвик за јавните
институции е да се обезбеди соодветно финансиско планирање на чекорите потребни за спроведување на
стратегиите. Поврзаноста на буџетот на државата со разни јавни политики налага софистицирана
координација помеѓу структурите во владата надлежни за стратегиите за РЈА и УЈФ. Работилницата
организирана од СИГМА и РеСПА во текот на првиот ден од конференцијата ќе им даде можност на
учесниците да дискутираат за клучните предизвици и да ги проучат добрите практики во оваа област.
Сѐ повеќе администрации редовно го оценуваат квалитетот на своите системи на внатрешна контрола. За
време на конференцијата, ќе бидат поканети раководители надвор од министерството за финансии да
учествуваат во сесија од работилницата за да стекнат подобро разбирање на предизвиците поврзани со
развојот и одржувањето на ефикасни системи за управување и контрола.
Зголемениот акцент врз внатрешната ревизија како алатка за управување и развојот на раководна отчетност
не значи дека не останува улога за финансиската инспекција во земјите каде што таа била од огромна
важност. Важно е раководителите да разберат што претставува финансиската инспекција, по што се
разликува од внатрешната ревизија и како може да се користи на начин кој ќе доведе до подобри
2. внатрешни контроли. Посебна работилница ќе овозможи да се дискутира за улогата и делокругот на работа
на финансиската инспекција во јавниот сектор.
Од учесниците ќе се бара активно да учествуваат во сесиите, да го споделат своето искуство и своите
планови за понатамошно подобрување на јавната внатрешна финансиска контрола во нивните
администрации.
Контекст:
Помеѓу 2016 и 2019 година, администрациите во регионот продолжија да ги подобруваат своите системи за
ЈВФК, ги изработуваа стратегиите, ја усовршуваа правната рамка и ги менуваа постојните практики.
Политиките за ЈВФК станаа посеопфатни и почнаа да ги опишуваат визиите на владите во области кои
претходно не беа опфатени со координацијата на ЦЕХ (стратешко планирање, раководна отчетност, ИТ
системи, сметководство, надворешна контрола и финансиска инспекција).
Четвртата регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земјите опфатени со
процесот на проширување на ЕУ, во 2016 година, го објасни концептот на раководна отчетност и ја започна
дебатата и активностите за изработка на шемите за раководна отчетност. Во 2018 година беше организиран
регионален семинар за раководна отчетност и висока административна служба во Западен Балкан, во
организација на РеСПА и СИГМА. Во истата година беа објавени студии на СИГМА кои даваа детална анализа
на постојните бариери и препорачаните насоки за шемите за добра раководна отчетност.1
СИГМА и РеСПА редовно даваат насоки и помош на администрациите со кои го поддржуваат
подобрувањето на стратешкото и финансиското планирање. Во 2018 година беа објавени две методолошки
упатства за олеснување на работата во оваа област. 2
Извештаите од мониторингот на СИГМА во 2017 и 2019
година покажаа дека е потребно понатамошно подобрување во поврзувањето на стратешкото и
финансиското планирање.
Учеството на ресорните министерства во градење ефикасни системи за ЈВФК станува сѐ поважно.
Централните единици за хармонизација започнаа да вршат прегледи на квалитетот во системите за ЈВФК во
потрага по најсоодветните методологии. Од раководителите во јавниот сектор се очекува активно да
придонесат во овој процес. Како одговор на сѐ поголемиот интерес, СИГМА подготви Насоки за оценување
на квалитетот на системите на внатрешна контрола.3
Во 2011 година, за време на Втората регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола,
беа претставени група основни начела за финансиска инспекција (Основи на финансиска инспекција), кои
беа дискутирани со министерствата за финансии. По осум години, постои потреба за поширока дискусија и
за дефинирање на методите за практично спроведување на повелбата. Поради тоа, СИГМА изработи
документ за дискусија кој има за цел да го информира високото раководство за тоа како најефективно може
1 Klaas, K., L. Marcinkowski and M. Lazarević (2018), "Managerial accountability in the Western Balkans: A comparative analysis of
the barriers and opportunities faced by senior managers in delivering policy objectives", SIGMA Papers, No. 58, OECD Publishing,
Paris, https://doi.org/10.1787/88be2112-en.
Uudelepp, A., et al. (2018), "Analysis of the Professionalisation of the Senior Civil Service and the Way Forward for the Western
Balkans", SIGMA Papers, No. 55, OECD Publishing, Paris, https://doi.org/10.1787/8535b60b-en.
2 Vági, P. and E. Rimkute (2018), "Toolkit for the preparation, implementation, monitoring, reporting and evaluation of public
administration reform and sector strategies: Guidance for SIGMA partners", SIGMA Papers, No. 57, OECD Publishing, Paris,
https://doi.org/10.1787/37e212e6-en.
ReSPA (2018) Methodological Guide for Costing of Government Strategies (https://www.respaweb.eu/11/library#respa-
publications-2018-7)
3 Boryczka, M., D. Bochnar and A. Larin (2019), "Guidelines for assessing the quality of internal control systems", SIGMA Papers, No.
59, OECD Publishing, Paris, https://doi.org/10.1787/2a38a1d9-en.
3. да биде применета финансиската инспекција и на начин кој ги надополнува другите функции на
внатрешната контрола.
4. АГЕНДА
19 септември, 2019 година
8.30 – 9.00 Пријавување
9:00 – 9:40 Отворање на конференцијата
● Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација,
Северна Македонија
● Роса Алдеа Бускетс, Заменик генерален директор, Генерален директорат за
буџет, Европска комисија
● Ратка Секуловиќ, Директор, РеСПА
● Клас Клаас, Директор за стратегија и реформа, СИГМА
Раководна отчетност
9:40 – 10:15 Раководна отчетност – зошто е толку важна?
● Роса Алдеа Бускетс, Заменик генерален директор, Генерален директорат за
буџет, Европска комисија
10:15 – 10:45 Пауза за кафе
10:45 – 12:15 Панел дискусија: Предизвици во практичното спроведување на раководната отчетност
● Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација
● Гезим Калајџи, Економски директор, АДИСА
● Радмила Драгишиќ, Заменик директор, Секретаријат за законодавство –
Советник за европски интеграции, Колегиум за европски интеграции
● Артон Бериша, Генерален секретар, Министерство за јавна администрација
● Данијела Недељковиќ-Вукчевиќ, Генерален директор, Министерство за јавна
администрација
● Споменка Вирцбургер, Помошник министер, Министерство за финансии
● Мухамед Емин Јилдиз, Раководител на сектор, Генерален директорат за човечки
ресурси и начела, Претседателство
12:15 – 13:30 Ручек
Стратешко планирање усогласено со планирањето на ресурсите
13:30 – 14:05 Како да се обезбеди усогласеност помеѓу планирањето на политиките и финансиското
планирање – Искуството на Словенија
● Катја Лаутар, Експерт на СИГМА/ Служба за фискална и економска политика,
Министерство за финансии
14:05 – 15:00 Панел дискусија: Искуства во координирање на планирањето на политиките и
финансиското планирање
● Евис Ќаја, Генерален директор, Сектор за развој и добро управување во
Кабинетот на премиерот
● Ахмет Исмаили, Генерален директор, Трезор, Министерство за финансии
● Ива Вуковиќ, Генерален директор, Директорат за економска политика
● Гордана Гапиќ Димитровска, Министерство за информатичко општество и
администрација
● Јелена Мујчиновиќ, Секретаријат за јавни политики
● Абдурахман Зафер Ајдин, Генерален директорат за човечки ресурси и начела,
Претседателство
15:00 – 15:30 Пауза за кафе
5. 15:30 – 16:00 Дискусија и заклучоци: клучни предизвици во планирањето
● Мојмир Мрак, Експерт на РеСПА
Управување и контрола – практични аранжмани
16:00 – 16:45 Систем на управување и контрола воведен во Сојузната јавна служба за социјална
сигурност на Белгија (ФПССС)
● Франк фон Масенхов, поранешен директор на ФПССС
Вечера
20 септември, 2019 година
9:00 – 9:15 Организирање на денот
9:15 – 10:45 Паралелни сесии од работилницата
Сесија 1: Финансиска инспекција – улога, делокруг на работа
● Дискусија врз основа на документот „Насоки за финансиска инспекција која е во
согласност со ЈВФК“
Сесија 2: Оценување на квалитетот на внатрешната контрола за раководители: улоги и
одговорности, делегирање овластувања, поделба на задачите
● Работилницата и дискусијата се базираат на Документот бр. 59 на СИГМА
10:45 – 11:15 Пауза за кафе
Пленарна седница
11:15 – 12:45 Панел дискусија (ЦЕХ): Ефикасни системи за ЈВФК и раководна отчетност – планови за
иднината
● Дриналда Ајази, Експерт
● Фатима Обхоџаш, Помошник министер
● Ранко Шакота, Директор
● Драгољуб Накиќ, Раководител
● Косум Алиу, Директор
● Ана Крсмановиќ, Генерален директор
● Трајко Спасовски, Раководител
● Споменка Вирцбургер, в.д. Помошник министер
12:45 – 13:00 Затворање на конференцијата
● Нина Ангеловска, Министер за финансии, Северна Македонија
● Рејмонд Хил, Генерален директорат за буџет, Европска комисија
Ручек