SlideShare a Scribd company logo
1 of 21
Download to read offline
MAKEDONSKI
CENTAR ZA
ME|UNARODNA
SORABOTKA
ГОДИШЕН
ИЗВЕШТАЈ
2022
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 2 ]
МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
ВИЗИЈА И МИСИЈА
Никола Парапунов 41а
п. фах 55, 1060 Скопје
mcms@mcms.mk
www.mcms.mk
www.fb.me/mcms.mk
twitter.com/mcms_mk
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е организација на граѓанското општество што
верува во мир, хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, на Балканот и глобално.
МЦМС ја заснова визијата на универзалните принципи на граѓанското општество и партиципативна де-
мократија, владеење на правото, рамномерен и одржлив социоекономски развој, ненасилство, почит и
меѓузависност и културна разноличност.
Мисијата на МЦМС е да предводи промени со нови и алтернативни решенија на општествените пробле-
ми, кои влијаат на другите актери и кои се вклучуваат во главните текови.
ЦЕЛИ НА МЦМС
Долгорочни цели на МЦМС се:
» Вкоренето и влијателно граѓанско општество
» Добро владеење и борба против корупцијата;
» Социјална инклузија и кохезија;
» Поддржан процес на евроинтеграција;
» Подготвеност за одговор на итни општествени предизвици;
» Поддршка за реализација на зелена агенда во Западен Балкан;
» МЦМС, независна и организација со кредибилитет – препознатлив поврзувач;
» МЦМС, атрактивна и иновативна организација.
АКТИВНОСТИ И МЕТОДИ
МЦМС активностите ги остварува преку:
» Застапување (информирање, градење свест, едукација, креирање и влијание на политики, следење и барање
одговорност);
» Развојна поддршка (капацитети и инфраструктура);
» Социјално- хуманитарна поддршка.
Организациските методи се раководење и спроведување.
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 3 ]
ПОРАКА ОД РАКОВОДСТВОТО
По две години пандемија предизвикана од
Ковид-19, во 2022 година беше надмината
здравствената криза низ светот, а и во Маке-
донија. Сепак, очекуваното нормализирање
и стабилизација на општествените и економ-
ски текови изостана. Енергетската криза, ин-
флацијата и економската криза предизви-
кана од војната во Украина уште повеќе го
влошија и така кревкиот стандард на живе-
ење во Македонија.
Интеграцијата на Македонија во европското
семејство и условите за започнување на пре-
говорите наметнати со „Францускиот пред-
лог“ наместо точка на зближување, станаа
камен на сопнување. Тоа ја продлабочи по-
литичката криза во Собранието на РСМ кое,
и покрај масовните јавни протести, во јули
даде препорака за усвојување на Францу-
скиот предлог, со што треба да се откочат ев-
роинтеграциите на земјата. Иако објаснувач-
ките состаноци за процесот на скрининг беа
одржани летово, сепак, отворањето и прего-
варањето по поглавја останува условено со
измената на Уставот на државата.
Иако во 2022 година започнаа со работа две-
те работни групи, едната за измени на За-
конот за здруженија и фондации и другата
за реформа во државното финансирање на
граѓанските организации, сепак, годината
ја завршија без видни резултати. Дури има и
уназадување во државното финансирање со
недоделувањето на финансиските средства
преку Генералниот секретаријат на Владата.
Граѓанските организации членки на Советот
за соработка од април го бојкотираат рабо-
тењето на Советот поради владиното непо-
читување на нивната препорака за распре-
делба на буџетските средства за граѓанските
организации.
Ваквите околности укажуваат на понатамош-
на политичка, економска и општествена не-
стабилност и неизвесност за граѓанскиот
сектор и општеството.
Во таков контекст, МЦМС во 2022 спроведу-
ваше 27 проекти, ја започна програмата Ан-
тидискриминациска превенција и промо-
ција (АПП), успешно ги заврши преговорите
за директно продолжувањето на ГРЦ (2023-
2026), доби нов грант од Европската коми-
сија за продолжување на програмата РМА
(2023-2026), а во завршна фаза се и прегово-
рите за продолжување на Цивика мобилитас
(2023-2026). Покрај тоа, се очекува и позити-
вен исход од нова програма за антикорип-
ција од УСАИД (2023-2027).
Буџетот на МЦМС во 2022 година е стабилен
и изнесува околу 102 милиони денари.
На почетокот од 2022 Советот и Управниот
одбор ја одобрија новата Стратегија на МЦМС
(2022-2026).
Со одлука на Управниот одбор, МЦМС во ме-
сец јуни беше основана новата фондација
Национална фондација за развој на граѓан-
ско општество „Граѓански ресурсен центар“,
дел од преземените обврски од програмата
ГРЦ.
Александар Кржаловски
Директор
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 4 ]
ВКОРЕНЕТО И ВЛИЈАТЕЛНО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО
ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКОТО
ОПШТЕСТВО „ЦИВИКА МОБИЛИТАС“
Постигнување
општествени промени
во Македонија кои се
поттикнати од силен
граѓански сектор,
активни граѓани и
добра соработка со
властите, што резултира
со потранспарентно,
поотчетно и социјално-
инклузивно управување
на централно и на
локално ниво.
ЦЕЛ 80 активни
грантови
50 учесници
на 3 обуки и
работилници
4 настани за над
1200 учесници
Објавени над
280 информации
на програмата и
грантистите
Подготвени
четири
истражувачки
извештаи
Издададена една
публикација
„Содружничкиот
свет во Франција“
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 5 ]
„Овој Фестивал го слави граѓанското општество
и неговиот придонес кон општеството и граѓани-
те“, рече Амбасадорката на Швајцарија во земја-
ва, НЕ Вероник Улман на официјалното отворање
на Денот на граѓанските организации и социјал-
ните претпријатија што се одржа на 24 септември
2022 година пред Дом на АРМ во Скопје. „Силно,
разнолично и динамично граѓанско општество е
важна димензија за функционалната демокра-
тија“, додаде таа.
НЕ Дејвид Гир, Амбасадорот на ЕУ во РСМ, збору-
вајќи за важноста на социјалните претпријатија
се осврна на социјалната економија во ЕУ каде,
според него, 10% од сите бизниси, а 13 милиони
луѓе или 6% од луѓето во ЕУ работат во социјални
претпријатија. „Но поважно е тоа што ја споделу-
ваат амбицијата на позитивно влијание на целото
општество ставајќи ги луѓето на прво место и ко-
ристејќи го профитот за да постигнат општестве-
ни цели“, додаде Амбасадорот Гир.
За Фатмир Битиќи, заменикот на претседателот
на Владата, симболична е и локацијата каде што
се одржува Фестивалот на Цивика мобилитас, кај
спомен куќата „Мајка Тереза“. „Таа не се стреме-
ла кон Нобелова награда за економија туку се
занимавала со луѓето кои ги нашла пред нејзи-
ниот дом. Граѓанските организации и социјални-
те претпријатија го прават истото – се грижат за
луѓето со помалку можности“, рече Битиќи и до-
даде, „движечка сила се луѓето со нивните идеи,
без вас ништо со вас се!“.
Главната тема за годинашниот фестивал беше
„Враќање на граѓанскиот простор“ и беше орга-
низиран во соработка со Центарот за социјални
претпријатија. Граѓански активисти неколку дена
пред Фестивалот го исчистија просторот каде што
се одржи настанот, ги обновија клупите и поста-
вија канти за ѓубре. Вака уреден, организаторите
им го оставаат просторот на граѓаните за да биде
место каде ќе можат да разговараат, дебатираат,
разменуваат искуства и идеи. Граѓанските про-
стори се камен-темелници на секое отворено и
демократско општество. Кога овој простор е отво-
рен, граѓаните и граѓанските организации можат
да се организираат, учествуваат и комуницираат
без пречки. Така, тие можат да ги бранат своите
права и да влијаат на политичките и општестве-
ните структури околу нив. Затоа, заедно апелира-
ме за враќање на граѓанскиот простор на граѓа-
ните.
Фестивалот на Цивика мобилитас го имаше сво-
ето петто издание. Повеќе од 110 граѓански ор-
ганизации и социјални претпријатија од цела-
та земја пристигнаа за да ги претстават своите
активности и резултати пред заинтересираните
граѓани.
НАД 110 ЗДРУЖЕНИЈА И СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
СЕ ОБЕДИНИЈА ЗА ПОСИЛНО ОПШТЕСТВО
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 6 ]
ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ И БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА
РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА АНТИКОРУПЦИЈА
SELDI
Да ги прошири
и продлабочи
антикорупциските
дејствија од законска
постапка кон по
основано економско
делување, како што се
решавањето на врската
меѓу корупцијата и
скриената економија
и корупцијата и
организираниот
криминал.
ЦЕЛ Објавен
Регионалниот
извештај
2 Регионални
антикорупциски
форуми за 240
учесници
1 вебинар за 40
учесници
3 документи за
јавни политики
новинарски
стории за
справување со
корупција
2 изданија на
Е-билтенот на
СЕЛДИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 7 ]
Иако европската интеграција на Западен Балкан
трае повеќе од две децении, корупцијата сè уште
продира во сите сфери на општествата – конста-
тираа воведничарите на регионалниот форум
„Добро владеење и антикорупција во Југоисточна
Европа во време на геополитичка неизвесност“
што го организираа МЦМС и СЕЛДИ на 26 септем-
ври 2022 година во Белград, Србија.
НЕ Емануеле Џиуфрет, Амбасадор на ЕУ во Србија
истакна дека борбата против корупцијата е клуч-
ното прашање за граѓаните, за бизнисите и за ЕУ.
Тој посочи дека владеењето на правото и борба-
та против корупцијата се во сржта на процесот
на пристапување во ЕУ. Ставот на САД е сличен
и него го пренесе НЕ Кристофер Хил, Амбасадор
на САД во Србија. Според Хил, најдобриот начин
за заштита на демократиите и борба против ко-
рупцијата е да се информираат граѓаните како да
ги следат и прогласуваат случаите на корупција.
Ана Везироглу, заменик-раководителката на
единицата Д1 (Политики и регионална страте-
гија за Западен Балкан) во Генералниот дирек-
торат за соседство и преговори за проширување
(DG NEAR) ја истакна меѓусебната поврзаност на
борбата против корупцијата и борбата за човеко-
ви права.
Според Немања Тодоровиќ Штиплија, програм-
ски директор на Центарот за современа полити-
ка, високото ниво на корупција во регионот води
до заробена држава. Зборувајќи за факторите на
мотивација, Александар Кржаловски, директор
на МЦМС рече дека евроинтеграциите се еден од
главните мотиватори за борба против корупција-
та во регионот, а примерот на Србија и Црна Гора
покажал дека ќор-сокакот на преговорите, ја на-
малува политичка волја за таа борба.
Говорниците истакнаа дека корупцијата не запи-
ра со пристапувањето во ЕУ, а посилен фокус тре-
ба да се стави на спротивставување на заробени-
те држави и незаконските финансиски текови. На
ниво на ЕУ, согласно меѓународните проценки, се
препорачува да се измери вистинското влијание
на антикорупциските политики, а не само наме-
рите или бројот на ажурирани закони. ЕУ треба да
престане да ги толерира корумпираните влади, а
заробеноста на медиумите може да се реши со
градење на долгорочна отпорност на дезинфор-
мации, постојано разоткривање на лажните вести
и зголемување на довербата во јавните институ-
ции. Ефикасноста на судството, исто така, треба
да се подобри со зголемување на капацитетот на
луѓето со интегритет како што се судиите и обви-
нителите и да се создаде средина без политички
притисок.
АНТИКОРУПЦИСКИ РЕФОРМИ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН
БАЛКАН: ПОГЛЕД НАНАЗАД ЗА СЛЕДНАТА ДЕКАДА
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 8 ]
СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА И КОХЕЗИЈА
ПАТ КОН ОТПОРНОСТ И РЕИНТЕГРАЦИЈА НА
РАНЛИВИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО ЗАЕДНИЦАТА
Иницирање целовити
пристапи за одржлива
реинтеграција на
ранливите семејства
(вклучувајќи ги и оние
со повратници) во
Северна Македонија
ЦЕЛ
5 семејства на
повратници со
вкупно 30
членови вклучени
во програмата
1 Анализа на
потребите на
локалниот пазар
на труд
8 Локални
економски
планови за 8
општини
2 индивидуални
планови за
повратници
и членови на
семејствата
1 Регионален
форум за
работниците од
првата линија
2 обуки за
членовите на
НКСНЕБПТ и за
претставници на
медиуми
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 9 ]
„Улогата на медиумите во превенцијата на насил-
ниот екстремизам и промовирањето на реинте-
грацијата и рехабилитацијата на повратниците
од странските боишта и нивните семејства“ беше
темата на обуката што ја организираше МЦМС за
новинарите и медиумските соработници во март
2022 година.
Учесниците имаа можност да научат повеќе за
тоа што е насилен екстремизам и радикализам,
да дознаат што подразбира процесот на реинте-
грација и ресоцијализација и како се одвива со-
работката помеѓу институциите, размената на
информации и градењето доверба. Покрај тоа, со
обучувачите проф. д-р Никола Дујовски и проф.
д-р Марина Тунева, тие разговараа за принципи-
те на известување за екстремизам и радикализам
и за некои примери од практиката, особено за тоа
како да се избегнат стапиците. Една од темите за
дискусија беше и влијанието на наративите во из-
вестувањето за насилниот екстремизам и ради-
кализам и како да се креираат такви кои ќе при-
донесат за превенција на насилниот екстремизам
и радикализам, а во функција на реинтеграција и
ресоцијализација.
Во практичниот дел тие го анализираа известу-
вањето на медиумите за случаите: „Диво насеље“,
„Монструм“, „Келија“ и еден европски случај. Исто
така, во игра на улоги, тие направија интервју со
повратник од странските боишта и со нивни род-
нина.
„Завршивме добра работа и треба да се повтору-
ваат вакви средби особено за помладите коле-
ги“, рече Филјана Кока од Македонската телеви-
зија. Според неа, отвореноста е половина успех
во надминување на проблемот. И Јован Пешев-
ски и Тања Лазаревска Петровска претставници
на службите за односи со јавност на Министер-
ството за внатрешни работи и Генералштабот на
Армијата обуката ја сметаат за корисна. „Ми се
продлабочија некои сознанија за повратниците.
Драго ми е што обуката беше доста проактивна и
што разговаравме за тоа колку се неопходно ин-
формациите да се точни и да се одбегнува сен-
зационализмот“, рече Пешевски. За Лазаревска,
е важно луѓето од институциите да се запознаат
со новинарите за да знаат каде да ги упатат пра-
шањата што стигнуваат до нив.
ПОВЕЌЕ ЗНАЕЊЕ И ВЕШТИНИ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕТО ЗА ПОВРАТНИЦИТЕ
ОД СТРАНСКИТЕ БОИШТА И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 10 ]
СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА И КОХЕЗИЈА
АНТИДИСКРИМИНАЦИСКА ПРЕВЕНЦИЈА
И ПРОМОЦИЈА
Да ја поддржи и
зајакне улогата
на Комисијата за
спречување и заштита
од дискриминација
во почитувањето на
правата на граѓаните
кои се третирани
нееднакво.
ЦЕЛ 4 обуки за18
вработени и
членови на КСЗД
2 документарни
видеа за
борба против
дискриминација
2 летни школи за
44 млади
1 студиска посета
за15 вработени
во КСЗД и
претставници на
ГО
6 мали грантови за
недискриминација,
толеранција и
еднаквост
1 истражувачки
извештај
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 11 ]
Човековите права, недискриминацијата, еднак-
воста и толеранцијата беа главните теми на две-
те летни школи за млади што ги организираше
МЦМС во јуни и септември 2022 година во Струга.
Вкупно 44 млади од цела држава учеа и дискути-
раа за појавите и ефектите од дискриминацијата
но и за придобивките од развојот на мултикултур-
ното општество. „Со оваа летна школа влијаеме
на креирање критична маса на идни млади ак-
тивисти и практичари кои можат ефикасно да ги
препознаат клучните предизвици во областа на
заштита на човековите права и борбата против
дискриминацијата“, вели Александра Савевска,
од МЦМС.
Учесниците дебатираа за односите меѓу различ-
ните групи граѓани во Македонија и потребата од
развивање граѓански активизам за справување
со големата нетолеранција и дискриминација кон
ранливите групи. Активизмот треба да произлезе
од самите граѓани, а младите се појдовна точка
во креирањето на поголема општествена свест за
отворање и решавање на прашањата за родовата
еднаквост, социјалната еднаквост, почитувањето
на различностите и сл.
„Како луѓе, треба да знаеме какови права имаме
и дали сме на некој начин дискриминирани, од-
носно да бидеме будни и паметни во таквите слу-
чаи“, вели Сабрије Тефики. Искуството од летна-
та школа за неа овозможило поголема свесност
за универзалните права што ќе и овозможи да им
помогне и на другите и да биде поактивна како
граѓанка. Едис Ќесаси смета дека предавачите
имале одличен пристап што овозможил подобра
интеракција и суштински дебати помеѓу учесни-
ците и секако до зголемени познавања на темата.
„Беше важно што отворено се зборуваше за реал-
ните проблеми во нашето мултикултурно опште-
ство и за нивното надминување“, рече Ќесаси. На
Милица Стојковиќ школата и овозможила да се
осознае самата себе и подобро да ги разбере дру-
гите индивидуи. „Учествувајќи, стекнав искуства
како да ја превенирам и спречам дискримина-
цијата, а тоа ќе ми значи во понатамошниот ли-
чен развој,“ рече таа.
Активностите од програмата ќе ги зајакнат ин-
ституциите што треба да ја зголеми довербата од
граѓаните. Ова пак, ќе ги охрабри граѓаните да го
кренат својот глас пред неправдите и да прават
поголем притисокот кој ќе влијае на постојано
подобрување на институциите.
СЕКОЈ ЕДЕН ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈА -
ЛЕТНИ ШКОЛИ ЗА МЛАДИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 12 ]
ПРОЕКТИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА
МАЛИ РАЗВОЈНИ ИНИЦИЈАТИВИ
Да ја поддржи и
зајакне улогата
на Комисијата за
спречување и заштита
од дискриминација
во почитувањето на
правата на граѓаните
кои се третирани
нееднакво.
ЦЕЛ Поддржани
заедници
Овозможена
соработка со
македонската
дијаспора
Соработка
со владини
институции
12 млади студенти
од дијаспората
За прв пат
младите
престојуваа во
Битола
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 13 ]
Дванаесет млади студенти од дијаспората успеш-
но го завршија својот тринеделен престој во
земјата како дел од проектот „Родум од Македо-
нија“ што се одвиваше во јули 2022 година во Ско-
пје и за прв пат во Битола.
„Мојот омилен дел од програмата беше моја-
та пракса. Научив многу работи поврзани со об-
ласта во која се насочени моите академски сту-
дии. Ова е моја прва посета на Македонија, и се
уверив во тоа што моите баба и дедо секогаш ми
го раскажувале. Многу сум благодарен за луѓето
кои ги запознав и за местата кои имав можност
да ги посетам.“- рече Џејмс Трентос до САД. Тој
беше практикант во здружението Екосвест, во
Скопје каде го анализираше секторот за шуми во
Македонија и направи преглед на добри практи-
ки и искуства од управувањето со шумите во Ка-
нада, каде ги обавува своите студии.
За Наум Хофман од САД ова не била прва посе-
та во Македонија. „Интересно беше да се посетат
Охрид и Галичник. Моето семејство потекнува од
источниот дел на Македонија, но сега имав мож-
ност да ги видам убавините на другите места во
земјата. Најважни за мене беа новите познанства
кои ги стекнав, бидејќи таму од каде што доаѓам
немам многу контакт со Македонци“, рече тој.
„Пресреќен сум што стекнав толку многу прија-
тели за време на оваа програма. Имам многу фо-
тографии и спомени од времето поминато тука.
Исто така уживав во мојата пракса и имав мож-
ност да направам споредба на работата овде и во
САД,“ ни рече Метју Костов од САД кој престојува-
ше во Битола, а беше практикант во Битолската
лабараторија.
И за останатите учесници праксата беше дизајни-
рана да биде во согласност со нивните академски
цели, со нивните кариери или општите интереси.
За време на викендите учесниците ги разгледаа
Скопје, Охрид и Битола, а беа и на традиционал-
ната Галичка свадба.
МЦМС и Обединетата македонска дијаспора
(ОМД) како спроведувачи на проектот, заедно со
новите партнери Алијанса Битола кои се приклу-
чија оваа година, до сега, им овозможија на вкуп-
но 45 млади луѓе од САД, Канада, Австралија, Ве-
лика Британија и Швајцарија да поминат низ ова
неформално но интензивно враќање кон корени-
те и поврзување со татковината на предците.
РОДУМ ОД МАКЕДОНИЈА –
НЕПОВТОРЛИВО ИСКУСТВО!
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 14 ]
ПРОЕКТИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА
ПОДДРШКА НА ОПШТИНИТЕ ЗА
ВОСПОСТАВУВАЊЕ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ
Зајакнати граѓански
организации и
општини кои влијаат
на политиките и ги
застапуваат своите
целни групи и
заедници.
ЦЕЛ 33 пријави до
МТСП
11 одобрени –
поддржани17
општини
530 корисници ќе
бидат опфатени
150 лица можат да
добијат работа
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 15 ]
Дванаесет млади студенти од дијаспората успеш-
но го завршија својот тринеделен престој во
земјата како дел од проектот „Родум од Македо-
нија“ што се одвиваше во јули 2022 година во Ско-
пје и за прв пат во Битола.
„Мојот омилен дел од програмата беше моја-
та пракса. Научив многу работи поврзани со об-
ласта во која се насочени моите академски сту-
дии. Ова е моја прва посета на Македонија, и се
уверив во тоа што моите баба и дедо секогаш ми
го раскажувале. Многу сум благодарен за луѓето
кои ги запознав и за местата кои имав можност
да ги посетам.“- рече Џејмс Трентос до САД. Тој
беше практикант во здружението Екосвест, во
Скопје каде го анализираше секторот за шуми во
Македонија и направи преглед на добри практи-
ки и искуства од управувањето со шумите во Ка-
нада, каде ги обавува своите студии.
За Наум Хофман од САД ова не била прва посе-
та во Македонија. „Интересно беше да се посетат
Охрид и Галичник. Моето семејство потекнува од
источниот дел на Македонија, но сега имав мож-
ност да ги видам убавините на другите места во
земјата. Најважни за мене беа новите познанства
кои ги стекнав, бидејќи таму од каде што доаѓам
немам многу контакт со Македонци“, рече тој.
„Пресреќен сум што стекнав толку многу прија-
тели за време на оваа програма. Имам многу фо-
тографии и спомени од времето поминато тука.
Исто така уживав во мојата пракса и имав мож-
ност да направам споредба на работата овде и во
САД,“ ни рече Метју Костов од САД кој престојува-
ше во Битола, а беше практикант во Битолската
лабараторија.
И за останатите учесници праксата беше дизајни-
рана да биде во согласност со нивните академски
цели, со нивните кариери или општите интереси.
За време на викендите учесниците ги разгледаа
Скопје, Охрид и Битола, а беа и на традиционал-
ната Галичка свадба.
МЦМС и Обединетата македонска дијаспора
(ОМД) како спроведувачи на проектот, заедно со
новите партнери Алијанса Битола кои се приклу-
чија оваа година, до сега, им овозможија на вкуп-
но 45 млади луѓе од САД, Канада, Австралија, Ве-
лика Британија и Швајцарија да поминат низ ова
неформално но интензивно враќање кон корени-
те и поврзување со татковината на предците.
ЖИТЕЛИТЕ НА 17 ОПШТИНИ ЌЕ ИМААТ
ПОДОБАР ПРИСТАП ДО СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 16 ]
ПАРТНЕРСТВА, ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ И ПОДДРШКА
ОДНОСИ СО АКТЕРИТЕ
Во 2022 година, соработката со домашните и странските граѓански организации, министерства и држав-
ни институции беше реализирана во рамки на редовните програми на МЦМС, со подобра динамика од
онаа во 2021 годиниа која беше условена од пандемијата предизвикана од Ковид-19.
Претставници на МЦМС учествуваа на неколку консултативни сесии организирани од Владата и мини-
стерствата, а претставници на Владата учествуваа на настаните на МЦМС. Имаше соработката и со општи-
ните.
Соработниците учествуваа на настани во земјата, во регионот и пошироко.
ПОДДРШКА – ОДРЖЛИВ МЦМС
Пристап кон извори на финансирање
МЦМС подготви и поднесе 10 концепти или пријави за проекти. До крајот на годината одобрени се три,
одбиени се пет, а за две се чека одговор. Покрај ова, за две пријави поднесени во претходната година се
уште се чека одговор.
Волонтерство
Интерес за волонтирање во МЦМС покажаа 12 волонтери, а МЦМС седум од нив ги вклучи во своите ак-
тивности.
Односи со јавноста
МЦМС редовно информира за своите активности преку повеќе информациски канали. Во 2022 година беа
издадени10 броја на е-билтенот на МЦМС. Подготвен е и објавен Годишниот извештај за работата во 2021
година, а веб-страната на МЦМС е целосно функционална и постојано се ажурира. Дел од содржините се
публикуваат и на други социјални медиуми овозможувајќи на тој начин што е можно поголема видливост
на работењето на МЦМС. Во 2022 г. веб-страната имала 28.501 посети во кои посетителите прегледале
57.768 статии.
МЦМС редовно комуницираше со медиумите преку прес соопштенија, директни контакти на презента-
ции и промоции. Контактите резултираа со 192 објави.
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 17 ]
Советот на МЦМС одржа една седници на која беше усвоен Годишниот извештај за работата на МЦМС за
2021 година со Финансиски извештај и Извештај од независниот ревизор, и новата Стратегија на МЦМС
за периодот 2022 – 2026 година.
Управниот одбор одржа шест седници.
ОРГАНИЗАЦИЈА
СОВЕТ НА МЦМС УПРАВЕН ОДБОР
» Благица Петрески (Фајнанс Тинк)
» Виктор Арнаудоски (ЗЕЛС)
» Герман Филков (ЦГК)
» Данела Арсовска (ССК)
» Дејан Страчковски (МПЦ)
» Драган Секуловски (ЗНМ)
» Елена Кочоска (Полио плус)
» Ирсал Јакупи (ИВЗ)
» Лулзим Хазири (АДИ)
» Марија Ацковски (Евангелско-методистичка
црква (ЕМЦ)
» Марко Трошановски (ИДСЦС)
» Назим Рашиди (Диверзити медиа)
» Никица Кусиникова (Конект)
» Никица Мојсоска Блажевски (Македонија 2025)
» Самет Скендери (ИнСок)
» Сања Васиќ (Македонски институт за медиуми)
» Сашо Клековски (приватен сектор)
» Тетјана Лазаревска (МРФП)
» Томе Христоски (општина Крушево)
» Елена Кочовска, претседавач, Полио плус
– движење против хендикеп
» Назим Рашиди, заменик- претседавач,
уредник во Алсат М телевизија и
претседател на здружението „Диверзити
медиа“
» Самет Скендери, член на ХДЗР
„Месечина“- Гостивар
» Насер Селмани, поранешен претседател
на Здружение на новинарите на
Македонија
» Неда Милевска Костова, директор на
Институтот за социјални иновации од
Скопје и виш научен соработник
» Бобан Митевски, Македонска православна
црква
» Сања Васиќ, уредник во националната
телевизија Телма и дописник на Гласот на
Америка
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 18 ]
На крајот на 2022 г. во МЦМС работеа 23 соработници. Речиси половина од вработените (10) имаат засно-
вано работен однос на неопределено време. Во текот на 2022 година, индивидуално или групно, соработ-
ниците посетиле осум обуки од кои две за групно и шест за индивидуално усовршување.
ПЕРСОНАЛ – ИЗВРШНА КАНЦЕЛАРИЈА
ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ
Директор
» Александар Кржаловски
akr@mcms.mk
ГРУПА ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО
» Валентина Атанасовска
vat@mcms.mk
» Валентина Чичева
vch@mcms.mk
» Наташа Сердаревиќ
nsr@mcms.mk
» Дарко Димов
ddm@mcms.mk
» Јасмина Чаушоска
jch@mcms.mk
» Сара Мустафа
sms@mcms.mk
» Борис Ристовски
brs@mcms.mk
» Јелмаз Дервиши
jdr@mcms.mk
» Кристина Весиќ
kvs@mcms.mk
» Флоријан Мехмети
fmh@mcms.mk
ГРУПА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ
» Јасмина Ристовска
jrs@mcms.mk
» Снежана Камиловска Трповска
skt@mcms.mk
» Наташа Димова
niv@mcms.mk
ГРУПА ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА И КОХЕЗИЈА
» Гонце Јаковлеска
gjk@mcms.mk
» Александра Савевска
asv@mcms.mk
» Фанија Ивановска
fiv@mcms.mk
» Горан Стаматоски
gst@mcms.mk
» Блинера Реџепи
brd@mcms.mk
АДМИНИСТРАТИВНА ГРУПА
» Милка Божиновска Миова
mmv@mcms.mk
» Адис Рахиќ
arh@mcms.mk
» Борче Јакимовски
bjk@mcms.mk
» Данило Митов
dmv@mcms.mk
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 19 ]
НЕЗАВИСНО РЕВИЗОРСКО МИСЛЕЊЕ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022
[ 20 ]
ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ
ПРИХОДИ 2022 2021
ДОНАЦИИ И ГРАНТОВИ
Европска унија 21.057 19.759
Швајцарска агенц. за разв. и сораб. 42.332 80.226
Шведска агенција за меѓунар. развој 0 93
ГЦЕРФ 12.217 6.729
Други донатори 2.397 1.487
Вкупно донации и грантови 78.002 108.294
СОПСТВЕНИ ПРИХОДИ
Мак. развојна фонд. за претпријатија 1.512 1.947
НИРАС (Цивика мобилитас) 12.952 13.694
Други сопствени приходи 6.654 339
Вкупно сопствени приходи 21.118 15.980
Камати и позитивни курсни разлики 2.014 2.274
Вонредни приходи 730 1.846
ВКУПНО ПРИХОДИ 101.865 128.393
РАСХОДИ 2022 2021
ДОБРОТВОРНИ РАСХОДИ
Цивика мобилитас (ПЦМ) 43.995 77.689
Анти-дискр. превенц. и промоц. (АПП) 3.356 1.499
Регионална мрежа за антикорупција 12.189 505
Ресоцијал. и реинтегр. на повратници 9.190 11.466
Социјална инклузија и кохезија (СИК) 2.909 17
Расходи за проекти завршени во 2021 0 3.416
Трошоци за завршени проекти 8 677
Вкупно добротворни расходи 29.719 95.270
Вкупно оперативни расходи 101.367 29.863
ВКУПНО РАСХОДИ 101.367 125.133
БИЛАНС пред оданочување 498 3.260
Данок на вишок на прих. над расходи 201 187
БИЛАНС 297 3.073
БИЛАНС НА СОСТОЈБА 2022 2021
СРЕДСТВА
Постојани средства
Основни средства 3.504 5.232
Нематеријални вложувања 1.126 960
Долгорочни кредити, депозити и заеми 79.809 90.224
Фонд за домување 2.400 2.902
Вкупно постојани средства 86.839 99.319
Обртни средства
Парични средства 25.948 27.242
Аванси 6.516 45
Побарувања од купувачите 4.108 1.772
Краткорочни финансиски побарувања 5.100 1.027
Останати побарувања 16.751 20.782
Вкупно обртни средства 58.423 50.868
ВКУПНО СРЕДСТВА 145.262 150.186
ОБВРСКИ И ФОНДОВИ
Обврски спрема добавувачите 5.648 340
Други краткорочни обврски 7.873 396
Вкупно обврски 47.149 52.370
ФОНДОВИ И РЕЗЕРВИ
Фондови 97.817 94.959
Разлика прих/расх во тековен период 297 2.858
Вкупно фондови и резерви 98.113 97.817
ВКУПНО ОБВРСКИ и ФОНДОВИ 145.262 150.186
ИЗДАВАЧ
Македонски центар за
меѓународна соработка
АДРЕСА НА ИЗДАВАЧОТ
ул. „Никола Парапунов“ 41а
п. фах 55, 1060 Скопје
Северна Македонија
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
mcms@mcms.mk
www.mcms.mk
facebook.com/mcms.mk
ДИРЕКТОР
Александар Кржаловски
ОДГОВОРЕН УРЕДНИК
Гонце Јаковлеска
ФОТОГРАФИИ
Фотоархива на МЦМС
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН
Борис Ристовски

More Related Content

Similar to Македонски центар за меѓународна соработка - Годишен извештај 2022

Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...
Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...
Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...МЦМС | MCIC
 
Искуството на Град Скопје
Искуството на Град СкопјеИскуството на Град Скопје
Искуството на Град СкопјеMetamorphosis
 
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...МЦМС | MCIC
 
Соработка помеѓу локалните власти и ГО: Практики на Градот Белград
Соработка помеѓу локалните власти и ГО:Практики на Градот БелградСоработка помеѓу локалните власти и ГО:Практики на Градот Белград
Соработка помеѓу локалните власти и ГО: Практики на Градот БелградМЦМС | MCIC
 
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантови
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантовиПостигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантови
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантовиМЦМС | MCIC
 
Деловен извештај на МЦМС [2009 година]
Деловен извештај на МЦМС [2009 година]Деловен извештај на МЦМС [2009 година]
Деловен извештај на МЦМС [2009 година]МЦМС | MCIC
 
Знак дека може
Знак дека можеЗнак дека може
Знак дека можеCatalyst Balkans
 
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I делПостигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I делМЦМС | MCIC
 
Соработка помеѓу ЕЛС и граѓанските организации на локално ниво
Соработка помеѓу ЕЛС и граѓанските организации на локално нивоСоработка помеѓу ЕЛС и граѓанските организации на локално ниво
Соработка помеѓу ЕЛС и граѓанските организации на локално нивоМЦМС | MCIC
 
Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Мак...
Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Мак...Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Мак...
Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Мак...МЦМС | MCIC
 
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...Coalition of youth organizations SEGA
 
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИСтратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИFirst Children's Embassy in the World
 
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИСтратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИДетска Амбасада Меѓаши
 
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општество
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општествоЦели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општество
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општествоМЦМС | MCIC
 
Ад хок грантови - Civica Mobilitas
Ад хок грантови - Civica MobilitasАд хок грантови - Civica Mobilitas
Ад хок грантови - Civica MobilitasМЦМС | MCIC
 
Довербата во граѓанското општество 2013
Довербата во граѓанското општество 2013Довербата во граѓанското општество 2013
Довербата во граѓанското општество 2013МЦМС | MCIC
 
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdfГодишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdfДетска Амбасада Меѓаши
 
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdfГодишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdfFirst Children's Embassy in the World
 
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...Детска Амбасада Меѓаши
 
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...First Children's Embassy in the World
 

Similar to Македонски центар за меѓународна соработка - Годишен извештај 2022 (20)

Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...
Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...
Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...
 
Искуството на Град Скопје
Искуството на Град СкопјеИскуството на Град Скопје
Искуството на Град Скопје
 
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
 
Соработка помеѓу локалните власти и ГО: Практики на Градот Белград
Соработка помеѓу локалните власти и ГО:Практики на Градот БелградСоработка помеѓу локалните власти и ГО:Практики на Градот Белград
Соработка помеѓу локалните власти и ГО: Практики на Градот Белград
 
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантови
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантовиПостигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантови
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантови
 
Деловен извештај на МЦМС [2009 година]
Деловен извештај на МЦМС [2009 година]Деловен извештај на МЦМС [2009 година]
Деловен извештај на МЦМС [2009 година]
 
Знак дека може
Знак дека можеЗнак дека може
Знак дека може
 
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I делПостигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
 
Соработка помеѓу ЕЛС и граѓанските организации на локално ниво
Соработка помеѓу ЕЛС и граѓанските организации на локално нивоСоработка помеѓу ЕЛС и граѓанските организации на локално ниво
Соработка помеѓу ЕЛС и граѓанските организации на локално ниво
 
Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Мак...
Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Мак...Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Мак...
Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Мак...
 
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
 
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИСтратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
 
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИСтратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
 
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општество
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општествоЦели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општество
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општество
 
Ад хок грантови - Civica Mobilitas
Ад хок грантови - Civica MobilitasАд хок грантови - Civica Mobilitas
Ад хок грантови - Civica Mobilitas
 
Довербата во граѓанското општество 2013
Довербата во граѓанското општество 2013Довербата во граѓанското општество 2013
Довербата во граѓанското општество 2013
 
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdfГодишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
 
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdfГодишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
 
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
 
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
 

More from МЦМС | MCIC

Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022МЦМС | MCIC
 
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022МЦМС | MCIC
 
Видливост на граѓанските организации - 3
Видливост на граѓанските организации - 3Видливост на граѓанските организации - 3
Видливост на граѓанските организации - 3МЦМС | MCIC
 
Видливост на граѓанските организации - 2
Видливост на граѓанските организации - 2Видливост на граѓанските организации - 2
Видливост на граѓанските организации - 2МЦМС | MCIC
 
Вклучување на конституенти во ГО
Вклучување на конституенти во ГОВклучување на конституенти во ГО
Вклучување на конституенти во ГОМЦМС | MCIC
 
Видливост на граѓанските организации - 1
Видливост на граѓанските организации - 1Видливост на граѓанските организации - 1
Видливост на граѓанските организации - 1МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 4
Транспарентност на граѓански организации 4Транспарентност на граѓански организации 4
Транспарентност на граѓански организации 4МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 3
Транспарентност на граѓански организации 3Транспарентност на граѓански организации 3
Транспарентност на граѓански организации 3МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 2
Транспарентност на граѓански организации 2Транспарентност на граѓански организации 2
Транспарентност на граѓански организации 2МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 1
Транспарентност на граѓански организации 1Транспарентност на граѓански организации 1
Транспарентност на граѓански организации 1МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 8
Транспарентност на граѓански организации 8Транспарентност на граѓански организации 8
Транспарентност на граѓански организации 8МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 7
Транспарентност на граѓански организации 7Транспарентност на граѓански организации 7
Транспарентност на граѓански организации 7МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 6
Транспарентност на граѓански организации 6Транспарентност на граѓански организации 6
Транспарентност на граѓански организации 6МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 5
Транспарентност на граѓански организации 5Транспарентност на граѓански организации 5
Транспарентност на граѓански организации 5МЦМС | MCIC
 
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2МЦМС | MCIC
 
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1МЦМС | MCIC
 

More from МЦМС | MCIC (20)

Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
 
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
 
MCIC Annual Report 2021
MCIC Annual Report 2021MCIC Annual Report 2021
MCIC Annual Report 2021
 
MCMS Raport Vjetor 2021
MCMS Raport Vjetor 2021MCMS Raport Vjetor 2021
MCMS Raport Vjetor 2021
 
MCMS Raport Vjetor 2020
MCMS Raport Vjetor 2020MCMS Raport Vjetor 2020
MCMS Raport Vjetor 2020
 
MCIC Annual Report 2020
MCIC Annual Report 2020MCIC Annual Report 2020
MCIC Annual Report 2020
 
Видливост на граѓанските организации - 3
Видливост на граѓанските организации - 3Видливост на граѓанските организации - 3
Видливост на граѓанските организации - 3
 
Видливост на граѓанските организации - 2
Видливост на граѓанските организации - 2Видливост на граѓанските организации - 2
Видливост на граѓанските организации - 2
 
Вклучување на конституенти во ГО
Вклучување на конституенти во ГОВклучување на конституенти во ГО
Вклучување на конституенти во ГО
 
Видливост на граѓанските организации - 1
Видливост на граѓанските организации - 1Видливост на граѓанските организации - 1
Видливост на граѓанските организации - 1
 
Транспарентност на граѓански организации 4
Транспарентност на граѓански организации 4Транспарентност на граѓански организации 4
Транспарентност на граѓански организации 4
 
Транспарентност на граѓански организации 3
Транспарентност на граѓански организации 3Транспарентност на граѓански организации 3
Транспарентност на граѓански организации 3
 
Транспарентност на граѓански организации 2
Транспарентност на граѓански организации 2Транспарентност на граѓански организации 2
Транспарентност на граѓански организации 2
 
Транспарентност на граѓански организации 1
Транспарентност на граѓански организации 1Транспарентност на граѓански организации 1
Транспарентност на граѓански организации 1
 
Транспарентност на граѓански организации 8
Транспарентност на граѓански организации 8Транспарентност на граѓански организации 8
Транспарентност на граѓански организации 8
 
Транспарентност на граѓански организации 7
Транспарентност на граѓански организации 7Транспарентност на граѓански организации 7
Транспарентност на граѓански организации 7
 
Транспарентност на граѓански организации 6
Транспарентност на граѓански организации 6Транспарентност на граѓански организации 6
Транспарентност на граѓански организации 6
 
Транспарентност на граѓански организации 5
Транспарентност на граѓански организации 5Транспарентност на граѓански организации 5
Транспарентност на граѓански организации 5
 
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
 
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
 

Македонски центар за меѓународна соработка - Годишен извештај 2022

  • 2. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 2 ] МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ВИЗИЈА И МИСИЈА Никола Парапунов 41а п. фах 55, 1060 Скопје mcms@mcms.mk www.mcms.mk www.fb.me/mcms.mk twitter.com/mcms_mk Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е организација на граѓанското општество што верува во мир, хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, на Балканот и глобално. МЦМС ја заснова визијата на универзалните принципи на граѓанското општество и партиципативна де- мократија, владеење на правото, рамномерен и одржлив социоекономски развој, ненасилство, почит и меѓузависност и културна разноличност. Мисијата на МЦМС е да предводи промени со нови и алтернативни решенија на општествените пробле- ми, кои влијаат на другите актери и кои се вклучуваат во главните текови. ЦЕЛИ НА МЦМС Долгорочни цели на МЦМС се: » Вкоренето и влијателно граѓанско општество » Добро владеење и борба против корупцијата; » Социјална инклузија и кохезија; » Поддржан процес на евроинтеграција; » Подготвеност за одговор на итни општествени предизвици; » Поддршка за реализација на зелена агенда во Западен Балкан; » МЦМС, независна и организација со кредибилитет – препознатлив поврзувач; » МЦМС, атрактивна и иновативна организација. АКТИВНОСТИ И МЕТОДИ МЦМС активностите ги остварува преку: » Застапување (информирање, градење свест, едукација, креирање и влијание на политики, следење и барање одговорност); » Развојна поддршка (капацитети и инфраструктура); » Социјално- хуманитарна поддршка. Организациските методи се раководење и спроведување.
  • 3. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 3 ] ПОРАКА ОД РАКОВОДСТВОТО По две години пандемија предизвикана од Ковид-19, во 2022 година беше надмината здравствената криза низ светот, а и во Маке- донија. Сепак, очекуваното нормализирање и стабилизација на општествените и економ- ски текови изостана. Енергетската криза, ин- флацијата и економската криза предизви- кана од војната во Украина уште повеќе го влошија и така кревкиот стандард на живе- ење во Македонија. Интеграцијата на Македонија во европското семејство и условите за започнување на пре- говорите наметнати со „Францускиот пред- лог“ наместо точка на зближување, станаа камен на сопнување. Тоа ја продлабочи по- литичката криза во Собранието на РСМ кое, и покрај масовните јавни протести, во јули даде препорака за усвојување на Францу- скиот предлог, со што треба да се откочат ев- роинтеграциите на земјата. Иако објаснувач- ките состаноци за процесот на скрининг беа одржани летово, сепак, отворањето и прего- варањето по поглавја останува условено со измената на Уставот на државата. Иако во 2022 година започнаа со работа две- те работни групи, едната за измени на За- конот за здруженија и фондации и другата за реформа во државното финансирање на граѓанските организации, сепак, годината ја завршија без видни резултати. Дури има и уназадување во државното финансирање со недоделувањето на финансиските средства преку Генералниот секретаријат на Владата. Граѓанските организации членки на Советот за соработка од април го бојкотираат рабо- тењето на Советот поради владиното непо- читување на нивната препорака за распре- делба на буџетските средства за граѓанските организации. Ваквите околности укажуваат на понатамош- на политичка, економска и општествена не- стабилност и неизвесност за граѓанскиот сектор и општеството. Во таков контекст, МЦМС во 2022 спроведу- ваше 27 проекти, ја започна програмата Ан- тидискриминациска превенција и промо- ција (АПП), успешно ги заврши преговорите за директно продолжувањето на ГРЦ (2023- 2026), доби нов грант од Европската коми- сија за продолжување на програмата РМА (2023-2026), а во завршна фаза се и прегово- рите за продолжување на Цивика мобилитас (2023-2026). Покрај тоа, се очекува и позити- вен исход од нова програма за антикорип- ција од УСАИД (2023-2027). Буџетот на МЦМС во 2022 година е стабилен и изнесува околу 102 милиони денари. На почетокот од 2022 Советот и Управниот одбор ја одобрија новата Стратегија на МЦМС (2022-2026). Со одлука на Управниот одбор, МЦМС во ме- сец јуни беше основана новата фондација Национална фондација за развој на граѓан- ско општество „Граѓански ресурсен центар“, дел од преземените обврски од програмата ГРЦ. Александар Кржаловски Директор
  • 4. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 4 ] ВКОРЕНЕТО И ВЛИЈАТЕЛНО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО „ЦИВИКА МОБИЛИТАС“ Постигнување општествени промени во Македонија кои се поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално- инклузивно управување на централно и на локално ниво. ЦЕЛ 80 активни грантови 50 учесници на 3 обуки и работилници 4 настани за над 1200 учесници Објавени над 280 информации на програмата и грантистите Подготвени четири истражувачки извештаи Издададена една публикација „Содружничкиот свет во Франција“
  • 5. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 5 ] „Овој Фестивал го слави граѓанското општество и неговиот придонес кон општеството и граѓани- те“, рече Амбасадорката на Швајцарија во земја- ва, НЕ Вероник Улман на официјалното отворање на Денот на граѓанските организации и социјал- ните претпријатија што се одржа на 24 септември 2022 година пред Дом на АРМ во Скопје. „Силно, разнолично и динамично граѓанско општество е важна димензија за функционалната демокра- тија“, додаде таа. НЕ Дејвид Гир, Амбасадорот на ЕУ во РСМ, збору- вајќи за важноста на социјалните претпријатија се осврна на социјалната економија во ЕУ каде, според него, 10% од сите бизниси, а 13 милиони луѓе или 6% од луѓето во ЕУ работат во социјални претпријатија. „Но поважно е тоа што ја споделу- ваат амбицијата на позитивно влијание на целото општество ставајќи ги луѓето на прво место и ко- ристејќи го профитот за да постигнат општестве- ни цели“, додаде Амбасадорот Гир. За Фатмир Битиќи, заменикот на претседателот на Владата, симболична е и локацијата каде што се одржува Фестивалот на Цивика мобилитас, кај спомен куќата „Мајка Тереза“. „Таа не се стреме- ла кон Нобелова награда за економија туку се занимавала со луѓето кои ги нашла пред нејзи- ниот дом. Граѓанските организации и социјални- те претпријатија го прават истото – се грижат за луѓето со помалку можности“, рече Битиќи и до- даде, „движечка сила се луѓето со нивните идеи, без вас ништо со вас се!“. Главната тема за годинашниот фестивал беше „Враќање на граѓанскиот простор“ и беше орга- низиран во соработка со Центарот за социјални претпријатија. Граѓански активисти неколку дена пред Фестивалот го исчистија просторот каде што се одржи настанот, ги обновија клупите и поста- вија канти за ѓубре. Вака уреден, организаторите им го оставаат просторот на граѓаните за да биде место каде ќе можат да разговараат, дебатираат, разменуваат искуства и идеи. Граѓанските про- стори се камен-темелници на секое отворено и демократско општество. Кога овој простор е отво- рен, граѓаните и граѓанските организации можат да се организираат, учествуваат и комуницираат без пречки. Така, тие можат да ги бранат своите права и да влијаат на политичките и општестве- ните структури околу нив. Затоа, заедно апелира- ме за враќање на граѓанскиот простор на граѓа- ните. Фестивалот на Цивика мобилитас го имаше сво- ето петто издание. Повеќе од 110 граѓански ор- ганизации и социјални претпријатија од цела- та земја пристигнаа за да ги претстават своите активности и резултати пред заинтересираните граѓани. НАД 110 ЗДРУЖЕНИЈА И СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА СЕ ОБЕДИНИЈА ЗА ПОСИЛНО ОПШТЕСТВО
  • 6. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 6 ] ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ И БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА АНТИКОРУПЦИЈА SELDI Да ги прошири и продлабочи антикорупциските дејствија од законска постапка кон по основано економско делување, како што се решавањето на врската меѓу корупцијата и скриената економија и корупцијата и организираниот криминал. ЦЕЛ Објавен Регионалниот извештај 2 Регионални антикорупциски форуми за 240 учесници 1 вебинар за 40 учесници 3 документи за јавни политики новинарски стории за справување со корупција 2 изданија на Е-билтенот на СЕЛДИ
  • 7. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 7 ] Иако европската интеграција на Западен Балкан трае повеќе од две децении, корупцијата сè уште продира во сите сфери на општествата – конста- тираа воведничарите на регионалниот форум „Добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа во време на геополитичка неизвесност“ што го организираа МЦМС и СЕЛДИ на 26 септем- ври 2022 година во Белград, Србија. НЕ Емануеле Џиуфрет, Амбасадор на ЕУ во Србија истакна дека борбата против корупцијата е клуч- ното прашање за граѓаните, за бизнисите и за ЕУ. Тој посочи дека владеењето на правото и борба- та против корупцијата се во сржта на процесот на пристапување во ЕУ. Ставот на САД е сличен и него го пренесе НЕ Кристофер Хил, Амбасадор на САД во Србија. Според Хил, најдобриот начин за заштита на демократиите и борба против ко- рупцијата е да се информираат граѓаните како да ги следат и прогласуваат случаите на корупција. Ана Везироглу, заменик-раководителката на единицата Д1 (Политики и регионална страте- гија за Западен Балкан) во Генералниот дирек- торат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) ја истакна меѓусебната поврзаност на борбата против корупцијата и борбата за човеко- ви права. Според Немања Тодоровиќ Штиплија, програм- ски директор на Центарот за современа полити- ка, високото ниво на корупција во регионот води до заробена држава. Зборувајќи за факторите на мотивација, Александар Кржаловски, директор на МЦМС рече дека евроинтеграциите се еден од главните мотиватори за борба против корупција- та во регионот, а примерот на Србија и Црна Гора покажал дека ќор-сокакот на преговорите, ја на- малува политичка волја за таа борба. Говорниците истакнаа дека корупцијата не запи- ра со пристапувањето во ЕУ, а посилен фокус тре- ба да се стави на спротивставување на заробени- те држави и незаконските финансиски текови. На ниво на ЕУ, согласно меѓународните проценки, се препорачува да се измери вистинското влијание на антикорупциските политики, а не само наме- рите или бројот на ажурирани закони. ЕУ треба да престане да ги толерира корумпираните влади, а заробеноста на медиумите може да се реши со градење на долгорочна отпорност на дезинфор- мации, постојано разоткривање на лажните вести и зголемување на довербата во јавните институ- ции. Ефикасноста на судството, исто така, треба да се подобри со зголемување на капацитетот на луѓето со интегритет како што се судиите и обви- нителите и да се создаде средина без политички притисок. АНТИКОРУПЦИСКИ РЕФОРМИ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН: ПОГЛЕД НАНАЗАД ЗА СЛЕДНАТА ДЕКАДА
  • 8. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 8 ] СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА И КОХЕЗИЈА ПАТ КОН ОТПОРНОСТ И РЕИНТЕГРАЦИЈА НА РАНЛИВИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО ЗАЕДНИЦАТА Иницирање целовити пристапи за одржлива реинтеграција на ранливите семејства (вклучувајќи ги и оние со повратници) во Северна Македонија ЦЕЛ 5 семејства на повратници со вкупно 30 членови вклучени во програмата 1 Анализа на потребите на локалниот пазар на труд 8 Локални економски планови за 8 општини 2 индивидуални планови за повратници и членови на семејствата 1 Регионален форум за работниците од првата линија 2 обуки за членовите на НКСНЕБПТ и за претставници на медиуми
  • 9. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 9 ] „Улогата на медиумите во превенцијата на насил- ниот екстремизам и промовирањето на реинте- грацијата и рехабилитацијата на повратниците од странските боишта и нивните семејства“ беше темата на обуката што ја организираше МЦМС за новинарите и медиумските соработници во март 2022 година. Учесниците имаа можност да научат повеќе за тоа што е насилен екстремизам и радикализам, да дознаат што подразбира процесот на реинте- грација и ресоцијализација и како се одвива со- работката помеѓу институциите, размената на информации и градењето доверба. Покрај тоа, со обучувачите проф. д-р Никола Дујовски и проф. д-р Марина Тунева, тие разговараа за принципи- те на известување за екстремизам и радикализам и за некои примери од практиката, особено за тоа како да се избегнат стапиците. Една од темите за дискусија беше и влијанието на наративите во из- вестувањето за насилниот екстремизам и ради- кализам и како да се креираат такви кои ќе при- донесат за превенција на насилниот екстремизам и радикализам, а во функција на реинтеграција и ресоцијализација. Во практичниот дел тие го анализираа известу- вањето на медиумите за случаите: „Диво насеље“, „Монструм“, „Келија“ и еден европски случај. Исто така, во игра на улоги, тие направија интервју со повратник од странските боишта и со нивни род- нина. „Завршивме добра работа и треба да се повтору- ваат вакви средби особено за помладите коле- ги“, рече Филјана Кока од Македонската телеви- зија. Според неа, отвореноста е половина успех во надминување на проблемот. И Јован Пешев- ски и Тања Лазаревска Петровска претставници на службите за односи со јавност на Министер- ството за внатрешни работи и Генералштабот на Армијата обуката ја сметаат за корисна. „Ми се продлабочија некои сознанија за повратниците. Драго ми е што обуката беше доста проактивна и што разговаравме за тоа колку се неопходно ин- формациите да се точни и да се одбегнува сен- зационализмот“, рече Пешевски. За Лазаревска, е важно луѓето од институциите да се запознаат со новинарите за да знаат каде да ги упатат пра- шањата што стигнуваат до нив. ПОВЕЌЕ ЗНАЕЊЕ И ВЕШТИНИ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕТО ЗА ПОВРАТНИЦИТЕ ОД СТРАНСКИТЕ БОИШТА И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА
  • 10. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 10 ] СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА И КОХЕЗИЈА АНТИДИСКРИМИНАЦИСКА ПРЕВЕНЦИЈА И ПРОМОЦИЈА Да ја поддржи и зајакне улогата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во почитувањето на правата на граѓаните кои се третирани нееднакво. ЦЕЛ 4 обуки за18 вработени и членови на КСЗД 2 документарни видеа за борба против дискриминација 2 летни школи за 44 млади 1 студиска посета за15 вработени во КСЗД и претставници на ГО 6 мали грантови за недискриминација, толеранција и еднаквост 1 истражувачки извештај
  • 11. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 11 ] Човековите права, недискриминацијата, еднак- воста и толеранцијата беа главните теми на две- те летни школи за млади што ги организираше МЦМС во јуни и септември 2022 година во Струга. Вкупно 44 млади од цела држава учеа и дискути- раа за појавите и ефектите од дискриминацијата но и за придобивките од развојот на мултикултур- ното општество. „Со оваа летна школа влијаеме на креирање критична маса на идни млади ак- тивисти и практичари кои можат ефикасно да ги препознаат клучните предизвици во областа на заштита на човековите права и борбата против дискриминацијата“, вели Александра Савевска, од МЦМС. Учесниците дебатираа за односите меѓу различ- ните групи граѓани во Македонија и потребата од развивање граѓански активизам за справување со големата нетолеранција и дискриминација кон ранливите групи. Активизмот треба да произлезе од самите граѓани, а младите се појдовна точка во креирањето на поголема општествена свест за отворање и решавање на прашањата за родовата еднаквост, социјалната еднаквост, почитувањето на различностите и сл. „Како луѓе, треба да знаеме какови права имаме и дали сме на некој начин дискриминирани, од- носно да бидеме будни и паметни во таквите слу- чаи“, вели Сабрије Тефики. Искуството од летна- та школа за неа овозможило поголема свесност за универзалните права што ќе и овозможи да им помогне и на другите и да биде поактивна како граѓанка. Едис Ќесаси смета дека предавачите имале одличен пристап што овозможил подобра интеракција и суштински дебати помеѓу учесни- ците и секако до зголемени познавања на темата. „Беше важно што отворено се зборуваше за реал- ните проблеми во нашето мултикултурно опште- ство и за нивното надминување“, рече Ќесаси. На Милица Стојковиќ школата и овозможила да се осознае самата себе и подобро да ги разбере дру- гите индивидуи. „Учествувајќи, стекнав искуства како да ја превенирам и спречам дискримина- цијата, а тоа ќе ми значи во понатамошниот ли- чен развој,“ рече таа. Активностите од програмата ќе ги зајакнат ин- ституциите што треба да ја зголеми довербата од граѓаните. Ова пак, ќе ги охрабри граѓаните да го кренат својот глас пред неправдите и да прават поголем притисокот кој ќе влијае на постојано подобрување на институциите. СЕКОЈ ЕДЕН ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈА - ЛЕТНИ ШКОЛИ ЗА МЛАДИ
  • 12. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 12 ] ПРОЕКТИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА МАЛИ РАЗВОЈНИ ИНИЦИЈАТИВИ Да ја поддржи и зајакне улогата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во почитувањето на правата на граѓаните кои се третирани нееднакво. ЦЕЛ Поддржани заедници Овозможена соработка со македонската дијаспора Соработка со владини институции 12 млади студенти од дијаспората За прв пат младите престојуваа во Битола
  • 13. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 13 ] Дванаесет млади студенти од дијаспората успеш- но го завршија својот тринеделен престој во земјата како дел од проектот „Родум од Македо- нија“ што се одвиваше во јули 2022 година во Ско- пје и за прв пат во Битола. „Мојот омилен дел од програмата беше моја- та пракса. Научив многу работи поврзани со об- ласта во која се насочени моите академски сту- дии. Ова е моја прва посета на Македонија, и се уверив во тоа што моите баба и дедо секогаш ми го раскажувале. Многу сум благодарен за луѓето кои ги запознав и за местата кои имав можност да ги посетам.“- рече Џејмс Трентос до САД. Тој беше практикант во здружението Екосвест, во Скопје каде го анализираше секторот за шуми во Македонија и направи преглед на добри практи- ки и искуства од управувањето со шумите во Ка- нада, каде ги обавува своите студии. За Наум Хофман од САД ова не била прва посе- та во Македонија. „Интересно беше да се посетат Охрид и Галичник. Моето семејство потекнува од источниот дел на Македонија, но сега имав мож- ност да ги видам убавините на другите места во земјата. Најважни за мене беа новите познанства кои ги стекнав, бидејќи таму од каде што доаѓам немам многу контакт со Македонци“, рече тој. „Пресреќен сум што стекнав толку многу прија- тели за време на оваа програма. Имам многу фо- тографии и спомени од времето поминато тука. Исто така уживав во мојата пракса и имав мож- ност да направам споредба на работата овде и во САД,“ ни рече Метју Костов од САД кој престојува- ше во Битола, а беше практикант во Битолската лабараторија. И за останатите учесници праксата беше дизајни- рана да биде во согласност со нивните академски цели, со нивните кариери или општите интереси. За време на викендите учесниците ги разгледаа Скопје, Охрид и Битола, а беа и на традиционал- ната Галичка свадба. МЦМС и Обединетата македонска дијаспора (ОМД) како спроведувачи на проектот, заедно со новите партнери Алијанса Битола кои се приклу- чија оваа година, до сега, им овозможија на вкуп- но 45 млади луѓе од САД, Канада, Австралија, Ве- лика Британија и Швајцарија да поминат низ ова неформално но интензивно враќање кон корени- те и поврзување со татковината на предците. РОДУМ ОД МАКЕДОНИЈА – НЕПОВТОРЛИВО ИСКУСТВО!
  • 14. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 14 ] ПРОЕКТИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ПОДДРШКА НА ОПШТИНИТЕ ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ Зајакнати граѓански организации и општини кои влијаат на политиките и ги застапуваат своите целни групи и заедници. ЦЕЛ 33 пријави до МТСП 11 одобрени – поддржани17 општини 530 корисници ќе бидат опфатени 150 лица можат да добијат работа
  • 15. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 15 ] Дванаесет млади студенти од дијаспората успеш- но го завршија својот тринеделен престој во земјата како дел од проектот „Родум од Македо- нија“ што се одвиваше во јули 2022 година во Ско- пје и за прв пат во Битола. „Мојот омилен дел од програмата беше моја- та пракса. Научив многу работи поврзани со об- ласта во која се насочени моите академски сту- дии. Ова е моја прва посета на Македонија, и се уверив во тоа што моите баба и дедо секогаш ми го раскажувале. Многу сум благодарен за луѓето кои ги запознав и за местата кои имав можност да ги посетам.“- рече Џејмс Трентос до САД. Тој беше практикант во здружението Екосвест, во Скопје каде го анализираше секторот за шуми во Македонија и направи преглед на добри практи- ки и искуства од управувањето со шумите во Ка- нада, каде ги обавува своите студии. За Наум Хофман од САД ова не била прва посе- та во Македонија. „Интересно беше да се посетат Охрид и Галичник. Моето семејство потекнува од источниот дел на Македонија, но сега имав мож- ност да ги видам убавините на другите места во земјата. Најважни за мене беа новите познанства кои ги стекнав, бидејќи таму од каде што доаѓам немам многу контакт со Македонци“, рече тој. „Пресреќен сум што стекнав толку многу прија- тели за време на оваа програма. Имам многу фо- тографии и спомени од времето поминато тука. Исто така уживав во мојата пракса и имав мож- ност да направам споредба на работата овде и во САД,“ ни рече Метју Костов од САД кој престојува- ше во Битола, а беше практикант во Битолската лабараторија. И за останатите учесници праксата беше дизајни- рана да биде во согласност со нивните академски цели, со нивните кариери или општите интереси. За време на викендите учесниците ги разгледаа Скопје, Охрид и Битола, а беа и на традиционал- ната Галичка свадба. МЦМС и Обединетата македонска дијаспора (ОМД) како спроведувачи на проектот, заедно со новите партнери Алијанса Битола кои се приклу- чија оваа година, до сега, им овозможија на вкуп- но 45 млади луѓе од САД, Канада, Австралија, Ве- лика Британија и Швајцарија да поминат низ ова неформално но интензивно враќање кон корени- те и поврзување со татковината на предците. ЖИТЕЛИТЕ НА 17 ОПШТИНИ ЌЕ ИМААТ ПОДОБАР ПРИСТАП ДО СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ
  • 16. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 16 ] ПАРТНЕРСТВА, ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ И ПОДДРШКА ОДНОСИ СО АКТЕРИТЕ Во 2022 година, соработката со домашните и странските граѓански организации, министерства и држав- ни институции беше реализирана во рамки на редовните програми на МЦМС, со подобра динамика од онаа во 2021 годиниа која беше условена од пандемијата предизвикана од Ковид-19. Претставници на МЦМС учествуваа на неколку консултативни сесии организирани од Владата и мини- стерствата, а претставници на Владата учествуваа на настаните на МЦМС. Имаше соработката и со општи- ните. Соработниците учествуваа на настани во земјата, во регионот и пошироко. ПОДДРШКА – ОДРЖЛИВ МЦМС Пристап кон извори на финансирање МЦМС подготви и поднесе 10 концепти или пријави за проекти. До крајот на годината одобрени се три, одбиени се пет, а за две се чека одговор. Покрај ова, за две пријави поднесени во претходната година се уште се чека одговор. Волонтерство Интерес за волонтирање во МЦМС покажаа 12 волонтери, а МЦМС седум од нив ги вклучи во своите ак- тивности. Односи со јавноста МЦМС редовно информира за своите активности преку повеќе информациски канали. Во 2022 година беа издадени10 броја на е-билтенот на МЦМС. Подготвен е и објавен Годишниот извештај за работата во 2021 година, а веб-страната на МЦМС е целосно функционална и постојано се ажурира. Дел од содржините се публикуваат и на други социјални медиуми овозможувајќи на тој начин што е можно поголема видливост на работењето на МЦМС. Во 2022 г. веб-страната имала 28.501 посети во кои посетителите прегледале 57.768 статии. МЦМС редовно комуницираше со медиумите преку прес соопштенија, директни контакти на презента- ции и промоции. Контактите резултираа со 192 објави.
  • 17. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 17 ] Советот на МЦМС одржа една седници на која беше усвоен Годишниот извештај за работата на МЦМС за 2021 година со Финансиски извештај и Извештај од независниот ревизор, и новата Стратегија на МЦМС за периодот 2022 – 2026 година. Управниот одбор одржа шест седници. ОРГАНИЗАЦИЈА СОВЕТ НА МЦМС УПРАВЕН ОДБОР » Благица Петрески (Фајнанс Тинк) » Виктор Арнаудоски (ЗЕЛС) » Герман Филков (ЦГК) » Данела Арсовска (ССК) » Дејан Страчковски (МПЦ) » Драган Секуловски (ЗНМ) » Елена Кочоска (Полио плус) » Ирсал Јакупи (ИВЗ) » Лулзим Хазири (АДИ) » Марија Ацковски (Евангелско-методистичка црква (ЕМЦ) » Марко Трошановски (ИДСЦС) » Назим Рашиди (Диверзити медиа) » Никица Кусиникова (Конект) » Никица Мојсоска Блажевски (Македонија 2025) » Самет Скендери (ИнСок) » Сања Васиќ (Македонски институт за медиуми) » Сашо Клековски (приватен сектор) » Тетјана Лазаревска (МРФП) » Томе Христоски (општина Крушево) » Елена Кочовска, претседавач, Полио плус – движење против хендикеп » Назим Рашиди, заменик- претседавач, уредник во Алсат М телевизија и претседател на здружението „Диверзити медиа“ » Самет Скендери, член на ХДЗР „Месечина“- Гостивар » Насер Селмани, поранешен претседател на Здружение на новинарите на Македонија » Неда Милевска Костова, директор на Институтот за социјални иновации од Скопје и виш научен соработник » Бобан Митевски, Македонска православна црква » Сања Васиќ, уредник во националната телевизија Телма и дописник на Гласот на Америка
  • 18. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 18 ] На крајот на 2022 г. во МЦМС работеа 23 соработници. Речиси половина од вработените (10) имаат засно- вано работен однос на неопределено време. Во текот на 2022 година, индивидуално или групно, соработ- ниците посетиле осум обуки од кои две за групно и шест за индивидуално усовршување. ПЕРСОНАЛ – ИЗВРШНА КАНЦЕЛАРИЈА ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ Директор » Александар Кржаловски akr@mcms.mk ГРУПА ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО » Валентина Атанасовска vat@mcms.mk » Валентина Чичева vch@mcms.mk » Наташа Сердаревиќ nsr@mcms.mk » Дарко Димов ddm@mcms.mk » Јасмина Чаушоска jch@mcms.mk » Сара Мустафа sms@mcms.mk » Борис Ристовски brs@mcms.mk » Јелмаз Дервиши jdr@mcms.mk » Кристина Весиќ kvs@mcms.mk » Флоријан Мехмети fmh@mcms.mk ГРУПА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ » Јасмина Ристовска jrs@mcms.mk » Снежана Камиловска Трповска skt@mcms.mk » Наташа Димова niv@mcms.mk ГРУПА ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА И КОХЕЗИЈА » Гонце Јаковлеска gjk@mcms.mk » Александра Савевска asv@mcms.mk » Фанија Ивановска fiv@mcms.mk » Горан Стаматоски gst@mcms.mk » Блинера Реџепи brd@mcms.mk АДМИНИСТРАТИВНА ГРУПА » Милка Божиновска Миова mmv@mcms.mk » Адис Рахиќ arh@mcms.mk » Борче Јакимовски bjk@mcms.mk » Данило Митов dmv@mcms.mk
  • 19. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 19 ] НЕЗАВИСНО РЕВИЗОРСКО МИСЛЕЊЕ
  • 20. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2022 [ 20 ] ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ПРИХОДИ 2022 2021 ДОНАЦИИ И ГРАНТОВИ Европска унија 21.057 19.759 Швајцарска агенц. за разв. и сораб. 42.332 80.226 Шведска агенција за меѓунар. развој 0 93 ГЦЕРФ 12.217 6.729 Други донатори 2.397 1.487 Вкупно донации и грантови 78.002 108.294 СОПСТВЕНИ ПРИХОДИ Мак. развојна фонд. за претпријатија 1.512 1.947 НИРАС (Цивика мобилитас) 12.952 13.694 Други сопствени приходи 6.654 339 Вкупно сопствени приходи 21.118 15.980 Камати и позитивни курсни разлики 2.014 2.274 Вонредни приходи 730 1.846 ВКУПНО ПРИХОДИ 101.865 128.393 РАСХОДИ 2022 2021 ДОБРОТВОРНИ РАСХОДИ Цивика мобилитас (ПЦМ) 43.995 77.689 Анти-дискр. превенц. и промоц. (АПП) 3.356 1.499 Регионална мрежа за антикорупција 12.189 505 Ресоцијал. и реинтегр. на повратници 9.190 11.466 Социјална инклузија и кохезија (СИК) 2.909 17 Расходи за проекти завршени во 2021 0 3.416 Трошоци за завршени проекти 8 677 Вкупно добротворни расходи 29.719 95.270 Вкупно оперативни расходи 101.367 29.863 ВКУПНО РАСХОДИ 101.367 125.133 БИЛАНС пред оданочување 498 3.260 Данок на вишок на прих. над расходи 201 187 БИЛАНС 297 3.073 БИЛАНС НА СОСТОЈБА 2022 2021 СРЕДСТВА Постојани средства Основни средства 3.504 5.232 Нематеријални вложувања 1.126 960 Долгорочни кредити, депозити и заеми 79.809 90.224 Фонд за домување 2.400 2.902 Вкупно постојани средства 86.839 99.319 Обртни средства Парични средства 25.948 27.242 Аванси 6.516 45 Побарувања од купувачите 4.108 1.772 Краткорочни финансиски побарувања 5.100 1.027 Останати побарувања 16.751 20.782 Вкупно обртни средства 58.423 50.868 ВКУПНО СРЕДСТВА 145.262 150.186 ОБВРСКИ И ФОНДОВИ Обврски спрема добавувачите 5.648 340 Други краткорочни обврски 7.873 396 Вкупно обврски 47.149 52.370 ФОНДОВИ И РЕЗЕРВИ Фондови 97.817 94.959 Разлика прих/расх во тековен период 297 2.858 Вкупно фондови и резерви 98.113 97.817 ВКУПНО ОБВРСКИ и ФОНДОВИ 145.262 150.186
  • 21. ИЗДАВАЧ Македонски центар за меѓународна соработка АДРЕСА НА ИЗДАВАЧОТ ул. „Никола Парапунов“ 41а п. фах 55, 1060 Скопје Северна Македонија КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ mcms@mcms.mk www.mcms.mk facebook.com/mcms.mk ДИРЕКТОР Александар Кржаловски ОДГОВОРЕН УРЕДНИК Гонце Јаковлеска ФОТОГРАФИИ Фотоархива на МЦМС ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН Борис Ристовски