SlideShare a Scribd company logo
1 of 38
Download to read offline
ГОДИШЕН
ИЗВЕШТАЈ
2017
ГОДИШЕН
ИЗВЕШТАЈ
2017
2
ВИЗИЈА
И МИСИЈА
3
МАКЕДОНСКИОТ ЦЕНТАР ЗА
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА (МЦМС)
е организација на граѓанското општество што верува во мир,
хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, на Балканот и
глобално.
МЦМС ја заснова визијата на универзалните принципи на
граѓанското општество и партиципативна демократија, владеење
на правото, рамномерен и одржлив социоекономски развој,
ненасилство, почит и меѓузависност и културна разноличност.
Мисијата на МЦМС е да предводи промени со нови и
алтернативни решенија на општествените проблеми, кои влијаат
на другите актери и кои се вклучуваат во главните текови.
ЦЕЛИ И МЕТОДИ
Долгорочни цели на МЦМС се:
ÂÂ Вкоренето и влијателно граѓанско
општество
ÂÂ Добро владеење и борба против
корупцијата;
ÂÂ Социјална инклузија и кохезија;
ÂÂ Поддржан процес на
евроинтеграција;
ÂÂ Подготвеност за миграциски
предизвици;
ÂÂ МЦМС, независна и организација
со кредибилитет – тивок но видлив
поврзувач;
ÂÂ МЦМС, атрактивна и иновативна
организација.
МЦМС активностите ги остварува преку:
ÂÂ Застапување (информирање, градење
свест, едукација, креирање и влијание
на политики, следење и барање
одговорност);
ÂÂ Развојна поддршка (капацитети и
инфраструктура);
ÂÂ Социјално- хуманитарна поддршка.
Организациските методи се раководење и
спроведување.
4
ПОРАКА ОД
РАКОВОДСТВОТО
Светот во 2017 година продолжи да се соочува со големи економски и
социјални разлики и поделености. Војната во Сирија продолжи, но не
се повтори бранот бегалци. На неколку клучни избори во ЕУ (Австрија,
Холандија, Франција и Германија) зајакнаа силите за обединета Европа.
За регионот значајна е најавата на претседателот на Европската Комисија
- Жан Клод Јункер за кредибилна перспектива за Западниот Балкан.
Република Македонија предничи во надминувањето на споровите
со потпишување на Договорот за пријателство, добрососедство и
соработка со Бугарија, и интензивирање на дијалогот со Грција.
После еднодецениското владеење на ВМРО ДПМНЕ, новата Влада на
Македонија предводена од СДСМ, беше изгласана на крајот на мај, по
повеќе од пет месеци од парламентарните избори. На изборот му прет-
ходеа тримесечни протести кои кулминираа со насилство во Собрани-
ето на 27 април. На 15 октомври се одржаа локалните избори на кои во
56 општини и градот Скопје победија кандидатите за градоначалници на
СДСМ.
Граѓанското општество и во 2017 година придонесуваше кон позитивни
демократски промени во државата. Новата Влада покажа проактивност,
но се уште нема видливи ефекти.
Во 2017 година, МЦМС реализираше портфолио од 25 проекти во пет
програми со буџет од 175 милиони денари.
До крајот на годината во програмата Цивика мобилитас (ПЦМ) имаше
доделено вкупно 220 грантови на 206 грантисти. Се одржаа пет форуми
за горливи прашања поврзани со миграциите, регионалните депонии,
рудниците итн. За грантистите беа организирани повеќе обуки и рабо-
тилници за организациско јакнење.
5
Беа подобрени условите за следење на наставата за вкупно 1.151 уче-
ник; се елиминираше злоупотребата на детскиот труд во 10 случаи, а на
осуммина млади со македонско потекло од САД, Австралија и Велика
Британија им беше овозможено да научат повеќе за нивното потекло.
Беа објавени четири квартални извештаи од следењето на Државната
комисија за спречување на корупцијата, а беше иницирана и дебата за
измена на моделот на ова антикорупциско тело.
Македонската канцеларија на ТАКСО и МЦМС како ресурсен центар,
обезбедија простор за дискусија за над 160 претставници на граѓански
организации на 27 обуки и други организирани настани. МЦМС активно
работеше на реформирање на државното финансирање, а беа зајакнати
сопствените и капацитетите на ГО за развојна соработка. Заедно со ТВ
Телма беа спроведени седум анкети за важни општествени прашања и
дебатирани 22 истражувања на граѓански организации. МЦМС го ре-
активираше и проектот Мојот избор со кој, во над 60 инфографици беа
анализирани теми поврзани со локалните избори кои имаа над 550 илја-
ди прегледи.
Годината беше успешна и за мобилизацијата на фондови. Од поднесе-
ните 13 пријави за проекти, седум беа одобрени, четири одбиени, а за
две се чека одговор. Се одржаа две седници на Советот на МЦМС и пет
седници на Управниот одбор. Советот ја усвои новата Стратегија за пе-
риодот 2017 – 2021 година. Вкупниот број на соработници на крајот на
годината беше 20.
Гонце Јаковлеска
извршен директор
Александар Кржаловски
прв извршен директор
6
ВКОРЕНЕТО И ВЛИЈАТЕЛНО
ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО
СЛИКА 1: Национален форум на Цивика мобилитас, Градски парк, Скопје
7
ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА
НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО
„ЦИВИКА МОБИЛИТАС“
ЦЕЛ:
Постигнување мерливи и трајни
подобрувања на граѓанското општество
во неговото практикување вредности,
вклучување на граѓаните, ниво на
организација и перцепција на влијанието.
Во 2017 година беа додели последните 99 гран-
тови на здруженија, фондации и неформални
групи граѓани. На крајот на 2017 година, про-
грамата имаше доделено вкупно 220 грантови,
а вкупната финансиска поддршка изнесуваше
над 300 милиони денари.
Над 2000 членови на граѓански организации,
граѓани, претставници на другите актери на
граѓанското општество и на институциите, прет-
пријатијата и медиумите учествуваа во шесте
форуми. Програмата за учење им помогна на
100-те грантисти од „критичната маса“ да ги
зајакнат своите капацитети преку петте рабо-
тилници за организациски развој и институци-
онално јакнење, шест тематски работилници и
една средба за вмрежување.
8
Регионален форум
„рудници – да или не?“:
Повеќе од јасно, сите
се за не!
Четворица градоначалници, претставничка на
граѓанска иницијатива и раководителката на
Центарот за развој на Југоисточен плански ре-
гион беа панелистите на Регионалниот форум
„Рудници – Да или Не?“, што се одржа на 5 де-
кември 2017 година во Струмица, а се однесува-
ше на актуелната ситуација со веќе отворените
рудници, како и дадените концесии за отворање
нови рудници во Југоисточна Македонија. Сала-
та во Домот на АРМ во Струмица беше препол-
на со граѓани и активисти.
Дебатата доби на динамика уште на самиот по-
четок. Сите панелисти јасно дадоа до знаење
дека се против рудниците и дека ќе се борат по-
стоечките да се затворат, а нови никогаш да не
се отворат.
Градоначалникот на Валандово, Перо Коста-
динов, беше категоричен во одговорот на пра-
шањето на модераторката Лупевска Созен,
дали ќе поднесе оставка доколку не се реши
проблемот со рудниците во неговата општина:
„Во случај на неуспех во затворањето на рудни-
ците, сите опции се отворени – оставка, граѓан-
ска непослушност, сѐ што е потребно ќе напра-
виме“, рече тој. „Наша обврска е да се бориме
со сите механизми рудниците да престанат со
работа“, рече градоначалникот на Богданци.
„Такви рудници не треба да постојат“, продолжи
градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, а гра-
доначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, рече
дека пораката на референдумот што се одржа
во Гевгелија е јасна и според него, веќе во оваа
фаза ќе се реши овој проблем. Жулиета Ѓур-
кова, раководителка на Центарот за развој на
Југоисточниот плански регион, рече дека овој
регион е фабрика од која се храни цела Маке-
донија. Доколку во радиус од 50 километри има
тешка индустрија, ќе нема органско земјодел-
ско производство. Симона Гетова, од Иниција-
СЛИКА 2: Отворањето на новите рудници - „жешка тема“ за дебата
9
тива „Југоисток против рудниците“, изјави дека
повеќе од 40.000 граѓани рекле „не“ на рудници-
те и дека оваа дилема е надмината. „Сега треба
се разговара како да се стопираат овие рудни-
ци“, рече таа.
Во дебатата се вклучија и присутните во салата.
Беше кажано дека овие 86 лиценци за нови руд-
ници, кои биле доделени од страна на претход-
ната Влада во само еден ден, се голема закана
за здравјето на луѓето и за земјоделството како
носечка стопанска гранка во регионот. Граѓа-
ните и активистите беа категорични во своите
ставови, велејќи дека ова е сериозен проблем и
дека „ова е геноцид над 400.000 граѓани на Ре-
публика Македонија“ според еден, „не само за
овој регион, туку и за цела Македонија, како и
за Бугарија и за Грција“, според друг.
Единствен во салата кој имаше поинакви ставо-
ви беше Николајчо Николов, извршен директор
на рудникот Бучим од Радовиш и претседател
на Македонската асоцијација за рударство, кој
рече дека оваа реакција за рудниците е многу
задоцнета и дека многумина со леснотија ги ко-
ристат зборовите „труење“ „езера со цијанид“
итн. Тој ги покани присутните да го посетат руд-
никот Бучим и сами да се уверат во начинот на
кој работи компанијата.
Меѓу присутните беше и Лилјана Поповска, пра-
теничка во Собранието на Република Македо-
нија, која констатираше дека рудниците Илови-
ца и Казандол веќе можат да се затворат, затоа
што многу рокови утврдени во договорите се
прегазени. Таа изјави дека подоцна се утврдило
дека некои ги добиле концесиите за да ги про-
дадат, без воопшто да започнат со било каква
инвестиција.
Форумот на Цивика мобилитас обезбеди про-
стор за дебата за едно од најгорливите прашања
во овој дел од Македонија.
10
Средбата за вмрежување –
најголемиот настан за вмрежување
во граѓанското општество
„Голем дел од идеите кои ги добив за време на
овој настан потекнуваат од искуствата што ги
споделија моите колеги од другите организа-
ции“, рече Киро Јорданов од Спектрум плус.
„Запознав неколку организации кои се многу
слични на нашата со кои разговаравме за сора-
ботка на идни проекти“, додаде тој.
Вкупно 186 претставници на граѓанските орга-
низации за време на Средбата за вмрежување,
разменуваа знаења и искуства од секојдневната
работа и дискутираа за тоа како да ги направат
повидливи промените што ги прават во опште-
ството.
Фокусот на ова Средба за вмрежување беше
ставен на препознавањето на промените што ги
прават организациите и нивото визуелизирање,
односно начинот на кој тие промени се комуни-
цираат со граѓаните без разлика дали се целни
групи или општа јавност.
Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на
програмата од Велика Британија и Мајк Зијдер-
дуин, директор на МДФ (Раководење со развој-
ни фондации) од Холандија ги поттикна учесни-
ците да размислуваат за промените што ги пра-
ват со нивните активности. Работејќи во групи,
тие ги идентификуваа промените кои настанале
благодарение на нивните активности, а потоа,
ги разоткрија чекорите кои се потребни да се
направи таа промена. Целиот процес беше во
голема мера освестување за тоа што организа-
циите идентификуваат како промена и како тоа
го мерат и презентираат пред јавноста.
„Програмата Цивика мобилитас е исклучи-
телно важна за нас од аспект на регрутирање
млади новинари кои ќе ја прифатат мисијата на
СКУП, а тоа е следење на работата на држав-
ните институции на централно и локално ниво.
Со грантот успеавме да иницираме конкретни
постапки пред институциите и да придонесеме
за зголемување на транспарентноста на поли-
тичките партии“, рече Жаклина Хаџи-Зафирова
од Центарот за истражувачко новинарство Скуп
Македонија.
СЛИКА 3: 	Учесниците на Средбата за вмрежување разговараа за тоа како
резултатите на ГО да бидат повидливи за граѓаните
11
ПРОЕКТИ ЗА
ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО
МЦМС- РЕСУРСЕН ЦЕНТАР
НА ПРОЕКТОТ ТАКСО
ЦЕЛ:
Раководење со Ресурсниот центар
на ТАКСО кој ќе придонесе кон
зголемување и подобрување на
капацитетите и активностите на
граѓанските организации (ГО) како
и зајакнување на нивната улога во
партиципативна демократија.
На крајот на ноември заврши осумгодишна-
та поддршка што проектот ТАКСО им ја дава-
ше на граѓанските организации. Таа поддршка
им овозможи на организациите да ги надминат
предизвиците со кои се соочуваа, да зајакнат и
да станат повлијателни во општеството.
Ефектите од ТАКСО се вкоренија
во граѓанското општество
Oд ноември 2014 година до ноември 2017 го-
дина МЦМС беше ресурсен центар на Нацио-
налната канцеларија на ТАКСО во Македонија.
Внатрешната експертиза придонесе добар дел
од работите да бидат направени со сопствени
ресурси.
Резултатите на ТАКСО зборуваа сами за себе. Во
изминативе осум години поддржани беа вкупно
1034 организации, кои се активни во повеќе од
17 области, што ја акцентира разновидноста на
понудата на услуги на ТАКСО. Меѓу корисници-
те на услугите најбројни биле оние кои работат
во областа на демократијата и човековите права
(135), а по нив организациите чија главна пре-
окупација се децата, младите и студентите (98)
како и животната средина (96).
Резултатите од работата се видливи во самите
граѓански организации и тоа преку воведување
и подобрување на многу организациски прак-
тики и пристапи, подобреното разбирање за
битни прашања, подобрување на дијалогот меѓу
граѓанското општество и другите чинители.
Организациите беа поддржани и поттикнати да
се вмрежат на национално и регионално ниво,
да се вклучат во меѓу-секторска соработка и да
учат од регионалните и од практиките на ЕУ. Беа
организирани повеќе од 50 регионални настани:
обуки, работилници, конференции, студиски по-
сети, на кои учествуваа повеќе од 280 учесници
од Македонија.
СЛИКА 4: Од Форумот „Нов патоказ за граѓанското општество“, одржан во јуни во Скопје
12
КОН РЕФОРМИРАНО ДРЖАВНО
ФИНАНСИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ
ОРГАНИЗАЦИИ
ЦЕЛ:
Подобрување на правната рамка
за финансирање на граѓанските
организации.
МЦМС подготви клучни анализи и документи
кои ќе придонесат во поставување на основа-
та за подобрување на системот за државно фи-
нансирање на граѓанските организации. Наци-
оналната анализа на буџетското финансирање
на граѓанските организации на централно ниво,
ја анализира правната основа и практичните
искуства во Македонија со што се придонесу-
ва за подобро разбирање на постоечкиот мо-
дел за државно финансирање на граѓанските
организации. Публикацијата е наменета за сите
вклучени во процесот на доделување средства
на граѓанските организации од страна на држа-
вата.
Државното финансирање
за граѓанскиот сектор мора
да се реформира
Транспарентен начин на распределба на држав-
ните пари за граѓанскиот сектор, зголемување
на буџетските износи, отворен повик со јасни
критериуми, независна комисија за одлучување
и отчет за сработеното, ова беа темите за кои
разговараа претставниците на државните ин-
ституции и граѓанските организации на заврш-
ната конференција „Предлог модел за држав-
но финансирање на граѓански организации во
Македонија“, што ја организираше МЦМС на во
октомври 2017 во Скопје.
Александар Кржаловски истакна дека во про-
цесот на пристапување кон Европската Унија,
Македонија ќе мора да го реформира системот
на финансирање на граѓанскиот сектор и да ја
преземе улогата на главен донатор. Споредбено
со регионалните стандарди, Република Македо-
нија годишно ќе треба да издвојува околу 30 ми-
лиони евра, за разлика од досегашните помеѓу
четири и пет милиони евра.
СЛИКА 5: Од завршната конференција за проектот „Кон реформирано државно финансирање“
13
„Ако во минатото постоеше перцепција дека
средствата дадени во граѓанските организации
се трошат без некаков реален фидбек, интен-
цијата на Владата ќе биде да направиме реална
проценка каде средствата кои сме ги донирале
дале ефект и колкав е тој врз општеството“, ис-
такна Драги Рашковски, Генералниот секретар
на Владата на РМ.
Никола Бертолини од Делегацијата на Ев-
ропската Унија во Скопје истакна дека развојот
на граѓанскиот сектор е една од најзначајни-
те функции на државата, а потребата од до-
бро граѓанско организирање води до подобро
функционирање на државата. Горан Форбици
од ЦНВОС од Словенија, ги сподели добрите
практики за државното финансирање на граѓан-
ските организации од регионот и од Словенија.
Тој препорача да се направи соодветна излезна
стратегија за поддршка од државата и одржу-
вање на жив и конструктивен граѓански сектор
при пристапувањето во ЕУ кога ќе заминат сите
донатори.
Емина Нурединоска од МЦМС ги презентира-
ше наодите од националната анализа во која
се дава осврт на државното финансирање на
граѓанските организации во Македонија. Таа ис-
такна дека висината на износот на буџетските
средства од централно ниво не е соодветна на
потребите на граѓанските организации.
Предлог моделот за реформа на системот на
државно финансирање го подготви МЦМС со
поддршка од меѓународниот експерт Катерина
Хаџи-Мицева Еванс од Европскиот центар за
непрофитно право (ЕЦНЛ). Моделот опфаќа ре-
шенија за правната и институционалната рамка
за финансирање на организациите од страна на
државата, предлози за висината на тој износ,
транспарентноста на процедурата, јасноста на
критериумите за избор, видовите на државна
поддршка, следење на трошењето на средства-
та како и општата реформа на распределбата
на средствата од игрите на среќа.
14
ПОДГОТОВКА
ЗА РАЗВОЈНА ПОМОШ
ЦЕЛ:
Мобилизирање и поддршка на
граѓанските организации за заедничко
работење кон зајакнување на свеста
во државите кандидати за влез во
Европската Унија, како и за потребите
од образование за развојна помош и
вклученост за меѓународната развојна
агенда.
МЦМС ги зајакна сопствените и капацитети-
те на ГО за развојна соработка, а ги подготви
и клучните документи за јавни политики кои ќе
обезбедат основа за застапување. Вкупно 14
претставници на граѓанските организации беа
дел од обуката на МЦМС со која се информи-
раа за развојна помош и глобална соработка, за
стратешко размислување и застапување. Заед-
но со партнерите од Институтот за демократија
и медијација (ИДМ) од Албанија, МЦМС го под-
готви регионалниот документ за јавни политики
„Суштинско вклучување на ГО во Одржливите
развојни цели на ОН: Дали земјите од Западен
Балкан заостануваат?“.
Развојната соработка
и Македонија
МЦМС организираше тркалезна маса на тема
„Зајакнување на улогата на граѓанските органи-
зации во Македонија за развојна соработка и гло-
бални прашања“. Клучна препорака од настанот
беше формирањето на посебни институционални
структури, како што е Националниот совет за
одржлив развој во кој ќе бидат вклучени граѓан-
ските организации и ќе имаат значајна улога во
подигнување на јавната свест, во унапредување
на образованието, поттикнување на граѓанското
учество, справување со катастрофи и хумани-
тарни активности и др.
„Македонија досега нема постигнато напредок
во законското усогласување и структурата за
развојни политики“, истакна Симона Огненовска
од МЦМС. „Имено, иако во 2010 година се фор-
мираше Одделението за хуманитарна и развојна
помош во рамките на МНР со двајца вработени
како одговорни за неговите активности, сепак во
моментот тоа не е функционално“. Според нао-
дите кои таа ги презентираше, недостатокот на
вклученост на граѓанското општество во раз-
војната соработка во Македонија е последица на
стагнацијата на процесот на интеграција во ЕУ.
МЦМС подготви студија чија цел е да обезбеди
кохерентни и длабински информации за состој-
бата со развојната помош во Македонија од 2012
до 2016 година, за напредокот во однос на по-
литиките, законодавството и механизмите за
усогласување со законодавството на ЕУ, но исто
така и за капацитетите и вклученоста на граѓан-
ското општество.
СЛИКА 6: 	Учесниците на обуката „Застапување за активно вклучување
на граѓанските организации во развојните политики“
15
ТОП ТЕМА
НА ВАША СТРАНА
ЦЕЛ:
Создавање информирано граѓанство кое
е способно да ја креира својата иднина
преку изразување на преференции,
дебати и аргументирана дискусија
презентирани во информативната
емисија „Топ тема на ваша страна“.
Вкупно 67 граѓански активисти добија обука
за граѓанско новинарство, наодите од 22
истражувања на граѓански организации беа
дебатирани на емисијата „Топ тема на ваша
страна“, а беа избрани и тројца добитници на
награди на Конкурсот за стории и фотографии
на граѓански новинари.
МЦМС и ТВ Телма спроведоа седум телефонски
истражувања на јавното мислење за актуелни
политички теми, едно теренско истражување и
две фокус групи за препознатливост на брендот
Телма и Топ тема.
Развој на граѓанското новинарство и
зголемена видливост на граѓанските
активисти
Шеесет и седум претставници на граѓански ор-
ганизации и активисти во текот на април и мај
2017 година се стекнаа со знаења и практични
вештини од областа на граѓанското новинар-
ство.
Тие научија како да препознаат интересна вест
која вреди да биде објавена; како да направат
фотографија која на вистинскиот начин ќе ги ви-
зуелизира пораките што сакаат да ги пренесат;
ги подобрија знаењата и вештините за употреба
на социјалните медиуми и дискутираа за етички-
те прашања во практикувањето на граѓанското
новинарство.
„Граѓанското новинарство им е добредојдено на
професионалните новинари затоа што во некоја
рака ги надополнува во она што го прават“, им
рече на учесниците Боби Христов, новинар на
ТВ Телма и еден од обучувачите. Тој ги поттикна
да бидат креативни во пишувањето и да се оби-
дат да ги гледаат случувањата од перспектива
на публиката.
Учесниците рекоа дека обуката ќе им користи за
нивниот личен и професионален развој и дека
наученото веднаш ќе можат да почнат да го
практикуваат во своите организации.
МЦМС организираше четири обуки за граѓан-
ско новинарство во Скопје, Битола, Штип и
Струмица.
СЛИКА 7: Покрај групната, имаше и индивидуална работа, од Обуката за граѓанско новинарство во Битола
16
ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ,
ПАРТИЦИПАЦИЈА
И ПОЛИТИКИ НАСОЧЕНИ
КОН ЛУЃЕТО
СЛИКА 8: 	Од Конференцијата „Моделот на превентивното тело за антикорупција:
како функционира сегашниот модел и дали има потреба од измени?“
17
СЛЕДЕЊЕ НА ДРЖАВНАТА
КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ
НА КОРУПЦИЈАТА
ЦЕЛ:
Следење на спроведувањето на законски
обврски, транспарентноста и отчетноста
на борбата против корупцијата од страна
на ДКСК.
МЦМС ги подготви Извештајот за досегашната
работата на ДКСК во периодот од 2006 до 2015
година и четири квартални извештаи со кои е
опфатен период од октомври 2016 до септемв-
ри 2017 г. Наодите од извештаите беа презенти-
рани на три јавни настани и преку социјалните
медиуми и предизвикаа големо внимание.
На иницијатива на МЦМС, Платформата за бор-
ба против корупцијата побара од Собранието
на РМ да не го усвои Извештајот за работата
на ДКСК во 2016 г. и да го врати на доработка.
МЦМС иницираше и отворање на дебати за по-
требите од измени на Законот за спречување на
корупцијата со фокус на измена на моделот и
структурата на Комисијата.
ПРОЕКТИ ЗА
ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ
18
„Законот е добар, ама политичарите
нашле начин да го заобиколат“
Антикорупциско тело со полициски овласту-
вања или зголемување на ефикасноста на по-
лицијата при соработката со антикорупциското
тело, ова беше препораката на Драго Кос, прет-
седател на работната група на ОЕЦД за поткуп
во меѓународни деловни односи, дадена на кон-
ференцијата „Моделот на превентивното тело
за антикорупција: како функционира сегашниот
модел и дали има потреба од измени?“ што ја
организираа МЦМС и Транспрентност Македо-
нија (ТМ) во октомври 2017 година.
„Самиот Закон за спречување на корупцијата и
не е толку штетен“, рече тој, „проблемот е што
политичарите во Македонија нашле начин да го
заобиколат и да го заробат работењето на анто-
корупциското тело“, додаде Кос, поранешниот
претседател на Антикорупциската комисија на
Словенија.
За Вања Михајлова, поранешен член на ДКСК,
потребно е да се донесе нов закон за спречу-
вање на корупцијата. „Потребно е да се преис-
питаат постапките и критериумите за именување
на членовите во Државата комисија за спречу-
вање на корупцијата (ДКСК) за да се зголеми
довербата на граѓаните во оваа институција“,
додаде таа. Новото законско решение го под-
држа и Хари Локвенец, пратеник во Собранието
на РМ и заменик претседател на Комисијата за
политички систем и односи меѓу заедниците. Тој
исто така се заложи за тоа анкетните листови на
функционерите да останат достапни за јавноста
и по завршување на нивните функции.
Игор Тантуровски, претседателот на ДКСК, ја
истакна ограниченоста на ресурси, и финанси-
ски и човечки, со кои се соочува ДКСК. Според
него таа резултира со не испорачување на сите
надлежности кои се очекува да бидат исполне-
ти. Поранешниот антикорупционер Драган Ма-
линовски ја критикуваше работата на ДКСК и
истакна дека е доволно да се видат извештаите
за да се заклучи дека цело време „тапкаме во
место, па дури и назадуваме“.
Целта на конференцијата беше да се отвори
дискусија за досегашното функционирање на
ДКСК во спроведувањето на антикорупциските
политики и борбата против корупцијата и потре-
бата од измени на моделот на ДКСК како пре-
вентивно антикорупциско тело.
СЛИКА 9: Учесниците дадоа повеќе препораки за менување на моделот на антикорупциското тело
19
МОЈОТ ИЗБОР
ЦЕЛ:
Придонес за фер и демократски избори,
преку поддршка на изборните органи,
зајакнато професионално и етичко изве-
стување за изборите и промоција на кон-
структивен демократски дискурс.
Споредбени анализи за ветувањата
на кандидатите за градоначалници
Над 60 инфо- графици со кои се анализираа
теми поврзани со локалните избори беа подго-
твени и споделени со јавноста. Бројот на пре-
гледи на овие содржини надмина 550 илјади.
Најголемо внимание привлекоа подготвените
инфо- графици кои ги споредуваа ветувањата
на градоначалниците од 20 општини по различ-
ни категории.
Така на пример, во категоријата за локален и
економски развој, најголем дел од кандидатите
за градоначалници како приоритети ги издвои-
ле поддршката за развојот на малите и средни
претпријатија, како и зголемувањето на инве-
стициите клучни за развојот на индустриските
зони.
На полето транспорт и инфраструктура, вооби-
чаено беа истакнувани улиците и патиштата кои
ќе се реконструираат, а поретко се обрнуваше
внимание на еколошките возила во јавниот пре-
воз.
Во поглед на културата, кандидатите за градо-
началници ветуваа редовно одржување на кул-
турни настани во нивната општина, вложување
во опрема и реновирање на културните објекти
и изградба на нови онаму каде не постојат.
Во најголем дел од нивните програми под точка-
та образование беше наведено реконструкција
и изградба на училишта, а поретко се спомну-
ваа и стипендирањето за најдобрите ученици,
изградба на едукативни центри и бесплатниот
јавен превоз за учениците кои живеат подалеку
од местото каде што ја следат наставата.
Двата главни приоритети во програмите на кан-
дидатите кога станува збор за социјална и дет-
ска заштита се зголемување на капацитетите на
градинките и подобрување на условите во до-
мовите за стари лица. Значително помалку беа
спомнати мерки во корист на маргинализирани-
те групи како лицата со попреченост и бездо-
мниците.
На полето на животната средина кандидати-
те беа едногласни во нивните приоритети. Ен-
тузијастички ветија дека во нивниот мандат ќе
го решат проблемот со депониите, дека ќе се
осврнат кон користење на обновливи извори на
енергија, ќе ги зголемат зелените површини во
урбаните средини и ќе изградат велосипедски
патеки за почесто практикување на велосипед-
ската култура.
СЛИКА 10: Веб страната на која беа објавувани информациите и анализите за локалните избори www.mojotizbor.mk
20
СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА
И НАМАЛУВАЊЕ НА
СИРОМАШТИЈАТА
СЛИКА 11: Фасадата на едно од училиштата кои добија поддршка - новиот и стариот изглед
21
МОДЕРНИЗАЦИЈА
НА ОБРАЗОВАНИЕТО
ЦЕЛ:
Подобрување на условите за следење на
наставата во училиштата.
Вкупно 1.151 ученик од основните училишта во
Скопје, и руралните средини во Радовиш, Бито-
ла и Прилеп ја следат наставата во подобрени
услови за учење. За училиштето „Кирил и Ме-
тодиј“ во с. Ораовица , општина Радовиш наба-
вен е нов ЛЦД проектор, а во училиштето „Кр-
сте Петков Мисирков“ во с. Коџалија, општина
Радовиш, заменети се прозорците и вратите.
Во општина Долнени, се интервенираше во две
училишта: во училиштето „Пере Тошев“, во с.
Небрегово, доградена е нова училишна про-
сторија и заменети се прозорците и вратите, а
во училиштето „Лирија“, набавен е училишен
мебел и опрема за медиатека. Во училиштето
„Александар Турунџев“, с. Кукуречани, општина
Битола е зајакната и бојадисана фасадата.
22
Реновирањето на школото како
роденденски подарок
Учениците на ООУ „Коле Неделковски“ од Ско-
пје ја започнаа новата школска година во сеп-
тември со приредба во комплетно реновира-
но училиште, благодарение на поддршката на
МЦМС и Филип Морис.
„Знаете“, рече Светлана Масларевска, дирек-
торка на училиштето, „секој родител сака него-
вото дете да учи во убави услови, а токму тие
услови се и фактор за спроведување солидна
настава. Со оглед на тоа што училиштето слави
60 години постоење, ова ни дојде како роден-
денски подарок“- вели таа.
Во училишните простории монтирани се 65
нови врати, поставен е нов ламинатен под во
сите училишни простории и канцеларии, бојади-
сани се ѕидовите во училниците, реновирана е
училишната библиотека, оградено е отвореното
спортско игралиште во школскиот двор, и ком-
плетно е опремена една училница со клупи, сто-
лови, плакари, лаптоп и интерактивна табла.
„Децата се радосни бидејќи сакаат да работат
во нов амбиент и во нов ентериер“, рече една
од наставничките која предавањата кај нејзи-
ните второодделенци ги одржува во комплет-
но опремената училница. „Една од очигледните
придобивки е дисциплината што произлегува од
новите поединечни клупи. Исто така, со помош
на интерактивната табла ќе можеме почесто да
гледаме лекции за деца, по било кој предмет, а
особено по природно-научните. Иако се на ан-
глиски јазик, тие имаат превод и децата одлично
се снаоѓаат.“
СЛИКА 12: Од реновирањето на ООУ „Коле Неделковски“
23
ПРОЕКТИ ЗА
СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА
МЕХАНИЗАМ ЗА ПОДДРШКА
НА ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ
ЦЕЛ:
Елиминирање на детската работа и
создавање механизам за поддршка на
тутунопроизводителите и ангажираните
работници кај нив.
Елиминирана е злоупотребата на детски труд во
10 случаи. Операторките заедно со теренските
техничари на трите тутунски компании посетија
895 тутунопроизводители, чии фамилии имаат
деца со цел нивно информирање за правата и
обврските поврзани со користење на детска ра-
бота. Посетени и советувани беа 118 ангажира-
ни работници (аргати).
Во текот на целата година, вкупно 661 тутуно-
производител или работници кај нив побарале
помош или информација од операторките. Под-
рачјето во кое се спроведува проектот се про-
шири за уште седум нови села во општините
Крушево и Прилеп.
Преку уметноста се гради свеста
за елиминација на детскиот труд
Вкупно 53 деца од основните училишта во
општина Кривогаштани беа наградени на тре-
тиот по ред конкурс на тема „Со ракатките и
прегратките на тутунарите“ што го организираа
МЦМС, општината Кривогаштани и основните
училишта „Манчу Матак“ и „Јонче Смугрески“.
„Со манифестацијата сакаме да ја подигнеме
свеста кај населението за намалување на дет-
скиот труд и рециклирање на отпадот од обра-
ботката на тутун“, изјави Дијана Каравилоска,
в.д. директорка на училиштето „Манчу Матак“
од Кривоштани. Таа истакна дека оваа година,
за прв пат била изведена драмска претстава
преку која учениците ја пренеле перцепцијата
на луѓето за процесот на продавање на тутун.
Ивана Кравилоска и нејзините другарчиња од
трето одделение ја добија третата награда. „На-
правивме куќа со двор, кукла со дете, кош и
рамка за тутун и тие беа изработени од конци,
дрва, саргија, картон и тутун. Бевме многу среќ-
ни кога ја добивме наградата“, рече Ивана.
„Вкупно 500 ученици и нивните родители ја по-
сетија изложбата“, рече директорката Карави-
лоска.
Манифестацијата ја поддржаа трите тутунски
компании Сокотаб, Тутунски комбинат Прилеп и
Алијанс Оне Македонија со финансиска помош
од Филип Морис ТКП.
СЛИКА 13: Дел од добитничките на награди на конкурсот „Со ракатките и прегратиките на тутунарите“
24
МАЛИ РАЗВОЈНИ
ИНИЦИЈАТИВИ
ЦЕЛ:
Создавање основа за активности на ГО
и општини за застапување засновано
на факти, финансиска одржливост,
соработка и одржлив развој.
На осуммина млади луѓе со македонско потекло
кои живеат во САД, Австралија и Велика Бри-
танија им беше овозможено да научат повеќе
за нивното потекло преку пракса и престој во
Македонија. „Родум од Македонија“ расте од
година во година, а досега 18 млади Македонци
кои се родени и живеат надвор од државата има
можност да го запознаат нивното културно на-
следство и да воспостават контакти и пријател-
ства меѓу себе и со нивните врсници во Маке-
донија. Активностите се дел од проектот „Родум
од Македонија 2017“ кој трета година по ред
го спроведoa МЦМС и Обединетата македонска
дијаспора (ОМД). Студискиот престој се одвива-
ше од 23 јуни до 14 јули.
Младите со македонско потекло
повторно им се вратија на своите
корени
Тајлер Муреј, Валентина Талевски, Наташа Пе-
треска, Дилон Огненовски, Никол Крингс, Џере-
ми Дросинис, Илија Влчевски и Џејмс Цветков-
ски се младите луѓе со македонско потекло кои
годинава беа дел од „Родум од Македонија“.
„Во иднина би сакал да се вратам на Балканот
за да работам во полето на економијата и да го
подобрам животот на луѓето во земјата,“- рече
Илија. Учесниците имаа пракса во кабинетот
на Претседателот на Република Македонија,
на Факултетот за фармација при Универзитетот
„Св. Кирил и Методиј“, во СОС Детското село,
Црвениот крст на РМ, Хелтгрупер, Некстсенс и
во Македонската асоцијација за човечки ресур-
си.
Тие беа сместени кај семејства-домаќини и од-
близу можеа да го видат секојдневието во Ма-
кедонија. „Мојата домаќинка направи јас и дру-
гата учесничка која е сместена кај неа, да се
чувствуваме како три сестри. Верувам дека ова
пријателство ќе продолжи,“ – рече Валентина.
Сите осуммина патуваа во текот на викендите и
ја запознаваа Македонија.
СЛИКА 14: Учесниците во „Родум од Македонија“ - 2017
25
ПАРТНЕРСТВА,
ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
И ПОДДРШКА
Односи со актерите
Во 2017 година, соработката со домашните и
странските граѓански организации, министер-
ства и државни институции беше реализирана
во рамки на редовните програми на МЦМС.
Претставник на МЦМС е член и на Советот за
статистика на Македонија и на Надзорниот од-
бор на проектот „Техничка помош во менаџи-
рање со проекти и мониторинг на шемата за
грантови „Поттикнување на социјалното вклучу-
вање“ и редовно учествува на нивните седници.
Соработниците учествуваа на 14 меѓународни и
регионални настани, како и на повеќе настани
на национално или локално ниво.
Поддршка – Одржлив МЦМС
Пристап кон извори на финансирање
МЦМС подготви и поднесе 13 пријави за про-
екти (грантови). За сите беа поднесени целосни
пријави. Седум од нив се одобрени, четири од-
биени, а за две се чека одговор.
Односи со јавноста
МЦМС редовно информира за своите актив-
ности преку повеќе информациски канали. Во
2017 година беа издадени 12 броја на е-билте-
нот на МЦМС. Вестите објавени на веб-страната
автоматски се генерираат во е-билтенот секој
први во месецот. Подготвен е и објавен Годиш-
ниот извештај за работата во 2016 година во
кој беа презентирани сумарни податоци за по-
стигнувањата на годишно ниво. Веб-страната на
МЦМС е целосно функционална и постојано се
ажурира. Дел од содр-жините се публикуваат и
на други социјални медиуми овозможувајќи на
тој начин што е можно поголема видливост на
работењето на МЦМС. Во 2017 г. веб-страната
имала 34.748 посети во кои посетителите пре-
гледале 83.919 статии.
МЦМС редовно комуницираше со медиумите
преку прес соопштенија, директни контакти на
презентации и промоции. Контактите резулти-
раа со 442 објави. Најголем дел од нив се одне-
суваа на истражувањата кои МЦМС ги спроведе
во текот на годината.
СЛИКА 15: Настаните на МЦМС го предизвикуваат интересот на медиумите
26
Волонтерство
МЦМС продолжи со активностите за поврзу-
вање на граѓанскиот сектор со академијата
преку волонтерство и практичната работа. По-
тпишани се два меморандуми за организирање
практикантска работа со Универзитетот Аме-
рикан колеџ-Скопје и Универзитетот Деусто од
Шпанија, како и барања за финансиска под-
дршка на студенти од Универзитетот Витаутас
Магнус од Литванија и Универзитетот Оклахома
од САД. Во текот на 2017 година, во МЦМС во-
лонтираа вкупно петмина студенти од Македо-
нија и од странство, како и две практикантки.
Волонтирај - излези од твојата
„комфорт зона“
Нела Мрчковска која студира во САД и Вајдас
Карпалавичиус од Литванија, два месеца во те-
кот на летото волонтираа во МЦМС. Тие имаа
можност практично да го надополнат своето те-
оретско знаење од студиите, да видат како из-
гледа работата во една граѓанска организација,
а Вајдас, како странец, и подобро да ја запознае
Македонија.
За време на волонтирањето, тие главно беа фо-
кусирани на развојната помош и го искористија
своето знаење и вештини да изработат студии
на случај. „Ми беше многу интересно постојано
да учам нови работи за Македонија, за правни-
от систем, за владиниот и невладиниот сектор.
Сметам дека ова многу ќе ми послужи во идни-
на бидејќи планирам во фокусот на моето пона-
тамошно студирање да ги ставам Македонија и
Источна Европа“,- рече Нела.
Вајдас, кој досега немал никаков допир со Маке-
донија и нејзината култура, е задоволен што мо-
жел да се вклучи во другите проекти на МЦМС.
„Имав голема среќа да се вклучам во проектот
со македонската дијаспора наречен ‘Родум од
Македонија’. Се запознав со прекрасни луѓе од
целиот свет, од САД, Австралија и Велика Бри-
танија. Исто така имав можност да ја видам уба-
вината на земјата, да патувам со нив во Охрид,
Струмица и во околината на Скопје.“- рече тој.
На идните волонтери, Нела им порача дека
најважно е да излезат од својата „комфорт
зона“ и да се вклучат во сè што можат и што
им се нуди. За Вајдас, пак, ова искуство прет-
ставуваше отворање нови хоризонти. Се здобил
со нови знаења за работењето во граѓанскиот
сектор, па во иднина се гледа како дел од ор-
ганизација која се грижи за унапредување на
животната средина или на благосостојбата на
животните.
МЦМС ја спроведува програмата за волонтер-
ство од 2008 година, а преку неа, до сега биле
поддржани вкупно 83 волонтери.
СЛИКА 16: Нела и Вајдас, меѓународните волонтери на МЦМС
27
СОВЕТ НА МЦМС
ÂÂ Александар Зарков (ССК)
ÂÂ Бобан Митевски (МПЦ)
ÂÂ Ванчо Стојанов (општина Василево)
ÂÂ Виктор Арнаудоски (ЗЕЛС)
ÂÂ Герман Филков (ЦГК)
ÂÂ Драган Секуловски (ЗНМ)
ÂÂ Елена Кочоска (Полио плус)
ÂÂ Ирсал Јакупи (ИВЗ)
ÂÂ Лулзим Хазири (АДИ)
ÂÂ Марија Ацковски
ÂÂ Марко Трошановски (ИДСЦС)
ÂÂ Назим Рашиди (Диверзити медиа)
ÂÂ Никица Кусиникова (Конект)
ÂÂ Ризван Сулејмани (УО на МЦМС)
ÂÂ Самет Скендери (ИнСок)
ÂÂ Сања Васиќ (Телма)
ÂÂ Сашо Клековски
ÂÂ Соња Стефановска-Трајаноска (УНДП)
ÂÂ Тони Затковски (општина Кривогаштани)
УПРАВЕН ОДБОР
Состав до 27 мај 2017 година
1.	 Ризван Сулејмани, претседавач, доктор по
политички науки, директор на Институтот за
политички и меѓукултурни студии во Скопје
2.	 Габриела Мицевска, заменик- претседавач,
раководител на сектор за земјоделство и
рурален развој во ЦеПроСАРД
3.	 Бехиџудин Шехапи, претседател на Ел
Хилал
4.	 Ванчо Стојанов, градоначалник на општина
Василево
5.	 Горан Михајловски, уредник на интернет
порталот „Сакам да кажам“
6.	 Ѓоко Ѓорѓевски, Македонска православна
црква
7.	 Ратко Лазаревски, управител на „Нова
Македонија“
Состав од 28 мај 2017 година
1.	 Ризван Сулејмани, претседавач, доктор по
политички науки, директор на Институтот за
политички и меѓукултурни студии во Скопје
2.	 Елена Кочовска, заменик- претседавач,
Полио плус
3.	 Самет Скендери, член на ХДЗР „Месечина“-
Гостивар
4.	 Насер Селмани, претседател на Здружение
на новинарите на Македонија
5.	 Горан Михајловски, уредник на интернет
порталот „Сакам да кажам“
6.	 Бобан Митевски, Македонска православна
црква
7.	 Сања Васиќ, уредник во националната
телевизија Телма и дописник на Гласот на
Америка
ОРГАНИЗАЦИЈА
Во 2017 се одржаа две седници на Советот на
МЦМС. Првата седницата имаше беше посвете-
на на Извештајот за работата на МЦМС за 2016
година, со Финансискиот извештај и Извештај
од независен ревизор, како и на Избор на Упра-
вен одбор на МЦМС. На втората седница во де-
кември, се расправаше и усвои Стратегијата на
МЦМС за 2017-2021 година.
28
ПЕРСОНАЛ – ИЗВРШНА
КАНЦЕЛАРИЈА
Во 2017 г. во МЦМС работеа 23 соработници.
Речиси половина од вработените (10) имаат за-
сновано работен однос на неопределено вре-
ме. Во текот на 2017 година, индивидуално или
групно, соработниците тие посетиле 16 обуки.
Од второто тримесечие повторно се воспоста-
ви редовната пракса за одржување на стручни
состаноци. До крајот на 2017 година, се одржаа
вкупно 15 стручни состаноци на различни теми
од делокругот на работење на МЦМС.
ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ
Прв извршен директор	
Александар Кржаловски	
akr@mcms.mk
Извршен директор	
Гонце Јаковлеска	
gjk@mcms.mk
Група за граѓанско општество
Емина Нурединоска	
enr@mcms.mk
Даниела Стојанова	
(до септември)
Снежана Камиловска Трповска	
skt@mcms.mk
Валентина Чичева	
vch@mcms.mk
Марија Саздевски	
(до ноември)
Симона Огненовска	
(до ноември)
Дарко Димов	
ddm@mcms.mk
Јасмина Чаушоска	
jch@mcms.mk
Сара Мустафа	
sms@mcms.mk
Моника Божиноска	
mbz@mcms.mk
Адил Бакиу	
abk@mcms.mk
Симона Трајковска	
str@mcms.mk
Наташа Иваноска	
niv@mcms.mk
Фанија Ивановска	
fiv@mcms.mk
Александра Сиљановска	
asl@mcms.mk
Група за локален развој
Горан Стаматоски	
gst@mcms.mk
Група за информации
Борис Ристовски	
brs@mcms.mk
Административна група	
Милка Божиновска Миова	
mmv@mcms.mk
Адис Рахиќ	
arh@mcms.mk
Борче Јакимовски	
bjk@mcms.mk
Данило Митов	
dmv@mcms.mk
29
ФИНАНСИСКИ
ИЗВЕШТАЈ
30
31
ПРИХОДИ 2017 2016
ДОНАЦИИ И ГРАНТОВИ
Европска унија 2.315 7.456
Швајцарска агенција за развој и
соработка
137.452 111.737
УСАИД 4.979 6.672
Британска амбасада 3.287 10.120
Тутунски компании 7.567 4.119
Други донатори 899 23.308
Вкупно донации и грантови 156.499 163.411
СОПСТВЕНИ ПРИХОДИ
Македонска развојна фондација за прет. 2.168 1.684
НИРАС (Цивика Мобилитас) 8.300 8.917
СИПУ (ТАКСО ресурсен центар) 3.939 3.291
Други сопствени приходи 1.197 460
Вкупно сопствени приходи 15.604 14.352
Камати и позитивни курсни разлики 2.426 1.875
Вонредни приходи 599 715
ВКУПНО ПРИХОДИ 175.128 180.354
РАСХОДИ 2017 2016
ДОБРОТВОРНИ РАСХОДИ
Проекти за модернизација на образо.
(ПМО)
4.918 1.541
Социјана кохезија (СКХ) 2.264 28.498
Добро владеење и паритиципација (ДВП) 1.115 6.805
Вкоренето и динамично ГО (ВДГ) 5.274 4.113
Цивика мобилитас (ПЦМ) 132.429 106.946
Вкупно добротворни расходи 146.000 147.903
ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ
Плати и надоместоци за персоналот 15.507 16.384
Други оперативни расходи 10.883 13.119
Вкупно оперативни расходи 26.390 29.503
ВКУПНО РАСХОДИ 172.391 177.406
БИЛАНС пред оданочување 2.737 2.947
Данок на вишок на приходи над расходи 0 562
БИЛАНС 2.737 2.385
32
БИЛАНС НА СОСТОЈБА 2017 2016
СРЕДСТВА
Постојани средства
Основни средства 9.446 11.569
Нематеријални вложувања 960 960
Фонд за домување 4.120 4.120
Вкупно постојани средства 14.526 16.648
Обртни средства
Парични средства 21.253 5.883
Аванси 52 369
Побарувања од купувачите 5.746 6.210
Краткорочни финансиски побарувања 74.605 93.234
Останати побарувања 17.078 15.034
Вкупно обртни средства 118.734 120.730
ВКУПНО СРЕДСТВА 133.260 137.378
Б. ОБВРСКИ И ФОНДОВИ
Краткорочни обврски
Обврски спрема добавувачите 813 2.468
Други краткорочни обврски 15.619 38.652
Вкупно краткорочни обврски 16.432 41.121
Пасивни временски разграничувања 0 0
Примени приходи за следни години 17.832 0
Вкупно обврски 34.265 41.121
Фондови и резерви
Фондови 96.258 93.873
Разлика приходи/расходи во тековен период 2.737 2.385
Вкупно фондови и резерви 98.995 96.258
ВКУПНО ОБВРСКИ и ФОНДОВИ 133.260 137.378
33
34
Издавач: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
Адреса на издавачот: Македонски центар за меѓународна
соработка ул. Никола Парапунов бр. 41а п.фах 55 10160 Скопје,
Република Македонија
Тел.: 02/3065 381 факс: 02/3065 298 e-mail: mcms@mcms.mk
www.mcms.mk
Прв извршен директор: Александар Кржаловски
Извршен директор: Гонце Јаковлеска
Фотографии: Фотоархива на МЦМС
Графички дизајн: Кома
Годишен извештај 2017 година - МЦМС
Годишен извештај 2017 година - МЦМС

More Related Content

Similar to Годишен извештај 2017 година - МЦМС

Деловен извештај на МЦМС [2009 година]
Деловен извештај на МЦМС [2009 година]Деловен извештај на МЦМС [2009 година]
Деловен извештај на МЦМС [2009 година]МЦМС | MCIC
 
Знак дека може
Знак дека можеЗнак дека може
Знак дека можеCatalyst Balkans
 
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИСтратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИFirst Children's Embassy in the World
 
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИСтратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИДетска Амбасада Меѓаши
 
Ад хок грантови - Civica Mobilitas
Ад хок грантови - Civica MobilitasАд хок грантови - Civica Mobilitas
Ад хок грантови - Civica MobilitasМЦМС | MCIC
 
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...Детска Амбасада Меѓаши
 
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...First Children's Embassy in the World
 
Искуството на Град Скопје
Искуството на Град СкопјеИскуството на Град Скопје
Искуството на Град СкопјеMetamorphosis
 
Довербата во граѓанското општество 2013
Довербата во граѓанското општество 2013Довербата во граѓанското општество 2013
Довербата во граѓанското општество 2013МЦМС | MCIC
 
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општество
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општествоЦели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општество
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општествоМЦМС | MCIC
 
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...МЦМС | MCIC
 
Стратегија за соработка на Општина Битола со граѓанскиот сектор и негов посто...
Стратегија за соработка на Општина Битола со граѓанскиот сектор и негов посто...Стратегија за соработка на Општина Битола со граѓанскиот сектор и негов посто...
Стратегија за соработка на Општина Битола со граѓанскиот сектор и негов посто...МЦМС | MCIC
 
Спорот за името 2013
Спорот за името 2013Спорот за името 2013
Спорот за името 2013МЦМС | MCIC
 
Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...
Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...
Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...МЦМС | MCIC
 
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...Coalition of youth organizations SEGA
 
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I делПостигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I делМЦМС | MCIC
 
МЦМС годишен извештај 2007 година
МЦМС годишен извештај 2007 годинаМЦМС годишен извештај 2007 година
МЦМС годишен извештај 2007 годинаМЦМС | MCIC
 
Konsalting stiudija (1)
Konsalting stiudija (1)Konsalting stiudija (1)
Konsalting stiudija (1)rzk_kn
 

Similar to Годишен извештај 2017 година - МЦМС (20)

Деловен извештај на МЦМС [2009 година]
Деловен извештај на МЦМС [2009 година]Деловен извештај на МЦМС [2009 година]
Деловен извештај на МЦМС [2009 година]
 
Знак дека може
Знак дека можеЗнак дека може
Знак дека може
 
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИСтратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
 
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИСтратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
 
Ад хок грантови - Civica Mobilitas
Ад хок грантови - Civica MobilitasАд хок грантови - Civica Mobilitas
Ад хок грантови - Civica Mobilitas
 
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
 
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
 
Искуството на Град Скопје
Искуството на Град СкопјеИскуството на Град Скопје
Искуството на Град Скопје
 
Довербата во граѓанското општество 2013
Довербата во граѓанското општество 2013Довербата во граѓанското општество 2013
Довербата во граѓанското општество 2013
 
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општество
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општествоЦели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општество
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општество
 
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
 
Стратегија за соработка на Општина Битола со граѓанскиот сектор и негов посто...
Стратегија за соработка на Општина Битола со граѓанскиот сектор и негов посто...Стратегија за соработка на Општина Битола со граѓанскиот сектор и негов посто...
Стратегија за соработка на Општина Битола со граѓанскиот сектор и негов посто...
 
Спорот за името 2013
Спорот за името 2013Спорот за името 2013
Спорот за името 2013
 
The Citizen has the floor
The Citizen has the floorThe Citizen has the floor
The Citizen has the floor
 
Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...
Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...
Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...
 
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
 
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I делПостигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
 
МЦМС годишен извештај 2007 година
МЦМС годишен извештај 2007 годинаМЦМС годишен извештај 2007 година
МЦМС годишен извештај 2007 година
 
Социјално претприемништво_заклучоци од конференцијата_работна верзија
Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзијаСоцијално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија
Социјално претприемништво_заклучоци од конференцијата_работна верзија
 
Konsalting stiudija (1)
Konsalting stiudija (1)Konsalting stiudija (1)
Konsalting stiudija (1)
 

More from МЦМС | MCIC

Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022МЦМС | MCIC
 
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022МЦМС | MCIC
 
Видливост на граѓанските организации - 3
Видливост на граѓанските организации - 3Видливост на граѓанските организации - 3
Видливост на граѓанските организации - 3МЦМС | MCIC
 
Видливост на граѓанските организации - 2
Видливост на граѓанските организации - 2Видливост на граѓанските организации - 2
Видливост на граѓанските организации - 2МЦМС | MCIC
 
Вклучување на конституенти во ГО
Вклучување на конституенти во ГОВклучување на конституенти во ГО
Вклучување на конституенти во ГОМЦМС | MCIC
 
Видливост на граѓанските организации - 1
Видливост на граѓанските организации - 1Видливост на граѓанските организации - 1
Видливост на граѓанските организации - 1МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 4
Транспарентност на граѓански организации 4Транспарентност на граѓански организации 4
Транспарентност на граѓански организации 4МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 3
Транспарентност на граѓански организации 3Транспарентност на граѓански организации 3
Транспарентност на граѓански организации 3МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 2
Транспарентност на граѓански организации 2Транспарентност на граѓански организации 2
Транспарентност на граѓански организации 2МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 1
Транспарентност на граѓански организации 1Транспарентност на граѓански организации 1
Транспарентност на граѓански организации 1МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 8
Транспарентност на граѓански организации 8Транспарентност на граѓански организации 8
Транспарентност на граѓански организации 8МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 7
Транспарентност на граѓански организации 7Транспарентност на граѓански организации 7
Транспарентност на граѓански организации 7МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 6
Транспарентност на граѓански организации 6Транспарентност на граѓански организации 6
Транспарентност на граѓански организации 6МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 5
Транспарентност на граѓански организации 5Транспарентност на граѓански организации 5
Транспарентност на граѓански организации 5МЦМС | MCIC
 
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2МЦМС | MCIC
 
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1МЦМС | MCIC
 

More from МЦМС | MCIC (20)

Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
 
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
 
MCIC Annual Report 2021
MCIC Annual Report 2021MCIC Annual Report 2021
MCIC Annual Report 2021
 
MCMS Raport Vjetor 2021
MCMS Raport Vjetor 2021MCMS Raport Vjetor 2021
MCMS Raport Vjetor 2021
 
MCMS Raport Vjetor 2020
MCMS Raport Vjetor 2020MCMS Raport Vjetor 2020
MCMS Raport Vjetor 2020
 
MCIC Annual Report 2020
MCIC Annual Report 2020MCIC Annual Report 2020
MCIC Annual Report 2020
 
Видливост на граѓанските организации - 3
Видливост на граѓанските организации - 3Видливост на граѓанските организации - 3
Видливост на граѓанските организации - 3
 
Видливост на граѓанските организации - 2
Видливост на граѓанските организации - 2Видливост на граѓанските организации - 2
Видливост на граѓанските организации - 2
 
Вклучување на конституенти во ГО
Вклучување на конституенти во ГОВклучување на конституенти во ГО
Вклучување на конституенти во ГО
 
Видливост на граѓанските организации - 1
Видливост на граѓанските организации - 1Видливост на граѓанските организации - 1
Видливост на граѓанските организации - 1
 
Транспарентност на граѓански организации 4
Транспарентност на граѓански организации 4Транспарентност на граѓански организации 4
Транспарентност на граѓански организации 4
 
Транспарентност на граѓански организации 3
Транспарентност на граѓански организации 3Транспарентност на граѓански организации 3
Транспарентност на граѓански организации 3
 
Транспарентност на граѓански организации 2
Транспарентност на граѓански организации 2Транспарентност на граѓански организации 2
Транспарентност на граѓански организации 2
 
Транспарентност на граѓански организации 1
Транспарентност на граѓански организации 1Транспарентност на граѓански организации 1
Транспарентност на граѓански организации 1
 
Транспарентност на граѓански организации 8
Транспарентност на граѓански организации 8Транспарентност на граѓански организации 8
Транспарентност на граѓански организации 8
 
Транспарентност на граѓански организации 7
Транспарентност на граѓански организации 7Транспарентност на граѓански организации 7
Транспарентност на граѓански организации 7
 
Транспарентност на граѓански организации 6
Транспарентност на граѓански организации 6Транспарентност на граѓански организации 6
Транспарентност на граѓански организации 6
 
Транспарентност на граѓански организации 5
Транспарентност на граѓански организации 5Транспарентност на граѓански организации 5
Транспарентност на граѓански организации 5
 
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
 
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
 

Годишен извештај 2017 година - МЦМС

  • 2.
  • 5. 3 МАКЕДОНСКИОТ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА (МЦМС) е организација на граѓанското општество што верува во мир, хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, на Балканот и глобално. МЦМС ја заснова визијата на универзалните принципи на граѓанското општество и партиципативна демократија, владеење на правото, рамномерен и одржлив социоекономски развој, ненасилство, почит и меѓузависност и културна разноличност. Мисијата на МЦМС е да предводи промени со нови и алтернативни решенија на општествените проблеми, кои влијаат на другите актери и кои се вклучуваат во главните текови. ЦЕЛИ И МЕТОДИ Долгорочни цели на МЦМС се: ÂÂ Вкоренето и влијателно граѓанско општество ÂÂ Добро владеење и борба против корупцијата; ÂÂ Социјална инклузија и кохезија; ÂÂ Поддржан процес на евроинтеграција; ÂÂ Подготвеност за миграциски предизвици; ÂÂ МЦМС, независна и организација со кредибилитет – тивок но видлив поврзувач; ÂÂ МЦМС, атрактивна и иновативна организација. МЦМС активностите ги остварува преку: ÂÂ Застапување (информирање, градење свест, едукација, креирање и влијание на политики, следење и барање одговорност); ÂÂ Развојна поддршка (капацитети и инфраструктура); ÂÂ Социјално- хуманитарна поддршка. Организациските методи се раководење и спроведување.
  • 6. 4 ПОРАКА ОД РАКОВОДСТВОТО Светот во 2017 година продолжи да се соочува со големи економски и социјални разлики и поделености. Војната во Сирија продолжи, но не се повтори бранот бегалци. На неколку клучни избори во ЕУ (Австрија, Холандија, Франција и Германија) зајакнаа силите за обединета Европа. За регионот значајна е најавата на претседателот на Европската Комисија - Жан Клод Јункер за кредибилна перспектива за Западниот Балкан. Република Македонија предничи во надминувањето на споровите со потпишување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, и интензивирање на дијалогот со Грција. После еднодецениското владеење на ВМРО ДПМНЕ, новата Влада на Македонија предводена од СДСМ, беше изгласана на крајот на мај, по повеќе од пет месеци од парламентарните избори. На изборот му прет- ходеа тримесечни протести кои кулминираа со насилство во Собрани- ето на 27 април. На 15 октомври се одржаа локалните избори на кои во 56 општини и градот Скопје победија кандидатите за градоначалници на СДСМ. Граѓанското општество и во 2017 година придонесуваше кон позитивни демократски промени во државата. Новата Влада покажа проактивност, но се уште нема видливи ефекти. Во 2017 година, МЦМС реализираше портфолио од 25 проекти во пет програми со буџет од 175 милиони денари. До крајот на годината во програмата Цивика мобилитас (ПЦМ) имаше доделено вкупно 220 грантови на 206 грантисти. Се одржаа пет форуми за горливи прашања поврзани со миграциите, регионалните депонии, рудниците итн. За грантистите беа организирани повеќе обуки и рабо- тилници за организациско јакнење.
  • 7. 5 Беа подобрени условите за следење на наставата за вкупно 1.151 уче- ник; се елиминираше злоупотребата на детскиот труд во 10 случаи, а на осуммина млади со македонско потекло од САД, Австралија и Велика Британија им беше овозможено да научат повеќе за нивното потекло. Беа објавени четири квартални извештаи од следењето на Државната комисија за спречување на корупцијата, а беше иницирана и дебата за измена на моделот на ова антикорупциско тело. Македонската канцеларија на ТАКСО и МЦМС како ресурсен центар, обезбедија простор за дискусија за над 160 претставници на граѓански организации на 27 обуки и други организирани настани. МЦМС активно работеше на реформирање на државното финансирање, а беа зајакнати сопствените и капацитетите на ГО за развојна соработка. Заедно со ТВ Телма беа спроведени седум анкети за важни општествени прашања и дебатирани 22 истражувања на граѓански организации. МЦМС го ре- активираше и проектот Мојот избор со кој, во над 60 инфографици беа анализирани теми поврзани со локалните избори кои имаа над 550 илја- ди прегледи. Годината беше успешна и за мобилизацијата на фондови. Од поднесе- ните 13 пријави за проекти, седум беа одобрени, четири одбиени, а за две се чека одговор. Се одржаа две седници на Советот на МЦМС и пет седници на Управниот одбор. Советот ја усвои новата Стратегија за пе- риодот 2017 – 2021 година. Вкупниот број на соработници на крајот на годината беше 20. Гонце Јаковлеска извршен директор Александар Кржаловски прв извршен директор
  • 8. 6 ВКОРЕНЕТО И ВЛИЈАТЕЛНО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО СЛИКА 1: Национален форум на Цивика мобилитас, Градски парк, Скопје
  • 9. 7 ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО „ЦИВИКА МОБИЛИТАС“ ЦЕЛ: Постигнување мерливи и трајни подобрувања на граѓанското општество во неговото практикување вредности, вклучување на граѓаните, ниво на организација и перцепција на влијанието. Во 2017 година беа додели последните 99 гран- тови на здруженија, фондации и неформални групи граѓани. На крајот на 2017 година, про- грамата имаше доделено вкупно 220 грантови, а вкупната финансиска поддршка изнесуваше над 300 милиони денари. Над 2000 членови на граѓански организации, граѓани, претставници на другите актери на граѓанското општество и на институциите, прет- пријатијата и медиумите учествуваа во шесте форуми. Програмата за учење им помогна на 100-те грантисти од „критичната маса“ да ги зајакнат своите капацитети преку петте рабо- тилници за организациски развој и институци- онално јакнење, шест тематски работилници и една средба за вмрежување.
  • 10. 8 Регионален форум „рудници – да или не?“: Повеќе од јасно, сите се за не! Четворица градоначалници, претставничка на граѓанска иницијатива и раководителката на Центарот за развој на Југоисточен плански ре- гион беа панелистите на Регионалниот форум „Рудници – Да или Не?“, што се одржа на 5 де- кември 2017 година во Струмица, а се однесува- ше на актуелната ситуација со веќе отворените рудници, како и дадените концесии за отворање нови рудници во Југоисточна Македонија. Сала- та во Домот на АРМ во Струмица беше препол- на со граѓани и активисти. Дебатата доби на динамика уште на самиот по- четок. Сите панелисти јасно дадоа до знаење дека се против рудниците и дека ќе се борат по- стоечките да се затворат, а нови никогаш да не се отворат. Градоначалникот на Валандово, Перо Коста- динов, беше категоричен во одговорот на пра- шањето на модераторката Лупевска Созен, дали ќе поднесе оставка доколку не се реши проблемот со рудниците во неговата општина: „Во случај на неуспех во затворањето на рудни- ците, сите опции се отворени – оставка, граѓан- ска непослушност, сѐ што е потребно ќе напра- виме“, рече тој. „Наша обврска е да се бориме со сите механизми рудниците да престанат со работа“, рече градоначалникот на Богданци. „Такви рудници не треба да постојат“, продолжи градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, а гра- доначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, рече дека пораката на референдумот што се одржа во Гевгелија е јасна и според него, веќе во оваа фаза ќе се реши овој проблем. Жулиета Ѓур- кова, раководителка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, рече дека овој регион е фабрика од која се храни цела Маке- донија. Доколку во радиус од 50 километри има тешка индустрија, ќе нема органско земјодел- ско производство. Симона Гетова, од Иниција- СЛИКА 2: Отворањето на новите рудници - „жешка тема“ за дебата
  • 11. 9 тива „Југоисток против рудниците“, изјави дека повеќе од 40.000 граѓани рекле „не“ на рудници- те и дека оваа дилема е надмината. „Сега треба се разговара како да се стопираат овие рудни- ци“, рече таа. Во дебатата се вклучија и присутните во салата. Беше кажано дека овие 86 лиценци за нови руд- ници, кои биле доделени од страна на претход- ната Влада во само еден ден, се голема закана за здравјето на луѓето и за земјоделството како носечка стопанска гранка во регионот. Граѓа- ните и активистите беа категорични во своите ставови, велејќи дека ова е сериозен проблем и дека „ова е геноцид над 400.000 граѓани на Ре- публика Македонија“ според еден, „не само за овој регион, туку и за цела Македонија, како и за Бугарија и за Грција“, според друг. Единствен во салата кој имаше поинакви ставо- ви беше Николајчо Николов, извршен директор на рудникот Бучим од Радовиш и претседател на Македонската асоцијација за рударство, кој рече дека оваа реакција за рудниците е многу задоцнета и дека многумина со леснотија ги ко- ристат зборовите „труење“ „езера со цијанид“ итн. Тој ги покани присутните да го посетат руд- никот Бучим и сами да се уверат во начинот на кој работи компанијата. Меѓу присутните беше и Лилјана Поповска, пра- теничка во Собранието на Република Македо- нија, која констатираше дека рудниците Илови- ца и Казандол веќе можат да се затворат, затоа што многу рокови утврдени во договорите се прегазени. Таа изјави дека подоцна се утврдило дека некои ги добиле концесиите за да ги про- дадат, без воопшто да започнат со било каква инвестиција. Форумот на Цивика мобилитас обезбеди про- стор за дебата за едно од најгорливите прашања во овој дел од Македонија.
  • 12. 10 Средбата за вмрежување – најголемиот настан за вмрежување во граѓанското општество „Голем дел од идеите кои ги добив за време на овој настан потекнуваат од искуствата што ги споделија моите колеги од другите организа- ции“, рече Киро Јорданов од Спектрум плус. „Запознав неколку организации кои се многу слични на нашата со кои разговаравме за сора- ботка на идни проекти“, додаде тој. Вкупно 186 претставници на граѓанските орга- низации за време на Средбата за вмрежување, разменуваа знаења и искуства од секојдневната работа и дискутираа за тоа како да ги направат повидливи промените што ги прават во опште- ството. Фокусот на ова Средба за вмрежување беше ставен на препознавањето на промените што ги прават организациите и нивото визуелизирање, односно начинот на кој тие промени се комуни- цираат со граѓаните без разлика дали се целни групи или општа јавност. Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на програмата од Велика Британија и Мајк Зијдер- дуин, директор на МДФ (Раководење со развој- ни фондации) од Холандија ги поттикна учесни- ците да размислуваат за промените што ги пра- ват со нивните активности. Работејќи во групи, тие ги идентификуваа промените кои настанале благодарение на нивните активности, а потоа, ги разоткрија чекорите кои се потребни да се направи таа промена. Целиот процес беше во голема мера освестување за тоа што организа- циите идентификуваат како промена и како тоа го мерат и презентираат пред јавноста. „Програмата Цивика мобилитас е исклучи- телно важна за нас од аспект на регрутирање млади новинари кои ќе ја прифатат мисијата на СКУП, а тоа е следење на работата на држав- ните институции на централно и локално ниво. Со грантот успеавме да иницираме конкретни постапки пред институциите и да придонесеме за зголемување на транспарентноста на поли- тичките партии“, рече Жаклина Хаџи-Зафирова од Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија. СЛИКА 3: Учесниците на Средбата за вмрежување разговараа за тоа како резултатите на ГО да бидат повидливи за граѓаните
  • 13. 11 ПРОЕКТИ ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО МЦМС- РЕСУРСЕН ЦЕНТАР НА ПРОЕКТОТ ТАКСО ЦЕЛ: Раководење со Ресурсниот центар на ТАКСО кој ќе придонесе кон зголемување и подобрување на капацитетите и активностите на граѓанските организации (ГО) како и зајакнување на нивната улога во партиципативна демократија. На крајот на ноември заврши осумгодишна- та поддршка што проектот ТАКСО им ја дава- ше на граѓанските организации. Таа поддршка им овозможи на организациите да ги надминат предизвиците со кои се соочуваа, да зајакнат и да станат повлијателни во општеството. Ефектите од ТАКСО се вкоренија во граѓанското општество Oд ноември 2014 година до ноември 2017 го- дина МЦМС беше ресурсен центар на Нацио- налната канцеларија на ТАКСО во Македонија. Внатрешната експертиза придонесе добар дел од работите да бидат направени со сопствени ресурси. Резултатите на ТАКСО зборуваа сами за себе. Во изминативе осум години поддржани беа вкупно 1034 организации, кои се активни во повеќе од 17 области, што ја акцентира разновидноста на понудата на услуги на ТАКСО. Меѓу корисници- те на услугите најбројни биле оние кои работат во областа на демократијата и човековите права (135), а по нив организациите чија главна пре- окупација се децата, младите и студентите (98) како и животната средина (96). Резултатите од работата се видливи во самите граѓански организации и тоа преку воведување и подобрување на многу организациски прак- тики и пристапи, подобреното разбирање за битни прашања, подобрување на дијалогот меѓу граѓанското општество и другите чинители. Организациите беа поддржани и поттикнати да се вмрежат на национално и регионално ниво, да се вклучат во меѓу-секторска соработка и да учат од регионалните и од практиките на ЕУ. Беа организирани повеќе од 50 регионални настани: обуки, работилници, конференции, студиски по- сети, на кои учествуваа повеќе од 280 учесници од Македонија. СЛИКА 4: Од Форумот „Нов патоказ за граѓанското општество“, одржан во јуни во Скопје
  • 14. 12 КОН РЕФОРМИРАНО ДРЖАВНО ФИНАНСИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЦЕЛ: Подобрување на правната рамка за финансирање на граѓанските организации. МЦМС подготви клучни анализи и документи кои ќе придонесат во поставување на основа- та за подобрување на системот за државно фи- нансирање на граѓанските организации. Наци- оналната анализа на буџетското финансирање на граѓанските организации на централно ниво, ја анализира правната основа и практичните искуства во Македонија со што се придонесу- ва за подобро разбирање на постоечкиот мо- дел за државно финансирање на граѓанските организации. Публикацијата е наменета за сите вклучени во процесот на доделување средства на граѓанските организации од страна на држа- вата. Државното финансирање за граѓанскиот сектор мора да се реформира Транспарентен начин на распределба на држав- ните пари за граѓанскиот сектор, зголемување на буџетските износи, отворен повик со јасни критериуми, независна комисија за одлучување и отчет за сработеното, ова беа темите за кои разговараа претставниците на државните ин- ституции и граѓанските организации на заврш- ната конференција „Предлог модел за држав- но финансирање на граѓански организации во Македонија“, што ја организираше МЦМС на во октомври 2017 во Скопје. Александар Кржаловски истакна дека во про- цесот на пристапување кон Европската Унија, Македонија ќе мора да го реформира системот на финансирање на граѓанскиот сектор и да ја преземе улогата на главен донатор. Споредбено со регионалните стандарди, Република Македо- нија годишно ќе треба да издвојува околу 30 ми- лиони евра, за разлика од досегашните помеѓу четири и пет милиони евра. СЛИКА 5: Од завршната конференција за проектот „Кон реформирано државно финансирање“
  • 15. 13 „Ако во минатото постоеше перцепција дека средствата дадени во граѓанските организации се трошат без некаков реален фидбек, интен- цијата на Владата ќе биде да направиме реална проценка каде средствата кои сме ги донирале дале ефект и колкав е тој врз општеството“, ис- такна Драги Рашковски, Генералниот секретар на Владата на РМ. Никола Бертолини од Делегацијата на Ев- ропската Унија во Скопје истакна дека развојот на граѓанскиот сектор е една од најзначајни- те функции на државата, а потребата од до- бро граѓанско организирање води до подобро функционирање на државата. Горан Форбици од ЦНВОС од Словенија, ги сподели добрите практики за државното финансирање на граѓан- ските организации од регионот и од Словенија. Тој препорача да се направи соодветна излезна стратегија за поддршка од државата и одржу- вање на жив и конструктивен граѓански сектор при пристапувањето во ЕУ кога ќе заминат сите донатори. Емина Нурединоска од МЦМС ги презентира- ше наодите од националната анализа во која се дава осврт на државното финансирање на граѓанските организации во Македонија. Таа ис- такна дека висината на износот на буџетските средства од централно ниво не е соодветна на потребите на граѓанските организации. Предлог моделот за реформа на системот на државно финансирање го подготви МЦМС со поддршка од меѓународниот експерт Катерина Хаџи-Мицева Еванс од Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ). Моделот опфаќа ре- шенија за правната и институционалната рамка за финансирање на организациите од страна на државата, предлози за висината на тој износ, транспарентноста на процедурата, јасноста на критериумите за избор, видовите на државна поддршка, следење на трошењето на средства- та како и општата реформа на распределбата на средствата од игрите на среќа.
  • 16. 14 ПОДГОТОВКА ЗА РАЗВОЈНА ПОМОШ ЦЕЛ: Мобилизирање и поддршка на граѓанските организации за заедничко работење кон зајакнување на свеста во државите кандидати за влез во Европската Унија, како и за потребите од образование за развојна помош и вклученост за меѓународната развојна агенда. МЦМС ги зајакна сопствените и капацитети- те на ГО за развојна соработка, а ги подготви и клучните документи за јавни политики кои ќе обезбедат основа за застапување. Вкупно 14 претставници на граѓанските организации беа дел од обуката на МЦМС со која се информи- раа за развојна помош и глобална соработка, за стратешко размислување и застапување. Заед- но со партнерите од Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, МЦМС го под- готви регионалниот документ за јавни политики „Суштинско вклучување на ГО во Одржливите развојни цели на ОН: Дали земјите од Западен Балкан заостануваат?“. Развојната соработка и Македонија МЦМС организираше тркалезна маса на тема „Зајакнување на улогата на граѓанските органи- зации во Македонија за развојна соработка и гло- бални прашања“. Клучна препорака од настанот беше формирањето на посебни институционални структури, како што е Националниот совет за одржлив развој во кој ќе бидат вклучени граѓан- ските организации и ќе имаат значајна улога во подигнување на јавната свест, во унапредување на образованието, поттикнување на граѓанското учество, справување со катастрофи и хумани- тарни активности и др. „Македонија досега нема постигнато напредок во законското усогласување и структурата за развојни политики“, истакна Симона Огненовска од МЦМС. „Имено, иако во 2010 година се фор- мираше Одделението за хуманитарна и развојна помош во рамките на МНР со двајца вработени како одговорни за неговите активности, сепак во моментот тоа не е функционално“. Според нао- дите кои таа ги презентираше, недостатокот на вклученост на граѓанското општество во раз- војната соработка во Македонија е последица на стагнацијата на процесот на интеграција во ЕУ. МЦМС подготви студија чија цел е да обезбеди кохерентни и длабински информации за состој- бата со развојната помош во Македонија од 2012 до 2016 година, за напредокот во однос на по- литиките, законодавството и механизмите за усогласување со законодавството на ЕУ, но исто така и за капацитетите и вклученоста на граѓан- ското општество. СЛИКА 6: Учесниците на обуката „Застапување за активно вклучување на граѓанските организации во развојните политики“
  • 17. 15 ТОП ТЕМА НА ВАША СТРАНА ЦЕЛ: Создавање информирано граѓанство кое е способно да ја креира својата иднина преку изразување на преференции, дебати и аргументирана дискусија презентирани во информативната емисија „Топ тема на ваша страна“. Вкупно 67 граѓански активисти добија обука за граѓанско новинарство, наодите од 22 истражувања на граѓански организации беа дебатирани на емисијата „Топ тема на ваша страна“, а беа избрани и тројца добитници на награди на Конкурсот за стории и фотографии на граѓански новинари. МЦМС и ТВ Телма спроведоа седум телефонски истражувања на јавното мислење за актуелни политички теми, едно теренско истражување и две фокус групи за препознатливост на брендот Телма и Топ тема. Развој на граѓанското новинарство и зголемена видливост на граѓанските активисти Шеесет и седум претставници на граѓански ор- ганизации и активисти во текот на април и мај 2017 година се стекнаа со знаења и практични вештини од областа на граѓанското новинар- ство. Тие научија како да препознаат интересна вест која вреди да биде објавена; како да направат фотографија која на вистинскиот начин ќе ги ви- зуелизира пораките што сакаат да ги пренесат; ги подобрија знаењата и вештините за употреба на социјалните медиуми и дискутираа за етички- те прашања во практикувањето на граѓанското новинарство. „Граѓанското новинарство им е добредојдено на професионалните новинари затоа што во некоја рака ги надополнува во она што го прават“, им рече на учесниците Боби Христов, новинар на ТВ Телма и еден од обучувачите. Тој ги поттикна да бидат креативни во пишувањето и да се оби- дат да ги гледаат случувањата од перспектива на публиката. Учесниците рекоа дека обуката ќе им користи за нивниот личен и професионален развој и дека наученото веднаш ќе можат да почнат да го практикуваат во своите организации. МЦМС организираше четири обуки за граѓан- ско новинарство во Скопје, Битола, Штип и Струмица. СЛИКА 7: Покрај групната, имаше и индивидуална работа, од Обуката за граѓанско новинарство во Битола
  • 18. 16 ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ, ПАРТИЦИПАЦИЈА И ПОЛИТИКИ НАСОЧЕНИ КОН ЛУЃЕТО СЛИКА 8: Од Конференцијата „Моделот на превентивното тело за антикорупција: како функционира сегашниот модел и дали има потреба од измени?“
  • 19. 17 СЛЕДЕЊЕ НА ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ЦЕЛ: Следење на спроведувањето на законски обврски, транспарентноста и отчетноста на борбата против корупцијата од страна на ДКСК. МЦМС ги подготви Извештајот за досегашната работата на ДКСК во периодот од 2006 до 2015 година и четири квартални извештаи со кои е опфатен период од октомври 2016 до септемв- ри 2017 г. Наодите од извештаите беа презенти- рани на три јавни настани и преку социјалните медиуми и предизвикаа големо внимание. На иницијатива на МЦМС, Платформата за бор- ба против корупцијата побара од Собранието на РМ да не го усвои Извештајот за работата на ДКСК во 2016 г. и да го врати на доработка. МЦМС иницираше и отворање на дебати за по- требите од измени на Законот за спречување на корупцијата со фокус на измена на моделот и структурата на Комисијата. ПРОЕКТИ ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ
  • 20. 18 „Законот е добар, ама политичарите нашле начин да го заобиколат“ Антикорупциско тело со полициски овласту- вања или зголемување на ефикасноста на по- лицијата при соработката со антикорупциското тело, ова беше препораката на Драго Кос, прет- седател на работната група на ОЕЦД за поткуп во меѓународни деловни односи, дадена на кон- ференцијата „Моделот на превентивното тело за антикорупција: како функционира сегашниот модел и дали има потреба од измени?“ што ја организираа МЦМС и Транспрентност Македо- нија (ТМ) во октомври 2017 година. „Самиот Закон за спречување на корупцијата и не е толку штетен“, рече тој, „проблемот е што политичарите во Македонија нашле начин да го заобиколат и да го заробат работењето на анто- корупциското тело“, додаде Кос, поранешниот претседател на Антикорупциската комисија на Словенија. За Вања Михајлова, поранешен член на ДКСК, потребно е да се донесе нов закон за спречу- вање на корупцијата. „Потребно е да се преис- питаат постапките и критериумите за именување на членовите во Државата комисија за спречу- вање на корупцијата (ДКСК) за да се зголеми довербата на граѓаните во оваа институција“, додаде таа. Новото законско решение го под- држа и Хари Локвенец, пратеник во Собранието на РМ и заменик претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Тој исто така се заложи за тоа анкетните листови на функционерите да останат достапни за јавноста и по завршување на нивните функции. Игор Тантуровски, претседателот на ДКСК, ја истакна ограниченоста на ресурси, и финанси- ски и човечки, со кои се соочува ДКСК. Според него таа резултира со не испорачување на сите надлежности кои се очекува да бидат исполне- ти. Поранешниот антикорупционер Драган Ма- линовски ја критикуваше работата на ДКСК и истакна дека е доволно да се видат извештаите за да се заклучи дека цело време „тапкаме во место, па дури и назадуваме“. Целта на конференцијата беше да се отвори дискусија за досегашното функционирање на ДКСК во спроведувањето на антикорупциските политики и борбата против корупцијата и потре- бата од измени на моделот на ДКСК како пре- вентивно антикорупциско тело. СЛИКА 9: Учесниците дадоа повеќе препораки за менување на моделот на антикорупциското тело
  • 21. 19 МОЈОТ ИЗБОР ЦЕЛ: Придонес за фер и демократски избори, преку поддршка на изборните органи, зајакнато професионално и етичко изве- стување за изборите и промоција на кон- структивен демократски дискурс. Споредбени анализи за ветувањата на кандидатите за градоначалници Над 60 инфо- графици со кои се анализираа теми поврзани со локалните избори беа подго- твени и споделени со јавноста. Бројот на пре- гледи на овие содржини надмина 550 илјади. Најголемо внимание привлекоа подготвените инфо- графици кои ги споредуваа ветувањата на градоначалниците од 20 општини по различ- ни категории. Така на пример, во категоријата за локален и економски развој, најголем дел од кандидатите за градоначалници како приоритети ги издвои- ле поддршката за развојот на малите и средни претпријатија, како и зголемувањето на инве- стициите клучни за развојот на индустриските зони. На полето транспорт и инфраструктура, вооби- чаено беа истакнувани улиците и патиштата кои ќе се реконструираат, а поретко се обрнуваше внимание на еколошките возила во јавниот пре- воз. Во поглед на културата, кандидатите за градо- началници ветуваа редовно одржување на кул- турни настани во нивната општина, вложување во опрема и реновирање на културните објекти и изградба на нови онаму каде не постојат. Во најголем дел од нивните програми под точка- та образование беше наведено реконструкција и изградба на училишта, а поретко се спомну- ваа и стипендирањето за најдобрите ученици, изградба на едукативни центри и бесплатниот јавен превоз за учениците кои живеат подалеку од местото каде што ја следат наставата. Двата главни приоритети во програмите на кан- дидатите кога станува збор за социјална и дет- ска заштита се зголемување на капацитетите на градинките и подобрување на условите во до- мовите за стари лица. Значително помалку беа спомнати мерки во корист на маргинализирани- те групи како лицата со попреченост и бездо- мниците. На полето на животната средина кандидати- те беа едногласни во нивните приоритети. Ен- тузијастички ветија дека во нивниот мандат ќе го решат проблемот со депониите, дека ќе се осврнат кон користење на обновливи извори на енергија, ќе ги зголемат зелените површини во урбаните средини и ќе изградат велосипедски патеки за почесто практикување на велосипед- ската култура. СЛИКА 10: Веб страната на која беа објавувани информациите и анализите за локалните избори www.mojotizbor.mk
  • 22. 20 СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА И НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА СЛИКА 11: Фасадата на едно од училиштата кои добија поддршка - новиот и стариот изглед
  • 23. 21 МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕТО ЦЕЛ: Подобрување на условите за следење на наставата во училиштата. Вкупно 1.151 ученик од основните училишта во Скопје, и руралните средини во Радовиш, Бито- ла и Прилеп ја следат наставата во подобрени услови за учење. За училиштето „Кирил и Ме- тодиј“ во с. Ораовица , општина Радовиш наба- вен е нов ЛЦД проектор, а во училиштето „Кр- сте Петков Мисирков“ во с. Коџалија, општина Радовиш, заменети се прозорците и вратите. Во општина Долнени, се интервенираше во две училишта: во училиштето „Пере Тошев“, во с. Небрегово, доградена е нова училишна про- сторија и заменети се прозорците и вратите, а во училиштето „Лирија“, набавен е училишен мебел и опрема за медиатека. Во училиштето „Александар Турунџев“, с. Кукуречани, општина Битола е зајакната и бојадисана фасадата.
  • 24. 22 Реновирањето на школото како роденденски подарок Учениците на ООУ „Коле Неделковски“ од Ско- пје ја започнаа новата школска година во сеп- тември со приредба во комплетно реновира- но училиште, благодарение на поддршката на МЦМС и Филип Морис. „Знаете“, рече Светлана Масларевска, дирек- торка на училиштето, „секој родител сака него- вото дете да учи во убави услови, а токму тие услови се и фактор за спроведување солидна настава. Со оглед на тоа што училиштето слави 60 години постоење, ова ни дојде како роден- денски подарок“- вели таа. Во училишните простории монтирани се 65 нови врати, поставен е нов ламинатен под во сите училишни простории и канцеларии, бојади- сани се ѕидовите во училниците, реновирана е училишната библиотека, оградено е отвореното спортско игралиште во школскиот двор, и ком- плетно е опремена една училница со клупи, сто- лови, плакари, лаптоп и интерактивна табла. „Децата се радосни бидејќи сакаат да работат во нов амбиент и во нов ентериер“, рече една од наставничките која предавањата кај нејзи- ните второодделенци ги одржува во комплет- но опремената училница. „Една од очигледните придобивки е дисциплината што произлегува од новите поединечни клупи. Исто така, со помош на интерактивната табла ќе можеме почесто да гледаме лекции за деца, по било кој предмет, а особено по природно-научните. Иако се на ан- глиски јазик, тие имаат превод и децата одлично се снаоѓаат.“ СЛИКА 12: Од реновирањето на ООУ „Коле Неделковски“
  • 25. 23 ПРОЕКТИ ЗА СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА МЕХАНИЗАМ ЗА ПОДДРШКА НА ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ЦЕЛ: Елиминирање на детската работа и создавање механизам за поддршка на тутунопроизводителите и ангажираните работници кај нив. Елиминирана е злоупотребата на детски труд во 10 случаи. Операторките заедно со теренските техничари на трите тутунски компании посетија 895 тутунопроизводители, чии фамилии имаат деца со цел нивно информирање за правата и обврските поврзани со користење на детска ра- бота. Посетени и советувани беа 118 ангажира- ни работници (аргати). Во текот на целата година, вкупно 661 тутуно- производител или работници кај нив побарале помош или информација од операторките. Под- рачјето во кое се спроведува проектот се про- шири за уште седум нови села во општините Крушево и Прилеп. Преку уметноста се гради свеста за елиминација на детскиот труд Вкупно 53 деца од основните училишта во општина Кривогаштани беа наградени на тре- тиот по ред конкурс на тема „Со ракатките и прегратките на тутунарите“ што го организираа МЦМС, општината Кривогаштани и основните училишта „Манчу Матак“ и „Јонче Смугрески“. „Со манифестацијата сакаме да ја подигнеме свеста кај населението за намалување на дет- скиот труд и рециклирање на отпадот од обра- ботката на тутун“, изјави Дијана Каравилоска, в.д. директорка на училиштето „Манчу Матак“ од Кривоштани. Таа истакна дека оваа година, за прв пат била изведена драмска претстава преку која учениците ја пренеле перцепцијата на луѓето за процесот на продавање на тутун. Ивана Кравилоска и нејзините другарчиња од трето одделение ја добија третата награда. „На- правивме куќа со двор, кукла со дете, кош и рамка за тутун и тие беа изработени од конци, дрва, саргија, картон и тутун. Бевме многу среќ- ни кога ја добивме наградата“, рече Ивана. „Вкупно 500 ученици и нивните родители ја по- сетија изложбата“, рече директорката Карави- лоска. Манифестацијата ја поддржаа трите тутунски компании Сокотаб, Тутунски комбинат Прилеп и Алијанс Оне Македонија со финансиска помош од Филип Морис ТКП. СЛИКА 13: Дел од добитничките на награди на конкурсот „Со ракатките и прегратиките на тутунарите“
  • 26. 24 МАЛИ РАЗВОЈНИ ИНИЦИЈАТИВИ ЦЕЛ: Создавање основа за активности на ГО и општини за застапување засновано на факти, финансиска одржливост, соработка и одржлив развој. На осуммина млади луѓе со македонско потекло кои живеат во САД, Австралија и Велика Бри- танија им беше овозможено да научат повеќе за нивното потекло преку пракса и престој во Македонија. „Родум од Македонија“ расте од година во година, а досега 18 млади Македонци кои се родени и живеат надвор од државата има можност да го запознаат нивното културно на- следство и да воспостават контакти и пријател- ства меѓу себе и со нивните врсници во Маке- донија. Активностите се дел од проектот „Родум од Македонија 2017“ кој трета година по ред го спроведoa МЦМС и Обединетата македонска дијаспора (ОМД). Студискиот престој се одвива- ше од 23 јуни до 14 јули. Младите со македонско потекло повторно им се вратија на своите корени Тајлер Муреј, Валентина Талевски, Наташа Пе- треска, Дилон Огненовски, Никол Крингс, Џере- ми Дросинис, Илија Влчевски и Џејмс Цветков- ски се младите луѓе со македонско потекло кои годинава беа дел од „Родум од Македонија“. „Во иднина би сакал да се вратам на Балканот за да работам во полето на економијата и да го подобрам животот на луѓето во земјата,“- рече Илија. Учесниците имаа пракса во кабинетот на Претседателот на Република Македонија, на Факултетот за фармација при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во СОС Детското село, Црвениот крст на РМ, Хелтгрупер, Некстсенс и во Македонската асоцијација за човечки ресур- си. Тие беа сместени кај семејства-домаќини и од- близу можеа да го видат секојдневието во Ма- кедонија. „Мојата домаќинка направи јас и дру- гата учесничка која е сместена кај неа, да се чувствуваме како три сестри. Верувам дека ова пријателство ќе продолжи,“ – рече Валентина. Сите осуммина патуваа во текот на викендите и ја запознаваа Македонија. СЛИКА 14: Учесниците во „Родум од Македонија“ - 2017
  • 27. 25 ПАРТНЕРСТВА, ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ И ПОДДРШКА Односи со актерите Во 2017 година, соработката со домашните и странските граѓански организации, министер- ства и државни институции беше реализирана во рамки на редовните програми на МЦМС. Претставник на МЦМС е член и на Советот за статистика на Македонија и на Надзорниот од- бор на проектот „Техничка помош во менаџи- рање со проекти и мониторинг на шемата за грантови „Поттикнување на социјалното вклучу- вање“ и редовно учествува на нивните седници. Соработниците учествуваа на 14 меѓународни и регионални настани, како и на повеќе настани на национално или локално ниво. Поддршка – Одржлив МЦМС Пристап кон извори на финансирање МЦМС подготви и поднесе 13 пријави за про- екти (грантови). За сите беа поднесени целосни пријави. Седум од нив се одобрени, четири од- биени, а за две се чека одговор. Односи со јавноста МЦМС редовно информира за своите актив- ности преку повеќе информациски канали. Во 2017 година беа издадени 12 броја на е-билте- нот на МЦМС. Вестите објавени на веб-страната автоматски се генерираат во е-билтенот секој први во месецот. Подготвен е и објавен Годиш- ниот извештај за работата во 2016 година во кој беа презентирани сумарни податоци за по- стигнувањата на годишно ниво. Веб-страната на МЦМС е целосно функционална и постојано се ажурира. Дел од содр-жините се публикуваат и на други социјални медиуми овозможувајќи на тој начин што е можно поголема видливост на работењето на МЦМС. Во 2017 г. веб-страната имала 34.748 посети во кои посетителите пре- гледале 83.919 статии. МЦМС редовно комуницираше со медиумите преку прес соопштенија, директни контакти на презентации и промоции. Контактите резулти- раа со 442 објави. Најголем дел од нив се одне- суваа на истражувањата кои МЦМС ги спроведе во текот на годината. СЛИКА 15: Настаните на МЦМС го предизвикуваат интересот на медиумите
  • 28. 26 Волонтерство МЦМС продолжи со активностите за поврзу- вање на граѓанскиот сектор со академијата преку волонтерство и практичната работа. По- тпишани се два меморандуми за организирање практикантска работа со Универзитетот Аме- рикан колеџ-Скопје и Универзитетот Деусто од Шпанија, како и барања за финансиска под- дршка на студенти од Универзитетот Витаутас Магнус од Литванија и Универзитетот Оклахома од САД. Во текот на 2017 година, во МЦМС во- лонтираа вкупно петмина студенти од Македо- нија и од странство, како и две практикантки. Волонтирај - излези од твојата „комфорт зона“ Нела Мрчковска која студира во САД и Вајдас Карпалавичиус од Литванија, два месеца во те- кот на летото волонтираа во МЦМС. Тие имаа можност практично да го надополнат своето те- оретско знаење од студиите, да видат како из- гледа работата во една граѓанска организација, а Вајдас, како странец, и подобро да ја запознае Македонија. За време на волонтирањето, тие главно беа фо- кусирани на развојната помош и го искористија своето знаење и вештини да изработат студии на случај. „Ми беше многу интересно постојано да учам нови работи за Македонија, за правни- от систем, за владиниот и невладиниот сектор. Сметам дека ова многу ќе ми послужи во идни- на бидејќи планирам во фокусот на моето пона- тамошно студирање да ги ставам Македонија и Источна Европа“,- рече Нела. Вајдас, кој досега немал никаков допир со Маке- донија и нејзината култура, е задоволен што мо- жел да се вклучи во другите проекти на МЦМС. „Имав голема среќа да се вклучам во проектот со македонската дијаспора наречен ‘Родум од Македонија’. Се запознав со прекрасни луѓе од целиот свет, од САД, Австралија и Велика Бри- танија. Исто така имав можност да ја видам уба- вината на земјата, да патувам со нив во Охрид, Струмица и во околината на Скопје.“- рече тој. На идните волонтери, Нела им порача дека најважно е да излезат од својата „комфорт зона“ и да се вклучат во сè што можат и што им се нуди. За Вајдас, пак, ова искуство прет- ставуваше отворање нови хоризонти. Се здобил со нови знаења за работењето во граѓанскиот сектор, па во иднина се гледа како дел од ор- ганизација која се грижи за унапредување на животната средина или на благосостојбата на животните. МЦМС ја спроведува програмата за волонтер- ство од 2008 година, а преку неа, до сега биле поддржани вкупно 83 волонтери. СЛИКА 16: Нела и Вајдас, меѓународните волонтери на МЦМС
  • 29. 27 СОВЕТ НА МЦМС ÂÂ Александар Зарков (ССК) ÂÂ Бобан Митевски (МПЦ) ÂÂ Ванчо Стојанов (општина Василево) ÂÂ Виктор Арнаудоски (ЗЕЛС) ÂÂ Герман Филков (ЦГК) ÂÂ Драган Секуловски (ЗНМ) ÂÂ Елена Кочоска (Полио плус) ÂÂ Ирсал Јакупи (ИВЗ) ÂÂ Лулзим Хазири (АДИ) ÂÂ Марија Ацковски ÂÂ Марко Трошановски (ИДСЦС) ÂÂ Назим Рашиди (Диверзити медиа) ÂÂ Никица Кусиникова (Конект) ÂÂ Ризван Сулејмани (УО на МЦМС) ÂÂ Самет Скендери (ИнСок) ÂÂ Сања Васиќ (Телма) ÂÂ Сашо Клековски ÂÂ Соња Стефановска-Трајаноска (УНДП) ÂÂ Тони Затковски (општина Кривогаштани) УПРАВЕН ОДБОР Состав до 27 мај 2017 година 1. Ризван Сулејмани, претседавач, доктор по политички науки, директор на Институтот за политички и меѓукултурни студии во Скопје 2. Габриела Мицевска, заменик- претседавач, раководител на сектор за земјоделство и рурален развој во ЦеПроСАРД 3. Бехиџудин Шехапи, претседател на Ел Хилал 4. Ванчо Стојанов, градоначалник на општина Василево 5. Горан Михајловски, уредник на интернет порталот „Сакам да кажам“ 6. Ѓоко Ѓорѓевски, Македонска православна црква 7. Ратко Лазаревски, управител на „Нова Македонија“ Состав од 28 мај 2017 година 1. Ризван Сулејмани, претседавач, доктор по политички науки, директор на Институтот за политички и меѓукултурни студии во Скопје 2. Елена Кочовска, заменик- претседавач, Полио плус 3. Самет Скендери, член на ХДЗР „Месечина“- Гостивар 4. Насер Селмани, претседател на Здружение на новинарите на Македонија 5. Горан Михајловски, уредник на интернет порталот „Сакам да кажам“ 6. Бобан Митевски, Македонска православна црква 7. Сања Васиќ, уредник во националната телевизија Телма и дописник на Гласот на Америка ОРГАНИЗАЦИЈА Во 2017 се одржаа две седници на Советот на МЦМС. Првата седницата имаше беше посвете- на на Извештајот за работата на МЦМС за 2016 година, со Финансискиот извештај и Извештај од независен ревизор, како и на Избор на Упра- вен одбор на МЦМС. На втората седница во де- кември, се расправаше и усвои Стратегијата на МЦМС за 2017-2021 година.
  • 30. 28 ПЕРСОНАЛ – ИЗВРШНА КАНЦЕЛАРИЈА Во 2017 г. во МЦМС работеа 23 соработници. Речиси половина од вработените (10) имаат за- сновано работен однос на неопределено вре- ме. Во текот на 2017 година, индивидуално или групно, соработниците тие посетиле 16 обуки. Од второто тримесечие повторно се воспоста- ви редовната пракса за одржување на стручни состаноци. До крајот на 2017 година, се одржаа вкупно 15 стручни состаноци на различни теми од делокругот на работење на МЦМС. ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ Прв извршен директор Александар Кржаловски akr@mcms.mk Извршен директор Гонце Јаковлеска gjk@mcms.mk Група за граѓанско општество Емина Нурединоска enr@mcms.mk Даниела Стојанова (до септември) Снежана Камиловска Трповска skt@mcms.mk Валентина Чичева vch@mcms.mk Марија Саздевски (до ноември) Симона Огненовска (до ноември) Дарко Димов ddm@mcms.mk Јасмина Чаушоска jch@mcms.mk Сара Мустафа sms@mcms.mk Моника Божиноска mbz@mcms.mk Адил Бакиу abk@mcms.mk Симона Трајковска str@mcms.mk Наташа Иваноска niv@mcms.mk Фанија Ивановска fiv@mcms.mk Александра Сиљановска asl@mcms.mk Група за локален развој Горан Стаматоски gst@mcms.mk Група за информации Борис Ристовски brs@mcms.mk Административна група Милка Божиновска Миова mmv@mcms.mk Адис Рахиќ arh@mcms.mk Борче Јакимовски bjk@mcms.mk Данило Митов dmv@mcms.mk
  • 32. 30
  • 33. 31 ПРИХОДИ 2017 2016 ДОНАЦИИ И ГРАНТОВИ Европска унија 2.315 7.456 Швајцарска агенција за развој и соработка 137.452 111.737 УСАИД 4.979 6.672 Британска амбасада 3.287 10.120 Тутунски компании 7.567 4.119 Други донатори 899 23.308 Вкупно донации и грантови 156.499 163.411 СОПСТВЕНИ ПРИХОДИ Македонска развојна фондација за прет. 2.168 1.684 НИРАС (Цивика Мобилитас) 8.300 8.917 СИПУ (ТАКСО ресурсен центар) 3.939 3.291 Други сопствени приходи 1.197 460 Вкупно сопствени приходи 15.604 14.352 Камати и позитивни курсни разлики 2.426 1.875 Вонредни приходи 599 715 ВКУПНО ПРИХОДИ 175.128 180.354 РАСХОДИ 2017 2016 ДОБРОТВОРНИ РАСХОДИ Проекти за модернизација на образо. (ПМО) 4.918 1.541 Социјана кохезија (СКХ) 2.264 28.498 Добро владеење и паритиципација (ДВП) 1.115 6.805 Вкоренето и динамично ГО (ВДГ) 5.274 4.113 Цивика мобилитас (ПЦМ) 132.429 106.946 Вкупно добротворни расходи 146.000 147.903 ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ Плати и надоместоци за персоналот 15.507 16.384 Други оперативни расходи 10.883 13.119 Вкупно оперативни расходи 26.390 29.503 ВКУПНО РАСХОДИ 172.391 177.406 БИЛАНС пред оданочување 2.737 2.947 Данок на вишок на приходи над расходи 0 562 БИЛАНС 2.737 2.385
  • 34. 32 БИЛАНС НА СОСТОЈБА 2017 2016 СРЕДСТВА Постојани средства Основни средства 9.446 11.569 Нематеријални вложувања 960 960 Фонд за домување 4.120 4.120 Вкупно постојани средства 14.526 16.648 Обртни средства Парични средства 21.253 5.883 Аванси 52 369 Побарувања од купувачите 5.746 6.210 Краткорочни финансиски побарувања 74.605 93.234 Останати побарувања 17.078 15.034 Вкупно обртни средства 118.734 120.730 ВКУПНО СРЕДСТВА 133.260 137.378 Б. ОБВРСКИ И ФОНДОВИ Краткорочни обврски Обврски спрема добавувачите 813 2.468 Други краткорочни обврски 15.619 38.652 Вкупно краткорочни обврски 16.432 41.121 Пасивни временски разграничувања 0 0 Примени приходи за следни години 17.832 0 Вкупно обврски 34.265 41.121 Фондови и резерви Фондови 96.258 93.873 Разлика приходи/расходи во тековен период 2.737 2.385 Вкупно фондови и резерви 98.995 96.258 ВКУПНО ОБВРСКИ и ФОНДОВИ 133.260 137.378
  • 35. 33
  • 36. 34 Издавач: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) Адреса на издавачот: Македонски центар за меѓународна соработка ул. Никола Парапунов бр. 41а п.фах 55 10160 Скопје, Република Македонија Тел.: 02/3065 381 факс: 02/3065 298 e-mail: mcms@mcms.mk www.mcms.mk Прв извршен директор: Александар Кржаловски Извршен директор: Гонце Јаковлеска Фотографии: Фотоархива на МЦМС Графички дизајн: Кома