3. -Монери
Монери претставуваат едноклеточни организми
без јадро во клетката.Тие се прокариотни организми.
Во царство на монери најбројни и најзначајни се бактериите.Тие
се распространети во сите животни средини вода воздух и почва.
4. Сите бактерии се исхрануваат различно.Некои од нив
вршат фотосинтеза и спаѓаат во произведувачи.
Други пак,се исхрануваат со готова храна,што ја примаат низ клеточната
обвивка и имаат важна улога во природата како разградувачи на труповите
на сите други организми(со габите се наречени и чистачи).
5. -Протисти
Протистите се едноклеточни, колонијални или повеќеклеточни
еукариотски организми кои содржат јадро и структура на еукариоти.
Тие не се природна група или клад, но најчесто се групираат заедно заради
погодност, каков што е случајот со алгите и без`рбетниците.
6. Поделба на протистите:
Протистите традиционално се делат во неколку групи базирани
на сличности со "повисоките" царства како што се:
-Protozoa - едноклеточни организми кои личат на
животни (хетеротрофни/паразитски), кои понатака се
поделени според морталитетот
на: Flagellata (имаат камшичиња), Ciliophora (имаат
трепки), амеби (фагоцитни)
и Sporozoanss(формираат спори).
-Protophyta алги - автотрофни организми (личат на
растенија), и тука спаѓаат воглавно едноклеточни алги.
9. Метаболизам на протистите:
Начинот на исхрана варира во зависност од видот на протистот.
Повеќето алги се фотоавтотрофни, но постојат неколку групи кои
секундарно ги имаат загубено своите хлоропласти и преминале на
хетеротрофен начин на живот.
Други протисти се хетеротрофни, а се исхрануваат преку еден од
следните
механизми: фаготрофија, осмотрофија, сапротрофија или
паразитизам.
Други, пак, се миксотрофни (во некои случаи автотрофни, а во
други хетеротрофни). Некои протисти кои немаат или ги загубиле
хлоропластите/митохондриите, влегле во ендосимбиотска
врска со други бактерии/алги, за да ја заменат недостасувачката
функционалност.
10. -Габи
Габа — еукариотски организам што ја
дигестира храната екстерно и ги апсорбира
хранливите молекули во нејзините клетки. Габите се
многу значајни економски: квасецот е одговорен за
ферментацијата на пивото и лебот и фармите
со печурки се голема индустрија во некои земји.
Габите се основни разградувачи на мртвите растенија и
живата материја во многу екосистеми, и вообичаено
можат да се видат во стар леб како мувла. Но,
комплексната биологија на габите се проширува многу
повеќе од ова вообичаено знаење за нив.
11. Габите се неподвижно прицврстени за земјата и без хлорофил,
хетеротрофен начин на исхрана
Тие се сувоземни форми, иако нивниот развој бара влага.
Само најпримитивните од нив живеат во вода. Најголема група
претставуваат почвените габи. Други се паразити на животните
или растенијата. Трети се наоѓаат на органски отпадоци,
производи, стакло, дрвесина. Воопшто нема материја, над која не
би можеле да се развијат габи при присуство на топлина и влага.
Телото им е изградено од нишки (хифи).
12.
13. -Растенија
Растенијата се многуклеточни автотрофи (многу мал број се
хетеротрофи, како на пример некои паразитски растенија) што
обично живеат прикрепени на почвата. Тие сочинуваат посебно
царство - Plantae (порано познато и како Vegetabilia). Најраните
фосили од растенија се од почвени, т.е. васкуларни растенија.
Фосилните и биохемиските истражувања укажуваат на тоа дека
растенијата еволуирале од многуклеточни зелени алги. Генерално,
растенијата се делат на неваскуларни (оние кај кои ситестите
клетки не содржат лигнин и кај кои отсуствува спроводен систем -
кисилем и флоем) и васкуларни (оние кај кои ситестите клетки
содржат лигнин и имаат ксилем и флоем). Науката што ги
проучува растенијата се нарекува ботаника (или многу поретко
нарекувана и фитологија).
14. Од еколошки поглед, растенијата се примарни произведувачи на
органска материја (по пат на фотосинтеза) во сите копнени и
помал дел од водните екосистеми, со што претставуваат основна
храна за сите останати живи организми во дадениот екосистем.
Тие го започнуваат движењето на енергијата во екосистемот преку
метаболитичките процеси на организмите, со што ја намалуваат
ентропијата.
15.
16. Животен циклус на растенијата
Во својот животен циклус, растенијата имаат т.н. смена на генерациите:
диплоидно,споропродуцирачко растение (спорофит), кое е алтернативно
со хаплоидното гаметопродуцирачко растение (гаметофит). Кај
растенијата митозата се случува во спорите, кои се продукт од мејозата, а
стануваат плодни во гаметофитната генерација (фаза).
Смената на генерациите се случува кај растенијата каде по спорофитот
следи гаметофитот. Спорофитната фаза произведува спори со мејоза во
спорангиум.
Во царството на растенијата, доминантноста на фазите варира. Кај
неваскуларните растенија и мововите, доминантен е гаметофитот.
Васкуларните растенија покажуваат прогресија на зголемена
доминантност на спорофитот, и тоа од папратите и нивните сродници, па
се до скриеносемените растенија.
17. Хомоспорија и хетероспорија
Постојат некои разлики во животните
циклуси на растенијата. Така, има растенија
кои продуцираат бисексуален гаметофит.
Тој потекнува од т.н. изоспори (грчки:iso-
исто) што се со иста големина. Оваа појава
се нарекува изоспорија или хомоспорија
(грчки:homo-исто). Кај растенијата, пак, кои
произведуваат одделни (хетеросексуални)
машки и женски гаметофити, тие им
потекнуваат од спори со различни големини
(хетероспори, од грчки:hetero-различно).
18. Животниот век кај растенијата е
различен. Така, имаме:
-едногодишни растенија: го завршуваат својот животен циклус за време од
една растечка (вегетативна) сезона;
19. двегодишни растенија: најчесто тревести, имаат потреба од две
вегетативни сезони. Образуваат цветови и семе во втората сезона;
21. -Животни
Животни (науч. Animalia) — многуклеточни
хетеротрофни организми, од кои поголем дел
минуваат одредени растојанија во потрага по
храна, а друг, помал дел, има седентарен
начин на живот. Науката што ги проучува
животните се нарекува зоологија. Порано, во
животинското царство било вклучени и
праживотните и некои други претставници, но
со денешните поделби на живиот свет, тие се
во посебно царство - протисти.
22. Од еколошки аспект, животните претставуваат
потрошувачи (консуматори) во рамките на екосистемот.
Може да се исхрануваат со растителна (хербивори или
растенојади), животинска (карнивори, месојади) или
мешана храна (омнивори, сештојади). Исто така,
одредени без’рбетници и ’рбетници се исхрануваат со
мртва органска материја (сапрофаги) и со тоа
придонесуваат за побрзо разградување на органската
материја, правејќи ја полесно достапна за редуцентите
- бактериите. Со својата хетеротрофност, животните
всушност вршат природна контрола врз бројноста на
популациите од живи организми во природата.
31. Човек
Човек е познат како Homo sapiens и е единствениот преживеан член на родот Homo од
двоножните примати во Hominidae, фамилијата на големи човеколики мајмуни. Сепак, во
некои случаи, зборот „човек“ се користи за означување на било кој член од родот Homo.