2. СИСТЕМ ЗА ВАРЕЊЕ
Варење или дигестија претставува сложен физиолошки процес, каде што
хранливите материи, под влијание на физичката и хемиската обработка се
претвораат во форми погодни за ресорпција и транспорт преку крвта и лимфата.
Механичка преработка на храната се состои во ситнењето, влажнењето,
мешањето и растворање на нејзините состојки. Хемиска преработка се состои од
сложен низ последователни процеси, до разложување на сложените молекули на
јаглехидратите, мастите и протеините до попрости хемиски соединенија погодни
за ресорпција и транспорт преку крвта и лимфата. По внесување на храната во
усната празнина прво се определува вкусот, од што зависи дали храната ќе биде
задржана или отстранета.Во усната празнина започнува варење на храната.
Нејзиниот престој во усната празнина е кус и трае 10-20 секунди. Храната трпи
механичка и хемиска обработка. Физичката обработка на храната се состои во
нејзиното ситнење (џвакање). При џвакањето храната се навлажнува со
плунка.Плунката (салива) претставува секрет на три пара плунковни жлезди,
доушни, подвилични, подјазични. Плунката претставува бистра, безбојна, лесно
леплива течност со реакција која може да биде лесно алкална и лесно кисела.
Најголем дел од плунката отпаѓа на вода (98, 5-99 %). Остатокот го сочунуваат
неорганските материи. Неорганските материи се состојат од солите на натриум,
калиум, калциум и др. Во плунката се наоша лесно леплива материја муцин. Во
процесот на џвакањето храната се натопува со плунка и се формира залак (болус)
површината на залакот се обложува со плунка, а присуството на муцинот во
3. СИСТЕМ ЗА ДИШЕЊЕ
Системот за дишење или респирација е органски систем
специјализиран за овозможувањето на дишењето како еден
од основните биолошки процеси кои го условуваат животот.
Кај посложено градените животни се јавуваат неколку
видови на органи за дишење, и тоа трахеи, кожа, жабри и
бели дробови.Трахеите се органи за дишење кај повеќето
инсекти. Кожата служи и како орган за дишење кај
воРеспираторниот систем е сложен систем, кој се состои од
простори и патишта по кои воздухот влегува во белите
дробови. Во тие простори се вклучени: носна празнина
(cavum nasi), голтката (фаринкс, pharinx), кој е заеднички
орган за дигестивниот и респираторниот систем, гласната
кутија или гркланот (ларинкс, larnyx), дишникот (трахеја,
trachea) и бели дробови (pulmones), заедно со своите
спроводни цевки и воздушните торбички.[1]доземците,
4. СИСТЕМ ЗА ИЗЛАЧУВАЊЕ
Системот за излачување или екскреторен систем е
органски систем чијашто основна функција е екскрецијата
(излачувањето) на штетните или непотребни материи
(екскрети) од организмот. Екскретите се продукти од
активниот метаболизам. Тие, доколку се задржат подолго
време во организмот, може да бидат штетни, па дури и
летални. Најчести екскрети кај животните се водата,
амонијакот, уреата и мочната киселина. Сите овие материи
се отстрануваат од телото преку најразлични патишта,
односно во процесот на екскреција учествуваат повеќе
органски системи, како кожниот, респираторниот,
дигестивниот и други. Меѓутоа, најголемиот дел од нив се
екскретираат преку специјализирани органи за
излачување. Во животинскиот свет се среќаваат неколку
видови на органи за екскреција: нефридии, метанефридии,
малпигиеви цевчиња и како еволутивно најусовршени се
5. НЕРВЕН СИСТЕМ
Нервниот систем е органски систем кој претставува целина од нервните
елементи во животинското тело: невроните, нервите и нервните ткива.
Основната морфолошко - физиолошка единица на нервниот систем е
невронот, односно нервната клетка. Нејзина основна карактеристика (а со тоа
и на нервниот систем) е надразливоста. Со помош на овој белег, нервниот
систем прима стимули и на нив одговара со определена акција (одговор на
стимулот).И додека сите други органски системи кај животните ја вршат
својата специфична функција, нервниот систем нема некоја таква функција во
организмот, туку влијае и ја контролира работата на сите останати органски
системи со помош на нервите и нивните разграноци Така, нервниот систем
навлегува во сите делови на телото и е во врска со сите ткива и нивните
клетки. Постојат животни со и без нервен систем. Кај животните без нервен
систем нема нервни клетки, како кај сунѓерите на пример, но во текот на
еволуцијата на животните се диференцирале различни видови на неврони со
специфична активност. Едни врз себе ја примиле функцијата на примање
нервни стимули, други се оспособиле за пренесување на стимулите, трети се
диференцирале за трансформација на стимулите, додека четврти се
оспособиле за пренесување на одговорот од дразбата. Сето ова довело до
формирање на нервниот систем, кој во зависност од еволутивниот степен на
животното, се јавува во неколку видови:
6. КРВОТОК
Крвотокот (циркулаторен систем,[1] во поширока смисла) кај целиот
животински свет е одговорен за транспортот на материите низ
организмот, и тоа:Хранливите материи и кислородот до
клетките.Екскретите (метаболитите) од клетките.Исто така, овој
органски систем учествува и во имунитетот на организмот.Кај
цицачите се среќаваат два вида на циркулаторни системи и
тоа:Крвен (кардиоваскуларен) систем, кој е од затворен тип на
циркулаторен систем.Лимфен систем, кој е од отворен тип на
циркулаторен систем.Крвниот (кардиоваскуларен) систем се состои
Функциите на крвотокот се следните:
пренос на гасови (главно O2 и CO2)
пренос на екскрети од ткивата до жабрите, белите дробови и кожата
пренос на хранливи материи од цревата
пренос на хормони
пренос на составните делови на имунолошкиот систем
осморегулација ид срце, крвни садови и крв.