2. Во текот на својот живот, организмот е
изложен на дејството на неговата жива
и нежива средина.
Врз него дејствуваат топлината,
светлината, количеството кислород и
другите гасови, различните соли,
бројноста на неговите единки во тој
крај, бројноста на единките од други
видови со кои тој се храни.
Овие бројни дејства кои се од физичка или од
хемиска природа, или произлегуваат од
заемните активности меѓу организмите, се
означени како еколошки фактори.
3. Животниот простор ( биотоп ) и животната
заедница ( биоценоза ) формираат –
екосистем, во кој тие заемно се поврзани во
нераскинливо единство.
Тој ја означува историски создадената
интеграција на живата и неживата природа,
која се развила од нивните заемни односи.
Ова интеграција е резултат на долгата
еволуција на односите меѓу деловите од
екосистемот и се базира врз три типа
суштински односи: акција, реакција и
коакција.
4. Акции се категорија на односи кои
произлегуваат од дејствата на биотопот
(комплекс на еколошки фактори) врз
животната заедница (биоценоза)
Реакции се коплекс на дејства кои
членовите на заедницата (биоценоза)
ги вршат врз биотопот.
5. Коакции се сложени заемни односи
меѓу членовите на животната заедница.
Коакција меѓу колибри и растение
6. Акциите и реакциите
предизвикуваат промени во двете
компоненти на екосистемот (и биотопот
и биоценозата). Тие се комбинираат во
причинско-последичен систем на
промени, кој ја претставува движечката
сила на развитокот на екосистемот.
За коакциите веќе кажавме. Основен
заклучок од анализата на заемните
односи меѓу членовите на биоценозата
е тоа дека тие односи ја воспоставуваат
интеграцијата меѓу сите видови во
биоценозата и ги поврзуваат во
организирана целина.
7. Секое влијание (информација) на
средината кое организмот го прима,
претставува еколошки фактор.
Под овој поим се подразбираат и
влијанијата кои се со слаб интензитет,
со кусо траење или го третираат
организмот во многу кус период од
неговит живот.
8. Според потеклото, еколошките фактори
се групираат во две основни групи:
1. Абиотички – кои имаат потекло од
неживата средина на организмот.
2. Биотички – кои ги вклучуваат сите
заемни дејства меѓу живите организми.
9. Еколошките фактори дејствуваат
позитивно или негативно врз
организмите, а како последица на тоа
се намалува или се зголемува бројноста
на единките на еден вид во заедницата.
Дејството на еколошките фактори може
да се остварува посредно или
непосредно.
Влијанието на еколошките фактори врз
организмот зависи и од квалитетот и
од квантитетот на факторот.
10. На пример, квалитетот на светлината
(брановата должина – бојата) влијае
врз брзината на фотосинтезата.
Интензитетот на светлината
(количеството енергија која е изразена
во кандели), исто така, ја условува
брзината на фотосинтезата.
Квалитетот и интензитетот
(квантитетот) на факторите на Земјата
се менуваат во времето и во просторот,
а со тоа се менува и нивното
дејствување врз организмите.
11. Освен тоа, ефектот од дејството на
еден фактор е различен за различни
видови организми (на пример,
најповолна температура за пчелата е
околу 30 степени C, а на оваа
тепмпература дождовниот црв брзо
умира).
12. Сите организми не можат да опстанат во сите
животни средини. Во текот на еволуцијата на
еден вид, кај него се воспоставиле граници на
толеранција на количеството и интензитетот
на екофакторите во средината.
Граници во кои вавира еден
екофактор во животната средина, а
во кои е можен опстанокот на видот,
ја формираат еколошката валенца на
видот.
13. Минималните и максималните
вредности (интензитети) на факторот
кои организмот може да ги поднесе
(преживее), се означуваат како
кардинални точки на екофакторот.
Под минимумот и над максимумот се
песимални вредности, во кои видот
не може да опстане.
Меѓу минималната и максималната
кардинална точка (обично не на
средината) се наоѓа интензитетот на
најповолното дејство на факторот -
оптимум (оптимална кардинална
точка).
14. Расојанието меѓу минимумот и максимумот е
еколошка валенца на видот. Организмите
кои поднесуваат поголемо варирање на еден
фактор се еуривалентни,
Тигарот е еуривалентен
15. А оние што имаат потесна еколошка
валенца се – стеновалентни.
Поларната мечка е стеновалентна
16. Треба да се истакне дека широчината на
еколошката валенца, во однос на различните
еколошки фактори, за различни видови е
различна.
Организмите имаат определена еколошка
валенца за секој одделен фактор на
средината.
Сите еколошки валенци кои се однесуваат на
еден вид го претставуваат еколошкиот
спектар на видот. Објективно не е можно
до крај да се открие севкупниот еколошки
спектар на видот (тој е променлив), но
познавањето на неговите поважни елементи
ја открива суштината на многу појави во
животот на еден вид.
17. Од еколошките фактори зависи кои
видови ќе населуваат еден крај,
колкава ќе биде бројноста на единките,
како тие ќе се развиваат и
размножуваат.
Еуривалентните видови по однос на
повеќе фактори, обично населуваат
поголема област, отколку
стеновалентните.
18. Еколошкиот фактор кој го ограничува
ширењето на единките на еден вид,
затоа што ги достигнува песималните
вредности, е ограничувачки фактор.
Доволно е само еден фактор да има
минимална вредност, а со тоа и да ја
загрози егзистенцијата на видот, што
прво се одразува во намалената густина
на единките во таа област.
Слично е и со максималните вредности
на еден фактор.