2. Сплесканите црви, односно типот Platyhelminthes се
најниско градени билатерално симетрични ткивни
животни, со слободен илипаразитски начин на
живеење.
3. Амоебоиди се организми кои се движат лазејќи.
Многу(но не сите) амоебoиди се всушност
Амоебозои.
4. Паразит кој исто така живее во црвените
крвни клетки кај човек и ја
предизвикува болеста маларија.
5. Телото на цевчестите црви е прекриено со
кутикула, а кај некои од нив има лажна телесна
празнина. Повеќето од нив се ситни животни кои
немаат органи за размена на гасови или
излачивање.
6. Мекотелите живеат во морињата, во слатките
води и на копно. Името го добиле по нивното
меко тело кое е заштитено со варовникова
черупка.
7. Членконогите опфаќаат над 750000 видови
животни, што е трипати повеќе од сите
останати животински видови заедно и тие
најуспешно се приспособиле за живеење на
копно
8. Иглокожите се морски животни кои имаат
петзрачна симетрија, внатрешен скелет, најчесто
со површинаски игли, според кои го добиле името.