2. Содржина на
Содржина на
проектот:
проектот:
ЗАЈАКНЕТЕ ГО
ИМУНИТЕТОТ ПРЕКУ
ХРАНА
ИМУНИТЕТ
ЗА ПОДОБАР
ИМУНИТЕТ
Заклучок
Заклучок
Поим за
Имунитет
Видови на
имунитет
и
иген
Ант тело
анти
ВОВЕД
•Што делува
пад на
имунитетот?
•Како да се зајакне
имунитетот?
3. Вовед:
Во
текот на своето живеење човекот е во допир со многу разни видови на
микроорганизми ( бактерии, вируси габички). Многу од луѓето не пазат на
својот имунитет, а тој е најважен во целиот човеков организам. Дури и ние
децата не пазиме, а и како да пазиме кога не мислиме на последиците што
можат да се случат. Ние сите одиме на училиште и наместо да посегниме
по овошјата или да ги носиме со нас од дома ние се свртуваме на брзата
храна. Но, не само ние туку и возрасните кои имаат работа за која мора да
се достапни цели 8 па дури и 12 часа дневно. Имаат пауза само од 1 или
половина час. Исто така промената на годишните времиња и доаѓање на
зимата секогаш се голем тест за имунитетот. Сепак имаме на располагање
неколку едноставни начини со кои можеме да се погрижиме за посилен
имунолошки систем и зима без многу настинки и високи температури.
Целта на оваа проектна задача е да ви кажеме и објаснеме што се случува
кога ќе ни падне имунитетот, како да го спречиме падот, да ве запознаеме
со поимот ИМУНИТЕТ и храната која треба да ја земаме за да не дојде до
пад.
4. ИМУНИТЕТ
Поим:
* Способност на организмот да дава отпор на болести со
идентификација и уништување туѓи супстанци или
организми.
* Главни делови на имуниот систем се: коскената срж,
тимус, лимфниот систем, слезината и крајниците. Тонзилите
и слезината дејствуваат како стапици и ги уништуваат
бактериите од лимфата, воздухот и крвта.
Видови на имунитет:
* Природен: вроден ( од раѓање ) или стекнат (добиен во
текот на животот )
*
Вештачки: со вакцинирање или серум
5. АНТИГЕН и АНТИТЕЛО
1. АНТИГЕНИ се микроорганизми ( бактерии и нивни токсини, вируси,
малигни клетки и сл. ) кои го напаѓаат телото, но и отровите кои се
ослободуваат во организмот.
* Овие микроорганизми се уништуваат со белите крвни клетки
(лимфоцити, гранулоцити) и кои постојано се произведуваат и заменуваат
во коскената срцевина.
2. АНТИТЕЛА се белковини што препознаваат дел од антигенот и можат со
него да се поврзат.
* Бидејќи тие препознаваат само еден одреден антиген, се вели дека ти
се специфични.
* Самата реакција на препознавање е наречена АНТИГЕН-АНТИТЕЛО.
6. ЗА ПОДОБАР ИМУНИТЕТ
Што делува на пад на имунитет???
Падот е резултат на пореметување на
имуниот систем. Делуваат долготрајни
хронични заболувања:
15. Правилна исхрана
Во организмот треба да се
внесуваат неколку помали
оброци богати со витамини
( D, C, A ), минерали,
растителни влакна, јаглени
хидрати и калории.
16. Добар сон
Доволен сон и редовно одмарање:
и ова е важно бидејќи со одморот
се намалува стресот, а сонот треба
да трае 7-8 часа дневно.
17. Секојдневни физички активности: со
секојдневно пешачење или лесно
трчање имунитетот се подобрува до
50% што е и научно докажано.
18. Одржување на лична хигиена:
миење на рацете, секојдневно
проветрување на простории и
спална соба.
19. ЗАЈАКНЕТЕ ГО ИМУНИТЕТОТ ПРЕКУ
ХРАНА
Добро знаеме дека храната ги содржи сите оние потребни
материи, витамини, влакна, минерали за организмот кои
самиот тој ги преработува дел во енергија, а дел во топлина.
Но за оваа точка треба да се задржиме на потребната храна
за одржување на имунитет. Таа е иста како кај возрасни така
и кај мали деца.
Сакам уште ова да го спомнам па да почниме. Во
претходните години токму во ова училиште учениците од
прва до четврта година правеа хамери, проекти, токму за
здравата исхрана. Но имаа и главна тема, а таа била “
Здрава храна за детство без мана “, се труделе да направат
нешто многу корисно, што би им помогнало на децата, а и на
мајките.
20.
Додека сеуште има вируси и настинки не одете до првата аптека туку одете во продавница и купете го следново:
Овошје и зеленчук: Конзумирањето на најмалку шест порции на овошје и зеленчук, ве
снабдува со доволна количина на витамин Ц, која овозможува подобрување на имунитетот. Витамин
Ц ја зголемува продукцијата на леукоцитите и антителата како и нивото на инатерферонот. Такви
видови овошја и зеленчук се:
1.
Црвени и мали, многу сме слатки, големи и мали не јадат, но всушност тие со витамин Ц се храна
2.
Темно зелена од надвор, светло зелена од внатре, но сум зрела и јас како јагодите витамин Ц делам!
3.
Со дуњата сме роднини нека знаат сите витаминче Ц ви делиме ние!
4.
Личам на шишарка само поголема имам коса во најнова мода од мене пиете витамин Ц како вода!
5.
Можам да бидам и мала и голема, и широка и тесна носам зелена руба и јас давам витамин Ц за душа
6.
Личам на невестински букет со зелени големи лисја, и јас ви давам витамин Ц значи не сум стиснат!
7.
Сите велат дека личам на мозок, но тие не знаат дека нивниот организам со витамин Ц го хранам!
8.
Има кошули 300, секоја бела, секоја чиста сите кошули сама ги шие слечи една, друга се крие!
21.
Храна богата со протеини: храната кој го стимулира имунолошкиот систем треба да содржи
висококвалитетнии комплетни протеини кои ги има во јајцата, рибата, морките плодови, месо и
млечни производи.
Месо и морска храна
Риба
Храна богата со антиоксиданси: со неутализирање на слободните штетни радикали
антиоксидансите учествуваат во градењето на имунитетот. Антиоксиданси содржат:
Зелен чај
Чоколадо
Црното вино
Лук
Печурки
30. ја стимулира продукцијата на белите крвни клетки. Тој е
чудотворно растение, својата популарност ја стекнал
зимата кога беше присутен свинскиот грип. Тој содржи
супстанција алицилин за која е позната дека има
антибактериско, антивирусно и антигабично дејство.
Делува како антиоксидант, отстранувајќи ги слободните
радикали од крвта. Неговиот мирис е одбивен за многу
луѓе, но вреди да се поднесе за да се подобри имунитетот.
31. Темното мисиркино месо, бифтекот, школките
и ракчињата содржат високо ниво на цинк.
Цинкот не само што го зголемува бројот на
белите крвни зрнца, туку исто така им
овозможува на леукоцитите да се борат против
многу поагресивно со инфекцијата. Цинкот го
зголемува бтојот на клетките убијци кои се
борат против карциномите и овозможуваат
леукоцитите да ослободуваат повеќе антитела.
Безбедна концентрација на цинк се движи од
15-20 мг на ден.
32.
Се нискокалорична храна, богата со
железо, цинк, растителни
влакна,есенцијални аминокиселини
и витамини. Одамна е познато дека
печурките го стимулираат
имунолошкиот систем и му
помагаат на телото да се брани од
вируси и инфекции. Тие имаат
антивирален, антибактериски и
антиканцероген ефект.
33.
Тој во себе содржи пријателски бактерии кои се
неопходни за нашето тело за заштита од злонамерните
бактерии и инфекции. Оние јогурти кои имаат живи или
активни бактериски култури се најдобри за зајакнување
на имунолошкиот систем. Јогуртот освен што е
освежителен и вкусен, тој не штити и од настинки и
инфекции на горните дишни патишта. Жените имаат
повеќе корист, затоа што јогуртот им ја зголемува
отпорноста на габични инфекции.
34. Туната, сомот и крапот се одлични извори на омега
3масни киселини. Овие масни киселини ја
зголемуваат активноста на леукоцитите, а исто и
нивната потентност да ги ингестираат бактериите
навлезени во крвотокот.
35. Чајот е богат со полифеноли и други
супстанции кои го заштитуваат телото од
грип и настинка. Супстанцијата EGCG
( epigallocatechin gallate ), која го има во
зелениот чај, е моќен антиоксиданс и
одличен сојузник во борбата против ракот.
Нема да погрешите и ако наместо зелен
изберете црн чај.
36. Заклучок:
Од овој проект заклучивме:
Мора да спиеме до 8 часа
Да избегнеме стрес
Да не вдишуваме загаден воздух
Да не пушиме цигари
Да не се свртуваме на долготрајни диети кои можат да ни наштетат т.е. да не
доведат до анорексија
Да конзумираме барем 6 порции дневно овошје и зеленчук, а со тоа всушност
внесуваме витамини
Колку и да мириса непријатно лукот да го јадеме
Секојдневно да пиеме барем по една чаша јогурт
o
Се надеваме дека со проектов што ви го прикажавме ви стана јасно за што станува
збор кога ќе се каже “ Имунитет “. И дека ќе внимавате од сега па во иднина на
исхраната која ја јадете, и храната која ќе им ја давате на вашите деца. Зошто
децата ќе сакате да ви се здрави, а ќе ви се здрави ако им давате од оваа здрава
храна што денес ви ја препорачавме.