1. 6то деветолетка
КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ
Хардверски компоненти на
компјутерскиот систем:
•Централен уред
•Влезни и излезни периферни уреди
Изработка
Маја Лошанска Тодоровска
2. ШТО Е СИСТЕМ?
Систем е целина од меѓусебно поврзани
делови кои заеднички работат.
На пример: систем органи за варење на
храната, сончев систем, музички систем и
др.
4. КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ е целина од
хардвер и софтвер.
Хардвер (Hardware) се деловите на
компјутерот.
Софтвер (Software) се компјутерските
програми.
5. ОСНОВНА КОМПЈУТЕРСКА
КОНФИГУРАЦИЈА
Вообичаени делови на еден
персонален компјутер се:
Куќиште
Монитор
Тастатура
Глувче
Звучници
6. Поделба на уредите кај
персоналниот компјутер
1. Централен уред: куќиште
2. Периферни уреди: тастатура, глувче, монитор,
звучници, печатар, камера, скенер, џојстик
а. Тастатурата и глувчето се влезни уреди – за внесување
податоци во компјутерот
б. Мониторот и звучниците се излезни уреди – за
пренесување информации до човекот
Размисли!
Кои од другите набројани периферни уреди се излезни а кои
влезни?
9. НАЈЧЕСТ ТИП НА ПРИКЛУЧОЦИ ЗА ПЕРИФЕРНИ
УРЕДИ КАЈ ПЕРСОНАЛЕН КОМПЈУТЕР:
Најголем број од уредите за поврзување со
компјутерот користат USB приклучок (тастатура,
глувче, печатар, џојстик, дигитален апарат и слично).
Побрз приклучок од USB e FireWire приклучокот .
Го има на поновите компјутери.
10. НАЧИНИ НА ПОВРЗУВАЊЕ НА
ПЕРИФЕРНИТЕ УРЕДИ СО КУКИШТЕТО:
Периферните уреди може да бидат поврзани со
компјутерот жично и безжично.
Познати начини за безжично поврзување на
електронски уреди се Infra red (Инфра ред),
Bluetooth и други.
Bluetooth е денес најчесто користен начин за
меѓусебно безжично поврзување на различни уреди
со компјутерот.
11. БЛУТУТ НАЧИН НА БЕЗЖИЧНО ПОВРЗУВАЊЕ
НА ПЕРИФЕРНИТЕ УРЕДИ СО КОМПЈУТЕРОТ
Како Bluetooth безжични уреди денес може да
работат тастатурата, глувчето и печатарот.
Bluetooth уредите може да работат на растојание од
10 до 100 метри во зависност од уредот и може да
пренесуваат податоци низ препреки како ѕид, маса,
куферче и слично.
ИНТЕРЕСНО: Овој безжичен начин на поврзување е наречен по кралот
на Данска од 10 век Harald Bluetooth.Тој многу сакал да јаде
боровинки и забите секогаш му биле сини.
13. ВИДОВИ ВЛЕЗНИ ПЕРИФЕРНИ
УРЕДИ
Влезните периферни уреди служат за
внесување податоци во компјутерот :
•тастатура,
•глувче,
•скенер,
•микрофон,
•екрани осетливи на допир,
•видео камера и слично.
14. ТАСТАТУРА
Тастатурата е уред кој има повеќе од 100
копчиња за внесување на податоци во
компјутерот.
Постојат различни видови тастатури!
17. ГРУПИ НА КОПЧИЊА НА ТАСТАТУРАТА
СЕ:
-АЛФАБЕТСКИ (a,b,c,d..)
-НУМЕРИЧКИ(1,2,…)
-ЗА движење низ ЕКРАНОТ
-ЗА БРИШЕЊЕ (Back Space, Delete)
-ФУНКЦИСКИ (F1 – F12)
-СПЕЦИЈАЛНИ(Alt, Shift, Ctrl, Tab …)
-ENTER, Esc, Space и др.
18. ГЛУВЧЕ
Глувчето е уред за покажување, избирање,
преместување и активирање на објекти прикажани на
екранот .
Се состои од тело и копчиња: лево копче, десно
копче и копче за движење горе доле по сликата на
екранот.
Постојат различни видови глувчиња!
19.
20. Покажувач на глувчето
Малата сликичка
која на екранот го
прати движењето на
глувчето по масата
се вика покажувач
на глувчето.
21. Функциите на копчињата на
глувчето
ЛЕВ КЛИК – ИЗБОР НА ОБЈЕКТ
ДВОЕН ЛЕВ КЛИК – АКТИВИРАЊЕ НА ОБЈЕКТ
ДЕСЕН КЛИК – ОТВАРАЊЕ НА МЕНИ
КЛИК – ВЛЕЧИ ПУШТИ – ПРЕМЕСТУВАЊЕ ОБЈЕКТ НА
ЕКРАНОТ
23. СКЕНЕР
Скенерот е уред за
внесување на графички
податоци прикажани на
хартија. Според површината
која се скенира, скенерите
можат да бидат :
· Деск скенери – за поголема
површина (листови, книги,
фотографии)
• Рачни скенери – за мала
површина (бар кодови и
слично).
24. ИЗЛЕЗНИ ПЕРИФЕРНИ УРЕДИ
Уредите преку кои се пренесуваат
информации од компјутерот до човекот се
викаат излезни периферни уреди.
Вообичаени излезни уреди се:
•монитор,
•печатар,
•звучници и сл.
25. МОНИТОР
Предниот дел од мониторот се вика ЕКРАН.
Обично на предниот долен дел од мониторот се наоѓаат
копчиња за подесување на приказот на сликата на екранот!
ВИДОВИ МОНИТОРИ
CRT (Cathode LCD (Liquid
Ray Tube) Crystal Display)
монитор кои се монитори - со течни
големи и тешки и се
кристали.
помалку се
користат. Тие се тенки,лесни,
зафаќаат помалку
простор, користат
помалку ел.
енергија и помалку
зрачат.
26. Големина и резолуција на екран
Големината на екранот се мери дијагонално и се
изразува во единица мерка инч (inch–’’). 1’’=2.54 цм.
На пр. 9’’, 12’’,20’’
Резолуција на екранот е бројот на точки (пикесли)
вертикално и хоризонтално со кои е исцртана
сликата на екранот.
На пр. 1024х768
27. ПЕЧАТАР
Печатар е уред за прикажување на податоците на
хартија или фолија.
Карактеристики на печатартите се:
• брзината на печатење на страници во минута
• квалитетот на отпечатеното
• потрошен материјал
• бучност
Печатарите со подобри карактеристики имаат
повисока цена.
29. Инкџет
Овие печатари прскаат
под притисок мастило на
хартија кое веднаш се
суши. Мастилото е
сместено во кертриџи –
пластични кутивчиња.
30. Ласерски
Кај овие печатари ласерски
сноп светлина ја пече
нанесената боја од тонерот на
хартијата.
Тој е најбрз, бесшумен со
висок квалитет на отпечаток
на хартија е ласерскиот
печатар.
Сите печатари може да бидат
во боја или црно-бели.