Grad Skoplje - infrastrukturni projekti, prezentacija održana u okviru Samita prestonica 2015. u organizaciji NALED i Grada Beograda, uz podršku Elnos group, Star Refrigeration&Emerson Techologies i Siemens-a.
Grad Skoplje - infrastrukturni projekti, prezentacija održana u okviru Samita prestonica 2015. u organizaciji NALED i Grada Beograda, uz podršku Elnos group, Star Refrigeration&Emerson Techologies i Siemens-a.
2. Европското општество
(нужна претпоставка за негова
интеграција)
Постоење на комплет од споделени
вредности
Таквиот комплет е основа за
формирање на европски идентитет
3. РАЗЛИЧНИ МИСЛЕЊА
Околу тоа дали Европа има и дали треба
да има и кои треба да бидат
заедничките споделени вредности
Емил диркем
Џерал Делантаи
Мануел Кастелис
4. ЕМИЛ ДИРКЕМ
Смета дека Европа има и само треба да
ги надоградува своите вредности
Смета дека формирањето на европското
општество е само репродукција на
било која национална држава само на
повисоко ниво
5. ЏЕРАЛ ДАЛЕНТАИ
Смета дека Европа треба да изгради свој нов
европски идентитет
Вреностите на националните држави не можат да
бидат основа за градење на европски идентитет
Тој нов европски идентитет не може да се изведе од
старите вредности туку врз некои нови вредности
Најважната нова вредност од која може да се тргне
во градење на европскиот идентитет е знаењето па
Европа првин мора да се идентификува како
општество на знаењето
6. МАНУЕЛ КАСТЕЛИС
Европското општество не може да се гради врз идеи
и вредности позајмени од националните држави
Основната вредност на европското општество е тоа
да се гради како мрежно општество
Европа не смее да има единствен центар туку
повеќе јазли (национални општества) кои се со
различна големина и кои меѓусебе се поврзани во
мрежа со асиметрични врски
Мрежното општество е информациско општество
7. Најважните нови европски
вредности
Мирот и мирното решавање на конфликтите
Единството и еднаквоста
Слободата
Солидарноста
Основни слободи и права на граѓаните
Владеење на правото
Почитување на националниот идентитет
8. Мирот и мирното
решавање на конфликтите
Темелна европска вредност
Најсилна мотивација за отпочнување
на овој процес на европска интеграција
Политиката за мир е основна цел и
задача за ЕУ
9. Единството и еднаквоста
Само со единствена внатрешна
поврзаност (евроинтеграција) можат многу
подобро да се надминуваат проблемите на
граѓаните во сите држави
Единството е можно само со безусловна
еднаквост
Никој не може да биде подреден или
дискриминиран по било која основа
Во ЕУ ниту една земја нема предност пред
некоја друга
10. Слобода
Слобода во движење на луѓе, капитал,
идеи, услуги и сл. преку националните
граници
Слободна конкуренција на широкиот
и слободен европски пазар
Слобода во изборот на работа или
бизнис
11. Солидарност
Солидарноста е неопходна како противтежа
на слободната конкуренција
Постарите земји членки на ЕУ солиарно го
помагаат развитокот на земјите кандидати
за членство во ЕУ како и новите членки
Солидарноста е нужна помеѓу земјите членки
на ЕУ како практична помош за обичните
луѓе во случаеви на природни или други
катастрофи
12. Основни слободи и права на
луѓето и владеење на
правото
Почитувањето на основните права и
слободи на луѓето и владеењето на
правото се двата основни услови за
зачленувањето во ЕУ но и услов од
кој зависи статусот во ЕУ
13. Почитување на националниот
идентитет
Земјите членки на ЕУ меѓусебно
максимално си го почитуваат националниот
идентитет.
Разноликоста во националните особини се
сфаќа како предност и квалитет на ЕУ а не
како некаква мана или проблем.
Членките на ЕУ националниот идентитет не
сакаат да се замени со униформност
14. Симболи на европски
идентитет
Европско знаме
Европска химна
Европска валута
Европски устав
Евровизија
Европски куп натпреварувања
16. Европското знаме
По своето основање во 1949 година,
Советот на Европа брзо ја сфати
потребата од симбол кој што ќе ја
покаже неговата заложба за европско
единство.
Европското знаме, прифатено во 1955
година, ги претставува идеите за
европското единство и идентитет.
Европската Унија го користи истото
знаме уште од 1986 година.
17. Како се родија дванаесетте
ѕвезди
Идејата за европското знаме датира уште од почетокот на 1920 година. Ниту
еден од двата кандидати, Каунт Куденхоув – пан европско знаме, жолт круг
со црвен крст на сина позадина, и предлогот на Европското движење –
зелено Е на бела позадина, не добија доволна поддршка и не претставуваа
сероизен обид за промовирање на идеата за знамето, се додека Советот на
Европа не стана првата официјална политичка организација во 1949 година.
На почетокот на 50-тите години, различни експертски групи, одбори и
комитети ги разгледуваа бројните предлози од различни уметници,
хералдички експерти и аматери-ентузијасти од целиот свет, без да донесат
било каква одлука.
Во април 1955 година, Комитетот на министри при Советот на Европа, се
определи за 2 дизајнерски идеи. Првата беше на Арсен Хајц, вработен во
Советот на Европа, “круна со 12 петтокраки ѕвезди, пришто нивните врвови
не се допираат” и втората, костелација од ѕвезди предложена од Салвадор
де Мадариага.
Во декември 1955 година, по одобрението од Парламентарното собрание на
Советот на Европа, Комитетот на министри конечно ја прифати првата
идеја. Сите европски институции побрзаа да ја прифатат истата.
Инаугурацијата се случи во Париз во замокот де ла Мует на 13 декември
1955 година од страна на Комитетот на министри. Знамето сега стана
официјално.
18. Моќен симбол
Кругот со дванаесет златни ѕвезди поставен
на сина позадина ги симболизира народите
на Европа и нивната обединетост. Бројот на
ѕвездите е непроменлив – тој е секогаш
дванаесет и ги означува идеалите на
обединетост и хармонија, потсетувајќи на
месеците од годината и дванаесете зодијачки
знаци.
Знамето се здоби со јавно одобрување низ
цела Европа. На Универзалната изложба во
Брисел во 1958 година беше поставено на
зградите на јавни институции низ целиот
град.
19. Симбол за цела Европа
Во 1983 година Европскиот парламент, како тело на
Европската Унија, го прифати знамето на Советот на
Европа и предложи истото да стане симбол на
Европската заедница. По оддобрението од Советот
на Европа, во јуни 1985 година, Европскиот Совет
(самит на Европската Унија) ја даде својата
формална поддршка.
Од 1986 година, Советот на Европа и Европската
заедница (Европска Унија по договорот во Мастрихт)
се претставени со Европското знаме и амблем.
Знамето претставено со дванаесет златни ѕвезди на
сина позадина сега претставува највисок симбол на
европскиот идентитет и на европската обединетост.
20. Европска химна
Во 1971 година, Парламентарното собрание одлучи да ја
предложи увертирата на Одата на радоста од
Бетовеновата Деветта синфонија како европска химна.
Комитетот на министри, неколку месеци покасно ја даде
својата поддршка. Музичкиот аранжман на химната беше
подготвен од Херберт фон Карајан, кој го адаптираше за
оркестар и ја диригирање изведбата за официјалното
снимање.
Химната беше промовирана преку голема информативна
кампања на денот на Европа во 1972 година.
Таа, исто така беше прифатена и од Европската заедница
во 1986 година, станувајќи уште еден заеднички симбол за
сите европјани.