The document summarizes the chemical composition of cells. It discusses that cells contain water, inorganic salts, and organic compounds. Water makes up 70-80% of most living tissues and is essential for biochemical reactions in cells. Inorganic salts such as sodium, potassium, calcium, and phosphates are also abundant in cells and are important for structure and metabolism. Organic compounds in cells include carbohydrates, lipids, proteins, and nucleic acids. Carbohydrates include sugars that can be joined together in chains to form starches and cellulose. Lipids provide energy and structure. Proteins carry out most functions in cells and are made of amino acids. Nucleic acids DNA and RNA contain the cell's genetic information and
The document summarizes the chemical composition of cells. It discusses that cells contain water, inorganic salts, and organic compounds. Water makes up 70-80% of most living tissues and is essential for biochemical reactions in cells. Inorganic salts such as sodium, potassium, calcium, and phosphates are also abundant in cells and are important for structure and metabolism. Organic compounds in cells include carbohydrates, lipids, proteins, and nucleic acids. Carbohydrates include sugars that can be joined together in chains to form starches and cellulose. Lipids provide energy and structure. Proteins carry out most functions in cells and are made of amino acids. Nucleic acids DNA and RNA contain the cell's genetic information and
2. Термонот Европа има митски
корени
Во делото “Идила” на Мосхос од 2 век п.н.е дадено е
едно митолошко предание според кое Европа е
претставена како божица една од многуте одбор,
моми, светици во која се заљуби Зевс. Зевс е тој што
ги искористил своите боговски предности и успеал да
ја грабне од Азиското крајбрежје,престорен во бик и
ја донел на Крит “каде станала кралица и мајка на
многу деца” кои ја населиле Европа.
Преданието говори за две земји што се караат за
Европа: земјата на Азија и земјата од спротива,
континент без име и бара да има име и ќе добие
насила со помош на Зевс.
Преданието не упатува дека тогаш постои сеопшто
движење од Исток кон Запад со кое се извршило
населувањето на безимениот континент, а од тогаш
Европа.
4. Прв што го напишал името
Европа е Хесоид
Европа има свија предисторија, која е
предисторија на безимен континент, полека
населуван, цивилизиран и оживуван од луѓе
од замисли и од занаети дојдени од
крајбрежјето на Блискиот Исток.
Но според пишаните извори прв
што го напишал името Европа е
Хесоид, околу 900 година п.н.е,
а прв што ја опишал и споредил
со Азија е Хипокрит.
5. Според религиозните учења, кое ќе
доминира во средниот век а извор е
Светото писмо, тројцата синови на Ное-
Сим, Ханан и Јафет при делба ги
добиле трите делови на светот што
соодветствуваат на Азија, Африка и
Европа.
Според првата книга Мојсиева (Битие) 9
и 10 синовите на Ное, штом излегле од
чунот, добиле таткова наредба да ја
населат целата земја со свое
поколение.
6. Од 5 до 15 век мноштво автори зборуваат за
Јафет и неговите синови и внуци што ја
населуваат Европа. Се зборува за “мачноста
да се најде Европа”, а Де Ружмон оттука ќе
констатира “барањето ја создало Европа, да
се бара Европа, значи да се создава”.
Семитската етимологија Европа ја изведува
од Ереб што значи вечер, залез.
Народите што живееле во земјите на
изгрејсонцето (Азија), со зборот Европа ја
означувале земјата на зајдисонцето.
7. Географија на Европа
Географска Европа е само рт, или
продолжение на Азија. Таа е големо
полуострво кое подоцна станува метропола
на човечкиот род.
Европа е голем полуостров со кој завршува
пространиот азиски континент на Запад. Таа
не сочинува самостојна целина, туку само
крајна точка на овој континент. - вели
историчарот де Рејнолд.
8. Заедничката свест за Европа
Во 8 и 9 век ќе се зацврсти заедничката свест за
Европа, која подоцна ќе се помати.
За повторно да се разбуди замислата за Европа и
христијанството “ќе се чека” да се појави
монголската и турската закана. Хрисријанството ќе
биде потиснато на овој континент и полека се
создава свест за христијани и неверници.
До 18 век три замисли го поврзуваат
обединувањето на Европа:
4. мирот;
5. крстоносните војни;
6. борбата за или против превласта на една сила
внатре во Европа.
9. Создавањето на Европа како
политичка заедница
Во социо-политичка смисла и создавањето на
Европа како политичка заедница најзначаен е
предлогот на кралот Јиржи Погибрад 15 век
(крал на Боемија) под наслов Расправа за сојуз
или конфедерација, со цел да се пружи
организиран отпор на Турците.
Предлогот е неуспешен, но значаен, бидејќи со
овој акт се ограничува националната
сувереност и се гарантира автономноста на
членките и предвидени се заеднички органи
единствени воени сили и федерален буџет кој
би се пополнувал и од вишокот на црковните
давачки.
10. Ерата на империјализмот
Големите откритија ќе ја отворат ерата на
империјализмот со што Европа ќе се покаже
како континент на ширење и на завојување,
на откритија и на колонијализам.
Со нив творечкиот импулс на цивилизацијата
се преместува на крајбрежјето на Атлантикот.
Се отвора ерата на капитализмот и приматот
на државата.
Карло 5 ќе создаде 3/4 континентална
Европа, надевајќи се дека ќе создаде
обединета Европа, а со неговата смрт умира и
оваа идеја.
12. Дали постои европско
општество?
Што е општество?
Во социологија најчесто општеството се
препознава како „национално општество“ што
значи општеството се изедначува со
„општествено институционалниот поредок“.
Кажано на наједноставен начин општеството
се сфаќа како „нација“ односно како
„самодоволно културно и политичко
заедништво центрирано околу државата“.
13. Врз кои основи современа
социологија зборува за европско
општество?
Според Емил Диркем европското општество
произлегува од различните национални општества
како последица од постојаниот развиток на процесот
на „општествената поделба на трудот“.
Диркем по научен и аналитичен пат согледал дека
преку „спонтани движења“ на европските народи
доаѓа до замена на механичката со органска
солидарност помеѓу сите жители на Европа и ќе се
јави тенденција за создавање на едно европско
општество.
Диркем дури смета дека со постојан развиток на
поделбата на трудот ќе дојде до формирање на едно
„светско сеопштество“.
14. Диркем тврди дека:
„Денес различните нации во Европа се
многу помалку независни една од друга
затоа што, до одредена мера, сите тие
се дел од едно исто општество,
навистина, се уште некохерентно и
неорганизирано, но кое станува се
повеќе и повеќе самосвесно“.
15. Визионерството на Виктор Иго
“Ќе постои една особена нација,
...голема... слободна...славна, богата,
разумна, мирољубива, пријателска
спрема остатокот на човештвото. Оваа
нација за престол ќе го има Париз, а
никако нема да се вика Франција, таа
ќе се вика Европа. Ќе се вика Европа во
20 век и натаму, уште препородена, таа
ќе се вика Човештво...она во што
учествува 19 век, тоа е создавање на
Европа”.
16. Тој ќе рече во 1851 год
“... ќе дојде време кога вие повеќе нема да ги кревате луѓето на
оружје едни против други... Вие може да имате уште толку
сметки да расчистувате, расправии да водите, ама дали знаете
што ќе ставите наместо вооружени луѓе?... наместо пешаци и
коњаници, топови, копја и мечеви? Вие ќе ставите чамова
кутијка што ќе ја викате изборна кутија, а од таа кутија ќе
излезе што ? - еден собир на кој ќе се учествувате полни со
живот, собир што ќе биде како вашата душа за сите, еден
суверен и народен собир кој ќе одлучува, ќе суди, ќе решава
според законот, кој ќе стори да падне оружјето од секоја рака и
да се роди правдата во сите срца, кој ќе каже секому: Заврши
твоето право, овде почнува твојата обврска.. ќе нема друго
бојно поле туку пазарот што е отворен за трговијата и свеста
што се отвора за идеите. Ќе дојде ден кога бомбите ќе бидат
заменети со гласовите... Ќе дојде ден кога ќе ги видиме двете
бескрајни целини САД и СЕД, една наспроти друга, фатени за
раце над морињата.”
17. Поздравен говор на светската
изложба во Париз во 1867 год
“Европо, нека си добредојдена. Влези дома. Земи си
го овој Париз кој тебе ти припаѓа и кому, ти, му
припаѓаш!... Ова е град на сите и за сите, кој ја има
привилегијата да направи дела што се европски!
Оттука тргнале сите поттици на духот на 19 век,...
правото на поединецот, работното право, правото на
жената, правото на детето, укинување на
неписменоста, укинување на силата во сите облици,
неприкосновеност на човечкото мислење,... О,
Францијо, збогум! Ти си толку голема за да си
мајковина. Се разделуваме од својата мајка која
станува божица. Уште малку време и ти ќе можеш да
исчезнеш во преобразбата... Ти, повеќе не ќе си
Франција, ти ќе бидеш Човештво. Збогум Народ,
здраво Човек! Ти, Францијо стани свет. “
18. Што рекле за европската
интеграција
Монтеские: Кога би знаел нешто корисно за мојата
татковина, а би било штета за Европа и за човечкиот
род, на тоа би гледал како на злосторство.
Лајбниц: бара обединување на Европа преку
нејзините разноликости и да се изгради врз основа
на федерализам.
Тој е граѓанинот на светот: Не сум од оние што се
слепо врзани за својата земја или пак за некоја
посебна нација, туку сум во служба на целиот
човечки род; зошто го сметам Небото за своја
Татковина и сите луѓе со добра волја за свои
сограѓани на ова Небо; и сакам да направам повеќе
добра меѓу Русите, ништо помалку отколку меѓу
Германците, и други Европејци... Мојата наклоност и
мојот вкус се стремат кон општото добро”.
19. Во 18 и 19 век Европа прави
купишта предлози за сојуз
Голем број револуции во овој период ќе го
воскреснат утопиското “слобода, еднаквост,
братство”, ќе никнат нации- држави, па
повикот за обединување на Европејците во
единствена нација нема да изостане.
Повиците за свикување на сеопшти конгреси
на учените луѓе кои ќе се состанат и ќе се
договорат за “сеопфатен устав” што ќе важи
за цела Европа и за три збирки правила со
кои ќе се уредат моралните, социјалните и
воените односи помеѓу нациите, се се
почести.
20. Енрико Микеле Л”Аурора
(18 век, италијански јакобинец)
“Да, Европејци, на нашето детство, и на нашата
простота бездруго треба да им се стави крај! Овие
неправедни монарси, надокрај, нека почнат да ги
почитуваат нашите права! А, ако продолжат со својот
крвав и суров поредок нека се истури сеопштиот бес
врз разнишаните глави на нашите мачители; нека ги
погодат искушенијата на една крвава војна нашиве
единствени непријатели! А нациите, откако ќе се
ослободат и откако ќе се обединат, нека бидат
владеани според светите права на слободата и на
единството, управувани според начелата на мирот,
на доблеста и на правдата... Сите нации во Европа
да можат да сметаат дека и припаѓаат на единствена
своја држава, нивните интереси да бидат општи и
Европа да е мајка на своите чеда - сите нејзини
жители!”
21. Сен Симон
Сен Симон ќе издаде нацрт за соединети
европски држави и се залага за
реорганизација на Европското општество или
за нужноста да се поврзат народите на
Европа во едно единствено политичко тело,
така што секој ќе ја зачува својата
национална независност.
Тој предлага избор на европски пратениции
европското прашање да почива на
заедничките интереси и цврстата заложба и
врз институции. Обликот за уредување на
таквата Европа е конфедерација.
22. Настаните во 20 век го доведоа
во прашање проектот за
сеевропско општество.
Затоа по Втората светска војна ќе се врати
свеста за Европа и за нејзиното политичко
единство. Ќе се увиди дека токму
апсолутните национални суверенитети се
загрижувачката опасност за цврстото
единство на Европа.
Европејците ќе сватат дека тие можат да
живеат само ако се зафатат со големо
дело ,,Соединети Европски Држави,,.