2. Што се подразбира под пимот
колективно дејствување?
Под пимот колективно дејствување се подразбира
дејствувањето превземено од некоја група на луѓе,
во насока на остварување на согледаните споделени
вредности на нејзините членови.
Се чини сосема логично да се очекува дека луѓето
кои имаат некој заеднички интерес ќе дејствуваат
врз основа на нив а во правец на остварување на тој
свој заеднички интерес.
Така на пример пензионерите ќе дејствуваат да
добијат повисоки пензии или пак рударите заеднички
ќе дејствуваат за да обезбедат поголема безбедност
во рударските окна и т.н.
3. Дали луѓето секогаш учествуваат
во колективна акција?
Искуствата покажуваат дека ова не е секогаш случај
и дека често многу луѓе одбиваат да учествуваат во
некоја колективна акција иако би можеле да добијат
од нејзиниот успех што сигурно се коси со
претпоставката за рационалност на човековото
однесување.
Повеќе социолошки истражувања докажуваат дека
рационалниот личен интерес често води во
недејствување тогаш кога индивидуите имаат
шанса да добијат нешто од концесиите кои ги прави
целата група, независно од тоа дали тие биле
активни или не.
4. „Проблем на слободниот
стрелец”
Оваа појава се состои во тоа да некои поединци
настојуваат да ги максимизираат своите награди
а да ги минимизираат своите трошоци т.е.
активности во конкретни социјални ситуации
На пример ако пензиите се покачат како резултат на
активноста на голема група на пензионери, сите
пензионери ќе добијат покачување вклучувајки ги и
оние кои не направиле ништо.
Неговата значајност е во тоа што ги поткопува
способностите на интересните групи и социјалните
движења за мобилизација на поголем број на луѓе.
5. Од што зависи учеството во
колективните активности?
Дали еден поединец ке одлучи да се вклучи во
одредено колективно дејствување или не е загатка
за социологија уште од времето на објавување на
класичните трудови на Макс Вебер за овој проблем.
Социологија забележала дека колку граѓаните се
посиромашни толку веројатноста дека луѓето
ќе останат пасивни е поголема.
Единствено решение на проблемот на слободниот
стрелец е моменталната понуда на “екстра
поттици” кои се поголеми од очекуваните цели на
колективното дејствување. Овие поттици можат да
бидат во форма на признание, престиж или
психолошка награда (пофалба или чувство на
гордост) за партиципација во активноста.
6. Теорија на размена
Еден од обидите за моделирање на овој
процес претставува теоријата на
размената.
Теоријата на размената го сфаќа социјалниот
поредок како непланиран исход од чиновите
на размена меѓу членовите на општеството и
која настојува да покаже на кој начин луѓето
настојуваат да ги максимизираат своите
награди и да ги минимизираат трошоците на
конкретни социјални ситуации.
Оваа теорија има две главни варијанти:
Теоријата на рационалниот избор
Антрополошко-разменската теорија
7. Теоријата на рационалниот
избор
Теоријата на рационалниот избор или како уште
се нарекува теорија на рационалното дејствување го
лоцира изворот на поредокот во личнате добивки
кои индивидуите ги постигнуваат во кооперативната
размена.
Теоријата на рационален избор има основа во
теоријата на Адам Смит за поделбата на трудот уште
од 18 век според која скриената рака на слободниот
пазар ги води разумните самозаинтересирани
индивидуи кон постигање на јавна благосостојба
иако тоа никогаш не е нивна намера.
8. Дали ова теорија е применлива
само во економијата?
Оваа теорија би можела да се примени и во
настојувањата социолошки да се објасни севкупниот
социјален живот па дури и за таквите облици на
социјалниот живот како што се семејството,
љубовните односи, чувството на колективен
алтруизам и одговорноста.
Концептот за рационалниот избор исто така се
прифаќа и во политикологијата во чии рамки се
испитуваат сметките кои стојат зад политичките
заложби, гласачкото однесување, протестните
движења и зад доброволните и принудните
колективни организации.
9. Антрополошко-разменската
теорија
Антрополошко-разменската теорија смета дека поредокот
и остварувањето на индивидуалните добивки се резултат на
заднинската ритуална и симболичка природа на нештата што се
разменуваат.
Оваа теорија произлезе од фактот дека пазарните институции
во неиндустријализираните општества се многу
порудиментирани од колку во модерните општества и
економии. Во нив постои размена но таа содржи еден
важен елемент на обврска додека пак за разлика од
нив модерните или како уште ги викаме пазарни општества се
засновани на изборот.
Споредбата на двата вида општества доведе до тезата дека
уредениот колективен живот е предуслов а не
последица на самозаинтересираниот избор.
Повеќе теренски истражувања на неиндустриските заедници
идентификуваа две основни форми на обврзувачка размена:
5. реципрочна размена на дарови
6. редистрибутивна политичка размена