2. Што е полином
• Во алгебра, збир на мономи; на пример x2 + 2xy + y2.
• Збир на конечен број мономи се
вика полином или алгебарски израз.
Дефиниција за разложување на полиноми
• Разложување на број по прости множители значи да се
запише бројот како производ на прости броеви со
експонент - природни броеви.
• Разложување на полином значи да се запише полином
како производ на два или повеќе полиноми.
3. Дефиниција за разложување на полиноми
од видот А²-В²
• Разликата од квадратите на два израза е еднаква на
производот од разликата на тие изрази и нивниот збир.
Постапката за разложување на множители
полином о А2 - В2.
• Познато ни е равенството
(А+В)(А-В)=А²-В²
• Со промена на местата на лева и десната страна се добива
идентично равенство
А²-В²=(А+В)(А-В)
4. Примена на формулата
А²-В²=(А+В)(А-В)
• Пример 1.
Да се разложи на множители биномот
4x²-9
Решение:Гледаме дека ,дадениот бином
претставува разлика од квадратите (2x)²
и 3²,чии основи се 2x и 3
Со примена на формулатa добиваме:
4x²-9=(2x)²-3²=(2x-3)(2x+3)
5. • Пример 2
Да се раложи на множители биномот
25а²б² - 49с²
Решение:
25а²б²-49с²=(5аб) ²-(7с) ²=(5аб-7с)(5аб+7с)