SlideShare a Scribd company logo
1 of 1
Download to read offline
17ЧЕТВРТОК 3 ЈАНУАРИ 2013 КУЛТУРА
ЕЛЕНА АНГЕЛОВСКА
З
агрепската театарска сезона 2012/2013 помина во знакот
на режисерот Александар Поповски, кој својата меѓународ-
на кариера започна да ја гради од почетокот на деведесетти-
те. Во средината на ноември на сцената на загрепскиот градски
театар „Гавела“ тој ја постави претставата „Антигона“ по текст на
Жан Ануј, по што на истата сцена следуваше и загрепската пре-
миера на „Одисеј“ по текст на Горан Стефановски, претходно ве-
ќе одиграна на Бриони. Минатиот месец дебитираше и на сцена-
та на Хрватско народно позориште со претставата „Богојавенска
ноќ или како што милувате“ по текст на Шекспир.
Покрај Вашите многубројни претстави во хрватските теат-
ри,првпатостваривтесоработкаисоХрватскотонароднока-
залиште во Загреб. Пред премиерата на „Богојавенска ноќ
иликакоштомилувате“изјавивтедеканасценатанаХНКсте
се одлучиле да поставите претстава „во која нема да има
ништо од она што нас секојдневно ни се сервира - војна, по-
литика, насилство, економија и криза“. Ваквиот Ваш став мо-
же да се протолкува и како бегање од реалноста или можеби
едноставно почувствувавте дека на публиката во овој мо-
мент ~ е потребна токму оваа претстава?
Дел од хрватските медиуми го протолкуваа како бегање од ре-
алноста. Јас сум активен театарски од почетокот на деведесетти-
те. Направив многу претстави кои директно се конфронтираа и
ја коментираа реалноста. Последна на таа тема е „Животот на
Молиер“ поставена на сцената на Македонскиот народен театар.
Не мислам дека театарот треба да биде инфериорен во однос на
реалноста, ама мислам дека моментно постои искривена слика
кон тоа што е таа реалност и актуелност. Мислам дека постои
една наводна ангажираност која не ~ служи на културата, тука на
политиката. Во овој момент сите викаме гласно низ една цевка.
И само гласното и само она што таа цевка го пропушта е един-
ственото релевантно. Со овој принцип не се согласувам. Нема да
бидам слуга на една политизираност на животот. Историјата на
уметноста и театарот е полна со теми и правци кои не се дирек-
тно и не биле директно политички ангажирани. Уметноста поз-
нава доста љубов, смеа, голи жени, коњи на поило и човек на кој
од газот му излегува дрвце. Во овој момент сум подготвен да би-
дам демоде, ама не сум подготвен да служам на ниту една поли-
тика за нејзината гласност. Не може да бидеш и Хамлет и да го
поддржуваш буџетот. Освен ако реченицата „Да се биде или не“
се однесува на донесувањето на буџетот, ама тогаш тоа е некоја
друга претстава и некој друг театар.
Клучните прашања во претставата „Богојавенска ноќ или
како што милувате“ се поврзани за љубовта. Шекспир вели
дека вљубените очи го гледаат светот малку поинаку. Дали
сметате дека е подобро и поздраво да ~ се зборува на публи-
ката за љубов и секс отколку за политика и војни?
Една приказна која ја раскажува сопругата на големиот руски
писател Данил Хармс е следнава - Војната е пред вратата на Руси-
ја и доаѓа команда сите жени да одат да копаат ровови околу гра-
дот. Хармс ~ вели дека таа нема да оди да копа и дека тој ќе ~ ка-
же нешто што ќе ја спаси. Само мора да му верува и да биде трпе-
лива.ТојденХармсодинагроботнасвојоттатко.Доаѓадоцнаве-
черта.Понеговотолицесегледадекаплачел.Јазамолувазауште
време и вели дека не е подготвен. Целата наредна недела го пов-
торува истиот обред. Еден ден се враќа дома и и вели: „Запомни
- црвени марами. Само тоа и ти нема да одиш да копаш ровови“.
Доаѓа и тој ден и тие се упатуваат на една падина надвор од гра-
дот. Глетката е страшна. Жени од сите возрасти се искачуваат
кон пунктот за пријавување. Има старици, мајки со деца, болни
жени. Хармс останува во подножјето и пали лула. Сопругата се
качува низ толпата која моли да биде ослободена од должности-
те. Двајца мажи во униформи викаат - нема ослободување за ни-
кого, сите мораат да работат. Доаѓа ред на неа, а таа само мисли
на црвените марами. Го кажува своето име и човекот вели дека е
ослободена од обврската. Се враќа по падината кон Хармс. Тој
мирно станува и тргнуваат кон домот. Кога доаѓаат дома таа не
може да ги сопре солзите. Тој седнува покрај неа и ~ вели: „Немој
никогаш да заборавиш, чудата на земјата постојат“.
Темата на старогрчката трагедија на Софокле, во која де-
војката Антигона, пркосејќи ~ на судбината, боговите и кра-
лот Креонт, го закопува својот мртов брат, обвинет за велеп-
редавство, знаејќи дека со тоа ја потпишува и својата смртна
казна, Ануј ја претворил во крајно актуелна современа драма
на револт на поединецот против власта и политичкиот сис-
тем. Постојат ли денес херои, од типот на Антигона?
Последните три Антигони се девојките од Русија. Нивниот чин
за мене е еден од најсилните демонстрации на слободна волја кој
како што знаеме, заврши страшно по нив. Дали денес некој си
споменува на тие девојки. Светот постојано произведува нови и
нови трагедии за да ги заборави претходните. Начинот на кој
системот се пресмета со овие две Антигони е доказ за тоа колку
Антигоните се важни денес. Еден криминалец или убиец сигур-
но поминува со помала казна од овие девојки. Тоа само покажу-
ва колку системот се плаши од Антигоните. А се плаши бидејќи
нивното дејствување е ослободено од логиката на политиката. И
тоа ги плаши. Окружени сме со слики на мускулести мажи кои со
меч во раката го сечат воздухот, а всушност вистинските херои
на денешното време ќе бидат хероини. Доаѓа времето на Антиго-
ните.
„Одисеј“, која ја поставивте во театарот „Улисис“, по пре-
миерата и во Загреб, гостуваше во Нови Сад. Како сте задово-
лен од досегашниот прием на публиката на оваа претстава и
дали наскоро ќе може да ја видиме и во Македонија?
Прв пат отпловив надвор од Македонија 1994 година со една
претстава која се викаше „Туку така под Облака“. Отидов во Дан-
ска во градот Орхус и таму ја одигравме пет пати пред необјек-
тивната данска публика. Потоа гостувавме насекаде и патување-
то ми стана нормална состојба на духот. Оттогаш моите претста-
ви, а и јас заедно со нив патуваат насекаде. На исток најдалеку во
Москва и Истанбул. На север до Стокхолм и Лондон, а на запад до
Караказ и Богота. За да го поминам тој пат морав да се справам
со немирното море, да го победам киклопот, да ја пречујам пес-
ната на сирените, да ја поминам Сцила и Харибда, да свратам до
Хадот Тиресиј да ми шепне една тајна. Одисеј е приказна на секој
оној што има цел до која посакува да стигне. Сосема друга рабо-
та е дали кога ќе стигне на посакуваното место, тоа е онакво как-
во тој го има во мислите. Претставата во меѓувреме ќе се игра и
во Белград, и во Виена и во Марибор. Многу посакувам да дојде
и во Македонија. Се надевам на „Охридско лето“ или на МОТ. Го
посакувам тоа и поради текстот што го напиша мојот театарски
чичко - Горан Стефановски. Тој, како постар Одисеј од мене, на-
пиша прекрасен драмски текст за оние што талкаат. И во него си
го опеа и сопственото талкање. Текст кој по долго време ме нате-
ра да се чувствувам како кога го читав „Диво месо“. И уште неш-
то многу важно. Песните ги опеаја и испеаја чедата од вокално-
инструменталната дружина „Фолтин“. Песната, „Домот ми е та-
му...“ е тажно ако не се испее и во нашата дома.
Во копродукција на претставата „Одисеј“ влегува и теата-
рот „Навигаторот Цветко“ од Скопје. Дали доволно парични
средства издвои овој театар за реализација на претставата,
како и за понатамошните гостувања?
Театарот на Навигаторот Цветко не може да издвои моментно
ништо. Тој единствено може да добие средства од Министерство-
то за култура, што и се случи. За да има сопствени средства, мо-
рам да најдам мецена (што немам) или, пак, да имам свој прос-
тор (што немам) каде би настапувал. Главен финансиер на кул-
турата во Македонија и единствен во исто време е Министер-
ствотозакултура.Иситесмеосуденидаодименатојизвордапи-
еме вода. И затоа таму се собираат антилопи, зебри, крокодили
и алигатори, те по некој лав и гну. Такви слики сум гледал само
на училишна програма во емисијата „Опстанок“. Сакам да ка-
жам дека мора да се најдат нови форми на финансирање затоа
што една цицка не е доволна за 13 прасиња.
Оваа година работевте на три претстави во Хрватска, па
почнаа да се шират различни гласишта, како Ви се загаран-
тирани неколку театри за работа во Загреб, како сте се фати-
ле со високи театарски кланови.... Што би искоментирале во
овој контекст?
Угоре високо, удолу длабоко. Тие работи одат со модата. Едно
време те фалат, потоа без никаква причина те напаѓаат. Се на-
викнав и си направив внатрешна контрола така што јас самиот
знам кога е нешто добро или не. Како мал правевме еден стрип
каде што главниот јунак беше најверен другар на Гоце Делчев и
интимен пријател на турскиот султан. Сега има еден тренд на
едни против други. И тој тренд не е само локален македонски
производ, туку да ти бил многу модерен во Европа. Главен проб-
лем си имаат луѓето како мене што нејќат да фатат страна. И за-
тоа што нејќеш, тогаш, сакаш-нејќеш, страните ќе фатат кон те-
бе.
Останувате во Загреб или се враќате во Скопје? Во кој теа-
тар ќе ја поставите Вашата идна претстава?
Во Загреб работам монодрама со глумецот Озрен Грабариќ
(тој го игра Одисеј). Работиме колаж од „Дневникот на лудиот“
на Гогољ и од „Записи од подземјето“ на Достоевски. Уживам да
работам со овој глумец затоа што тој многу сака да си игра и се-
когаш смислува нешто што мене ми е смешно. А јас сакам да се
смеам. Потоа одам во Љубљана и таму работам претстава по тек-
стот на Мајаковски „Мистерија Буфо“. Драма за човештвото кое
прави револуција и трага по совршеното општество. Сега во Сло-
венија е многу модерна револуцијата, ама текстов го договорив
уште пред една година, така што изгледа сега ќе бидам не сакај-
ќи модерен.
Доаѓа времето на Антигоните
„Подготвен сум да бидам демоде,
ама не сум подготвен да служам на
ниту една политика за нејзината
гласност“, вели режисерот во чиј
знак помина загрепската театарска
сезона 2012/ 2013
Сцени од претставите „Одисеј“ и „Антигона“ (долу)
Пооолееекааа!
Може ли наскоро да очекуваме скопска премиера на
Вашиот филм „Балканот не е мртов“?
Има една сцена во филмот во која Осман (Никола Риста-
новски) ги учи танчарките во харемот како да мешаат со сто-
мак. Тие мешаат со стомак, а тој им објаснува дека треба со
страст, однатре. Жените пак почнуваат и тогаш Осман го
извикува мојот омилен збор. Пооолееекааа! (додека го чита-
те морате да го изговарате како што пишува, инаку, не се
разбира), За премиерата е најбитно да дојде пролетта. Мене
зимно време ми студи. Филмот ми е летен, така што мислам
дека премиерата треба да биде пролетна.
ИНТЕРВЈУ: Александар Поповски

More Related Content

Similar to Intervju Aco Popovski

Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војни
Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војниБитово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војни
Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војниAleksandar Arsovski
 
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело вр...
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело вр...Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело вр...
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело вр...First Children's Embassy in the World
 
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело вр...
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело вр...Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело вр...
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело вр...Детска Амбасада Меѓаши
 
Унковски во Загреб
Унковски во ЗагребУнковски во Загреб
Унковски во ЗагребElena Angelovska
 
Македонска лирика
Македонска лирикаМакедонска лирика
Македонска лирикаOnlineEduCenter
 
Животот на Молиер Риека
Животот на Молиер РиекаЖивотот на Молиер Риека
Животот на Молиер РиекаElena Angelovska
 

Similar to Intervju Aco Popovski (8)

Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војни
Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војниБитово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војни
Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војни
 
Стилски Фигури
Стилски ФигуриСтилски Фигури
Стилски Фигури
 
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело вр...
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело вр...Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело вр...
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело вр...
 
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело вр...
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело вр...Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело вр...
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело вр...
 
Унковски во Загреб
Унковски во ЗагребУнковски во Загреб
Унковски во Загреб
 
Македонска лирика
Македонска лирикаМакедонска лирика
Македонска лирика
 
Животот на Молиер Риека
Животот на Молиер РиекаЖивотот на Молиер Риека
Животот на Молиер Риека
 
MESS 2011
MESS 2011MESS 2011
MESS 2011
 

More from Elena Angelovska

More from Elena Angelovska (7)

ref letter009-1
ref letter009-1ref letter009-1
ref letter009-1
 
Preporaka Brlek
Preporaka BrlekPreporaka Brlek
Preporaka Brlek
 
sken2
sken2sken2
sken2
 
Еуроказ 2013
Еуроказ 2013Еуроказ 2013
Еуроказ 2013
 
Травничка Хроника
Травничка ХроникаТравничка Хроника
Травничка Хроника
 
Изложба Осумдесеттите
Изложба ОсумдесеттитеИзложба Осумдесеттите
Изложба Осумдесеттите
 
14
1414
14
 

Intervju Aco Popovski

  • 1. 17ЧЕТВРТОК 3 ЈАНУАРИ 2013 КУЛТУРА ЕЛЕНА АНГЕЛОВСКА З агрепската театарска сезона 2012/2013 помина во знакот на режисерот Александар Поповски, кој својата меѓународ- на кариера започна да ја гради од почетокот на деведесетти- те. Во средината на ноември на сцената на загрепскиот градски театар „Гавела“ тој ја постави претставата „Антигона“ по текст на Жан Ануј, по што на истата сцена следуваше и загрепската пре- миера на „Одисеј“ по текст на Горан Стефановски, претходно ве- ќе одиграна на Бриони. Минатиот месец дебитираше и на сцена- та на Хрватско народно позориште со претставата „Богојавенска ноќ или како што милувате“ по текст на Шекспир. Покрај Вашите многубројни претстави во хрватските теат- ри,првпатостваривтесоработкаисоХрватскотонароднока- залиште во Загреб. Пред премиерата на „Богојавенска ноќ иликакоштомилувате“изјавивтедеканасценатанаХНКсте се одлучиле да поставите претстава „во која нема да има ништо од она што нас секојдневно ни се сервира - војна, по- литика, насилство, економија и криза“. Ваквиот Ваш став мо- же да се протолкува и како бегање од реалноста или можеби едноставно почувствувавте дека на публиката во овој мо- мент ~ е потребна токму оваа претстава? Дел од хрватските медиуми го протолкуваа како бегање од ре- алноста. Јас сум активен театарски од почетокот на деведесетти- те. Направив многу претстави кои директно се конфронтираа и ја коментираа реалноста. Последна на таа тема е „Животот на Молиер“ поставена на сцената на Македонскиот народен театар. Не мислам дека театарот треба да биде инфериорен во однос на реалноста, ама мислам дека моментно постои искривена слика кон тоа што е таа реалност и актуелност. Мислам дека постои една наводна ангажираност која не ~ служи на културата, тука на политиката. Во овој момент сите викаме гласно низ една цевка. И само гласното и само она што таа цевка го пропушта е един- ственото релевантно. Со овој принцип не се согласувам. Нема да бидам слуга на една политизираност на животот. Историјата на уметноста и театарот е полна со теми и правци кои не се дирек- тно и не биле директно политички ангажирани. Уметноста поз- нава доста љубов, смеа, голи жени, коњи на поило и човек на кој од газот му излегува дрвце. Во овој момент сум подготвен да би- дам демоде, ама не сум подготвен да служам на ниту една поли- тика за нејзината гласност. Не може да бидеш и Хамлет и да го поддржуваш буџетот. Освен ако реченицата „Да се биде или не“ се однесува на донесувањето на буџетот, ама тогаш тоа е некоја друга претстава и некој друг театар. Клучните прашања во претставата „Богојавенска ноќ или како што милувате“ се поврзани за љубовта. Шекспир вели дека вљубените очи го гледаат светот малку поинаку. Дали сметате дека е подобро и поздраво да ~ се зборува на публи- ката за љубов и секс отколку за политика и војни? Една приказна која ја раскажува сопругата на големиот руски писател Данил Хармс е следнава - Војната е пред вратата на Руси- ја и доаѓа команда сите жени да одат да копаат ровови околу гра- дот. Хармс ~ вели дека таа нема да оди да копа и дека тој ќе ~ ка- же нешто што ќе ја спаси. Само мора да му верува и да биде трпе- лива.ТојденХармсодинагроботнасвојоттатко.Доаѓадоцнаве- черта.Понеговотолицесегледадекаплачел.Јазамолувазауште време и вели дека не е подготвен. Целата наредна недела го пов- торува истиот обред. Еден ден се враќа дома и и вели: „Запомни - црвени марами. Само тоа и ти нема да одиш да копаш ровови“. Доаѓа и тој ден и тие се упатуваат на една падина надвор од гра- дот. Глетката е страшна. Жени од сите возрасти се искачуваат кон пунктот за пријавување. Има старици, мајки со деца, болни жени. Хармс останува во подножјето и пали лула. Сопругата се качува низ толпата која моли да биде ослободена од должности- те. Двајца мажи во униформи викаат - нема ослободување за ни- кого, сите мораат да работат. Доаѓа ред на неа, а таа само мисли на црвените марами. Го кажува своето име и човекот вели дека е ослободена од обврската. Се враќа по падината кон Хармс. Тој мирно станува и тргнуваат кон домот. Кога доаѓаат дома таа не може да ги сопре солзите. Тој седнува покрај неа и ~ вели: „Немој никогаш да заборавиш, чудата на земјата постојат“. Темата на старогрчката трагедија на Софокле, во која де- војката Антигона, пркосејќи ~ на судбината, боговите и кра- лот Креонт, го закопува својот мртов брат, обвинет за велеп- редавство, знаејќи дека со тоа ја потпишува и својата смртна казна, Ануј ја претворил во крајно актуелна современа драма на револт на поединецот против власта и политичкиот сис- тем. Постојат ли денес херои, од типот на Антигона? Последните три Антигони се девојките од Русија. Нивниот чин за мене е еден од најсилните демонстрации на слободна волја кој како што знаеме, заврши страшно по нив. Дали денес некој си споменува на тие девојки. Светот постојано произведува нови и нови трагедии за да ги заборави претходните. Начинот на кој системот се пресмета со овие две Антигони е доказ за тоа колку Антигоните се важни денес. Еден криминалец или убиец сигур- но поминува со помала казна од овие девојки. Тоа само покажу- ва колку системот се плаши од Антигоните. А се плаши бидејќи нивното дејствување е ослободено од логиката на политиката. И тоа ги плаши. Окружени сме со слики на мускулести мажи кои со меч во раката го сечат воздухот, а всушност вистинските херои на денешното време ќе бидат хероини. Доаѓа времето на Антиго- ните. „Одисеј“, која ја поставивте во театарот „Улисис“, по пре- миерата и во Загреб, гостуваше во Нови Сад. Како сте задово- лен од досегашниот прием на публиката на оваа претстава и дали наскоро ќе може да ја видиме и во Македонија? Прв пат отпловив надвор од Македонија 1994 година со една претстава која се викаше „Туку така под Облака“. Отидов во Дан- ска во градот Орхус и таму ја одигравме пет пати пред необјек- тивната данска публика. Потоа гостувавме насекаде и патување- то ми стана нормална состојба на духот. Оттогаш моите претста- ви, а и јас заедно со нив патуваат насекаде. На исток најдалеку во Москва и Истанбул. На север до Стокхолм и Лондон, а на запад до Караказ и Богота. За да го поминам тој пат морав да се справам со немирното море, да го победам киклопот, да ја пречујам пес- ната на сирените, да ја поминам Сцила и Харибда, да свратам до Хадот Тиресиј да ми шепне една тајна. Одисеј е приказна на секој оној што има цел до која посакува да стигне. Сосема друга рабо- та е дали кога ќе стигне на посакуваното место, тоа е онакво как- во тој го има во мислите. Претставата во меѓувреме ќе се игра и во Белград, и во Виена и во Марибор. Многу посакувам да дојде и во Македонија. Се надевам на „Охридско лето“ или на МОТ. Го посакувам тоа и поради текстот што го напиша мојот театарски чичко - Горан Стефановски. Тој, како постар Одисеј од мене, на- пиша прекрасен драмски текст за оние што талкаат. И во него си го опеа и сопственото талкање. Текст кој по долго време ме нате- ра да се чувствувам како кога го читав „Диво месо“. И уште неш- то многу важно. Песните ги опеаја и испеаја чедата од вокално- инструменталната дружина „Фолтин“. Песната, „Домот ми е та- му...“ е тажно ако не се испее и во нашата дома. Во копродукција на претставата „Одисеј“ влегува и теата- рот „Навигаторот Цветко“ од Скопје. Дали доволно парични средства издвои овој театар за реализација на претставата, како и за понатамошните гостувања? Театарот на Навигаторот Цветко не може да издвои моментно ништо. Тој единствено може да добие средства од Министерство- то за култура, што и се случи. За да има сопствени средства, мо- рам да најдам мецена (што немам) или, пак, да имам свој прос- тор (што немам) каде би настапувал. Главен финансиер на кул- турата во Македонија и единствен во исто време е Министер- ствотозакултура.Иситесмеосуденидаодименатојизвордапи- еме вода. И затоа таму се собираат антилопи, зебри, крокодили и алигатори, те по некој лав и гну. Такви слики сум гледал само на училишна програма во емисијата „Опстанок“. Сакам да ка- жам дека мора да се најдат нови форми на финансирање затоа што една цицка не е доволна за 13 прасиња. Оваа година работевте на три претстави во Хрватска, па почнаа да се шират различни гласишта, како Ви се загаран- тирани неколку театри за работа во Загреб, како сте се фати- ле со високи театарски кланови.... Што би искоментирале во овој контекст? Угоре високо, удолу длабоко. Тие работи одат со модата. Едно време те фалат, потоа без никаква причина те напаѓаат. Се на- викнав и си направив внатрешна контрола така што јас самиот знам кога е нешто добро или не. Како мал правевме еден стрип каде што главниот јунак беше најверен другар на Гоце Делчев и интимен пријател на турскиот султан. Сега има еден тренд на едни против други. И тој тренд не е само локален македонски производ, туку да ти бил многу модерен во Европа. Главен проб- лем си имаат луѓето како мене што нејќат да фатат страна. И за- тоа што нејќеш, тогаш, сакаш-нејќеш, страните ќе фатат кон те- бе. Останувате во Загреб или се враќате во Скопје? Во кој теа- тар ќе ја поставите Вашата идна претстава? Во Загреб работам монодрама со глумецот Озрен Грабариќ (тој го игра Одисеј). Работиме колаж од „Дневникот на лудиот“ на Гогољ и од „Записи од подземјето“ на Достоевски. Уживам да работам со овој глумец затоа што тој многу сака да си игра и се- когаш смислува нешто што мене ми е смешно. А јас сакам да се смеам. Потоа одам во Љубљана и таму работам претстава по тек- стот на Мајаковски „Мистерија Буфо“. Драма за човештвото кое прави револуција и трага по совршеното општество. Сега во Сло- венија е многу модерна револуцијата, ама текстов го договорив уште пред една година, така што изгледа сега ќе бидам не сакај- ќи модерен. Доаѓа времето на Антигоните „Подготвен сум да бидам демоде, ама не сум подготвен да служам на ниту една политика за нејзината гласност“, вели режисерот во чиј знак помина загрепската театарска сезона 2012/ 2013 Сцени од претставите „Одисеј“ и „Антигона“ (долу) Пооолееекааа! Може ли наскоро да очекуваме скопска премиера на Вашиот филм „Балканот не е мртов“? Има една сцена во филмот во која Осман (Никола Риста- новски) ги учи танчарките во харемот како да мешаат со сто- мак. Тие мешаат со стомак, а тој им објаснува дека треба со страст, однатре. Жените пак почнуваат и тогаш Осман го извикува мојот омилен збор. Пооолееекааа! (додека го чита- те морате да го изговарате како што пишува, инаку, не се разбира), За премиерата е најбитно да дојде пролетта. Мене зимно време ми студи. Филмот ми е летен, така што мислам дека премиерата треба да биде пролетна. ИНТЕРВЈУ: Александар Поповски