SlideShare a Scribd company logo
1 of 1
Download to read offline
14 ВТОРНИК 13 ОКТОМВРИ 2015КУЛТУРА
ЕЛЕНА АНГЕЛОВСКА
Р
ежисерот Борут Шепаровиќ студирал
филозофија и компаративна книжев-
ност на Филозофскиот факултет во
Загреб каде што и живее. Како основач,
уметнички раководител, режисер и коре-
ограф е поврзан со групата„Монтажстрој“
која под негово водство од основањето во
1989 година, до денес е заштитен знак на
новиот и поинаков театар во Хрватска и
надвор од неа. Водел повеќе уметничко-
истражувачки работилници во разни зем-
ји, а работел и како педагог на академија-
та St. Joost во Холандија. Сопствената пе-
дагогија и методологија веќе 20 години ги
гради подеднакво успешно во работата со
професионални изведувачи (танчари,
актери), млади уметници и луѓе без прет-
ходно театарско и уметничко искуство. Со
„Монтажстрој“ гостуваше на 40.МОТ со
претставата „А каде е револуцијата, сто-
ко?“ која лани премиерно беше изведена
на „Битеф“ во Белград.
Со „Монтажстрој“ гостувавте и на
20.МОТсопретставата„EverybodyGoesto
Disco From Moscow to San Francisco“, која
беше изведувана низ целиот свет. Како
сега го видовте јубилејниот, 40. МОТ?
Соогледдекаминатиотпатдојдовмепред
дваесет години, тоа е многу голем период.
Сосема случајно се погоди и сега и тогаш да
дојдеме на јубилејните изданија на Младиот
отворен театар . И тогаш и сега немав време
да го видам градот . Добро се сеќавам дека
во 1995 публиката беше страшно отворена
и дека многу убаво ја прими претставата ко-
ја навистина ја игравме низ целиот свет, но
овде на МОТ ми се чини дека приемот беше
најтопол и најинтересен. Многу ми е драго
што бевме повторно на фестивалот, а посеб-
но што од публиката повторно добивме ова-
ции. Поради тоа се надевам дека нема да по-
минат 20 години пред повторно да се срет-
неме со публиката во Скопје.
Реализирате театарски спектакли кои
просторно и временски припаѓаат на се-
гашноста, каква што е и претставата „А
каде е револуцијата, стоко?“, со која годи-
нава „Монтажстрој“ одбележа 25 години
постоење. Зошто ја избравте токму таа
тема?
Темата на претставата не ја избравме по-
радијубилејот,тааможеби добросевклопу-
ва во него во смисла што всушност сме нап-
равиле во овие 25 години и дали дејствува-
њето на нашата театарска група имаше не-
каков поширок ефект. Самата тема на прет-
ставата кореспондира со времето во кое жи-
вееме, во кое очигледно има многу неправ-
ди, не само во Хрватска и во нашата пора-
нешна држава, туку се работи за криза која
го тресе целиот свет. Кризата постојано ука-
жува дека има многу проблеми кои во нај-
добра варијанта можеби и можат делумно
да се поправат, но нејзините причини вооп-
што не се решаваат. Сведоци сме на бегал-
ската криза која за државите во овој регион
претставува голем проблем, а тоа не се ра-
боти кои лесно се решаваат. Оваа претстава
не зборува директно за тоа, но на некој на-
чин ги преиспитува основните проблеми
врз кои почива еден систем во кој живееме
и кој опстанува токму низ производство на
кризи и неправди. Кога ќе се согласиме дека
треба да го менуваме, никој нема да знае ка-
ко и од каде треба да почне. Претставата
зборува и за нашата пасивност, колку ние
како поединци и како заедница сме подгот-
вени да направиме нешто за создавање на
подобро општество.
Во креирање на музичкиот репертоар на
„А каде е револуцијата, стоко?“ преку ци-
тати,парафразиипрепевигоиматеупот-
ребено култниот југословенски албум
„Пакет аранжман“ („Шарло акробата“,
„Идоли“ и „Електрични оргазам“ ) од
1981 година, кој како што велите се смета
заМонаЛизанајугословенскатапоп-кул-
тура. Од каде инспирацијата за тоа и как-
во гледате на влијанието на поп- култура-
та тогаш и денес?
Тоа беше музика која мене во тој период
ми изгледаше прогресивно, ми значеше
нешто. Ја доведовме во некои нови контек-
сти, не направивме само ремикс, туку ре-
контекстуализација во музичка и во тексту-
ална смисла. Тоа беше некоја почетна
инспирација и низ еден долг процес добив-
ме сосема ново дело. Денес кога размислу-
вам за музиката од овие простори од перио-
доткогабевтинејџер,мисламдека нејзини-
те пораки се чинат доста бунтовно, но не и
револуционерно. Создадена е во период на
една југословенскакризаштозавршисовој-
на. Сега кога тие пораки се читаат по 35 го-
дини изгледаат смешно, како да немаат
врска со времево во кое живееме, а мене ми
беше интересно да преиспитам што се слу-
чило во тие неколку десетлетија, од почето-
кот на таа криза, од смртта на Тито, но и
што е уште поважно, од моментот кога за-
почнавмедагивраќамекредититенаММФ.
Кога се смрзнуваа платите, кога беше драс-
тичен падот на стандардот, сето она што
гледаме дека се случува во Грција. Ако еко-
номски ја гледаме заднината на таа криза
можеби ќе можеме подобро да го разбере-
ме распадот на целата Југославија и на она
што се случи. Музиката денес, пред с`, е за-
бава, таа треба да биде пријатна за уво и да
бидекулзадасевртинарадио.Ретконаиду-
ваме на сериозни политички песни. Нешто
од тоа можеби и може да се најде во хип-хо-
пот, но ако сериозно анализираме, праша-
ње е што тие луѓе воопшто зборуваат.
Во претставата е нагласена автоцензура-
та...
„А каде е револуцијата, стоко?“ е создаде-
на на дигитални остатоци на една друга
претстава која згасна поради тоа што некои
од авторите на југословенскиот нов бран
сметаа дека со неа се кршат нивните автор-
ски права. Поради тоа ја зедовме автоцензу-
рата како уметничка постапка, како креати-
венпроцесвокојнастануваатмногудупкии
празнини, но поради тоа се отвораат и нови
простори за размислување за авторските
права и за интелектуалната сопственост.
Мислам дека кога многу луѓе ќе слушнат де-
ка музиката е нешто што не се троши кога
меѓусебно ја делиме, може поинаку да раз-
мислуваат за темата за авторските права.
Сите сме начелно за авторски права, мисли-
медекатребадасештитат,носитесимнува-
ме песни, филмови и книги од интернет.
Но, слободниот пазар наметнува други пра-
вила, правила на добра, на профит, заработ-
ка... Значи ако имаме правна ситуација која
поголемиот број луѓе ги става во позиција
на прекршувачи на закон, мора да увидиме
дека тука нешто не е во ред. Од друга стра-
на, авторските права денеска најмалку ги
штитат уметниците кои веќе имаат создаде-
но некое уметничко дело, а се впрегнуваат
во интересите на филмската корпорација,
на издавачките куќи, на музичката индус-
трија... Јассамиотнезнамкакобигорешил
тој проблем, но токму поради тоа и треба да
зборуваме за него.
Често се повикувате на стварноста. Што е
таа за Вас?
Пред с`, стварноста не е само една. Ствар-
носта се односите помеѓу луѓето од локални
до глобални рамништа. Тие рамништа ме-
ѓусебно се поврзани. На пример, кога ше-
там по улиците на својот град, гледам луѓе
кои копаат по ѓубрето бидејќи тоа им е
очигледно единствен начин да преживеат.
Заменетоаестварност,нотааеповрзанасо
глобалната стварност, со крвожедниот ка-
питализам на светско рамниште кој допуш-
та луѓето да пропаднат преку тие граници
на достоинствен живот и токму на такви ви-
дови неправди се репродуцира самиот себе.
Стварност се бегалците кои ја ставаат глава-
та во торба во потрага за подобар живот би-
дејќи нивниот дотогашен живот е разурнат
поради светски геополитички и економски
процеси со кои реално управуваат еден грст
луѓе. Стварноста за мене е и константната
несигурност. Во проектите на кои работиме
честосумсезанимавалтокмусомаргинали-
зирани и отфрлени луѓе бидејќи сум свесен
дека од удобниот живот на досонуваниот
европски сон до сиромаштијата и бедата па-
тот не е толку долг. Тоа е денешната ствар-
ност – луѓето се потрошувачка стока, денес-
ка си – утре не си. Токму тоа е оската на до-
кументарниотфилм„Потрошени“којнаста-
на од нашиот комјунити арт проект, „55+“.
Во „Монтажстрој“ ги реализиравте Ваши-
те први претстави, групата брзо достигна
култен статус, повеќе комуникација има-
теоствареносоЗапад.КакогледатенаВа-
шата уметничка практика и кои претста-
ви би ги издвоиле?
Основната мисија на „Монтажстрој“ од
неговите почетоци е цврст однос на умет-
ничкодејствувањесостварноставокоја жи-
вееме. Поради тоа не можам да издвојам по-
единечни претстави или проекти, во пос-
ледно време и филмови, бидејќи започнав-
ме да дејствуваме и во филмски медиум.
Мислам дека значењето на „Монтажстрој“
во таа смисла може да се гледа единствено
кумулативно, низ пресек на сите тие проек-
ти бидејќи токму со нив добиваме уметнич-
ки преглед во последниве 25 години на на-
шето општество и процесите во кои се нај-
де. Транзицијата го обележи „Монтаж-
строј“, како што „Монтажстрој“ ги бележе-
ше транзицијата и нејзините ефекти. Денес
на еднаков начин ја бележи кризата, која
нам ни се претставува како нешто што е мо-
ментално, но да не заборавиме дека капита-
лизмот почива токму врз кризата.
Каде одите понатаму? Кои се Вашите мо-
ментални ангажмани?
Моментално работиме на два проекта.
Проектот „Недовршено“ се занимава со
никогаш неизградената Универзитетска
болница во Загреб која требаше да биде
најголем развоен проект на здравствениот
систем во Хрватска и во поранешна Југос-
лавија. Нејзината градба започна во 1985
година, ја финансираа граѓаните со месеч-
ни самопридонеси, но изградена е до по-
ловина и е препуштена на пропаѓање. Са-
каме таа болница да ја претставиме како
еден утописки проект и да го поставиме
прашањето дали с` уште веруваме во ко-
лективни утопии. Проектот исто така мно-
гу ќе каже за моменталната состојба во
здравствениот систем кој здравјето го тре-
тира како нешто што го заслужуваат оние
што можат да го платат. Другиот проект го
работиме во копродукција со Загрепскиот
театар на млади. Основна инспирација за
претставата „Црна книга“ е проблемот на
долговите во швајцарски франци, кој на
раб на егзистенција донесе илјадници се-
мејства во Хрватска и пошироко. Но таа
тема ќе ја развиеме многу пошироко, со
прашањата на долгот воопшто. Ќе се оби-
деме да разгледаме на кој начин долгот е
погонска сила на економскиот систем во
кој живееме.
Вечерва, во Младинскиот културен
центар во Скопје, со почеток во 20
часот ќе се одржи промоција на
книгата „Зборовите немаат значење“
од Биљана Стојановска. Промотивна
реч за книгата ќе одржи Никола
Маџиров, музичка поддршка на
настанот ќе обезбеди Јаков
Дренковски, а ќе читаат Владимир
Мартиновски, Ѓоко Здравески, Ана
Голејшка, Николина Андова Шопова.
„Поезијата на Биљана Стојановска е
длабок допир со ритуалноста на денот.
Обичноста на објектите и нивната
конкретна и вербална поврзаност со
мигот и со телото на оној што пишува
го исцртуваат топлиот амбиент на
присуството на една широка љубов –
љубов што живее во делбата пред да
стане разделба и во припомнувањето
пред да стане помнење“, истакнува
промоторот Никола Маџиров.
Промоцијата на поетската книга,
која е во издание на „Антолог“ од
Скопје, е во рамките на „Букстар“,
првиот фестивал на европска
литература во Македонија.
Промоција на „Зборовите немаат значење“
од Биљана Стојановска
ИНТЕРВЈУ: Борут Шепаровиќ
„Монтажстрој“
ја бележи кризата
Хрватскиот режисер кој гостуваше на 40.МОТ со претставата
„А каде е револуцијата, стоко?“во изведба на „Монтажстрој“, во Загреб
работи и на „Црна книга“ инспирирана од проблемот на долговите
во швајцарски франци

More Related Content

Viewers also liked (10)

MESS 2011
MESS 2011MESS 2011
MESS 2011
 
Intervju Aco Popovski
Intervju Aco PopovskiIntervju Aco Popovski
Intervju Aco Popovski
 
Preporaka Brlek
Preporaka BrlekPreporaka Brlek
Preporaka Brlek
 
sken2
sken2sken2
sken2
 
Ерјона Какели
Ерјона КакелиЕрјона Какели
Ерјона Какели
 
15
1515
15
 
Интервју Татјана Мандиќ Ригонат
Интервју Татјана Мандиќ РигонатИнтервју Татјана Мандиќ Ригонат
Интервју Татјана Мандиќ Ригонат
 
Еуроказ 2013
Еуроказ 2013Еуроказ 2013
Еуроказ 2013
 
ref letter009-1
ref letter009-1ref letter009-1
ref letter009-1
 
revija elena
revija elenarevija elena
revija elena
 

14

  • 1. 14 ВТОРНИК 13 ОКТОМВРИ 2015КУЛТУРА ЕЛЕНА АНГЕЛОВСКА Р ежисерот Борут Шепаровиќ студирал филозофија и компаративна книжев- ност на Филозофскиот факултет во Загреб каде што и живее. Како основач, уметнички раководител, режисер и коре- ограф е поврзан со групата„Монтажстрој“ која под негово водство од основањето во 1989 година, до денес е заштитен знак на новиот и поинаков театар во Хрватска и надвор од неа. Водел повеќе уметничко- истражувачки работилници во разни зем- ји, а работел и како педагог на академија- та St. Joost во Холандија. Сопствената пе- дагогија и методологија веќе 20 години ги гради подеднакво успешно во работата со професионални изведувачи (танчари, актери), млади уметници и луѓе без прет- ходно театарско и уметничко искуство. Со „Монтажстрој“ гостуваше на 40.МОТ со претставата „А каде е револуцијата, сто- ко?“ која лани премиерно беше изведена на „Битеф“ во Белград. Со „Монтажстрој“ гостувавте и на 20.МОТсопретставата„EverybodyGoesto Disco From Moscow to San Francisco“, која беше изведувана низ целиот свет. Како сега го видовте јубилејниот, 40. МОТ? Соогледдекаминатиотпатдојдовмепред дваесет години, тоа е многу голем период. Сосема случајно се погоди и сега и тогаш да дојдеме на јубилејните изданија на Младиот отворен театар . И тогаш и сега немав време да го видам градот . Добро се сеќавам дека во 1995 публиката беше страшно отворена и дека многу убаво ја прими претставата ко- ја навистина ја игравме низ целиот свет, но овде на МОТ ми се чини дека приемот беше најтопол и најинтересен. Многу ми е драго што бевме повторно на фестивалот, а посеб- но што од публиката повторно добивме ова- ции. Поради тоа се надевам дека нема да по- минат 20 години пред повторно да се срет- неме со публиката во Скопје. Реализирате театарски спектакли кои просторно и временски припаѓаат на се- гашноста, каква што е и претставата „А каде е револуцијата, стоко?“, со која годи- нава „Монтажстрој“ одбележа 25 години постоење. Зошто ја избравте токму таа тема? Темата на претставата не ја избравме по- радијубилејот,тааможеби добросевклопу- ва во него во смисла што всушност сме нап- равиле во овие 25 години и дали дејствува- њето на нашата театарска група имаше не- каков поширок ефект. Самата тема на прет- ставата кореспондира со времето во кое жи- вееме, во кое очигледно има многу неправ- ди, не само во Хрватска и во нашата пора- нешна држава, туку се работи за криза која го тресе целиот свет. Кризата постојано ука- жува дека има многу проблеми кои во нај- добра варијанта можеби и можат делумно да се поправат, но нејзините причини вооп- што не се решаваат. Сведоци сме на бегал- ската криза која за државите во овој регион претставува голем проблем, а тоа не се ра- боти кои лесно се решаваат. Оваа претстава не зборува директно за тоа, но на некој на- чин ги преиспитува основните проблеми врз кои почива еден систем во кој живееме и кој опстанува токму низ производство на кризи и неправди. Кога ќе се согласиме дека треба да го менуваме, никој нема да знае ка- ко и од каде треба да почне. Претставата зборува и за нашата пасивност, колку ние како поединци и како заедница сме подгот- вени да направиме нешто за создавање на подобро општество. Во креирање на музичкиот репертоар на „А каде е револуцијата, стоко?“ преку ци- тати,парафразиипрепевигоиматеупот- ребено култниот југословенски албум „Пакет аранжман“ („Шарло акробата“, „Идоли“ и „Електрични оргазам“ ) од 1981 година, кој како што велите се смета заМонаЛизанајугословенскатапоп-кул- тура. Од каде инспирацијата за тоа и как- во гледате на влијанието на поп- култура- та тогаш и денес? Тоа беше музика која мене во тој период ми изгледаше прогресивно, ми значеше нешто. Ја доведовме во некои нови контек- сти, не направивме само ремикс, туку ре- контекстуализација во музичка и во тексту- ална смисла. Тоа беше некоја почетна инспирација и низ еден долг процес добив- ме сосема ново дело. Денес кога размислу- вам за музиката од овие простори од перио- доткогабевтинејџер,мисламдека нејзини- те пораки се чинат доста бунтовно, но не и револуционерно. Создадена е во период на една југословенскакризаштозавршисовој- на. Сега кога тие пораки се читаат по 35 го- дини изгледаат смешно, како да немаат врска со времево во кое живееме, а мене ми беше интересно да преиспитам што се слу- чило во тие неколку десетлетија, од почето- кот на таа криза, од смртта на Тито, но и што е уште поважно, од моментот кога за- почнавмедагивраќамекредититенаММФ. Кога се смрзнуваа платите, кога беше драс- тичен падот на стандардот, сето она што гледаме дека се случува во Грција. Ако еко- номски ја гледаме заднината на таа криза можеби ќе можеме подобро да го разбере- ме распадот на целата Југославија и на она што се случи. Музиката денес, пред с`, е за- бава, таа треба да биде пријатна за уво и да бидекулзадасевртинарадио.Ретконаиду- ваме на сериозни политички песни. Нешто од тоа можеби и може да се најде во хип-хо- пот, но ако сериозно анализираме, праша- ње е што тие луѓе воопшто зборуваат. Во претставата е нагласена автоцензура- та... „А каде е револуцијата, стоко?“ е создаде- на на дигитални остатоци на една друга претстава која згасна поради тоа што некои од авторите на југословенскиот нов бран сметаа дека со неа се кршат нивните автор- ски права. Поради тоа ја зедовме автоцензу- рата како уметничка постапка, како креати- венпроцесвокојнастануваатмногудупкии празнини, но поради тоа се отвораат и нови простори за размислување за авторските права и за интелектуалната сопственост. Мислам дека кога многу луѓе ќе слушнат де- ка музиката е нешто што не се троши кога меѓусебно ја делиме, може поинаку да раз- мислуваат за темата за авторските права. Сите сме начелно за авторски права, мисли- медекатребадасештитат,носитесимнува- ме песни, филмови и книги од интернет. Но, слободниот пазар наметнува други пра- вила, правила на добра, на профит, заработ- ка... Значи ако имаме правна ситуација која поголемиот број луѓе ги става во позиција на прекршувачи на закон, мора да увидиме дека тука нешто не е во ред. Од друга стра- на, авторските права денеска најмалку ги штитат уметниците кои веќе имаат создаде- но некое уметничко дело, а се впрегнуваат во интересите на филмската корпорација, на издавачките куќи, на музичката индус- трија... Јассамиотнезнамкакобигорешил тој проблем, но токму поради тоа и треба да зборуваме за него. Често се повикувате на стварноста. Што е таа за Вас? Пред с`, стварноста не е само една. Ствар- носта се односите помеѓу луѓето од локални до глобални рамништа. Тие рамништа ме- ѓусебно се поврзани. На пример, кога ше- там по улиците на својот град, гледам луѓе кои копаат по ѓубрето бидејќи тоа им е очигледно единствен начин да преживеат. Заменетоаестварност,нотааеповрзанасо глобалната стварност, со крвожедниот ка- питализам на светско рамниште кој допуш- та луѓето да пропаднат преку тие граници на достоинствен живот и токму на такви ви- дови неправди се репродуцира самиот себе. Стварност се бегалците кои ја ставаат глава- та во торба во потрага за подобар живот би- дејќи нивниот дотогашен живот е разурнат поради светски геополитички и економски процеси со кои реално управуваат еден грст луѓе. Стварноста за мене е и константната несигурност. Во проектите на кои работиме честосумсезанимавалтокмусомаргинали- зирани и отфрлени луѓе бидејќи сум свесен дека од удобниот живот на досонуваниот европски сон до сиромаштијата и бедата па- тот не е толку долг. Тоа е денешната ствар- ност – луѓето се потрошувачка стока, денес- ка си – утре не си. Токму тоа е оската на до- кументарниотфилм„Потрошени“којнаста- на од нашиот комјунити арт проект, „55+“. Во „Монтажстрој“ ги реализиравте Ваши- те први претстави, групата брзо достигна култен статус, повеќе комуникација има- теоствареносоЗапад.КакогледатенаВа- шата уметничка практика и кои претста- ви би ги издвоиле? Основната мисија на „Монтажстрој“ од неговите почетоци е цврст однос на умет- ничкодејствувањесостварноставокоја жи- вееме. Поради тоа не можам да издвојам по- единечни претстави или проекти, во пос- ледно време и филмови, бидејќи започнав- ме да дејствуваме и во филмски медиум. Мислам дека значењето на „Монтажстрој“ во таа смисла може да се гледа единствено кумулативно, низ пресек на сите тие проек- ти бидејќи токму со нив добиваме уметнич- ки преглед во последниве 25 години на на- шето општество и процесите во кои се нај- де. Транзицијата го обележи „Монтаж- строј“, како што „Монтажстрој“ ги бележе- ше транзицијата и нејзините ефекти. Денес на еднаков начин ја бележи кризата, која нам ни се претставува како нешто што е мо- ментално, но да не заборавиме дека капита- лизмот почива токму врз кризата. Каде одите понатаму? Кои се Вашите мо- ментални ангажмани? Моментално работиме на два проекта. Проектот „Недовршено“ се занимава со никогаш неизградената Универзитетска болница во Загреб која требаше да биде најголем развоен проект на здравствениот систем во Хрватска и во поранешна Југос- лавија. Нејзината градба започна во 1985 година, ја финансираа граѓаните со месеч- ни самопридонеси, но изградена е до по- ловина и е препуштена на пропаѓање. Са- каме таа болница да ја претставиме како еден утописки проект и да го поставиме прашањето дали с` уште веруваме во ко- лективни утопии. Проектот исто така мно- гу ќе каже за моменталната состојба во здравствениот систем кој здравјето го тре- тира како нешто што го заслужуваат оние што можат да го платат. Другиот проект го работиме во копродукција со Загрепскиот театар на млади. Основна инспирација за претставата „Црна книга“ е проблемот на долговите во швајцарски франци, кој на раб на егзистенција донесе илјадници се- мејства во Хрватска и пошироко. Но таа тема ќе ја развиеме многу пошироко, со прашањата на долгот воопшто. Ќе се оби- деме да разгледаме на кој начин долгот е погонска сила на економскиот систем во кој живееме. Вечерва, во Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Зборовите немаат значење“ од Биљана Стојановска. Промотивна реч за книгата ќе одржи Никола Маџиров, музичка поддршка на настанот ќе обезбеди Јаков Дренковски, а ќе читаат Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Ана Голејшка, Николина Андова Шопова. „Поезијата на Биљана Стојановска е длабок допир со ритуалноста на денот. Обичноста на објектите и нивната конкретна и вербална поврзаност со мигот и со телото на оној што пишува го исцртуваат топлиот амбиент на присуството на една широка љубов – љубов што живее во делбата пред да стане разделба и во припомнувањето пред да стане помнење“, истакнува промоторот Никола Маџиров. Промоцијата на поетската книга, која е во издание на „Антолог“ од Скопје, е во рамките на „Букстар“, првиот фестивал на европска литература во Македонија. Промоција на „Зборовите немаат значење“ од Биљана Стојановска ИНТЕРВЈУ: Борут Шепаровиќ „Монтажстрој“ ја бележи кризата Хрватскиот режисер кој гостуваше на 40.МОТ со претставата „А каде е револуцијата, стоко?“во изведба на „Монтажстрој“, во Загреб работи и на „Црна книга“ инспирирана од проблемот на долговите во швајцарски франци