SlideShare a Scribd company logo
1 of 1
Download to read offline
15ВТОРНИК 28 ЈУНИ 2016
КУЛТУРА
Елена Ангеловска
Н
икица Гилиќ (Сплит, 1973) е вонреден професор и
раководител на Катедрата по филмологија на Отсе-
кот по компаративна книжевност на Филозофски-
от факултет во Загреб. Дипломирал компаративна кни-
жевност и англистика, а докторирал на тема „Филмска ге-
неалогија и типологија на филмско излагање“. Предава
предмети од теорија и историја на филм и на Академија-
та за драмски уметности. Главен уредник е на „Хрватски
филмски летопис“,
член на Советот на
„Анимафест“ и на
Хрватското друштво
на филмски крити-
чари. Со него разго-
варавме за 26. Свет-
ски фестивал на ани-
миран филм „Анима-
фест Загреб“ што се
одржа од 6 до 11 јуни каде што се натпреваруваа околу
300 филма во повеќе програми. Една од фестивалските
теми беа „Оскарите“, а фестивалска маскота „Сурогат“,
лик од единствениот хрватски филм на Душан Вукотиќ.
„Анимафест Загреб“ понуди и интерактивни инсталации,
предавања, работилници, изложби, перформанси, како и
научен симпозиум насловен „Анимафест Скенер“. Освен
во кината „Европа“, „Тушканац“ и „Загребачки плесни
центар“, филмовите беа прикажувани и на отворено, во
парковите „Рибњак“ и „Зрињевац“, како слободни проек-
ции за сите граѓани и гости на градот.
По што беше интересно годинешното издание на
„Анимафест Загреб“?
Ова е веќе втор фестивал каде што се споени кратката
и долгата филмска форма. Краткометражната анимација
с` уште е врвот и јадрото на „Анимафест“ и на светската
уметничка анимација, но оваа година би го забележал и
подемот на долгометражната филмска анимација. Исто
така, ми се чини дека и оваа година се гледа растот на
моќта на азиската анимација. Особено
кинеската и јапонската, иако и корејска-
та анимација во последниве години е
многу успешна.
Иновитетехнологииимаатс`поголемо
место во канонот на анимацијата, па и тоа
успеавме да го прикажеме. „Анимафест“
е, се разбира, секогаш непредвидлив, за-
тоа што секоја година во светот на анима-
цијата доаѓаат непредвидливи работи, а
нашата работа е верно да им прикажеме
на авторите и на публиката што се случи-
ло во изминатата година.
Можете ли нешто да ни кажете за
историјатот на фестивалот...
Основан е 1972 година, во голема мера
на крилјата на славата на Загрепската
школа за цртан филм. Овој фестивал беше
вторвосветот(најстареонојвоАнси)иод
самиот почеток стана платформа за нај-
вредните уметнички достигнувања на
анимираниот филм. Да речеме, помеѓу наградените на
првиот „Анимафест Загреб“ беше и годинешниот добитник
на наградата за животно дело, Раоул Серваис. Наједностав-
но речено, „Анимафест“ беше еден од најугледните (со
Анси) фестивали на краткометражен анимиран филм. До
2004 година се одржуваше биенално, секоја втора година, а
од 2005 до минатата година се менуваа фестивали на крат-
кометражен и долгометражен филм, форми кои имаат с`
поголема важност во уметноста на анимацијата. Минатого-
дишниот фестивал со успех ги спои краткиот и долгиот ме-
тар во еден фестивал, па така секоја година ќе го имаме на
увид целиот опсег на анимацијата.
Која е Вашата омилена дефиниција за анимиран
филм?
Ова е претпоставувам најтешкото прашање што може
да се замисли, со оглед на сите технолошки и естетски
промени во светот на анимацијата. Јас, провизорно,
практично би рекол дека анимација можеме да ја нарече-
ме секоја движечка слика настаната со креирање на ново
движење (наспроти филмот кој имитира вистински/ре-
ални движења). Но, дури и практичните дефиниции за
анимација се проблематични, бидејќи уметниците често
работат хибридни форми и ги истражуваат допирните
места, контакти на разни медиуми, па и најголемите
експерти се понекогаш во дилема дали нешто е анимира-
но или не.
Во конкуренција беа и студентски филмови. Колку ве-
туваат тие и дали ги следат современите трендови на
анимација, во смисла на теми и техника на изработ-
ка?
Студентските филмови се извонредни, за нијанса поло-
ши од конкуренцијата на „возрасни“ автори. Се разбира,
студентите ги следат сите нови трендови и ги истражува-
ат новите техники, а особено ме радува
што со успех се испробуваат во сите тра-
диционални форми. Уметноста секогаш
им припаѓа на младите, а во анимација-
та таа иднина е загарантирана во цели-
от свет.
На годинешниот „Анимафест“ беа
прикажани хрватски анимирани фил-
мови од 1968 година, која се смета за
покарактеристична поради значајни-
те признанија на Загрепската школа
за цртани филмови во светот, и пора-
ди стартот на производството на се-
ријата „Професорот Балтазар“. По
што се издвојуваат хрватската анима-
ција и Загрепската школа за цртани
филмови?
Никогаш, ниту пред, ниту по Загреп-
ската школа не се случила таква концен-
трација на посебни автори на едно мес-
то. Тие луѓе биле на чело на светските
тенденции според модернизмот во анимацијата и имаат
неверојатен број врвни остварувања. Тоа го позициони-
раше Загреб на светската мапа на анимацијата до ден-де-
нешен. Се разбира, таа школа во одредена смисла беше и
југословенска, а не само хрватска, иако и во другите ре-
публики на СФРЈ некои зборуваа за нејзино протежира-
ње. Но во Хрватска до денес се негуваат авторската ани-
мација и слобода на истражување на патеката на златна-
та доба на анимацијата кај нас.
Каква е регионалната понуда на филмови на овој фес-
тивал?
Зависи што е дефиниција на регионот. Постјугословен-
ската понуда не е особено голема, хрватската анимација
моментално е најсилна, а имаме и филмови од Србија и
Словенија. Ако во регионов ја вклучиме и Романија со ко-
ја Хрватска се граничи, ситуацијата е подобра. Оваа годи-
на школата МОМЕ (Универзитет за уметност и дизајн -
Moholy-Nagy) од Будимпешта доби награда за најдобра
едукативна установа и имаше посебна ретроспектива.
Кои тројца мајстори на хрватската анимација ги сме-
тате за највлијателни?
Изборот е тежок поради бројот на квалитетни автори.
Но според влијанието можеби сепак се истакнуваат Ду-
шан Вукотиќ, кој го поврзал модернизмот со хуморот, Не-
дељко Драгиќ кој му има дадено силна интелектуална
подлога на формалниот експеримент на анимацијата и
Златко Боурек кој посебно ефектно го споил анимирани-
от филм со други интелектуални феномени (фолклорна
уметност, надреализам итн.). Од современите уметници
на новите тенденции на анимацијата можеби најмногу
влијаеше Симон Богоевиќ-Наратх, а уметничкиот дирек-
тор на „Анимафест“ Даниел Шулиќ можеби е и најдобри-
от современ автор на анимиран филм во Хрватска.
Во рамки на фестивалот се одржа и третиот симпози-
ум за современа анимација „Анимафест скенер“.
Излагањата беа поделени во пет тематски целини кои
се надоврзуваа на целокупната програма, а учествуваа
19 излагачи од целиот свет. По што е значаен овој
симпозиум во контекст на фестивалот?
По иницијатива на нашиот уметнички директор Дани-
ел Шулиќ, основавме платформа за научно проучување
на анимираниот филм какви што во светот нема многу.
„Анимафест Загреб“ е место на средби на практичари и
теоретичари уште од самиот почеток, а сега се укажа
можност за артикулирање на теоретски пристапи, за раз-
говор помеѓу луѓе кои го дефинираат канонот на анима-
цијата. Поврзан и со програмите и филмовите кои се при-
кажуваа на фестивалот, „Скенер“ го подигна фестивалот
на уште поголемо рамниште.
Какво место зазема примарната анимација во светот
на компјутерите?
Сметам дека е добро кога зборуваме за анимацијата ка-
ко уметнички феномен. Можноста за технички совршен-
ства и тенденции на „вшминкување“ секогаш поттикнува
и реакции во правец на естетиката на грубото, на несов-
ршеното, зачудувачкото, гротескното. Таквите тенден-
ции се срце и душа на секоја визуелна уметност, подед-
накво како и тенденциите кон визуелно совршеното.
Анимацијата има
загарантирана иднина
Професорот по теорија и историја на
филм говори за 26. издание на
„Анимафест Загреб“, за студентските
филмови, за хрватската, и за
анимацијата во регионот...
За заедничките проекти ќе се наречеме „Санта Битола
театар“. Вака познатиот американски режисер Џон
Блондел ја најави новата соработка на Битолскиот наро-
ден театар со „Ли мун“ театарот од САД. „Битола Шек-
спир фестивалот“ ја продлабочи и зацврсти соработката
меѓу овие две театарски куќи. Театарџиите од Америка
вчеравечер на фестивалската сцена во Битола ја изведоа
светската премиера на нивната нова претстава „Јулие Це-
зар“ по дело на Шекспир, а во режија на Џон Блондел.
„’Јулие Цезар’ на некој начин претставува продолжение на
претставата ’Антоние и Клеопатра’ која ја режирав мината-
та година во Битола. Таа се фокусира на еден дел од Римска-
та Империја во која одлуките на неколку луѓе кои тогаш вла-
деат со неа го втурнаа светот во катастрофа. Ова дело на
Шекспир е прекрасно и има една голема важна приказна, а
има и прекрасни карактери кои се дел од неа“, изјави режи-
серот Блондел.
На 30 јуни, пак, во рамките на „Шекспир фестивалот“ во
Битола ќе биде прикажан големиот копродукциски проект
„Сонети на летната ноќ“ кој го работат режисери и актери
од двата театри. Копродукцијата е резултат на работилница-
та што се одржа на минатогодишниот фестивал на која се
создаваа материјали за театарска претстава базирана врз со-
нетите од Вилијам Шекспир. Од тоа се изродија четири
кратки претстави кои како целовечерен проект ќе бидат
одиграни овој четврток.
„На четвртиот фестивал, публиката симболично ќе се
прошета на четири сцени кои ги има Битолскиот теа-
тар. Тоа е сцената под ротација на која ќе го видиме де-
лото што го создаде Мајкл Бернард, а е режирано од Џон
Блондел - ’Странствување’, потоа на новата сцена ќе би-
де друго дело од Бернард - ’Творец на бебиња’, а режира-
но од Мичел Томас, на сцената на Домот на културата ќе
имаме дел режиран од Викторија Финлејсон насловен
’Еден летен ден’ и на крај публиката ќе дошета на матич-
ната сцена на Битолскиот народен театар креиран од
актерката Соња Михајлова и од мене, а во кој ќе настапат
Михајлова и Мајкл Бернард“, изјави уметничкиот директор
на Битолскиот театар, Благој Мицевски, најавувајќи го про-
ектот „Сонети на летната ноќ“. Според него, ова ќе биде
исклучително искуство бидејќи во сите дела има актери од
двете компании кои глумат на сопствениот јазик, но и на ја-
зикот на колегите.
Инаку, претставите „Антоние и Клеопатра“ и „Сонети на
летната ноќ“ во ноември ќе бидат одиграни во Санта Барба-
ра, заедно со „Јулие Цезар“. (Ж. З.)
Продлабочена соработката меѓу Битолскиот и театарот од Санта Барбара
На „Битола Шекспир фестивалот“
светска премиера на „Јулие Цезар“
во режија на Џон Блондел
ИНТЕРВЈУНикица Гилиќ
Валентин Светозарев, Благој Мицевски и Џон Блондел

More Related Content

Viewers also liked

Viewers also liked (8)

Травничка Хроника
Травничка ХроникаТравничка Хроника
Травничка Хроника
 
Животот на Молиер Риека
Животот на Молиер РиекаЖивотот на Молиер Риека
Животот на Молиер Риека
 
Ерјона Какели
Ерјона КакелиЕрјона Какели
Ерјона Какели
 
Еуроказ 2013
Еуроказ 2013Еуроказ 2013
Еуроказ 2013
 
Унковски во Загреб
Унковски во ЗагребУнковски во Загреб
Унковски во Загреб
 
sken2
sken2sken2
sken2
 
Preporaka Brlek
Preporaka BrlekPreporaka Brlek
Preporaka Brlek
 
14
1414
14
 

15

  • 1. 15ВТОРНИК 28 ЈУНИ 2016 КУЛТУРА Елена Ангеловска Н икица Гилиќ (Сплит, 1973) е вонреден професор и раководител на Катедрата по филмологија на Отсе- кот по компаративна книжевност на Филозофски- от факултет во Загреб. Дипломирал компаративна кни- жевност и англистика, а докторирал на тема „Филмска ге- неалогија и типологија на филмско излагање“. Предава предмети од теорија и историја на филм и на Академија- та за драмски уметности. Главен уредник е на „Хрватски филмски летопис“, член на Советот на „Анимафест“ и на Хрватското друштво на филмски крити- чари. Со него разго- варавме за 26. Свет- ски фестивал на ани- миран филм „Анима- фест Загреб“ што се одржа од 6 до 11 јуни каде што се натпреваруваа околу 300 филма во повеќе програми. Една од фестивалските теми беа „Оскарите“, а фестивалска маскота „Сурогат“, лик од единствениот хрватски филм на Душан Вукотиќ. „Анимафест Загреб“ понуди и интерактивни инсталации, предавања, работилници, изложби, перформанси, како и научен симпозиум насловен „Анимафест Скенер“. Освен во кината „Европа“, „Тушканац“ и „Загребачки плесни центар“, филмовите беа прикажувани и на отворено, во парковите „Рибњак“ и „Зрињевац“, како слободни проек- ции за сите граѓани и гости на градот. По што беше интересно годинешното издание на „Анимафест Загреб“? Ова е веќе втор фестивал каде што се споени кратката и долгата филмска форма. Краткометражната анимација с` уште е врвот и јадрото на „Анимафест“ и на светската уметничка анимација, но оваа година би го забележал и подемот на долгометражната филмска анимација. Исто така, ми се чини дека и оваа година се гледа растот на моќта на азиската анимација. Особено кинеската и јапонската, иако и корејска- та анимација во последниве години е многу успешна. Иновитетехнологииимаатс`поголемо место во канонот на анимацијата, па и тоа успеавме да го прикажеме. „Анимафест“ е, се разбира, секогаш непредвидлив, за- тоа што секоја година во светот на анима- цијата доаѓаат непредвидливи работи, а нашата работа е верно да им прикажеме на авторите и на публиката што се случи- ло во изминатата година. Можете ли нешто да ни кажете за историјатот на фестивалот... Основан е 1972 година, во голема мера на крилјата на славата на Загрепската школа за цртан филм. Овој фестивал беше вторвосветот(најстареонојвоАнси)иод самиот почеток стана платформа за нај- вредните уметнички достигнувања на анимираниот филм. Да речеме, помеѓу наградените на првиот „Анимафест Загреб“ беше и годинешниот добитник на наградата за животно дело, Раоул Серваис. Наједностав- но речено, „Анимафест“ беше еден од најугледните (со Анси) фестивали на краткометражен анимиран филм. До 2004 година се одржуваше биенално, секоја втора година, а од 2005 до минатата година се менуваа фестивали на крат- кометражен и долгометражен филм, форми кои имаат с` поголема важност во уметноста на анимацијата. Минатого- дишниот фестивал со успех ги спои краткиот и долгиот ме- тар во еден фестивал, па така секоја година ќе го имаме на увид целиот опсег на анимацијата. Која е Вашата омилена дефиниција за анимиран филм? Ова е претпоставувам најтешкото прашање што може да се замисли, со оглед на сите технолошки и естетски промени во светот на анимацијата. Јас, провизорно, практично би рекол дека анимација можеме да ја нарече- ме секоја движечка слика настаната со креирање на ново движење (наспроти филмот кој имитира вистински/ре- ални движења). Но, дури и практичните дефиниции за анимација се проблематични, бидејќи уметниците често работат хибридни форми и ги истражуваат допирните места, контакти на разни медиуми, па и најголемите експерти се понекогаш во дилема дали нешто е анимира- но или не. Во конкуренција беа и студентски филмови. Колку ве- туваат тие и дали ги следат современите трендови на анимација, во смисла на теми и техника на изработ- ка? Студентските филмови се извонредни, за нијанса поло- ши од конкуренцијата на „возрасни“ автори. Се разбира, студентите ги следат сите нови трендови и ги истражува- ат новите техники, а особено ме радува што со успех се испробуваат во сите тра- диционални форми. Уметноста секогаш им припаѓа на младите, а во анимација- та таа иднина е загарантирана во цели- от свет. На годинешниот „Анимафест“ беа прикажани хрватски анимирани фил- мови од 1968 година, која се смета за покарактеристична поради значајни- те признанија на Загрепската школа за цртани филмови во светот, и пора- ди стартот на производството на се- ријата „Професорот Балтазар“. По што се издвојуваат хрватската анима- ција и Загрепската школа за цртани филмови? Никогаш, ниту пред, ниту по Загреп- ската школа не се случила таква концен- трација на посебни автори на едно мес- то. Тие луѓе биле на чело на светските тенденции според модернизмот во анимацијата и имаат неверојатен број врвни остварувања. Тоа го позициони- раше Загреб на светската мапа на анимацијата до ден-де- нешен. Се разбира, таа школа во одредена смисла беше и југословенска, а не само хрватска, иако и во другите ре- публики на СФРЈ некои зборуваа за нејзино протежира- ње. Но во Хрватска до денес се негуваат авторската ани- мација и слобода на истражување на патеката на златна- та доба на анимацијата кај нас. Каква е регионалната понуда на филмови на овој фес- тивал? Зависи што е дефиниција на регионот. Постјугословен- ската понуда не е особено голема, хрватската анимација моментално е најсилна, а имаме и филмови од Србија и Словенија. Ако во регионов ја вклучиме и Романија со ко- ја Хрватска се граничи, ситуацијата е подобра. Оваа годи- на школата МОМЕ (Универзитет за уметност и дизајн - Moholy-Nagy) од Будимпешта доби награда за најдобра едукативна установа и имаше посебна ретроспектива. Кои тројца мајстори на хрватската анимација ги сме- тате за највлијателни? Изборот е тежок поради бројот на квалитетни автори. Но според влијанието можеби сепак се истакнуваат Ду- шан Вукотиќ, кој го поврзал модернизмот со хуморот, Не- дељко Драгиќ кој му има дадено силна интелектуална подлога на формалниот експеримент на анимацијата и Златко Боурек кој посебно ефектно го споил анимирани- от филм со други интелектуални феномени (фолклорна уметност, надреализам итн.). Од современите уметници на новите тенденции на анимацијата можеби најмногу влијаеше Симон Богоевиќ-Наратх, а уметничкиот дирек- тор на „Анимафест“ Даниел Шулиќ можеби е и најдобри- от современ автор на анимиран филм во Хрватска. Во рамки на фестивалот се одржа и третиот симпози- ум за современа анимација „Анимафест скенер“. Излагањата беа поделени во пет тематски целини кои се надоврзуваа на целокупната програма, а учествуваа 19 излагачи од целиот свет. По што е значаен овој симпозиум во контекст на фестивалот? По иницијатива на нашиот уметнички директор Дани- ел Шулиќ, основавме платформа за научно проучување на анимираниот филм какви што во светот нема многу. „Анимафест Загреб“ е место на средби на практичари и теоретичари уште од самиот почеток, а сега се укажа можност за артикулирање на теоретски пристапи, за раз- говор помеѓу луѓе кои го дефинираат канонот на анима- цијата. Поврзан и со програмите и филмовите кои се при- кажуваа на фестивалот, „Скенер“ го подигна фестивалот на уште поголемо рамниште. Какво место зазема примарната анимација во светот на компјутерите? Сметам дека е добро кога зборуваме за анимацијата ка- ко уметнички феномен. Можноста за технички совршен- ства и тенденции на „вшминкување“ секогаш поттикнува и реакции во правец на естетиката на грубото, на несов- ршеното, зачудувачкото, гротескното. Таквите тенден- ции се срце и душа на секоја визуелна уметност, подед- накво како и тенденциите кон визуелно совршеното. Анимацијата има загарантирана иднина Професорот по теорија и историја на филм говори за 26. издание на „Анимафест Загреб“, за студентските филмови, за хрватската, и за анимацијата во регионот... За заедничките проекти ќе се наречеме „Санта Битола театар“. Вака познатиот американски режисер Џон Блондел ја најави новата соработка на Битолскиот наро- ден театар со „Ли мун“ театарот од САД. „Битола Шек- спир фестивалот“ ја продлабочи и зацврсти соработката меѓу овие две театарски куќи. Театарџиите од Америка вчеравечер на фестивалската сцена во Битола ја изведоа светската премиера на нивната нова претстава „Јулие Це- зар“ по дело на Шекспир, а во режија на Џон Блондел. „’Јулие Цезар’ на некој начин претставува продолжение на претставата ’Антоние и Клеопатра’ која ја режирав мината- та година во Битола. Таа се фокусира на еден дел од Римска- та Империја во која одлуките на неколку луѓе кои тогаш вла- деат со неа го втурнаа светот во катастрофа. Ова дело на Шекспир е прекрасно и има една голема важна приказна, а има и прекрасни карактери кои се дел од неа“, изјави режи- серот Блондел. На 30 јуни, пак, во рамките на „Шекспир фестивалот“ во Битола ќе биде прикажан големиот копродукциски проект „Сонети на летната ноќ“ кој го работат режисери и актери од двата театри. Копродукцијата е резултат на работилница- та што се одржа на минатогодишниот фестивал на која се создаваа материјали за театарска претстава базирана врз со- нетите од Вилијам Шекспир. Од тоа се изродија четири кратки претстави кои како целовечерен проект ќе бидат одиграни овој четврток. „На четвртиот фестивал, публиката симболично ќе се прошета на четири сцени кои ги има Битолскиот теа- тар. Тоа е сцената под ротација на која ќе го видиме де- лото што го создаде Мајкл Бернард, а е режирано од Џон Блондел - ’Странствување’, потоа на новата сцена ќе би- де друго дело од Бернард - ’Творец на бебиња’, а режира- но од Мичел Томас, на сцената на Домот на културата ќе имаме дел режиран од Викторија Финлејсон насловен ’Еден летен ден’ и на крај публиката ќе дошета на матич- ната сцена на Битолскиот народен театар креиран од актерката Соња Михајлова и од мене, а во кој ќе настапат Михајлова и Мајкл Бернард“, изјави уметничкиот директор на Битолскиот театар, Благој Мицевски, најавувајќи го про- ектот „Сонети на летната ноќ“. Според него, ова ќе биде исклучително искуство бидејќи во сите дела има актери од двете компании кои глумат на сопствениот јазик, но и на ја- зикот на колегите. Инаку, претставите „Антоние и Клеопатра“ и „Сонети на летната ноќ“ во ноември ќе бидат одиграни во Санта Барба- ра, заедно со „Јулие Цезар“. (Ж. З.) Продлабочена соработката меѓу Битолскиот и театарот од Санта Барбара На „Битола Шекспир фестивалот“ светска премиера на „Јулие Цезар“ во режија на Џон Блондел ИНТЕРВЈУНикица Гилиќ Валентин Светозарев, Благој Мицевски и Џон Блондел