SlideShare a Scribd company logo
1 of 1
Download to read offline
15ВТОРНИК 9 ДЕКЕМВРИ 2014 КУЛТУРА
ПОДОТВОРЕНА ЗАВЕСА
З
а тој настан со години и на широко се зборува
меѓу театарџиите во мојот град. Се случило кон
крајот на седумдесетите години. Еден од
артистите на тогашниот ансамбл на Народниот
театар во мојот град, некаде на средината од
претставата, откако му завршила сцената, но не и
неговата ролја во претставата, си седнал пред
огледалото во гримиорната и почнал најпрво од
мустаќите. Наеднаш, шврц ги одлепил од под носот.
Истото го направил и со брадичето. Потоа го измил
лицето со топла вода, го соблекол сценскиот костум,
се спастрил во своето цивилно облекло и полека како
човек кога оди на прошетка низ цветна алеја си
тргнал кон дома.
- Леле, овој си тргна кон дома! Извикал еден негов
колега, артист од ансамблот на Народниот театар во
мојот град и се спуштил трчајќи по него. Всушност,
само тој мислел дека трча зашто бил нужен само лек
и мирен од за да се стаса кинисаниот. Кога дошол до
него го фатил за рамото и нервозно му рекол:
- Еј, каде?
- Дома, му одговорил артистот.
- А претставата?
- Не знам за каква претстава зборуваш?
- Знаеш ли дека кога за ова ќе разбере директорот
ќе добиеш отказ.
- Па јас веќе го потпишав решението и без
директорот.
По изговорената, за артистот животната реплика,
си тргнал кон зацртаната цел што била далеку, сосем
далеку од провинцискиот театар. Неговиот колега
останал со прстот во устата. Тој веќе не бил ниту за
напред ниту за назад. Мислам дека како артистот кој
не беше ниту за напред, ниту за назад, остана
запомнат и од публиката.
Но, за да не го држам во забуна читателот, ќе
појаснам: Во тоа време во театрите (во сите театари
во Македонија) било практика да се организираат
синдикални претстави, односно да се организираат
претстави за вработените по фабриките, јавните
установи, младинските и пензионерските основни
организации итн. Најчесто организатори, во
театарите каде што немало вработени за таквата
дејност, биле актерите. Ги организирале претставите
од само една единствена причина: да си додадат
некое париче на скромното платиче што го земале.
Од парите од продадените претстави 20% му
припаѓале на организаторот на претставата без
разлика дали го вади парчето леб како вработен во
театарот. Така и артистот кој не бил ниту за напред,
ниту за назад дошол на идеја да организира
претстава за да си ја зголеми платичката за некој
процент.
Ја организирал претставата „Црнила“ од Коле
Чашуле за ученици од нижите одделенија на едно од
основните училишта во градот. Поточно додека на
сцената актерите од петни жили се труделе да ја
пренесат пораката на авторот, колку е скапа
слободата на Македонија, децата во партерот
глумеле павијани во прашумите покрај реката
Амазон. Тоа го натерало кутриот артист кој го
совладувал актерското мајсторство на Факултетот за
драмски уметности во Загреб во класата на Илија
Џувалековски, да го напушти театарот и професијата
актер засекогаш.
Сакам текстот да го завршам со ставот: Ако ги
учиме децата дека се интегрален дел од сценската
изјава, дека во театарот се активен актант, т.е. во
него треба да одат како во училиштето на животот,
никогаш за публиката нема да се зборува како за
маса туку како за организирана акција и можеби
никогаш нема да се повтори случката што ја
наведовме на почетокот од текстот.
За да се препознаат децата во таков реалитет мора
да се направат специјализирани центри за тоа.
Театрите за деца нудат најдобри услови за таквата
мисија. Затоа апелирам до Министерството за
култура таму каде што има услови за национални
драмски театри да формира и театри за деца зашто
во нив е фундаментот на разумно организираната
театарска дејност. Не случајно во соседната Бугарија
каде што театарската култура е на завидно ниво
речиси сите театри во внатрешноста се не само
драмски туку и куклени.
ТРАЈЧЕ КАЦАРОВ
По секоја цена
ЕЛЕНА АНГЕЛОВСКА
Хрватскиот народен театар во Загреб есенва
доби нов управител, Дубровка Вргоч, пора-
нешна и долгогодишна директорка на Загреп-
скиот театар на младите, која е иницијатор на
новиот проект „Филозофски театар“. Овој нов
настан во историјата на хрватскиот театар бе-
ше запишан на денот на одржувањето 15 но-
ември, на третата „Ноќ на театарот“. Во оваа
ноќ, како што бележат хрватските медиуми во
43 града во Хрватска биле изведени 148 теа-
тарски и 70 придружни програми, а настаните
биле посетени во импресивна бројка од 42.000
посетители.
Целта на проектот како што истакна Вргоч,
е секој месец во Хрватскиот народен театар да
гостува по еден голем светски филозоф од кој
ќе може да се слушне како тој ги промислува
важните современи идеи во светот во кој жи-
вееме. За разговорите со гостите е задолжен
Сречко Хорват, еден од водечките хрватски
филозофи од помладата генерација. Филозо-
фијата и театарот биле отсекогаш во возбуд-
лив меѓусебен однос, уште од Античка Грција,
а Хорват смета дека тој однос е интересен и во
овој век. Од дистанца од неколку века, оваа
програма, смета тој, ќе треба да покаже колку
филозофијата и театарот се блиски, но пред с`
да овозможи театарот да се реафирмира и ка-
ко јавен простор во кој централно место ќе би-
дат говорот и мислата.
Во преполната сала на Хрватскиот народен
театар, на сцената на која беа поставени две
црвени фотелји и собна ламба, со разговор со
гостинката Јулија Кристева (родена во Буга-
рија, а од својата 25 година живее во Франци-
ја), една од најзначајните теоретичарки на
постструктурализмот, лингвист, семиотичар-
ка, феминистка, психоаналитичарка и фило-
зоф, започна првиот „Филозофски театар“. Во
публиката можеше да се забележат многу
универзитетски професори, студенти, читате-
ли на делата на Кристева и нејзини почитува-
чи. Водителот и уредник на програмата, Среч-
ко Хорват беше трпелив соговорник кој вни-
мателно ги слушаше долгите одговори на
Кристева, и во ниту еден момент не ја преки-
нуваше. Разговорот започна со прашања за
нејзиниот последен роман „Тереза, љубов мо-
ја“, кој се очекува наскоро во превод на
англиски да го издаде издавачката куќа „Ко-
лумбија јуниверзити прес“. Романот е за Св.
Тереза Авилска, родена во 1515 година во
Шпанија, во еврејско семејство кое постојано
било прогонувано и изложувано на различни
судски процеси. Триесет и две години по неј-
зината смрт во 1582 година, таа била беати-
фицирана, а подоцна и канонизирана. Во
1970 година папата Павел Шести ја прогласил
за прва наравоучителка во Црквата. Во орга-
низација на УНЕСКО, во 2015 година, ќе би-
дат одбележани 500 години од нејзиното ра-
ѓање. Разговорот за романот „Тереза , љубов
моја“ иницираше и прашањата за денешниот
заеднички живот на мажите и жените, како
тој да се сочува, прашања за хомосексуалните
партнерства и бракови за кои Кристева вели
дека во последно време во Франција многу се
зборува. Во голем дел од разговорот Кристева
се задржа на прашањата за религијата, за ве-
роисповедта и европската култура. Неизбеж-
но беше и прашањето за јазикот, на кој јазик
Јулија Кристева сонува и на кој јазик разгова-
раат со Цветан Тодоров кога ќе се сретнат во
Париз. Јулија Кристева од своите пет години е
билингвална, одела во француска градинка.
Неодамна таа ја посетила и Бугарија каде
одржала и предавање на француски јазик, на
што добила и замерки. Одлучила следниот
пат предавањата да биде половина на фран-
цуски, половина на бугарски. Кристева вели
дека сонува на француски, но дека не се пла-
ши да сонува и на бугарски јазик. Долго го
анализирала својот мајчин јазик со кој долго
време имала непријатности. Во текот на раз-
говорот, внимание беше посветено и на неј-
зиниот многу дискутабилен текст „Бугарија,
таго моја“ кој дел од луѓето од Балканот доста
критички го прифатиле. Во текстот таа пишу-
ва за Бугарија и нејзините маки, дека земјата
страда од насилство, вандализам, недостаток
на авторитети, корупција, мафија и сл., што
би може да се однесува и на останатите земји
од Балканот.
На разговорот му претходеше интерпрета-
ција на делови од романот „Тереза, љубов мо-
ја“, која во полн жар од 45 минути ја изведе
актерката Алма Прица, првенка на загрепска-
та драма. На таков начин текстот бил претста-
вен и во театарот „Одеон“ во Париз. Настанот
беше достапен за поширока публика, па мес-
тата на балконот во театарот беа бесплатни.
Следното издание на „Филозофски театар“ е
закажано за 14 декември кога ќе гостува Ни-
кола Аманити, еден од најпризнаените совре-
мени италијански писатели. На листата на
идните гости се дел од познатите филозофи од
светот: Славој Жижек, Тарик Али, Ален Бадју,
Елфриде Јелинек, Хауард Зин ...
Сонувам на француски,
но не се плашам од својот мајчин јазик
Филозофот Јулија Кристева беше во Загреб како прва гостинка
во новиот проект „Филозофски театар“
на Хрватскиот народен театар
Убавка Гајдова, научен советник
во Институтот за македонски
јазик „Крсте Мисирков“, почина
на 6 декември во Скопје, каде што
ден потоа беше и погребана на
гробиштата во
Ѓорче Петров.
Убавка Гајдова
(1965) беше
родена во
Велес, каде
што го стекна
основното и
средното
образование, а
дипломирала
на Катедрата
за класични
студии при
Филозофскиот
факултет во
Скопје. Работеше во Институтот
за македонски јазик од 1993
година во Одделението за
дијалектологија. Во фокусот на
нејзиниот научен интерес беше
македонската дијалектологија и
граматичкиот систем на
македонскиот јазик во рамки на
балканскиот јазичен сојуз.
Беше вреден и истакнат научен
работник, велат нејзините колеги
од Институтот, и посочуваат дека
Гајдова беше и раководител на
проектот „Македонски дијалектен
атлас“, претседател на Советот за
македонски јазик при Владата на
РМ, долгогодишен член на
Советот при Институтот за
македонски јазик и претседател
на Советот во половина мандат.
Активно беше вклучена во
редакцискиот одбор на
институтските списанија:
„Македонски јазик“ и
„Македонистика“, како и
претседател на редакцијата на
списанието „Литературен збор“,
гласило на Сојузот на друштвата
за македонски јазик и литература
на РМ. Беше професор на
предметот Македонска
дијалектологија на државниот
универзитет во Тетово, како и
професор на постдипломските
студии при Институтот за
македонски јазик. Убавка Гајдова,
велат нејзините колеги и
студенти, беше жена што ја
красеше мудрост, висок
интегритет, ретки човечки
вредности и огромна научна
компетентност.
ПОСЛЕДЕН ЗБОР
Убавка Гајдова
(1965-2014), професор
Јулија Кристева и нејзината книга

More Related Content

What's hot

What's hot (9)

Травничка Хроника
Травничка ХроникаТравничка Хроника
Травничка Хроника
 
Интервју Оливер Фрлиќ
Интервју Оливер ФрлиќИнтервју Оливер Фрлиќ
Интервју Оливер Фрлиќ
 
Еуроказ 2013
Еуроказ 2013Еуроказ 2013
Еуроказ 2013
 
15
1515
15
 
14
1414
14
 
Mојата улица
Mојата улицаMојата улица
Mојата улица
 
Изложба Осумдесеттите
Изложба ОсумдесеттитеИзложба Осумдесеттите
Изложба Осумдесеттите
 
лектира касни порасни
лектира касни пораснилектира касни порасни
лектира касни порасни
 
MESS 2011
MESS 2011MESS 2011
MESS 2011
 

Јулија Кристева

  • 1. 15ВТОРНИК 9 ДЕКЕМВРИ 2014 КУЛТУРА ПОДОТВОРЕНА ЗАВЕСА З а тој настан со години и на широко се зборува меѓу театарџиите во мојот град. Се случило кон крајот на седумдесетите години. Еден од артистите на тогашниот ансамбл на Народниот театар во мојот град, некаде на средината од претставата, откако му завршила сцената, но не и неговата ролја во претставата, си седнал пред огледалото во гримиорната и почнал најпрво од мустаќите. Наеднаш, шврц ги одлепил од под носот. Истото го направил и со брадичето. Потоа го измил лицето со топла вода, го соблекол сценскиот костум, се спастрил во своето цивилно облекло и полека како човек кога оди на прошетка низ цветна алеја си тргнал кон дома. - Леле, овој си тргна кон дома! Извикал еден негов колега, артист од ансамблот на Народниот театар во мојот град и се спуштил трчајќи по него. Всушност, само тој мислел дека трча зашто бил нужен само лек и мирен од за да се стаса кинисаниот. Кога дошол до него го фатил за рамото и нервозно му рекол: - Еј, каде? - Дома, му одговорил артистот. - А претставата? - Не знам за каква претстава зборуваш? - Знаеш ли дека кога за ова ќе разбере директорот ќе добиеш отказ. - Па јас веќе го потпишав решението и без директорот. По изговорената, за артистот животната реплика, си тргнал кон зацртаната цел што била далеку, сосем далеку од провинцискиот театар. Неговиот колега останал со прстот во устата. Тој веќе не бил ниту за напред ниту за назад. Мислам дека како артистот кој не беше ниту за напред, ниту за назад, остана запомнат и од публиката. Но, за да не го држам во забуна читателот, ќе појаснам: Во тоа време во театрите (во сите театари во Македонија) било практика да се организираат синдикални претстави, односно да се организираат претстави за вработените по фабриките, јавните установи, младинските и пензионерските основни организации итн. Најчесто организатори, во театарите каде што немало вработени за таквата дејност, биле актерите. Ги организирале претставите од само една единствена причина: да си додадат некое париче на скромното платиче што го земале. Од парите од продадените претстави 20% му припаѓале на организаторот на претставата без разлика дали го вади парчето леб како вработен во театарот. Така и артистот кој не бил ниту за напред, ниту за назад дошол на идеја да организира претстава за да си ја зголеми платичката за некој процент. Ја организирал претставата „Црнила“ од Коле Чашуле за ученици од нижите одделенија на едно од основните училишта во градот. Поточно додека на сцената актерите од петни жили се труделе да ја пренесат пораката на авторот, колку е скапа слободата на Македонија, децата во партерот глумеле павијани во прашумите покрај реката Амазон. Тоа го натерало кутриот артист кој го совладувал актерското мајсторство на Факултетот за драмски уметности во Загреб во класата на Илија Џувалековски, да го напушти театарот и професијата актер засекогаш. Сакам текстот да го завршам со ставот: Ако ги учиме децата дека се интегрален дел од сценската изјава, дека во театарот се активен актант, т.е. во него треба да одат како во училиштето на животот, никогаш за публиката нема да се зборува како за маса туку како за организирана акција и можеби никогаш нема да се повтори случката што ја наведовме на почетокот од текстот. За да се препознаат децата во таков реалитет мора да се направат специјализирани центри за тоа. Театрите за деца нудат најдобри услови за таквата мисија. Затоа апелирам до Министерството за култура таму каде што има услови за национални драмски театри да формира и театри за деца зашто во нив е фундаментот на разумно организираната театарска дејност. Не случајно во соседната Бугарија каде што театарската култура е на завидно ниво речиси сите театри во внатрешноста се не само драмски туку и куклени. ТРАЈЧЕ КАЦАРОВ По секоја цена ЕЛЕНА АНГЕЛОВСКА Хрватскиот народен театар во Загреб есенва доби нов управител, Дубровка Вргоч, пора- нешна и долгогодишна директорка на Загреп- скиот театар на младите, која е иницијатор на новиот проект „Филозофски театар“. Овој нов настан во историјата на хрватскиот театар бе- ше запишан на денот на одржувањето 15 но- ември, на третата „Ноќ на театарот“. Во оваа ноќ, како што бележат хрватските медиуми во 43 града во Хрватска биле изведени 148 теа- тарски и 70 придружни програми, а настаните биле посетени во импресивна бројка од 42.000 посетители. Целта на проектот како што истакна Вргоч, е секој месец во Хрватскиот народен театар да гостува по еден голем светски филозоф од кој ќе може да се слушне како тој ги промислува важните современи идеи во светот во кој жи- вееме. За разговорите со гостите е задолжен Сречко Хорват, еден од водечките хрватски филозофи од помладата генерација. Филозо- фијата и театарот биле отсекогаш во возбуд- лив меѓусебен однос, уште од Античка Грција, а Хорват смета дека тој однос е интересен и во овој век. Од дистанца од неколку века, оваа програма, смета тој, ќе треба да покаже колку филозофијата и театарот се блиски, но пред с` да овозможи театарот да се реафирмира и ка- ко јавен простор во кој централно место ќе би- дат говорот и мислата. Во преполната сала на Хрватскиот народен театар, на сцената на која беа поставени две црвени фотелји и собна ламба, со разговор со гостинката Јулија Кристева (родена во Буга- рија, а од својата 25 година живее во Франци- ја), една од најзначајните теоретичарки на постструктурализмот, лингвист, семиотичар- ка, феминистка, психоаналитичарка и фило- зоф, започна првиот „Филозофски театар“. Во публиката можеше да се забележат многу универзитетски професори, студенти, читате- ли на делата на Кристева и нејзини почитува- чи. Водителот и уредник на програмата, Среч- ко Хорват беше трпелив соговорник кој вни- мателно ги слушаше долгите одговори на Кристева, и во ниту еден момент не ја преки- нуваше. Разговорот започна со прашања за нејзиниот последен роман „Тереза, љубов мо- ја“, кој се очекува наскоро во превод на англиски да го издаде издавачката куќа „Ко- лумбија јуниверзити прес“. Романот е за Св. Тереза Авилска, родена во 1515 година во Шпанија, во еврејско семејство кое постојано било прогонувано и изложувано на различни судски процеси. Триесет и две години по неј- зината смрт во 1582 година, таа била беати- фицирана, а подоцна и канонизирана. Во 1970 година папата Павел Шести ја прогласил за прва наравоучителка во Црквата. Во орга- низација на УНЕСКО, во 2015 година, ќе би- дат одбележани 500 години од нејзиното ра- ѓање. Разговорот за романот „Тереза , љубов моја“ иницираше и прашањата за денешниот заеднички живот на мажите и жените, како тој да се сочува, прашања за хомосексуалните партнерства и бракови за кои Кристева вели дека во последно време во Франција многу се зборува. Во голем дел од разговорот Кристева се задржа на прашањата за религијата, за ве- роисповедта и европската култура. Неизбеж- но беше и прашањето за јазикот, на кој јазик Јулија Кристева сонува и на кој јазик разгова- раат со Цветан Тодоров кога ќе се сретнат во Париз. Јулија Кристева од своите пет години е билингвална, одела во француска градинка. Неодамна таа ја посетила и Бугарија каде одржала и предавање на француски јазик, на што добила и замерки. Одлучила следниот пат предавањата да биде половина на фран- цуски, половина на бугарски. Кристева вели дека сонува на француски, но дека не се пла- ши да сонува и на бугарски јазик. Долго го анализирала својот мајчин јазик со кој долго време имала непријатности. Во текот на раз- говорот, внимание беше посветено и на неј- зиниот многу дискутабилен текст „Бугарија, таго моја“ кој дел од луѓето од Балканот доста критички го прифатиле. Во текстот таа пишу- ва за Бугарија и нејзините маки, дека земјата страда од насилство, вандализам, недостаток на авторитети, корупција, мафија и сл., што би може да се однесува и на останатите земји од Балканот. На разговорот му претходеше интерпрета- ција на делови од романот „Тереза, љубов мо- ја“, која во полн жар од 45 минути ја изведе актерката Алма Прица, првенка на загрепска- та драма. На таков начин текстот бил претста- вен и во театарот „Одеон“ во Париз. Настанот беше достапен за поширока публика, па мес- тата на балконот во театарот беа бесплатни. Следното издание на „Филозофски театар“ е закажано за 14 декември кога ќе гостува Ни- кола Аманити, еден од најпризнаените совре- мени италијански писатели. На листата на идните гости се дел од познатите филозофи од светот: Славој Жижек, Тарик Али, Ален Бадју, Елфриде Јелинек, Хауард Зин ... Сонувам на француски, но не се плашам од својот мајчин јазик Филозофот Јулија Кристева беше во Загреб како прва гостинка во новиот проект „Филозофски театар“ на Хрватскиот народен театар Убавка Гајдова, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, почина на 6 декември во Скопје, каде што ден потоа беше и погребана на гробиштата во Ѓорче Петров. Убавка Гајдова (1965) беше родена во Велес, каде што го стекна основното и средното образование, а дипломирала на Катедрата за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје. Работеше во Институтот за македонски јазик од 1993 година во Одделението за дијалектологија. Во фокусот на нејзиниот научен интерес беше македонската дијалектологија и граматичкиот систем на македонскиот јазик во рамки на балканскиот јазичен сојуз. Беше вреден и истакнат научен работник, велат нејзините колеги од Институтот, и посочуваат дека Гајдова беше и раководител на проектот „Македонски дијалектен атлас“, претседател на Советот за македонски јазик при Владата на РМ, долгогодишен член на Советот при Институтот за македонски јазик и претседател на Советот во половина мандат. Активно беше вклучена во редакцискиот одбор на институтските списанија: „Македонски јазик“ и „Македонистика“, како и претседател на редакцијата на списанието „Литературен збор“, гласило на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на РМ. Беше професор на предметот Македонска дијалектологија на државниот универзитет во Тетово, како и професор на постдипломските студии при Институтот за македонски јазик. Убавка Гајдова, велат нејзините колеги и студенти, беше жена што ја красеше мудрост, висок интегритет, ретки човечки вредности и огромна научна компетентност. ПОСЛЕДЕН ЗБОР Убавка Гајдова (1965-2014), професор Јулија Кристева и нејзината книга