SlideShare a Scribd company logo
1 of 1
Download to read offline
14 ПОНЕДЕЛНИК 20 ЈАНУАРИ 2014КУЛТУРА
ЕЛЕНА АНГЕЛОВСКА
Н
овата претстава во „Гавела“ -
„Три сестри“ од Чехов, која го
прикажува актуелното чувство
на пропуштените прилики, осаменос-
та и депресијата, драма за невозврате-
ните љубови, потиснатите емоции и
неискажаните мисли, публиката во
Загреб ја доживаа многу возбудливо.
Режисерот Слободан Унковски, кој
прв пат режира во Хрватска, за негова-
та работа беше поздравен со пофални
зборови, а за некого уживањето во
тричасовната приказна беше дури и
малку.
Смешните и тажни чеховски ситуа-
ции се извонредно и ненаметливо
изрежирани, актерскиот ансамбл е
одлично разигран, а претставата која
останува доследна на текстот прого-
ворува и за сегашните човечки невро-
зи и опсесии.
„Слободан Унковски многу добро
покажа како хероите на Чехов се тра-
гикомични кога ќе станат свесни за
минливоста на својот живот, особено
во првиот дел кога трите сестри и сите
околу нив ги фаќаат последните мо-
менти на забава извикувајќи ’Во Мос-
ква, во Москва!‘. Тоа е крикот за кој си-
те копнеат во некој вид на месијанско
исчекување. Но, таа за нив ќе остане
недосонуван сон“, рече театарската
критичарка Гордана Остовиќ, по зав-
ршувањето на претставата.
Меѓу публиката беше и режисерот
Александар Поповски, кој истакна де-
ка овој тип на претстави на Унковски
најмногу ги сака и дека го навраќаат
назад на „Диво месо“ и на „Театарски
илузии“.
„Толку емоции, толку убаво раска-
жана приказна, прекрасни улоги, бо-
гатство на ликови, на решенија, при-
кажани на еден многу убав начин, кој
Унко знае да го прави, многу обичен,
а всушност многу длабок“, рече По-
повски.
Режисерот Унковски е задоволен од
реакциите на публиката и од тоа како
помина претставата и на претпремие-
рата и на премие-
рата.
„Многу ми е
драго дека прет-
ставата помина
одлично. Публи-
ката на последна-
та претпремиера,
како и на преми-
ерата, ја прими
извонредно и се
радувам што
успеав со овој
ансамбл Чехов да
го направиме на
еден поинаков
начин. Со еден
модерен сензиби-
литет, без да го
менуваме текстот или без ние да се мо-
дернизираме. Така што си одам во
Скопје со едно одлично чувство и со
една завршена мисија што не беше
лесна и што не беше едноставна, меѓу-
тоа ми е драго дека тоа го направивме
токму на еден текст на Чехов“, рече
Унковски.
На актерките Ана Шоваговиќ-Дес-
пот и Хелена Буљан, кои добро го поз-
наваат опусот на Чехов, кои имаат гле-
дано различни изведби на негови дела
и кои имаат играно негови улоги, Хе-
лена како Олга, а Ања како Маша, беа
едногласни дека оваа им е една од по-
себно драгите изведби на Чехов.
„Претставата не е стереотипно
направена, не се тоа некои луѓе кои
само ламентираат или се само мелан-
холични. Тука има и хумор, големи
се амплитудите, актерите се прекрас-
ни и јас сум многу задоволна“, истак-
на Буљан.
Актерката Шоваговиќ-Деспот, пак,
рече дека неизмерно ги почитува
ваквите размени на соработка и се
надева дека како што Унковски овде
прв пат работеше во „Гавела“, дека
така некој од актерите или од режи-
серите од театарот ќе гостуваат во
Скопје.
Во своите улоги посебно се истак-
наа: Јелена Михољевиќ како Олга,
Дијана Видушин како Маша, Ивана
Рошчиќ како Ирина, Озрен Грабариќ
како Андреј Сергејевиќ, Ранко Зида-
риќ како заповедник на артилерис-
киот баталјон и др.
Драматургијата е на Дубравко Ми-
хановиќ, преводот е на Чедо Прица,
сценографијата на Бранко Хојник,
костимографијата на Марита Чопо,
автор на музиката е Давор Роко, а на
светлото Здравко Столник.
Во саботата беше поставен камен-темелник за
изградба на нов објект на Турскиот театар во
Скопје. Ова е проект на Владата на Република
Македонија, а се реализира преку Министерство-
то за култура. Новата зграда на Турскиот театар
ќе биде сместена во близина на поранешното ба-
летско училиште и ќе располага со вкупно осум
нивоа, од кои пет се надземни и три подземни.
Театарот ќе располага со две сцени со вкупен
капацитет од над 450 гледачи. Малата сцена ќе
биде со површина од 180 м2 и максимален капа-
цитет на посетители до 150, додека големата сце-
на во објектот ќе располага со гледалиште со ка-
пацитет од 329 седишта. Покрај основната фун-
кција на објектот, планирано е во негови рамки
да функционира и изложбена галерија, култур-
но-информативен центар и мултимедијална са-
ла.
Изведувач на работите е градежната компани-
ја „Бетон“, а се очекува за 14 месеци да биде
изградена карабината на објектот. Изградбата
на карабината ќе чини 248 милиони денари.
Инаку, проектот е изработен на основа на
првонаграденото конкурсно решение за идејно
архитектонско решение на архитектот Виктор
Михајлов.
На поставувањето на камен-темелникот при-
суствуваа премиерот Никола Груевски и минис-
трите за култура и за транспорт и врски - Елиза-
бета Канческа-Милевска и Миле Јанакиески, ка-
ко и вицепремиерот на Турција, Емрула Ишлер.
Според премиерот Груевски, објектот е замис-
лен да функционира пред с` како центар за про-
моција на турската култура, но и да биде основа
за продлабочување на културната соработка со
Турција.
„Уметноста е процес, а не производ. Наша за-
дача е да го поддржиме овој процес со постојано
вложување во развојот на културата и културна-
та размена со другите земји. Објектот кој денес
почнува да се гради е уште еден пример за интен-
зивната соработка во областа на културата меѓу
Македонија и Турција“, рече Груевски.
Тој истакна дека уште еден значаен проект кој
ќе ги интензивира односите меѓу двете држави
ќе биде и обновата на куќата на родителите на
Кемал Ататурк во селото Коџаџик, која наскоро
ќе биде промовирана во јавноста.
За министерката Канческа-Милевска, изград-
бата на новиот објект на Турскиот театар прет-
ставува исполнување на сонот на многу генера-
ции турски актери.
„Турскиот театар и неговиот повеќедецениски
подем во нашата театарска историја имаат неос-
порно значење кое е подвлечено со фактот дека
овој театар е единствениот на Балканот и во
Европа, кој повеќе од половина век дејствува
надвор од границите на матичната држава. Во
текот на изминатите седум децении, овој
ансамбл создаде специфичен и креативен теа-
тарски израз, кој ја промовираше турската теа-
тарска традиција во културниот живот во нашата
држава“, рече Канческа-Милевска.
Досега, Турскиот театар функционираше во
истите простории заедно со Албанскиот теа-
тар. (К.Р.)
„Си одам во
Скопје со едно
одлично чувство
и со една
завршена мисија
што не беше
лесна и
едноставна.
Драго ми е дека
претставата
помина
одлично“, рече
Унковски (на
сликата со
актерската и
уметничката
екипа)
Три часа Чехов и силни аплаузи за Унковски во Загреб
Во загрепскиот Драмски
театар „Гавела“, во петокот
премиерно беше изведена
театарската претстава „Три
сестри“ на Чехов, во режија
на Слободан Унковски, кој
прв пат режира во Хрватска
Турскиот театар во Скопје
ќе добие нов објект
Театарот ќе располага со две сцени со
вкупен капацитет од над 450 гледачи,
а планирано е во негови рамки да
функционира и изложбена галерија,
културно-информативен центар и
мултимедијална сала

More Related Content

Viewers also liked

Viewers also liked (7)

15
1515
15
 
Ерјона Какели
Ерјона КакелиЕрјона Какели
Ерјона Какели
 
Изложба Осумдесеттите
Изложба ОсумдесеттитеИзложба Осумдесеттите
Изложба Осумдесеттите
 
Интервју Оливер Фрлиќ
Интервју Оливер ФрлиќИнтервју Оливер Фрлиќ
Интервју Оливер Фрлиќ
 
Preporaka Brlek
Preporaka BrlekPreporaka Brlek
Preporaka Brlek
 
sken2
sken2sken2
sken2
 
14
1414
14
 

Унковски во Загреб

  • 1. 14 ПОНЕДЕЛНИК 20 ЈАНУАРИ 2014КУЛТУРА ЕЛЕНА АНГЕЛОВСКА Н овата претстава во „Гавела“ - „Три сестри“ од Чехов, која го прикажува актуелното чувство на пропуштените прилики, осаменос- та и депресијата, драма за невозврате- ните љубови, потиснатите емоции и неискажаните мисли, публиката во Загреб ја доживаа многу возбудливо. Режисерот Слободан Унковски, кој прв пат режира во Хрватска, за негова- та работа беше поздравен со пофални зборови, а за некого уживањето во тричасовната приказна беше дури и малку. Смешните и тажни чеховски ситуа- ции се извонредно и ненаметливо изрежирани, актерскиот ансамбл е одлично разигран, а претставата која останува доследна на текстот прого- ворува и за сегашните човечки невро- зи и опсесии. „Слободан Унковски многу добро покажа како хероите на Чехов се тра- гикомични кога ќе станат свесни за минливоста на својот живот, особено во првиот дел кога трите сестри и сите околу нив ги фаќаат последните мо- менти на забава извикувајќи ’Во Мос- ква, во Москва!‘. Тоа е крикот за кој си- те копнеат во некој вид на месијанско исчекување. Но, таа за нив ќе остане недосонуван сон“, рече театарската критичарка Гордана Остовиќ, по зав- ршувањето на претставата. Меѓу публиката беше и режисерот Александар Поповски, кој истакна де- ка овој тип на претстави на Унковски најмногу ги сака и дека го навраќаат назад на „Диво месо“ и на „Театарски илузии“. „Толку емоции, толку убаво раска- жана приказна, прекрасни улоги, бо- гатство на ликови, на решенија, при- кажани на еден многу убав начин, кој Унко знае да го прави, многу обичен, а всушност многу длабок“, рече По- повски. Режисерот Унковски е задоволен од реакциите на публиката и од тоа како помина претставата и на претпремие- рата и на премие- рата. „Многу ми е драго дека прет- ставата помина одлично. Публи- ката на последна- та претпремиера, како и на преми- ерата, ја прими извонредно и се радувам што успеав со овој ансамбл Чехов да го направиме на еден поинаков начин. Со еден модерен сензиби- литет, без да го менуваме текстот или без ние да се мо- дернизираме. Така што си одам во Скопје со едно одлично чувство и со една завршена мисија што не беше лесна и што не беше едноставна, меѓу- тоа ми е драго дека тоа го направивме токму на еден текст на Чехов“, рече Унковски. На актерките Ана Шоваговиќ-Дес- пот и Хелена Буљан, кои добро го поз- наваат опусот на Чехов, кои имаат гле- дано различни изведби на негови дела и кои имаат играно негови улоги, Хе- лена како Олга, а Ања како Маша, беа едногласни дека оваа им е една од по- себно драгите изведби на Чехов. „Претставата не е стереотипно направена, не се тоа некои луѓе кои само ламентираат или се само мелан- холични. Тука има и хумор, големи се амплитудите, актерите се прекрас- ни и јас сум многу задоволна“, истак- на Буљан. Актерката Шоваговиќ-Деспот, пак, рече дека неизмерно ги почитува ваквите размени на соработка и се надева дека како што Унковски овде прв пат работеше во „Гавела“, дека така некој од актерите или од режи- серите од театарот ќе гостуваат во Скопје. Во своите улоги посебно се истак- наа: Јелена Михољевиќ како Олга, Дијана Видушин како Маша, Ивана Рошчиќ како Ирина, Озрен Грабариќ како Андреј Сергејевиќ, Ранко Зида- риќ како заповедник на артилерис- киот баталјон и др. Драматургијата е на Дубравко Ми- хановиќ, преводот е на Чедо Прица, сценографијата на Бранко Хојник, костимографијата на Марита Чопо, автор на музиката е Давор Роко, а на светлото Здравко Столник. Во саботата беше поставен камен-темелник за изградба на нов објект на Турскиот театар во Скопје. Ова е проект на Владата на Република Македонија, а се реализира преку Министерство- то за култура. Новата зграда на Турскиот театар ќе биде сместена во близина на поранешното ба- летско училиште и ќе располага со вкупно осум нивоа, од кои пет се надземни и три подземни. Театарот ќе располага со две сцени со вкупен капацитет од над 450 гледачи. Малата сцена ќе биде со површина од 180 м2 и максимален капа- цитет на посетители до 150, додека големата сце- на во објектот ќе располага со гледалиште со ка- пацитет од 329 седишта. Покрај основната фун- кција на објектот, планирано е во негови рамки да функционира и изложбена галерија, култур- но-информативен центар и мултимедијална са- ла. Изведувач на работите е градежната компани- ја „Бетон“, а се очекува за 14 месеци да биде изградена карабината на објектот. Изградбата на карабината ќе чини 248 милиони денари. Инаку, проектот е изработен на основа на првонаграденото конкурсно решение за идејно архитектонско решение на архитектот Виктор Михајлов. На поставувањето на камен-темелникот при- суствуваа премиерот Никола Груевски и минис- трите за култура и за транспорт и врски - Елиза- бета Канческа-Милевска и Миле Јанакиески, ка- ко и вицепремиерот на Турција, Емрула Ишлер. Според премиерот Груевски, објектот е замис- лен да функционира пред с` како центар за про- моција на турската култура, но и да биде основа за продлабочување на културната соработка со Турција. „Уметноста е процес, а не производ. Наша за- дача е да го поддржиме овој процес со постојано вложување во развојот на културата и културна- та размена со другите земји. Објектот кој денес почнува да се гради е уште еден пример за интен- зивната соработка во областа на културата меѓу Македонија и Турција“, рече Груевски. Тој истакна дека уште еден значаен проект кој ќе ги интензивира односите меѓу двете држави ќе биде и обновата на куќата на родителите на Кемал Ататурк во селото Коџаџик, која наскоро ќе биде промовирана во јавноста. За министерката Канческа-Милевска, изград- бата на новиот објект на Турскиот театар прет- ставува исполнување на сонот на многу генера- ции турски актери. „Турскиот театар и неговиот повеќедецениски подем во нашата театарска историја имаат неос- порно значење кое е подвлечено со фактот дека овој театар е единствениот на Балканот и во Европа, кој повеќе од половина век дејствува надвор од границите на матичната држава. Во текот на изминатите седум децении, овој ансамбл создаде специфичен и креативен теа- тарски израз, кој ја промовираше турската теа- тарска традиција во културниот живот во нашата држава“, рече Канческа-Милевска. Досега, Турскиот театар функционираше во истите простории заедно со Албанскиот теа- тар. (К.Р.) „Си одам во Скопје со едно одлично чувство и со една завршена мисија што не беше лесна и едноставна. Драго ми е дека претставата помина одлично“, рече Унковски (на сликата со актерската и уметничката екипа) Три часа Чехов и силни аплаузи за Унковски во Загреб Во загрепскиот Драмски театар „Гавела“, во петокот премиерно беше изведена театарската претстава „Три сестри“ на Чехов, во режија на Слободан Унковски, кој прв пат режира во Хрватска Турскиот театар во Скопје ќе добие нов објект Театарот ќе располага со две сцени со вкупен капацитет од над 450 гледачи, а планирано е во негови рамки да функционира и изложбена галерија, културно-информативен центар и мултимедијална сала