SlideShare a Scribd company logo

Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело време ако затреба нешто! “

Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело време ако затреба нешто! “

1 of 2
Download to read offline
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело време ако затреба
нешто! “
Соработката со МЕЃАШИ почна во првите години од нивното постоење. Видов на телевизија дека
имаат ликовен караван на Скопскиот Плоштад и сам отидов да се запознаам и да ги прашам дали
може да ми направат изложба, јас имам интересно хоби со кибритчиња (за 37 години сега имам
собрано 3 000). Горде љубезно ме пречека, ѝ кажав јас за мојата идеја за изложба, таа рече тие
сега засега такви услови немаат, а патем ја прашав дали може да волонтирам, рече: „Ако сакаш,
уште денеска можеш да почнеш“. Вели: „Еве го дојден е глумецот Џумерко од Прилеп, ќе одат во
еден магацин, ќе треба да земат алишта и со него можеш да појдеш како претставник од Детска
амбасада“. Велам „Ајде, ќе одам со Џумерко“, со возачот и уште двајца-тројца отидовме во
магацинот. Тогаш беше актуелен со улогата на Итар Пејо од „Солунски патрдии“ и додека чекавме
да се среди документацијата, тој ни кажуваше смешки. Интересен прв волонтерски ден. Потоа се
редеа настани, дојдоа бегалците од БиХ, одевме со нив во Чичино село. Кога беа пак бегалците од
Косово, цело лето од мај до септември група луѓе одевме во скопското село Радуша, си игравме со
децата, ги забавуваме, иако не разбиравме албански. Потоа кога се смири ситуацијата со
бегалците, со МЕЃАШИ учествував на разни настани, неколкупати сум бил со касичките по
маркетите, водев и детска работилница за пишување писмо до непознато другарче, ги подучував
децата, па им стигнуваа писма во Амбасадата, некои и дојдоа од Куманово и се запознаа. Во
детските работилници се правеа разни рачно направени украсни предмети, а и новогодишни
честитки и нив ги продававме волонтерите околу новогодишните празници на разни базари или
во некои големи маркети.
Еднаш на Средно Водно се организираше трка со ролери меѓу децата. Пиевме топол планински
чај. Имаше еколошко предавање, а јас од мојот расадник донесов дваесетина мали дрвца и ги
посадивме. Дојдоа и многу родители со децата, а некои од нив беа познати личности, пејачи,
спортисти… И сега се прашувам дали од тоа што го виделе тогаш и некој го предложил некаде, тоа
навистина не знам, но по година и половина првпат се одржа „Ден на дрвото“, манифестација на
масовно садење дрвја... Се случуваа и семинари низ Македонија, а и во Романија една година, за
младинци. Со уште неколкумина бевме таму 15 дена, прво на планина во близина на местото на
замокот на Дракула, каде секоја вечер имаше различна презентација за нивната традиција, а
потоа седум дена шетавме во нивниот главен град Букурешт. Тоа е бенефитот − се запознаваш со
луѓе, создаваш нови контакти.
И секогаш Детската амбасада ги наградувала заслужните волонтери, па така јас добив лото со тоа
што додека се организираше некој настан на плоштадот во Скопје, Тетово, Велес,Куманово, сето
тоа се снимаше со хеликоптер и од него се фрлаа летоци за тој настан. Ми дадоа шанса да летам
во хеликоптер и сите овие градови ги гледав одозгора и беше незаборавно искуство, три часа да
се лета над Македонија.
Едно лето имавме и театар, децата глумеа. Имаше и спортска и ликовна и драмска работилница, а
подготвивме и претстава со деца со попреченост, од 4-5 школи. Се собиравме во „Партение
Зоографски“ попладне од кај 16-17 часот. Потоа една недела сите заедно бевме на Пониква на
одмор, на крај имаа и генерална проба, на која им дојдоа и родителите. Театарската претстава
беше прикажана во триесетина градови низ Македонија.
Ме одушевува работата на МЕЃАШИ. Убава е. Нешто посебно, уникатно, тивко, мирно, да не се
истакнуваат, ама тука се цело време ако затреба нешто. Е, сега како се снаоѓаат, тие си знаат, мора
да се обезбедат пари за Амбасадата да функционира. Јас сè уште сум волонтер таму. Еден не
може да направи нешто, но кога се здружуваат двајца, тројца, повеќемина, може да се поттикне
нешто убаво. На 25-годишнината на свеченоста во Драмски театар добив статуетка меѓу
заслужните, аплаудираше цела сала. Исто и од МКЦ од Битола добив благодарница за
волонтеризам.
"Волонтерството во Меѓаши е задоволство". Сакам да работам со деца и во нивни интерес нив да
им биде добро, да се чувствуваат убаво, да имаа спокојно детство. Сега смислив и една лесна игра
за деца, а тие ќе бидат добредојдени во музејот на кибритот, еден ден кога ќе го отворам.
****
Монографијата можете да ја прочитате на следната страна bit.ly/3MuRkxa

Recommended

ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ:„ Една песна спаси детска судбина! “ Вицеконзул на Првата ...
ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ:„ Една песна спаси детска судбина! “ Вицеконзул на Првата ...ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ:„ Една песна спаси детска судбина! “ Вицеконзул на Првата ...
ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ:„ Една песна спаси детска судбина! “ Вицеконзул на Првата ...First Children's Embassy in the World
 
ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ:„ Една песна спаси детска судбина! “ Вицеконзул на Првата ...
ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ:„ Една песна спаси детска судбина! “ Вицеконзул на Првата ...ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ:„ Една песна спаси детска судбина! “ Вицеконзул на Првата ...
ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ:„ Една песна спаси детска судбина! “ Вицеконзул на Првата ...Детска Амбасада Меѓаши
 
КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ, амбасадор на Детската амбасада МЕЃАШИ „Горд сум што има една...
КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ, амбасадор на Детската амбасада МЕЃАШИ „Горд сум што има една...КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ, амбасадор на Детската амбасада МЕЃАШИ „Горд сум што има една...
КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ, амбасадор на Детската амбасада МЕЃАШИ „Горд сум што има една...First Children's Embassy in the World
 
КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ, амбасадор на Детската амбасада МЕЃАШИ „Горд сум што има една...
КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ, амбасадор на Детската амбасада МЕЃАШИ „Горд сум што има една...КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ, амбасадор на Детската амбасада МЕЃАШИ „Горд сум што има една...
КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ, амбасадор на Детската амбасада МЕЃАШИ „Горд сум што има една...Детска Амбасада Меѓаши
 
Весна Димчевска, Хорот „Пиколо“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје, ко...
Весна Димчевска, Хорот „Пиколо“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ –  Скопје, ко...Весна Димчевска, Хорот „Пиколо“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ –  Скопје, ко...
Весна Димчевска, Хорот „Пиколо“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје, ко...Детска Амбасада Меѓаши
 
Весна Димчевска, Хорот „Пиколо“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје, ко...
Весна Димчевска, Хорот „Пиколо“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје,  ко...Весна Димчевска, Хорот „Пиколо“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје,  ко...
Весна Димчевска, Хорот „Пиколо“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје, ко...First Children's Embassy in the World
 
Драги Змијанац – Застапник и бранител на правата на децата
Драги Змијанац – Застапник и бранител на правата на децатаДраги Змијанац – Застапник и бранител на правата на децата
Драги Змијанац – Застапник и бранител на правата на децатаFirst Children's Embassy in the World
 
More Related Content

More from First Children's Embassy in the World

МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022.pdf
МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022.pdfМОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022.pdf
МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022.pdfFirst Children's Embassy in the World
 
ПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА АЛОБУШАВКО - ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ НА...
ПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА АЛОБУШАВКО - ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ НА...ПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА АЛОБУШАВКО - ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ НА...
ПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА АЛОБУШАВКО - ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ НА...First Children's Embassy in the World
 
ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДВАЈЦА/ДВЕ ОБУЧУВАЧ(К)И ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО
ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДВАЈЦА/ДВЕ ОБУЧУВАЧ(К)И ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТОПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДВАЈЦА/ДВЕ ОБУЧУВАЧ(К)И ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО
ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДВАЈЦА/ДВЕ ОБУЧУВАЧ(К)И ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТОFirst Children's Embassy in the World
 
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...First Children's Embassy in the World
 
DRAGI ZMIJANAC: “It is a challenge to be the leader of this great global move...
DRAGI ZMIJANAC: “It is a challenge to be the leader of this great global move...DRAGI ZMIJANAC: “It is a challenge to be the leader of this great global move...
DRAGI ZMIJANAC: “It is a challenge to be the leader of this great global move...First Children's Embassy in the World
 
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdfГодишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdfFirst Children's Embassy in the World
 
МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање кординатор/ка на проект поддржан во рамки...
МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање кординатор/ка на проект поддржан во рамки...МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање кординатор/ка на проект поддржан во рамки...
МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање кординатор/ка на проект поддржан во рамки...First Children's Embassy in the World
 
BLAGOJA CHOREVSKI-CHORE, VICE-AMBASSADOR “I feel proud, when I go to MEGJASHI...
BLAGOJA CHOREVSKI-CHORE, VICE-AMBASSADOR “I feel proud, when I go to MEGJASHI...BLAGOJA CHOREVSKI-CHORE, VICE-AMBASSADOR “I feel proud, when I go to MEGJASHI...
BLAGOJA CHOREVSKI-CHORE, VICE-AMBASSADOR “I feel proud, when I go to MEGJASHI...First Children's Embassy in the World
 
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...First Children's Embassy in the World
 
Позначајни организациски постигнувања и заложби.pdf
Позначајни организациски постигнувања и заложби.pdfПозначајни организациски постигнувања и заложби.pdf
Позначајни организациски постигнувања и заложби.pdfFirst Children's Embassy in the World
 
MONOGRAPH First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022 , 30 year...
MONOGRAPH  First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022 , 30 year...MONOGRAPH  First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022 , 30 year...
MONOGRAPH First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022 , 30 year...First Children's Embassy in the World
 
MONOGRAPH The First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022.pdf
MONOGRAPH The First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022.pdfMONOGRAPH The First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022.pdf
MONOGRAPH The First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022.pdfFirst Children's Embassy in the World
 
More from First Children's Embassy in the World (20)

Dragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender 1.pdf
Dragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender 1.pdfDragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender 1.pdf

Dragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender.pdf
Dragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender.pdfDragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender.pdf
Dragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender.pdf
 
Dragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender.pdf
Dragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender.pdfDragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender.pdf
Dragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender.pdf
 
МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022.pdf
МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022.pdfМОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022.pdf
МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022.pdf
 
ПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА АЛОБУШАВКО - ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ НА...
ПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА АЛОБУШАВКО - ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ НА...ПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА АЛОБУШАВКО - ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ НА...
ПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА АЛОБУШАВКО - ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ НА...
 
ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДВАЈЦА/ДВЕ ОБУЧУВАЧ(К)И ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО
ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДВАЈЦА/ДВЕ ОБУЧУВАЧ(К)И ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТОПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДВАЈЦА/ДВЕ ОБУЧУВАЧ(К)И ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО
ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДВАЈЦА/ДВЕ ОБУЧУВАЧ(К)И ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО
 
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...
 
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...
 
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...
 
DRAGI ZMIJANAC: “It is a challenge to be the leader of this great global move...
DRAGI ZMIJANAC: “It is a challenge to be the leader of this great global move...DRAGI ZMIJANAC: “It is a challenge to be the leader of this great global move...
DRAGI ZMIJANAC: “It is a challenge to be the leader of this great global move...
 
Годишен извештај АлоБушавко 2022.pdf
Годишен извештај АлоБушавко 2022.pdfГодишен извештај АлоБушавко 2022.pdf
Годишен извештај АлоБушавко 2022.pdf
 
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdfГодишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
 
МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање кординатор/ка на проект поддржан во рамки...
МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање кординатор/ка на проект поддржан во рамки...МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање кординатор/ка на проект поддржан во рамки...
МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање кординатор/ка на проект поддржан во рамки...
 
Arritjet dhe angazhimet e rëndësishme organizative
Arritjet dhe angazhimet e rëndësishme organizativeArritjet dhe angazhimet e rëndësishme organizative
Arritjet dhe angazhimet e rëndësishme organizative
 
BLAGOJA CHOREVSKI-CHORE, VICE-AMBASSADOR “I feel proud, when I go to MEGJASHI...
BLAGOJA CHOREVSKI-CHORE, VICE-AMBASSADOR “I feel proud, when I go to MEGJASHI...BLAGOJA CHOREVSKI-CHORE, VICE-AMBASSADOR “I feel proud, when I go to MEGJASHI...
BLAGOJA CHOREVSKI-CHORE, VICE-AMBASSADOR “I feel proud, when I go to MEGJASHI...
 
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје ...
 
Позначајни организациски постигнувања и заложби.pdf
Позначајни организациски постигнувања и заложби.pdfПозначајни организациски постигнувања и заложби.pdf
Позначајни организациски постигнувања и заложби.pdf
 
MONOGRAPH First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022 , 30 year...
MONOGRAPH  First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022 , 30 year...MONOGRAPH  First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022 , 30 year...
MONOGRAPH First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022 , 30 year...
 
MONOGRAPH The First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022.pdf
MONOGRAPH The First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022.pdfMONOGRAPH The First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022.pdf
MONOGRAPH The First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022.pdf
 
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело време ако затреба нешто! “

  • 1. Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело време ако затреба нешто! “ Соработката со МЕЃАШИ почна во првите години од нивното постоење. Видов на телевизија дека имаат ликовен караван на Скопскиот Плоштад и сам отидов да се запознаам и да ги прашам дали може да ми направат изложба, јас имам интересно хоби со кибритчиња (за 37 години сега имам собрано 3 000). Горде љубезно ме пречека, ѝ кажав јас за мојата идеја за изложба, таа рече тие сега засега такви услови немаат, а патем ја прашав дали може да волонтирам, рече: „Ако сакаш, уште денеска можеш да почнеш“. Вели: „Еве го дојден е глумецот Џумерко од Прилеп, ќе одат во еден магацин, ќе треба да земат алишта и со него можеш да појдеш како претставник од Детска амбасада“. Велам „Ајде, ќе одам со Џумерко“, со возачот и уште двајца-тројца отидовме во магацинот. Тогаш беше актуелен со улогата на Итар Пејо од „Солунски патрдии“ и додека чекавме да се среди документацијата, тој ни кажуваше смешки. Интересен прв волонтерски ден. Потоа се редеа настани, дојдоа бегалците од БиХ, одевме со нив во Чичино село. Кога беа пак бегалците од Косово, цело лето од мај до септември група луѓе одевме во скопското село Радуша, си игравме со децата, ги забавуваме, иако не разбиравме албански. Потоа кога се смири ситуацијата со бегалците, со МЕЃАШИ учествував на разни настани, неколкупати сум бил со касичките по маркетите, водев и детска работилница за пишување писмо до непознато другарче, ги подучував децата, па им стигнуваа писма во Амбасадата, некои и дојдоа од Куманово и се запознаа. Во детските работилници се правеа разни рачно направени украсни предмети, а и новогодишни честитки и нив ги продававме волонтерите околу новогодишните празници на разни базари или во некои големи маркети. Еднаш на Средно Водно се организираше трка со ролери меѓу децата. Пиевме топол планински чај. Имаше еколошко предавање, а јас од мојот расадник донесов дваесетина мали дрвца и ги посадивме. Дојдоа и многу родители со децата, а некои од нив беа познати личности, пејачи,
  • 2. спортисти… И сега се прашувам дали од тоа што го виделе тогаш и некој го предложил некаде, тоа навистина не знам, но по година и половина првпат се одржа „Ден на дрвото“, манифестација на масовно садење дрвја... Се случуваа и семинари низ Македонија, а и во Романија една година, за младинци. Со уште неколкумина бевме таму 15 дена, прво на планина во близина на местото на замокот на Дракула, каде секоја вечер имаше различна презентација за нивната традиција, а потоа седум дена шетавме во нивниот главен град Букурешт. Тоа е бенефитот − се запознаваш со луѓе, создаваш нови контакти. И секогаш Детската амбасада ги наградувала заслужните волонтери, па така јас добив лото со тоа што додека се организираше некој настан на плоштадот во Скопје, Тетово, Велес,Куманово, сето тоа се снимаше со хеликоптер и од него се фрлаа летоци за тој настан. Ми дадоа шанса да летам во хеликоптер и сите овие градови ги гледав одозгора и беше незаборавно искуство, три часа да се лета над Македонија. Едно лето имавме и театар, децата глумеа. Имаше и спортска и ликовна и драмска работилница, а подготвивме и претстава со деца со попреченост, од 4-5 школи. Се собиравме во „Партение Зоографски“ попладне од кај 16-17 часот. Потоа една недела сите заедно бевме на Пониква на одмор, на крај имаа и генерална проба, на која им дојдоа и родителите. Театарската претстава беше прикажана во триесетина градови низ Македонија. Ме одушевува работата на МЕЃАШИ. Убава е. Нешто посебно, уникатно, тивко, мирно, да не се истакнуваат, ама тука се цело време ако затреба нешто. Е, сега како се снаоѓаат, тие си знаат, мора да се обезбедат пари за Амбасадата да функционира. Јас сè уште сум волонтер таму. Еден не може да направи нешто, но кога се здружуваат двајца, тројца, повеќемина, може да се поттикне нешто убаво. На 25-годишнината на свеченоста во Драмски театар добив статуетка меѓу заслужните, аплаудираше цела сала. Исто и од МКЦ од Битола добив благодарница за волонтеризам. "Волонтерството во Меѓаши е задоволство". Сакам да работам со деца и во нивни интерес нив да им биде добро, да се чувствуваат убаво, да имаа спокојно детство. Сега смислив и една лесна игра за деца, а тие ќе бидат добредојдени во музејот на кибритот, еден ден кога ќе го отворам. **** Монографијата можете да ја прочитате на следната страна bit.ly/3MuRkxa