Годишен-план-за-работа-на-креативна-секција III одд..doc
1. Годишен план за работа на креативна секција
-Мали креативци
- Носител/и на активностите: Евгенија Белогаска, Викторија Шопова, Станка Голчевска, Катерина Орачка
- Цели и задачи на секцијата:
Цел: учениците да владеат со моториката и координацијата и да се развива според своите психофизички способности
истакнувајќи ја креативноста и и способноста за изразување.
Задачи: Оспособување на учениците успешно да се служат со средствата и техниките за практично изразување ;
Оспособување на учениците успешно да ги користат средствата и техниките за практично изразување;
Развивање на креативното мислење, прецизноста, самостојноста ,соработката во група, забележување и опишување на детали;
адекватно и активно учествување во презентација на сопствените изработки
Начин на реализирање на програмата:
На часовите на креативната секција, учениците претежно работат групна работа и работа во пар. Учениците се оспособуваат да
обликуваат, моделираат и да преобликуваат различни материјали. На тој начин учениците се мотивираат и поттикнуваат за
креативно изразување.
- Корелација со наставни предмети:
Македонски јазик, Општество, Ликовно образование, математика, музичко образование
Планирани содржини во текот на годината
месец Содржини
Септември – Јуни Запознавање со предметот, материјалот и приборот
Училишно ѕвонче
Весел држач за моливи
Обележувач за страници
Честитка од есенски плодови
Животни од есенски материјали
Завршување на изработките
Весела обвивка за книги
Тиква од хартиени траки
Есен во шумата
2. Есенска рамка за слика
Завршување на изработките
Поставување есенско пано
Снежен облак
Новогодишни честитки и украси за елка
Празничен свеќник од хартија
Поставување зимско пано
Божиќна ноќ
Животни од картон
Весник на пролетта
Честитка за Денот на вљубените
Кутија за накит
Изработка на накит
Изработка на честитка за 8 Март
Цвеќе од различни материјали
Пролетен шешир
Поставување пролетно пано
Пролетно дрво
Украсни теглички
Украсна подлога за Велигденско јајце
Шарени јајца
Геометриски украси од хартија
Завршување на изработките
Декоративна кутија
Завршување на изработките
Изложба на изработки