Филантропија во кризни
времиња: Одговор на Ковид-19
во регионот на Западен Балкан
Ноември 2021.
Содржина
Вовед ........................... ......................................................................................
Резиме ...............................................................................................................
Одговор на Ковид-19 во регионот на Западен Балкан .....................
• Регионален преглед .....................................................................................
· Донатори ..................................................................................................
· Приматели ...............................................................................................
· Крајни корисници ..................................................................................
· Начини на донации ...............................................................................
· Медиумска покриеност ........................................................................
· Донирани средства споредено со ширењето на Ковид-19 ..........
• Компаративна перспектива ......................................................................
· Донатори .................................................................................................
· Приматели ..............................................................................................
· Крајни корисници .................................................................................
· Начини на донирање ...........................................................................
• Локален контекст ........................................................................................
· Албанија ...................................................................................................
· Босна и Херцеговина ............................................................................
· Хрватска ...................................................................................................
· Косово ......................................................................................................
· Црна Гора ................................................................................................
· Северна Македонија .............................................................................
· Србија .......................................................................................................
Aнекс .................................................................................................................
· Методологија ..........................................................................................
· Речник ......................................................................................................
1
2
4
4
6
8
9
10
12
13
15
17
19
21
23
25
25
27
29
31
33
35
37
39
39
40
Вовед
Функционирањето на непрофитниот сектор
во Западен Балкан е нарушено поради
опасностите од вирусот Ковид-19. Некои од
клучните прашања и бариерите на капаци-
тетот на непрофитните сектори ефикасно да
одговорат на оваа криза вклучуваат неефи-
касна употреба на дигитални алатки и
недоволен збир на вештини за соодветна
комуникација, соработка, управување со
програми и ограничена можност за мобили-
зирање на потребните ресурси. Поддржан
од Американската агенција за меѓународен
развој (USAID) и Балканскиот фонд за
демократија (BTD), Catalyst Balkans предло-
жи збир на активности за да му ја обезбеди
на непрофитниот сектор потребната
поддршка за време на пандемијата
Ковид-19.
Филантропија во кризни времиња: Извеш-
тајот Одговор на Ковид-19 во Регионот на
Западен Балкан претставува еден сегмент од
овој проект. Обезбедува податоци и инфор-
мации за напорите на филантропската
заедница во Западен Балкан за ублажување
на влијанијата на кризата од Ковид-19.
Водени од уверувањето дека со постојано
зајакнување на своите капацитети и здружу-
вање сили со јавниот и деловниот сектор,
непрофитните организации можат да бидат
еден од главните столбови за надминување
на секоја криза, нудиме преглед на филан-
тропските практики во Западен Балкан за
време на пандемијата. И покрај тоа што
веруваме дека визијата на USAID и BTD во
голема мера се усогласува со нашата, треба
да се забележи дека мислењата изразени во
оваа публикација задолжително не мора да
ги одразуваат мислењата на соодветните
организации или нивните партнери.
Регионот на Западен Балкан се состои од
земји кои не се членки на ЕУ, а најголемиот
дел од неговата територија се наоѓа на
Балканскиот Полуостров.
Меѓутоа, бидејќи Catalyst Balkans ја следи
состојбата на филантропијата и во Хрватска,
посоодветно е опфатот на овој извештај да
се дефинира како проширена територија на
Западен Балкан. Со други зборови, филан-
тропските заедници кои се застапени во
овој извештај ги подрразбираат следните
ентитети: Албанија, Босна и Херцеговина,
Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна
Македонија и Србија.
На страниците што следат, прво ги сумира-
ме филантропските практики помеѓу 1 март
2020 година и 28 февруари 2021 година.
Последователно, извештајот е поделен во
три поглавја. Првото поглавје дава анализа
на податоците на регионално ниво.
Користејќи го истиот збир на индикатори, ги
споредуваме филантропските заедници во
регионот во второто поглавје, додека во
третото се фокусираме на специфичностите
на локалниот контекст. За крај, ги објаснува-
ме методите што ги користиме и обезбеду-
ваме листа на клучни термини што се
користат во извештајот.
1
Резиме
Филантропијата е важна во време на
стабилност, но е клучна во време на криза.
Кризите можат да произведат хомогенизи-
рачки ефект, охрабрувајќи ги граѓаните да
покажат солидарност и поголема грижа за
заедницата. Сепак, може да се случи и
поради зголемената егзистенцијална
несигурност, заедницата да се фрагментира,
а граѓаните да се свртат кон своите примар-
ни групи, семејството и самите себе. Кризата
Ковид-19 е единствена затоа што ги изоли-
раше актерите на глобално ниво со затво-
рање на границите меѓу земјите и локално,
со наметнување физичка дистанца меѓу
луѓето. На почетокот на кризата, поимот
социјална дистанца стана широко распро-
странет во јавната сфера, но подоцна беше
заменет со правилниот термин - физичка
дистанца. Двата термина се посебни
концепти. Додека физичката дистанца
подразбира отсуство на физички контакт,
што е пожелно во околностите на епиде-
мија, социјалната дистанца претпоставува
отсуство на меѓучовечки интеракции, што
не е реакција што ја води заедницата кон
одржливи практики за решавање проблеми.
Сепак и покрај обврзувачките мерки кои ги
спречуваа граѓаните да имаат спонтани
интеракции во физичкиот простор, подато-
ците со кои располага Catalyst Balkans збору-
ваат во прилог на поголема хомогенизација
на општеството во Западен Балкан. Во текот
на набљудуваниот период, донациите
насочени само за Ковид-19 генерирале
поголеми суми од сите годишни донации
пред пандемијата. На регионално ниво биле
собрани најмалку 71,9 милиони евра, а биле
организирани 5 459 филантропски акции.
Притоа, според статистичките пресметки, се
проценува дека донираната сума била
далеку поголема од евидентираната, при
што донираната сума по глава на жител
изнесува 6,7 евра.
Највисоки донации по глава на жител се
документирани во Црна Гора (15,7 евра) и
Северна Македонија (10,7 евра), додека
најниски донирани суми се генерирани во
Косово (2,8 евра) и Албанија (1,1 евра).
Бизнис секторот одиграл клучна улога во
надминување на пандемијата како најчест
вид на донатори, а државните институции
добиле најмногу донирани средства. Корпо-
рациите и претпријатијата биле особено
истакнати во Северна Македонија, додека
во Хрватска улогата на цивилниот сектор
била поизразена отколку во другите земји.
Во споредба со претходните години,
донациите насочени за Ковид-19 биле
главно во форма на еднократна поддршка,
освен во Србија, каде што имало зголему-
вање на стратешката поддршка. Гледано
хронолошки, филантропската заедница
најсилно реагирала на почетокот на панде-
мијата. Така, најмногу суми се донирани во
првите три месеци од пандемијата, иако
бројот на заразени подоцна беше поголем.
Сепак, ова откритие не е изненадување со
оглед на тоа што и покрај малиот број зараз-
ени, помошта на почетокот на пандемијата
беше најпотребна, а вниманието на медиу-
мите најмногу беше насочено кон кризата
со Ковид-19.
За оние од нас кои го истражуваат и промо-
вираат концептот на филантропија,
прашањето за социјална доверба и социјал-
на соработка е исклучително важно. За
разлика од човечкиот и финансискиот
капитал, кој се намалува со неговата експло-
атација, општествениот капитал е самоспро-
ведувачки. Затоа довербата меѓу членовите
на заедницата и довербата на членовите на
заедницата во воспоставените институции
се најиздржливите ресурси на општеството
во време на криза.
2
Во таа насока, овој извештај покажува дека
општествата во Западен Балкан имаат
релативно висок степен на соработка и
подготвеност да се соочат со предизвиците.
Она што останува да се види е колку долго
ќе трае кризата со Ковид-19, и следствено,
како ќе влијае на филантропијата во иднина.
Со други зборови, останува на истражувач-
ките напори во иднина да покажат дали
мобилизацијата на општествениот капитал
била чистa ад-хок реакција на заедницата
или имала долготраен филантропски ефект.
3
Одговор на Ковид-19 во регионот
на Западен Балкан
Регионален преглед
Во овој извештај, проширениот регион на
Западен Балкан се состои од 7 филан-
тропски заедници. Иако секоја од овие
заедници е специфична, она што ги прави
меѓусебно поврзани се културната сличност,
надворешната политичка ориентација кон
членство во Европската Унија и интензивна-
та економска размена. Во последната
деценија, внатрешно-регионалната трговија
претставувала една петтина од вкупниот
извоз и една десетина од вкупниот увоз на
регионот на Западен Балкан (со исклучок на
Хрватска)1
. Севкупно, ова е регион од 21,2
милиони луѓе, кој генерира бруто домашен
производ од околу 148 милијарди американ-
ски долари (7 229 долари во просек по глава
на жител)2
. Аналитички е оправдано да се
анализира регионот на Западен Балкан како
посебна единица во политичка и економска
смисла; а истото важи и за филантропијата.
Регионот на Западен Балкан се состои од
млади, но просперитетни филантропски
заедници. Од кога ја следиме состојбата на
филантропијата во овој регион3
, забележу-
ваме постојан раст на донации. Сепак,
законодавната рамка во регионот сè уште
недоволно и несразмерно ги поттикнува
филантропските активности. На пример, во
Албанија и Србија, индивидуалните
донации не се квалификуваат за даночно
ослободување, а во Босна и Херцеговина,
граѓаните кои не се претприемачи не можат
да остварат даночни намалувања. Други
земји како Хрватска, Косово и Црна Гора,
обезбедуваат поповолна средина за
индивидуални донации. Сепак, институцио-
нално се развива филантропски екосистем,
што се рефлектира во порастот на институ-
ционалната поддршка и зголемените
донации што ги бележиме речиси секоја
година.
Овој извештај се однесува на донации
наменети за надминување на кризата
Ковид-19, пандемија што го погоди целиот
свет. Единствениот извештај што досега се
занимавал со оваа проблематика е World
Giving Index 2021, објавен од Charitable Aid
Foundation (CAF)4
, според кој регионот на
Западен Балкан покажа значителен скок на
светската филантропска листа. Сепак,
извештајот објавен од CAF се однесува
исклучиво на граѓанска филантропија
мерена преку анкети. За да се добие посеоп-
фатно разбирање за филантропијата во
Западен Балкан, ние предлагаме различен
методолошки пристап (погледнете во
секцијата: методологија) и го анализираме
учеството на сите актери во филантропската
заедница.
Речиси три месеци по почетокот на епиде-
мијата во Кина (31 декември 2019)5
, вирусот
навлезе на територијата на Западен Балкан
(25 фебруари 2020 година)6
.
1
1 P. Kaloyanchev, I. Kusen, A. Mouzakitis. (2018). Untapped Potential:
Intra-Regional Trade in the Western Balkans, European Comission.
2
The World Bank. (2021). Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://data.worldbank.org/.
3
Catalyst Balkans ја следи состојбата на филантропијата во регионот на
Западен Балкан од 2013 година. За пристап во годишните извештаи
посетете: https://www.catalystbalkans.org/en/home/Reports
4
Charitable Aid Foundation. (2021). World Giving Index: A global pandemic
special report.
5
World Health Organization. (2021). Novel Coronavirus (2019-nCoV) SITUATION
REPORT. Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://www.who.int/docs/default-source/coronaviruse/situation-reports/2020012
1-sitrep-1-2019-ncov.pdf.
6
Kalanj, K. et al. (2021). The Impact of COVID-19 on Hospital Admissions in
Croatia. Frontiers Public Health. Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://doi.org/10.3389/fpubh.2021.720948.
4
Евидентирана сума
Проценета сума
Донирана сума по глава
на жител
6,7 €
5.459
143.661.010 €
71.882.674 €
Број на случаи
Во втората половина на март, националните
влади последователно воведоа мерки, како
што се потполно и делумно затворање.
Овие мерки резултираа со затворање на
граници, училишта, ресторани, продавници
и друго7
. Затоа, го набљудуваме периодот на
донации поврзани со Ковид-19 од 1 март
2020 година до 28 февруари 2021 година.
Во овој период, филантропските заедници
од регионот на Западен Балкан иницирале 5
459 добротворни акции и донирале најмал-
ку 71,9 милиони евра. Бидејќи нашите наоди
се потпираат на податоци извлечени од
медиумски извештаи кои не ги покриваат
сите филантропски активности, овие броеви
претставуваат минимални вредности
(погледнете во секцијата: методологија). Со
примена на нашиот статистички модел,
вкупната донирана сума ја проценивме на
околу 143,7 милиони евра. Во споредба со
претходните години, дoнациите поврзани
со Ковид-19 генерирале помалку случаи, но
поголеми количини на пари. Покрај тоа,
кога ќе се пресметаат донациите што не се
поврзани со Ковид-19, кои се слични на
донациите поврзани со Ковид-19, и бројот
на случаи и големината на донации ги
надминуваат бројките од претходните
години. Со тоа, донираната сума по глава на
жител како донација за Ковид-19 е значител-
но повисока од претходно – 6,7 евра наспро-
ти 3,2 евра.8
7
OECD. (2020). The Covid-19 crisis in the Western Balkans. Превземено на 16
ноември 2021г., од:
https://www.oecd.org/south-east-europe/COVID-19-Crisis-Response-Western-Balka
ns.pdf.
8
Просечна вредност за трите години пред пандемијата (2017, 2018,
2019).
5
Донатори
Кризата Ковид-19 во голема мера мобилизи-
раше поддршка од корпоративниот сектор.
За разлика од претходните три години, кога
во просек корпоративниот сектор донирал
околу една третина од вкупниот износ, а
граѓаните биле иницијатори на најголемиот
дел од филантропските акции, во набљуду-
ваниот период корпорациите и претприја-
тијата оствариле над половина од сите
донации (60% од сите случаи и 55% од
вкупните донации). Како што се очекуваше,
големите корпорации (50+ вработени)
генерирале најголем дел од донациите, но
малите и средните претпријатија исто така
значително придонеле. Поточно, додека
корпорациите иницирале 4 од 10 филан-
тропски акции, малите и средните
претпријатија организирале помал број
акции (2 од 10), што е и покрај тоа повеќе од
кој било друг вид на донатори. Поддршката
во борбата против Ковид-19 главно ја
обезбедиле компании од прехранбената,
банкарската и телекомуникациската
индустрија, додека најдарежливи мали и
средни претпријатија биле од енергетскиот
сектор, трговијата на мало и транспортните
услуги.
Кога станува збор за физичките лица, прави-
ме разлика помеѓу масовни донации на
граѓани и истакнати поединци кои може да
се идентификуваат по име. Бидејќи корпора-
тивниот сектор беше многу поактивен
заради олеснување на кризата со Ковид-19
отколку порано, масовните донации и
донациите од истакнати поединци паднаа
во втор план, но сепак беа значајни. Граѓа-
ните организирале 16% од случаите преку
масовни акции, додека истакнатите поедин-
ци самостојно учествувале во 11% од
евидентираните филантропски активности.
Сепак, во согласност со нивните финансиски
капацитети, и двата вида донатори се
позастапени во вкупниот број на организи-
рани акции отколку во вкупната донирана
сума (масовни поединци 12%; поединци 7%).
Во однос на фрекфенцијата и обемот на
донации, следува цивилниот сектор, кој,
како и корпоративниот сектор, покажа
поголем степен на солидарност за време на
пандемијата отколку порано. Најчести
донатори од цивилниот сектор беа хумани-
тарните организации Pomozi.ba, UNICEF
Србија и Hemiias Foundation, додека најголе-
ми суми собраа Здружението на производи-
тели на иновативни лекови INOVIA, Српска
лекарска комора и Rotary District 1913 Хрват-
ска.
Треба да се има предвид дека освен акции
во кои донаторите учествуваат самостојно,
тие учествувале и во заеднички активности
кои обединуваат повеќе видови донатори.
Вакви акции немаше многу (2%). Сепак, во
вкупната сума на донирани средства, на овој
начин се собрани дури една петтина од
средствата (19%), што покажува дека панде-
мијата, освен што мобилизираше поддршка,
во голема мера ја поттикна соработката на
различни актери.
Во однос на фрекфенцијата и обемот на
донации, следува цивилниот сектор, кој, Во
однос на фрекфенцијата и обемот на
донации, следува цивилниот сектор, кој,
како и корпоративниот сектор, покажа
поголем степен на солидарност за време на
пандемијата отколку порано.
6
Корпоративен сектор
Истакнати поединци
Цивилни друштва
/здруженија
Мешани донатори
Приватни фондации
Останати
Масовни поединци
Инстанци (%) Суми (%)
59,6%
16,4%
11,2%
7,9%
2,3%
1,5%
1,1%
54,9%
11,9%
6,9%
4,7%
19,2%
1,9%
0,5%
7
Приматели
Инстанци (%)
Пандемијата Ковид-19 ја промени не само
структурата на донаторите, туку и структура-
та на примателите. Со оглед на тоа што
самата природа на Ковид-19 кризата се
однесува на јавното здравје и сите власти во
земјите во регионот ја презедоа контролата
над ова прашање, очекувано беше држав-
ните институции да добијат поголема
поддршка од претходно. Така, за разлика од
претходните години кога приматели беа
првенствено непрофитни организации и
поединци/семејства, најголем дел од
донациите за време на пандемијата беа
насочени кон државните институции.
Поточно, во дури 7 од 10 акции, собраните
средства беа насочени кон здравствени
установи (43%), други јавни институции (5%)
и локални/национални власти (22%). Допол-
нително, бидејќи помошта честопати
бараше скапа медицинска опрема, држав-
ните институции добија речиси 90% од
вкупната сума евидентирана во периодот
што се разгледува.
Како резултат на тоа, сите други категории
на приматели добија поддршка во помалку
од една третина од организираните акции.
Корпоративниот сектор генерално беше
главен донатор и на државните институции
и на непрофитните организации. Сепак,
акциите на малите и средните претпријатија
и кампањите во кои учествуваа повеќе
видови донатори, заземаа поголем удел во
случаите на донации за непрофитниот
сектор (20% МСП, 7% мешани донатори)
отколку за државните институции (19% МСП,
2% мешани донатори). Од друга страна,
бројот на случаи на истакнати поединци
зазема поголемо учество во случаите
насочени кон државата (12%) отколку кон
непрофитниот сектор (4%).
69,3% Државни институции
16,4% Поединци/семејства
13,3% Непрофитни организации
1,0% Останати
8
Крајни корисници
Со оглед на тоа што кризата со Ковид-19
најтешко го погоди здравствениот систем,
се очекуваше најмногу корисници на
дадената помош да бидат лицата кои
користат здравствени услуги. Во рамките на
нашата класификација, оваа група на граѓа-
ни е пред сè во категориите луѓе од локални-
те заедници и лицата со здравствени
проблеми. Затоа, во согласност со очеку-
вањата, најчести се корисниците од овие
две категории. Додека повеќето од филан-
тропските акции биле насочени кон луѓето
од локалните заедници, организирани биле
помалку акции за лицата со здравствени
проблеми, но овие акции генерираат
поголеми донирани суми. Ова несовпаѓање
помеѓу бројот на активности и големината
на донациите се јавува затоа што донациите
со помала вредност (маски, визири, ракави-
ци, средства за дезинфекција итн.) најчесто
се сметаат како донации наменети за луѓето
во локалните заедници, додека донациите
со поголема вредност (респиратори,
амбулантни возила, монитори за следење
на состојбата на пациентите и сл.) најмногу
се вбројуваат како донации наменети за
лица со здравствени проблеми.
45,9% Локални заедници
23,8% Лица со здравствени проблеми
18,1% Социјално загрозени лица
0,9% Лица со попреченост
11,3% Останати
Иако пандемијата предизвика криза на
јавното здравство, поддршка за социјално
загрозените граѓани и постарите возрасни
лица не изостана. Така, речиси една петтина
од добротворните акции биле организира-
ни за социјално загрозени лица, иако преку
овие акции се собрани само 6% од вкупно
донираните средства. Овие акции главно
биле насочени кон задоволување на основ-
ните потреби на луѓето на кои им е потреб-
на помош и често биле организирани за да
им помогнат на народните кујни да обезбе-
дат храна за своите корисници. Кога станува
збор за постарата популација, тие добиле
поддршка во 5% од организираните акции,
што е повеќе отколку пред пандемијата. Од
друга страна, во споредба со периодот пред
пандемијата, придобивките од Ковид-19
биле помалку насочени кон лицата со
попреченост, луѓето кои живеат во други
земји и децата без родителска грижа. Сепак,
треба да се има предвид дека овие наоди се
однесуваат исклучиво на придобивките од
Ковид-19 и не треба да се очекува дека
горенаведените категории ќе ја добијат
истата поддршка како и за други цели.
Инстанци (%)
9
Начини на донирање
Концептот на филантропија по кој се водиме
подразбира секаков вид на помош без
реципрочни очекувања. Во таа смисла,
филантропската активност ги вклучува сите
донации од правните и физичките лица, без
разлика дали се пари, стоки, про боно услуги
или време (волонтерство). Според подато-
ците со кои располага Catalyst Balkans,
огромно мнозинство на евидентираните
донации се финансиски. Причината за ова
делумно лежи во начинот на кој медиумите
известуваат за филантропијата. Сепак, иако
медиумите посветуваат поголемо внимание
на паричните донации, уверени сме дека
парите се навистина најчестиот вид на
донација. Сепак, за време на пандемијата,
донацијата на стоки е зголемена. Додека во
претходните три години 87% од донациите
биле во готовина и 8% во стоки, донациите
за Ковид-19 биле исклучиво парични во 73%
од случаите, додека дури 21% од донациите
биле во форма на стоки. Овие бројки секако
не изненадуваат со оглед на тоа што панде-
мијата наметна итна потреба од медицинска
опрема која беше препознаена од филан-
тропската заедница. Дополнително, треба
да се нагласи дека про боно услугите што ги
обезбедуваат правните лица и волонти-
рањето на граѓаните биле за малку почести
облици на донации одколку порано.
Кога станува збор за начинот на собирање
средства (fundraising), пандемијата Ковид-19
постави специфичен предизвик за филан-
тропската заедница. Во претходните
години, речиси една третина од случаите
биле иницирани со организирање настани
на кои се собираат донатори. Меѓутоа,
бидејќи воведувањето на физичка дистанца
го направи овој начин на собирање
средства тежок и често невозможен, повеќе-
то донатори донирале директно на примате-
лите.
Заради тоа, директните донации сочинуваат
72% од случаите, алтернативните кампањи
27% од случаите, а речиси и да немало
донаторски настани.
Генерално, може да се каже дека филан-
тропската заедница релативно брзо и
успешно се прилагодила на новите околно-
сти. Во наредниот период останува да се
види дали онлајн собирањето средства во
иднина ќе стане се почеста појава и во која
мера донаторите ќе се вратат на традицио-
налниот начин на организирање донатор-
ски настани.
Покрај начинот на донации, донациите
може да се разликуваат и во ефектот што
донаторите имаат намера да го постигнат.
Хуманитарните видови донации како храна,
облека, лекови и донации за лекување на
одредена цел (здравствен третман на
одредено лице) спаѓаат во категоријата
краткорочни (еднократни) донации. Од
друга страна, капиталните инвестиции,
опрема и сето она што генерира одреден
иден грант спаѓаат во категоријата на долго-
рочни (стратешки) донации. Податоците со
кои располага Catalyst Balkans покажуваат
дека еднократните донации се доминантни
секоја година. Сепак, еднократните донации
за ублажување на негативните ефекти од
пандемијата биле уште позастапени од
порано. Поточно, 62% од донациите биле
ад-хок по природа, додека 32% биле
стратешки. Од еднократните донации,
најзастапени биле залихите и потрошниот
материјал, како што се епидемиолошки
маски, визири и ракавици, додека помал дел
биле во вид на хуманитарна помош. Што се
однесува на стратешките донации, речиси
во сите случаи тие биле во форма на опрема
(главно медицински респиратори, но и
опрема за онлајн едукација), додека мал
број стратешки донации биле во форма на
про боно услуги.
10
Начин на користење на донациите
Инстанци (%)
61,8% Еднократно
32,3% Стратешки
5,9% Непознато
11
Медиумска покриеност
37,0%
Ниво на
транспарентност
Обемот и квалитетот на медиумските
известувања за филантропијата се важен
фактор за следењето на донациите во
Западен Балкан. Бидејќи ниту една од
државните институции во регионот не
собира или објавува податоци за донации,
единствениот веродостоен извор на подато-
ци се медиумските извештаи (погледнете во
секцијата: методологија). Сепак, квалитетот
на медиумското известување не е само
предуслов за точно мерење на филантро-
пијата туку и показател за развојот на
филантропската заедница. Колку повеќе
добротворни активности покриваат медиу-
мите и колку се подетални медиумските
извештаи, толку е поголема свеста за важно-
ста на филантропијата, и обратно.
Што се однесува до количината на медиум-
ска покриеност на донациите за Ковид-19,
бројот на објави во медиумите изнесува 13
516, што е помалку од периодот пред панде-
мијата. Сепак, треба да се земе предвид дека
за време на пандемијата, медиумите
известуваа и за донации што не се поврзани
со Ковид-19, што ја изедначува фреквенција-
та на медиумско покривање во овие два
периода. Во огромното мнозинство на
случаи, филантропијата била пријавена од
онлајн медиуми (81%), додека уделот на
печатените (13%) и електронските медиуми
е далеку поредок (5%). Во исто време,
известувањето за филантропијата почесто
било покриено од медиумите со национал-
на фреквенција во споредба со периодот
пред пандемијата, додека локалните, регио-
налните и подрегионалните медиуми
известувале во помала мера.
Квалитетот на медиумското известување е
првенствено поврзан со транспарентноста
на медиумските извештаи, мерена како
процент на случаи опфатени со податоците
за донираните суми.
Во таа смисла, се забележува полош квали-
тет на медиумското известување кога стану-
ва збор за донациите за Ковид-19. Евиденти-
раните донации за Ковид-19 покриваат 37%
од случаите, што е помалку од пред панде-
мијата.9
Најниско ниво на транспарентност на
медиумските извештаи е забележано во
Косово (23%), Албанија (19%) и Северна
Македонија (19%), додека највисоко ниво на
транспарентност е забележано во Црна Гора
(52%) и Хрватска (45%). Сепак, иако се чини
дека пандемијата негативно влијаеше на
квалитетот на известувањето, ставот на
медиумите кон филантропијата остана
умерено позитивен – 98% од извештаите
имале позитивна конотација, што дава
оптимизам, истакнувајќи дека има простор
за подобрување.
9
Нивото на транспарентност во 2019 година изнесувал 44%.
12
Донирани средства споредено со ширењето
на Ковид-19
Во текот на календарска година, најголем
дел од донациите обично се евидентираат
во декември (за време на сезоната на
празници), додека месец со најмалку
донации е август (за време на сезоната на
годишни одмори). Сепак, донациите за
Ковид-19 отстапуваат од оваа шема. Со
оглед на тоа што пандемијата на опасен, но
непознат вирус предизвика страв и големо
внимание во јавноста, сосема очекувано,
најголем дел од донациите за Ковид-19 се
забележани во првите три месеци - март,
април, мај. За овие три месеци имало 4 232
случаи во кои се наплатени 52,8 милиони
евра (77%). Како што траеше пандемијата,
донираните средства се намалуваа до
декември, кога традиционално забележува-
ме раст.
Споредено со бројот на новодијагностици-
рани случаи, се чини парадоксално што
донираните суми се намалуваат, а бројот на
заразени се зголемува. Во месецот со
најголема донирана сума – април 2020
година (24 625 384 евра) - бројот на
новодијагностицирани бил 13 227, додека
во месецот со најмала донирана сума -
февруари (265 766 евра) - бројот на
новодијагностицирани бил 11 пати поголем
(145 567). Но, при толкувањето на податоци-
те треба да се има предвид алармантната
состојба во која се најде здравствениот
систем, стравот од непознатиот вирус со кој
се соочивме и непредвидливоста на панде-
мијата, која доведе и до здравствена и
економска криза.
На почетокот, филантропската заедница
брзо ја набави потребната епидемиолошка
заштита и тестовите кои недостасуваа во
раните фази на пандемијата.
Меѓутоа, како што одминуваше времето,
станаа достапни заштитните маски, ракави-
ците и тестовите, а фокусот на јавноста се
префрли од епидемиолошката на економ-
ската криза и други прашања.
Конечно, иако донациите се намалуваа како
што се зголемуваше бројот на новозаразени
лица, скокот на бројот на новодијагностици-
рани случаи во набљудуваниот период
придружен е со мал, но сепак присутен раст
на донациите. Оттука произлегува дека
филантропските заедници во Западен
Балкан најмногу реагираа на кризата кога
беше најпотребна помош, но и подоцна
останаа чувствителни на епидемиолошките
трендови.
13
Нови случаи на Ковид-19 Донирана сума
Март
Aприл
Mај
Jуни
Jули
Aвгуст
Септември
Oктомври Декември Фебруари
13.227 13.085 33.782 100.845 334.079 145.567
24.625.381 € 1.642.182 € 415.000 € 2.472.398 € 6.925.176 € 265.766 €
Ноември Јануари
2.967 4.724 35.990 31.849 330.226 141.102
17.090.614 € 11.170.608 € 1.161.749 € 765.060 € 283.421 € 855.389 €
Донирани средства споредено со ширењето на Ковид-1910
10
Презентираниот графикон вклучува само вредности добиени од
медиумски извештај, без податоците за верификација.
14
Компаративна перспектива
Ковид-19 пандемијата ги зафати речиси сите
земји на глобално ниво, вклучително и сите
земји од регионот на Западен Балкан. Во
претходното поглавје, покажавме како се
практикувала филантропијата за време на
пандемија на регионално ниво. Користејќи
го истиот збир на индикатори, ги прикажу-
ваме сличностите и разликите помеѓу овие
филантропски заедници во ова поглавје.
Како што покажуваат податоците на
Светската банка11
, најразвиена економија во
регионот е Хрватска, додека спротивното
важи за Косово. Од вкупниот БДП на регио-
нално ниво (148 милијарди долари), БДП на
Хрватска и Србија е највисок - 55,9 милијар-
ди долари и 52,9 милијарди долари, соодвет-
но. Од друга страна, Црна Гора има најнизок
БДП - 4,8 милијарди - но оваа сума ја создава
и најмалата популација во регионот (621
718). Гледано по глава на жител, Хрватска
има убедливо највисок БДП (13 828 амери-
кански долари), а Косово најнизок (4 287
долари).
Фреквенцијата и големината на донациите
во Западен Балкан се донекаде во соглас-
ност со макроекономските показатели. Од 5
459 случаи, најголем дел од акциите се
евидентирани во Србија и Босна и Херцего-
вина, додека најмалку е дадено во Косово и
Албанија. Кога станува збор за евидентира-
ните суми, од 71,9 милиони евра донирани
суми на регионално ниво, најмногу се
донирани во Србија и Хрватска, а најмалку
во Косово и Албанија. Но, со оглед на бројот
на населението, излегува дека убедливо
најмногу средства се донирани во Црна
Гора, следи Северна Македонија, а потоа и
другите земји.
Регионално, дијаспората учествувала со 6%
од сите донации. Сепак, постојат значителни
разлики помеѓу филантропските заедници.
Додека дури 16% од донациите во Косово
доаѓат од земји надвор од регионот на
Западен Балкан, 99% од донациите во Хрват-
ска беа генерирани во регионот Хрватска.
Натпросечно учество на дијаспората
забележавме во Црна Гора (13%) и Албанија
(14%), додека дијаспората на другите земји
беше блиску до регионалниот просек.
11
The World Bank. (2020). Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://data.worldbank.org/.
15
Компаративна перспектива
1,1 €
15,7 €
6,0 €
6,2 €
10,7 €
6,3 €
2,8 €
Донирана сума по глава на жител12
Евидентирана сума Број на случаи
Црна Гора
Северна Македонија
Србија
Хрватска
Босна и Херцеговина
Босна и Херцеговина
Хрватска
Косово
Црна Гора
Северна Македонија
Србија
Косово
Албанија
Албанија 1.078.542 €
12.947.832 €
17.371.312 €
1.983.815 €
9.629.069 €
7.165.001 €
21.707.103 €
100
1.180
928
278
881
610
1.482
12
Пресметка базирана врз основа на проценета сума за секоја земја посебно.
16
Донатори
На регионално ниво и во секоја филан-
тропска заедница поединечно, корпоратив-
ниот сектор одиграл клучна улога во обезбе-
дувањето помош за време на пандемијата.
Ова првенствено се однесува на Северна
Македонија, каде што е забележан најголем
процент на корпоративни донации (77% од
случаите), пред сè поради големото учество
на малите и средни претпријатија. Од друга
страна, потпросечно учество на корпора-
тивни донации забележано е во Косово
(42%), Албанија (42%) и Црна Гора (46%).
Специфичноста на корпоративните
донации во Косово лежи во фактот дека
малите и средни претпријатија генерирале
повеќе донации од корпорациите (50+
вработени). Спротивно на тоа, во Босна и
Херцеговина, шемата на донации е обратна
- корпорациите ги иницирале речиси сите
корпоративни акции.
Кога станува збор за други видови донатори,
масовните донации на граѓаните се на
второ место по фрекфентност, освен во
Албанија и Косово. Специфичноста на
филантропијата во Албанија и Косово е
значително поголемото присуство на истак-
нати индивидуални донатори, приватни
фондации и верски организации. На регио-
нално ниво, филантропските акции органи-
зирани од истакнати поединци сочинуваат
11% од случаите, додека во Албанија и
Косово тие сочинуваат повеќе од една
четвртина од случаите. Дополнително,
додека приватните фондации учествуваат
регионално во 2% од случаите, во Албанија
нивното учество е 11%, а во Косово 7% од
случаите. Слично на тоа, за време на регио-
налната пандемија, верските здруженија
започнувале само една од сто акции (1%),
додека во Албанија и Косово тоа било три
пати почесто (3%).
17
Босна и
Херцеговина
Хрватска
Косово
Црна Гора
Северна
Македонија
Србија
Корпоративен сектор
Албанија
42,0%
9,0%
29,0%
6,0%
11,0%
3,0%
0,0%
64,3%
16,4%
7,0%
6,6%
0,4%
1,2%
4,1%
54,5%
42,4%
18,9%
9,4%
15,5%
0,2%
0,3%
1,2%
Масовни поединци Истакнати поединци
Мешани донатори Приватни фондации Останати
Цивилни друштва/здруженија
12,6%
28,1%
6,8%
6,8%
2,9%
0,4%
46,2%
19,5%
16,5%
12,8%
0,3%
3,2%
1,5%
77,2%
13,0%
8,0%
0,3%
0,3%
0,4%
0,8%
64,0%
15,5%
9,5%
4,8%
2,8%
0,3%
3,1%
Донатори - Инстанци (%)
18
Приматели
Како што веќе беше прикажано, државата е
најголемиот примател на донации насочени
кон ублажување на кризата со Ковид-19. На
регионално ниво, 7 од 10 филантропски
акции биле насочени кон јавни институции
и локални/национални власти. Од компара-
тивна перспектива, Албанија се издвојува во
овој поглед, со само 53% од филантропските
акции организирани како поддршка за
државните институции.
Нивото на поддршка што државата го
добива во другите филантропски заедници
отстапува во помала мера од просекот.
Сепак, разликите може да се забележат кога
ќе се погледнат видовите на државни инсти-
туции кои добиле поддршка. Така, огромно
мнозинство од акциите ориентирани кон
државата во Босна и Херцеговина и Хрват-
ска биле насочени кон јавните институции,
додека во Косово и Црна Гора ситуацијата
била спротивна - локалните и националните
власти добиле најголем дел од поддршката.
Кога станува збор за други видови примате-
ли - поединци/семејства и непрофитни
организации - значителни отстапувања од
регионот се забележани во Албанија, Косово
и Црна Гора. Во Албанија и Косово, значи-
телно поголема поддршка е дадена на
поединци/семејства (35%, 27%), додека во
Црна Гора, непрофитниот сектор бил
почесто застапен меѓу примателите (19%).
Како што може да се види од прикажаното,
сите филантропски заедници од Западен
Балкан ја препознале државата како главен
актер во надминување на пандемијата.
Сепак, значителна помош е обезбедена
директно на поединци/семејства (особено
во Албанија и Косово), а непрофитниот
сектор останал суштински канал на помош
во Црна Гора.
19
Босна и
Херцеговина
Хрватска
Косово
Црна Гора
Северна
Македонија
Србија
Државни институции
Албанија
53,0%
35,0%
11,0%
1,0%
73,1%
17,3%
8,9%
0,7%
77,9%
65,1%
9,6%
12,3%
0,2%
Поединци/семејства Непрофитни организации
Останати
26,6%
7,2%
1,1%
66,0%
11,9%
19,4%
2,7%
73,1%
10,3%
15,2%
1,4%
63,3%
22,1%
14,2%
0,4%
Приматели - Инстанци (%)
20
Крајни корисници
Регионално, повеќето случаи во рамките на
донациите заради Ковид-19 се поврзани со
луѓе од локалните заедници, додека
најголем дел од сумите се собрани за лица
со здравствени проблеми. Но, овој сооднос
на евидентирани случаи и донирани суми е
присутен само во Србија и Хрватска. Во Црна
Гора и Северна Македонија убедливо
најголемо учество во евидентираните суми
имаат луѓето од локалните заедници. Во
Босна и Херцеговина, луѓето од локалните
заедници и лицата со здравствени пробле-
ми имаат подеднаков удел во евидентира-
ната сума, додека во Албанија и Косово,
најголемата поддршка и во бројот на акции
и во донираните суми им припаднала на
социјално загрозените лица.
Кога станува збор за инстанците, меѓу други-
те специфики, треба да се забележи дека
донациите во Србија се поразновидни и
дека филантропската заедница во Србија е
посветена на постарата популација во
поголема мера (9%). Понатаму, социјално
загрозените граѓани добиле натпросечна
поддршка во Северна Македонија (32%), а
албанската заедница била повеќе ориенти-
рана кон луѓето кои живеат во другите земји
(Албанија 8% наспроти регионалниот
просек од 2%).
21
Босна и
Херцеговина
Хрватска
Косово
Црна Гора
Северна
Македонија
Србија
Локални заедници
Албанија
30,0%
18,0%
38,0%
0,0%
14,0%
40,5%
33,3%
15,1%
1,7%
9,4%
45,5%
30,2%
36,6%
7,7%
0,4%
0,4%
9,8%
Лица со здравствени проблеми Социјално загрозени лица
Останати
Лица со попреченост
8,3%
49,3%
11,8%
54,3%
11,4%
24,7%
0,1%
9,5%
54,8%
5,9%
31,8%
1,3%
6,2%
46,0%
26,1%
10,3%
1,1%
16,5%
Крајни корисници - Инстанци (%)
22
Начини на донирање
За разлика од минатите години, паричните
донации поврзани со Ковид-19 биле порет-
ки, додека стоките и бесплатните услуги (про
боно услуги од правни лица и волонтирање
на граѓани) биле почести форми на
донации. Ова особено важи за филан-
тропската заедница во Хрватска, која исклу-
чиво собирала пари во 63% од случаите,
стоки/материјали во 28% од случаите и
давала про боно услуги во 5% од регистри-
раните филантропски акции. Од друга
страна, отстапувања од регионалниот
просек се евидентирани во Северна
Македонија, каде што натпросечното
учество на донации е парично (80%) и
потпросечно во вид на стоки и материјали
(14%).
Бидејќи речиси и да немало донаторски
настани организирани во живо поради
ограничувањата, единствената разлика што
ја наоѓаме меѓу филантропските заедници е
начинот на кој тие се прилагодиле на
новите околности. Регионално, 7 од 10
добротворни акции се спроведени преку
директни донации, а останатите, главно,
преку кампањи за собирање средства. Згора
на тоа, филантропската заедница во Хрват-
ска и Северна Македонија уште повеќе се
потпирала на директни донации (8 од 10
случаи), додека ситуацијата во Албанија и
Косово е поинаква - во првата имало 20%
директни донации, а во втората само 11%.
Всушност, огромното мнозинство на акции
во Албанија и Косово биле организирани
врз основа на моделот на кампањите за
собирање средства.
Поддршката за ублажување на Ковид-19
кризата била почесто краткорочна одколку
вообичаената поддршка дадена во претход-
ните години. Во споредба со регионалниот
просек, еднократните донации биле уште
поприсутни во Косово (81%), Албанија (75%)
и Црна Гора (73%).
Сепак, филантропската заедница во Србија
не се вклопува во оваа рамка, бидејќи нејзи-
ните донатори обезбедиле стратешка
поддршка за Ковид-19 почеста одколку
порано.
Гледајќи ги исклучиво краткорочните
донации, залихите/потрошните материјали
се почести во Хрватска, Северна Македонија
и Србија, додека хуманитарната помош е
почеста во Албанија, Косово и Црна Гора.
23
Босна и
Херцеговина
Хрватска
Косово
Црна Гора
Северна
Македонија
Србија
Еднократно
Албанија
75,0%
20,0%
5,0%
64,1%
30,3%
5,6%
53,4%
81,3%
37,3%
9,3%
Стратешки Непознато
17,3%
1,4%
73,3%
22,1%
4,6%
64,4%
30,3%
5,3%
52,6%
41,3%
6,1%
Начини на донирање - Инстанци (%)
24
Локален контекст
Албанија
Освен кризата со Ковид-19, последиците од
разорниот земјотрес што ја погоди Албанија
во ноември 2019 година имаа огромно
влијание врз општеството и економијата на
земјата. Сепак, во текот на 2020 година
евидентирани се вкупно 2,5 милиони евра
донации во над 174 случаи . Во однос на
претходната година, евидентираната сума е
намалена, а бројот на акции бележи пораст.
Потпирајќи се на достапните податоци и
нашите статистички пресметки, проценува-
ме дека се собрани 7,7 милиони евра, што е
зголемување во однос на 2019 година. Дони-
раната сума по глава на жител е 2,7 евра,
што е значително помалку од просекот во
регионот (13,1 евро). Од вкупната евиденти-
рана сума во Албанија, повеќе од 1 милион
евра биле наменети за помош од Ковид-19.
Донации што не се поврзани со
Ковид-19 во 2020 година
Повеќе од 1,4 милиони евра се собрани за
цели кои не се поврзани со донации за
Ковид-19, што е два пати помала сума од
вкупната донирана сума во претходната
година. Земајќи ги предвид видовите на
донатори, масовното индивидуално давање
забележа пораст и во бројот на случаи и во
донираната сума. Од друга страна, корпора-
тивниот сектор и истакнатите поединци
имаа пад на поддршката за теми кои не се
поврзани со пандемијата. Во однос на
темите што ги поддржаа донаторите,
забележано е намалување на донаторската
поддршка кон општата здравствена заштита
и образованието, поради пренасочената
поддршка за помош во борбата против
Ковид-19. Кога станува збор за видови на
приматели, непрофитните организации
имале значително зголемување на
поддршката кога се работи само за донации
неповрзани со Ковид-19. Спротивно, инсти-
туциите имале пад на поддршката за други
цели кои не се поврзани со пандемијата.
Инспиративни приказни
Авторот и водителот на ТВ-емисијата
„Opinion“ (Мислење), Бленди Февзиу ги
поканил компаниите и поединците да
донираат за семејствата на кои им била
потребна помош за време на пандемијата
Ковид-19. Вкупно 300 000 евра биле собрани
преку програмата и поделени на семејства-
та низ Албанија од страна на фондацијата
Different Weekend и персоналот на емисија-
та „Opinion“.
Корпоративниот сектор бил главен во
дистрибуцијата на помошта за јавното
здравство во Албанија. Една од иницијати-
вите што се издвои била од три телекомуни-
кациски компании во Албанија – ALBtelecom,
Vodafone и Telekom Albania, кои донираа 40
респираторни апарати на болниците низ
Албанија како поддршка за време на панде-
мијата Ковид-19. Апаратите се донирани
истиот ден, со вкупна вредност од 30 000
евра. Придонесот и солидарноста на овие
компании уверија дека потребните
медицински помагала му служат на јавниот
здравствен систем за сите пациенти со
респираторни потешкотии.13
13
ALBtelecom (n.d.) Albtelecom Dhuron pajisje Respiratore Për Sistemin
Shëndetësor. ALBtelecom. (n.d.). Превземено на 19 ноември 2021г., од:
https://www.albtelecom.al/al/rreth-albtelecom/publikime/te-rejat-e-fundit/njoftime-
per-media-2020/albtelecom-dhuron-pajisje-respiratore-per-sistemin-shendetesor/ .
25
Транспарентност
Достапните податоци за донираната домаш-
на помош се во некоја мера оскудни и се
објавени во форма на извештаи за медиуми-
те. Сепак, информациите за меѓународното
финансирање се јавно достапни, како што се
финансирања од грантови на ЕУ15
, поддршка
во форма на опрема за итни случаи од
агенциите на ОН, Владата на Швајцарија,
Програмата за развој на Обединетите
нации, Фондот за население на Обединети-
те нации, Амбасадата на Соединетите
Држави и други, наменети за итни случаи.
Албанската влада на својата официјална
веб-страница16
објави податоци за донации-
те од странски влади и странски донатори.
Во извештајот за Проектот за одговор при
итни случаи на Ковид-19 во Албанија,
објавен од Светската банка, беше објавен
список на активности и придонеси на
партнерите, кој содржи донации од светски
компании, влади и останати актери со
наведени суми на некои од нив.17
14
McLaren, C. (April 2020). Economic impacts of and policy responses to the
coronavirus pandemic: early evidence from Albania. Превземено на 16 ноември
2021г., од:
https://set.odi.org/wp-content/uploads/2020/04/Economic-impacts-of-and-policy-
responses-to-the-coronavirus-pandemic-early-evidence-from-Albania.pdf
15
ibid.
16
Qeveria Shqiptare Keshilli i Ministrave (n.d.). Kryeministria.al. Preuzeto 16
studenog, 2021. s: https://kryeministria.al/en/.
17
The World Bank. (n.d.). ALBANIA EMERGENCY COVID-19 RESPONSE PROJECT.
Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://documents1.worldbank.org/curated/en/941251597066127352/pdf/Albani
a-Emergency-COVID-19-Response-Project.pdf .
18
ENNHRI. (2021). State of the rule of law in Europe 2021 Report. Reports from
National Human Rights Institutions
Законски/фискални промени
кои се должат на Ковид-19
На 21 март 2020 година, премиерот на
Албанија претстави тримесечен стимулати-
вен пакет како дел од изменетиот буџет, кој
вклучува: дополнително финансирање на
здравствениот сектор за медицинска
опрема и материјали (20 милиони евра);
пренаменети средства за хуманитарна
помош, храна, лекови итн. за најранливите
групи (16 милиони евра); гаранции за
поддршка на компаниите за ликвидност за
исплата на платите на вработените (79
милиони евра); резервни средства за
Ковид-19 итни случаи (7,9 милиони евра);
поддршка за покривање на платите за
самовработените граѓани и оние кои
работат со мали бизниси кои ги загубиле
приходите поради пандемијата (52 милиони
евра). 14
На 30 април 2020 година, од People’s
Advocate беше испратена препорака до
Секторот за вонредна состојба, Министер-
ството за здравство и социјална заштита,
Министерството за внатрешни работи и
Министерството за правда, да ги објават
сите нормативни акти на централната власт
и други акти во текот на пандемијата
Ковид-19.18
26
Локален контекст
Босна и Херцеговина
Во пандемиската година, повеќе од 21,8
милиони евра се евидентирани преку 3 489
донациски случаи. Врз основа на достапни-
те податоци и нашите статистички пресмет-
ки, проценивме дека се собрани повеќе од
38,5 милиони евра. Во споредба со 2019
година, евидентираната сума е повеќе од
три пати поголема. Донираната сума по
глава на жител е 11,7 евра, што е нешто
помалку од просекот во регионот. Само за
донации за Ковид-19, донирани се повеќе од
12,9 милиони евра во 1 161 донациски
случај.
Инспиративни приказни
Првиот одговор на пандемијата, во текот на
годината, бил да се обезбеди храна за оние
на кои им е потребна. Здружението
Pomozi.ba започнало кампања за групно
финансирање на нивната платформа со цел
да се соберат средства за поддршка на
луѓето кои ја користат јавната кујна за време
на епидемијата. Преку кампањата успеале
да соберат 21 659 евра за оброци за социјал-
но загрозените семејства.
BH Telecom d.d. бил еден од најголемите
донатори во 2020 година за ублажување на
негативните ефекти од пандемијата. Компа-
нијата донирала повеќе од 513 000 евра за
кантоналните болници во Коњиц, Зеница,
Горажде, Травник и Бихаќ за набавка на
медицинска опрема. BH Telecom d.d. ја доби
наградата за филантропија ДОБРО во
категоријата големи компании.
Законски/фискални промени
кои се должат на Ковид-19
Советот на министри на Босна и Херцегови-
на ја донесе Одлуката за ослободување од
индиректни даноци и рефундирање на
даноците на веќе платените индиректни
даноци, за опрема и ресурси донирани од
домашни и меѓународни донатори заради
борба со Ковид-19. Ова вклучува донации во
форма на маски, ракавици, медицинска
опрема, респиратори, средства за дезинфек-
ција итн. 19
Донации што не се поврзани со
Ковид-19 во 2020 година
Донациите за цели кои не се поврзани со
пандемијата забележано е дека изнесуваат
8,9 милиони евра, што претставува зголему-
вање во однос на претходната година.
Меѓутоа, кога ќе се исклучат податоците за
Ковид-19, бројот на случаи е нешто помал од
2019 година. Што се однесува до видовите
донатори, граѓаните имале помал удел на
случаи кои не се поврзани со пандемијата
поради падот на уделот на хуманитарните
настани во кои граѓаните се главни донато-
ри. Во однос на сумата што е донирана од
корпоративниот сектор, забележан е пад на
процентот во однос на претходната година.
Донаторите обезбедиле поретка поддршка
за здравствена заштита и образование за
цели кои не се поврзани со пандемијата
како резултат на пренасочената поддршка
кон образовните и здравствените институ-
ции за помош од Ковид-19. Затоа, институ-
циите како приматели биле поретко поддр-
жани за цели кои не се поврзани со панде-
мијата.
19
CMS. (n.d.). Law and Regulation of COVID-19 Tax Relief in Bosnia &
Herzegovina. Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://cms.law/en/int/expert-guides/cms-expert-guide-to-covid-19-tax-relief-meas
ures/bosnia-and-herzegovina.
27
Транспарентност
Државните институции во Босна и Херцего-
вина несистематски објавувале податоци за
донации на различни нивоа на управување.
Локалните самоуправи презентирале
податоци за донации на нивните официјал-
ни веб-страници. Податоците за меѓународ-
ните заеми и нивните износи кон властите
на Босна и Херцеговина, се јавно достапни.
Министерството за финансии и трезор
отворило жиро сметка за помош поврзана
со Ковид-19. Министерството објави извеш-
тај кој беше достапен на јавноста за донаци-
ите на сметката од 6-ти до 27-ми април
заедно со информациите за донаторите.20
Владата на Република Српска отворила
сметка во Фондот за солидарност за
донации за Ковид-19, за кои листата на
донатори беше јавно достапна. Владата ги
објави имињата на фирмите и институциите
кои донирале на сметката, донираните суми
и информации каде се насочуваат средства-
та. Според Transparency International БиХ,
периодот на пандемијата бил обележан со
нетранспарентно јавно набавување
медицинска опрема.21
20
Centar za Zastupanje Građanskih Interesa. (2021). Odgovor Centralne Vlasti
Bosne i Hercegovine na Pandemiju Covid 19. Превземено на16 ноември 2021г.,
од:
https://www.cpi.ba/wp-content/uploads/2021/06/Odgovor-centralne-vlasti-BiH-na
-pandemiju-Covid19.pdf
21
Cuckić, N. (4. Maj, 2020). COVID-19 donations in the Western Balkans: More
transparency needed. Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://europeanwesternbalkans.com/2020/05/04/covid-19-donations-in-the-west
ern-balkans-transparency-needed/.
28
Локален контекст
Хрватска
Вкупната евидентирана донирана сума во
Хрватска во пандемиската година генерира
38,2 милиони евра преку 3 238 случаи на
донации. Оваа сума е за 2,4 пати поголема
од претходната година. Проценетата сума
што ја пресметавме врз основа на распо-
ложливите податоци е 77 милиони евра што
е два пати поголема од претходната година.
Следствено, донираниот износ по глава на
жител исто така порасна од 2019 година и
изнесува 19 евра, што е повисоко од регио-
налниот просек. Понатаму, повеќе од 16,8
милиони евра се евидентирани за Ковид-19
донации низ 920 случаи.
Важно е да се спомене дека покрај панде-
мијата, во Хрватска имаше уште една криза
која ги обедини донаторите во земјата и
регионот – два разорни земјотреси – еден во
март што го погоди Загреб и неговата
околина и вториот во декември што ги
погоди Сисак и Петриње. Третина од вкупна-
та донирана сума во 2020 година (11,4 мили-
они евра) била наменета за помош од
земјотресите, најчесто за реконструкција на
оштетен имот.
Во однос на крајните корисници, забележан
е пораст на поддршката за популацијата во
локалните заедници како резултат на
донации за помош по земјотресите. Долго-
рочните донации биле во пораст поради
стратешките инвестиции за реконструкција
и реновирање на објекти и опрема.
Инспиративни приказни
Компанијата А1 Хрватска донираше
медицинска опрема за лекување на пациен-
ти со Ковид-19 на Клиничката болница
Дубрава во Загреб. Опремата, вредна 196
600 евра, испорачана е на 1 април 2020
година и вклучува 100 мобилни приклучоци
за медицински гасови, ИТ и напојување,
диспензери кои овозможуваат терапија со
кислород и уреди за следење на состојбата
на пациентите.22
Во соработка со тим лекари во Хрватска, д-р
Ивор Ковиќ развил заштитен респиратор
(маска) наречен „CroResp“, направен од
маска за нуркање, 3D печатен адаптер и
филтер за воздух. На неговиот портал,
Pandemija.info23
д-р Ковиќ иницирал
кампања за собирање средства за изработка
на маските наменети за поддршка на здрав-
ствените работници, на првата линија во
борбата против коронавирусот, во болници-
те низ Хрватска. Со поддршка од здружение-
то „Pomaganje je Uvijek IN“(„Помагањето е
секогаш ИН“), биле собрани средства и
преку платформата Croinvest.eu. Благодаре-
ние на дарежливите поединци и компании-
те, биле собрани 24 445 евра, а преку 1 200
уреди CroResp биле доставени во болниците
низ цела Хрватска.
Донации што не се поврзани со
Ковид-19 во 2020 година
Евидентираната донирана сума за цели кои
не се поврзани со Ковид-19 се зголемила за
повеќе од 1,3 пати во однос на претходната
година поради поголемото донирање
опрема и капитални инвестиции за помош
од земјотрес. Забележано е зголемување на
износот од учеството на корпоративниот
сектор, додека сумата од масовни поединци
бележи намалување во однос на 2019
година. За цели кои не се поврзани со
пандемијата, институциите имаа пораст во
процентот на случаи на донации во 2020
година, додека непрофитниот сектор имал
пад во однос на претходната година.
22
A1 Hrvatska. (2. april, 2020). A1 Hrvatska donirala medicinsku opremu za
liječenje najtežih slučajeva oboljelih od COVID-19 u KB Dubrava. Превземено на
16 ноември 2021г., од:
https://www.a1.hr/tko-smo-mi/objave-za-medije/-/objave/clanak/a1-hrvatska-doni
rala-medicinsku-opremu-za-lijecenje-najtezih-slucajeva-oboljelih-od-covid-19-u-kb
-dubrava-/1396968367.
23
Pandemija.info. (n.d.). Respirator (filtarska maska) sa zaštitom za oči izrađen od
ronilačke maske, adaptera i filtera za viruse. Превземено на 16 ноември 2021г.,
од: https://pandemija.info/respiratorhr/.
29
Законски/фискални промени кои
се должат на Ковид-19
Промени во актите за хуманитарна помош
што биле направени специјално за помош
поврзана со Ковид-19: увозот на стоки (само
конкретни стоки и организации, во соглас-
ност со Одлуката 2020/491 на Комисијата на
ЕУ) што се потребни за ублажување на
ефектите од пандемијата Ковид-19 е ослобо-
ден од царина и данок на додадена
вредност. (Закон за данок на додадена
вредност); владината помош што ја добива-
ат даночните обврзници на корпоративниот
приход како олеснување заради Ковид-19 не
се оданочува (Закон за данок на доход за
правни лица); владината помош што ја
добиваат самостојни претприемачи како
олеснување заради Ковид-19 не се оданочу-
ва (Закон за персонален данок на доход).24
Транспарентност
Владата на Хрватска ја отвори официјалната
веб-страница koronavirus.hr25
која објавува
информации за корона вирусот, како што се
бројот на заболени, бројот на вакцинирани
и ревакцинирани граѓани итн. Веб-страни-
цата обезбедува и јавни информации за
донации од меѓународни институции и
влади за Република Хрватска.
За донации за помош од Ковид-19, Владата
ја иницирала акцијата „Хрватска против
корона вирусот“. Кумулативните суми што
беа собрани со акцијата се јавно достапни
на веб-страницата на Министерството за
финансии во форма на соопштенија за
јавноста.26
Достапни се и документи каде
што е забележано кои институции добиле
помош преку акцијата и добиената сума.
Сепак, немаше јавно достапни информации
за поединечните донации во акцијата.
24
CMS. (n.d.). Law and Regulation of COVID-19 Tax Relief in Croatia. Превземено
на 16 ноември 2021г., од:
https://cms.law/en/int/expert-guides/cms-expert-guide-to-covid-19-tax-relief-meas
ures/croatia.
25
Koronavirus.hr. (n.d.). Koronavirus-statistički pokazatelji za Hrvatsku i EU.
Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://www.koronavirus.hr/
26
Ministarstvo financija Republike Hrvatske. (2020.). Priopćenje za javnost.
Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://mfin.gov.hr/vijesti/priopcenje-za-javnost-3039/3039
30
Локален контекст
Косово
Вкупната донирана сума во 2020 година на
Косово е 7,7 милиони евра. Оваа сума е 3,2
пати поголема од претходната година. Со
оглед на достапните податоци, проценивме
дека оваа сума е речиси двојно поголема -
14,5 милиони евра. Донираната сума по
глава на жител исто така е зголемена во
однос на претходната година и достигна 8,1
евро. Сепак, сè уште е пониска од регионал-
ниот просек. Што се однесува до самите
донации за помош од Ковид-19, евидентира-
ни се повеќе од 1,9 милиони донирани евра
преку 276 донации. Дијаспората имала
клучна улога во поддршката на Косово за
време на пандемијата.
27
Fondacioni BONEVET Prishtina. (2020.). JOIN THE FIGHT – BONEVET Campaign
on KOSOVAideas. Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://kosovaideas.com/campaign/detail/589?fbclid=IwAR2ittGuXJRsqk6wKvRlTQ
B7OSLIN6mDF5SDwHBPUePR9l2TsuHywQKcYTE.
Инспиративни приказни
Фондацијата BONEVET Prishtinë ја иницира-
ше кампањата за собирање средства
„Приклучи се во борбата“ на платформата
KOSOVAideas, со цел да се соберат средства
за купување на 43 нови 3D принтери и
филаменти кои можат да произведуваат
визири. Кампањата траеше до 29 мај 2020
година и резултираше со собрани 66 000
евра преку платформата со поддршка од 134
донатори. Произведени се вкупно 8 497 3D
штитови за лице, а 7 093 се донирани на
здравствените и административните работ-
ници, како и на останатите на кои им биле
потребни за да се спречи ширењето на
Ковид-19.27
Здружението Акција за мајки и деца ја започ-
на хуманитарната кампања „Një Kafe si
Flutur“(„Кафе како пеперутка“) која имала
две главни цели: да се соберат средства за
обезбедување на потребната медицинска
опрема за здравствените институции и да се
подигне свеста со совети за граѓаните како
да се спречи ширењето на корона вирусот.
Средствата биле собрани преку платформа-
та GlobalGiving со банкарски трансфер и СМС
донации (една СМС била во вредност од 1
евро). Во соработка со Министерството за
здравство, здружението ги доделило собра-
ните 10 274 евра за донирање на FFP2 респи-
раторни маски, заштитна опрема, визири,
заштитни очила, нитрилни ракавици,
средства за дезинфекција, хируршки
ракавици, инфрацрвени челни термометри,
постелнина за еднократна употреба и други
материјали.
Донации што не се поврзани со
Ковид-19 во 2020 година
Ако се исклучат податоците за донации
поврзани со Ковид-19 во 2020 година
донирани се 5,7 милиони евра што предста-
вува два пати поголем износ од предходната
година. Масовното индивидуално
донирање имало намалување во споредба
со претходната година бидејќи повеќето
настани во кои граѓаните се најчести
донатори, биле поврзани со Ковид-19.
Пандемијата, исто така, влијаела на намалу-
вање на случаите на донации поврзани со
намалување на сиромаштијата и образова-
нието, како теми кои не се поврзани со
Ковид-19. Зголемувањето на уделот во
вкупниот број на акции кон локалните и
националните власти, влијаело на падот на
процентот на случаи на поддршка кон
поединци и семејства во споредба со
претходната година. Населението од локал-
ните заедници имало поретка поддршка во
однос на 2019 година, додека пораст е
забележан кај лицата со попреченост и кај
социјално загрозените лица за донации што
не се поврзани со Ковид-19.
31
Законски/фискални промени
кои се должат на Ковид-19
На 4 декември 2020 година, Собранието на
Република Косово го одобри новиот Закон
за економско опоравување од Ковид-19, а
истиот стапи на сила на 7 декември 2020
година. Целта на овој закон е да се дополнат
други соодветни закони со цел да се овозмо-
жи закрепнување на економијата на
Република Косово поради кризата со
Ковид-19. Меѓу другите членови, во Законот
за опоравување е наведено дека сите бизни-
си кои имале проблеми во работата за
време на кризата или биле затворени ќе
бидат финансиски поддржани од државниот
буџет. Помошта требало да ги покрие сите
оперативни трошоци на соодветните
страни во вкупна вредност од 200 милиони
евра.28
Транспарентност
Министерството за здравство на Косово
создаде онлајн здравствена информативна
платформа Kosova.health, посветена на
информациите поврзани со пандемијата
Ковид-19. Платформата содржи информа-
ции со статистика за Ковид-19, превентивни
мерки и останато, додека мерките и одлуки-
те што ги презема Владата на Косово се
јавно достапни само на официјалната
веб-страница на Министерството за здрав-
ство.29
Информациите за донации од стран-
ски институции и организации се достапни
за јавност.
28
Deloitte Kosova. (Decembar, 2020). Legal News. Pejes. Превземено на 16
ноември 2021г., од:
https://www2.deloitte.com/content/dam/Deloitte/al/Documents/legal/Deloitte%20K
osova_Legal%20News_DEC2020.pdf
29
Šošić & Lazarević. (јуни, 2020). OPENING GOVERNMENTS IN TIMES
OF LOCKDOWN. Western Balkan Civil Society Empowerment for a Reformed
Public Administration.
32
Локален контекст
Црна Гора
Во текот на 2020 година во Црна Гора се
евидентирани повеќе од 12,4 милиони евра
преку 1 446 случаи на донации. Во споредба
со 2019 година, евидентираната сума е
повеќе од три пати поголема. Врз основа на
достапните податоци, проценивме дека
вкупно се донирани над 18,5 милиони евра.
Донираната сума по глава на жител е 29,8
евра, што е највисока сума од сите земји во
регионот во 2020 година. Вкупната евиден-
тирана сума генерирана само од донации за
ублажување на негативните ефекти од
Ковид-19 изнесува повеќе од 9,6 милиони
евра.
30
Kovačević, M. (април, 2020). Fudbalski savez Crne Gore donira sedam
respiratora [medijska objava]. Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://www.maxbetsport.rs/fudbalski-savez-crne-gore-donira-sedam-respiratora-
199172/
31
Hipotekarna Banka. (2020). Humanitarna akcija zaposlenih hipotekarne banke
Aplauzmedicinarima [медиумска објава]. Превземено на 16 ноември 2021г.,
од:
https://www.hipotekarnabanka.com/obavjestenja/humanitarna-akcija-zaposlenih
-hipotekarne-banke-aplauzmedicinarimame-368
Инспиративни приказни
На 20 март, Фудбалскиот сојуз на Црна Гора
придонесе во борбата против коронавиру-
сот со донација од 150 000 евра на Нацио-
налната координативна институција за
заразни болести на Црна Гора. Донираните
средства беа искористени за набавка на 7
респиратори за здравствени установи.
Институциите кои добија респиратор беа
Клиничкиот центар на Црна Гора, општите
болници во Беране, Бијело Поље, Плевља,
Никшиќ, Котор и Бар. Потоа, здружението
планираше да донира респиратор и на
Општата болница Данило Први во Цетиње.30
Онлајн платформата AplauzMedicinarima ја
започнаа вработените во Хипотекарна
банка од Подгорица во соработка со студио-
то „Флека“. Целта била да се соберат 50 000
евра за набавка на заштитна опрема за
медицинскиот персонал во првите редови
на борбата против Ковид-19 во институции-
те низ Црна Гора. До 5 мај 2020 година
собрани се вкупно 130 590 евра. Самите
вработени први донирале за оваа цел,
вкупно 8 130 евра кои биле насочени кон
Националното координативно тело за
заразни болести на Црна Гора.31
Донации што не се поврзани со
Ковид-19 во 2020 година
Во 2020 година евидентираниот износ на
донаци што не се поврзани со Ковид-19
изнесувал повеќе од 2,7 милиони евра - што
е намалување во однос на вкупната сума
донирана во 2019 година. Корпоративните и
масовните индивидуални донации биле
поретки отколку во 2019 година, додека
физичките лица имале зголемување во
процентот на случаи на донации. Поради
пренасочената поддршка за пандемијата,
здравството имало нешто помал процент на
случаи, додека другите теми (образование,
поддршка на маргинализираните групи и
намалување на сиромаштијата) имале
пораст во споредба со 2019 година. Како и
во повеќето земји во регионот, кон институ-
циите во Црна Гора има намалување на
донациите кога станува збор за теми кои не
се поврзани со Ковид-19, додека најголем
процент е забележан за поединци и семеј-
ства главно за медицински третмани
(лекување). Поради пандемијата, забележа-
но е намалување на поддршката за лицата
со попреченост, додека социјално загрозе-
ните лица, лицата со здравствени проблеми
и населението од локалните заедници
имаат пораст на процентот на случаи во
однос на 2019 година.
33
Законски/фискални промени
кои се должат на Ковид-19
На 13 април 2020 година, Владата на Црна
Гора воведе ослободување од ДДВ и царина
за медицинските помагала и заштитната
опрема, кои се увезени како донација, со
цел да се помогне во борбата против после-
диците од вирусот Ковид-19 („Службен
весник на Црна Гора“, бр.032/20).
Транспарентност
На почетокот со појавата на Ковид-19,
Владата формираше Националното коорди-
нативно тело за заразни болести. На 18 март
2020 година беше отворена посебна сметка
за финансирање од земјата и странство за
помош поврзана со Ковид-19. Информации-
те за донации беа објавени на порталот
coronainfocg.me. Оперативниот штаб за
донации еднаш неделно до Националното
координативно тело за заразни болести
доставуваше извештај за уплатите и одливи-
те на средства, односно за начинот на
трошење.
Националното координативно тело за
заразни болести на 31 март ја донесе
Одлуката за начините и условите за распре-
делба на средствата собрани преку донаци-
ите, откако Институтот Алтернатива повика
за транспарентност на донациите. Во
одлуката се прецизира потребата од инфор-
мации за тоа каде и како се распределуваат
средствата и одговорноста еднаш неделно
да се информира јавноста за состојбата на
сметката.32
Во декември 2020 година беше
формиран Совет за борба против корона
вирусот. Оттогаш, информациите за донаци-
ите се достапни на јавноста преку медиуми-
те.33
32
Cuckić, N. (4. Maj, 2020). COVID-19 donations in the Western Balkans: More
transparency needed. Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://europeanwesternbalkans.com/2020/05/04/covid-19-donations-in-the-west
ern-balkans-transparency-needed/.
33
Šošić i Lazarević. (јуни, 2020). OPENING GOVERNMENTS IN TIMES OF
LOCKDOWN. Western Balkan Civil Society Empowerment for a Reformed Public
Administration
34
Северна Македонија
Во пандемиската година во Северна
Македонија се регистрирани вкупно 8,9
милиони евра донации, што е за 7,5 пати
поголема сума од претходната година.
Пораст е забележан и во вкупниот број на
филантропски акции (982 филантропски
акции во 2020 година). Донираната сума по
глава на жител е 17,5 евра, што е нешто
повисоко од просекот во регионот.
Користејќи ги достапните податоци, врз
основа на нашите пресметки, проценивме
дека се собрани повеќе од 36,5 милиони
евра во текот на 2020 година. Само за
ублажување на негативните ефекти од
Ковид-19, евидентирани се повеќе од 6,8
милиони евра преку 595 случаи на донации.
34
Plus Info. (2020). „Stopanska banka“ donira aparat za mehanicka ventilacija na
Klinikata za infektivni bolesti на Клиниката за инфективни болести
[медиумска објава]. Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://plusinfo.mk/stopanska-banka-donira-aparat-za-mehanichka-ventilaci-a-n
a-klinikata-za-infektivni-bolesti/
35
Nextsense. (2020). StopKorona! - New mobile app for tracing exposure to
COVID-19 - Donation from Nextsense to the Ministry of Health [medijska objava].
Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://nextsense.com/ns-newsarticle-stopkorona-new-mobile-app-for-tracing-exp
osure-to-covid-19.nspx
Инспиративни приказни
Стопанска банка АД Скопје ја поддржа
борбата против пандемијата со донирање
на механички вентилатор – респиратор на
Инфективната клиника во Скопје. Оваа
донација се проценува на над 42 000 евра и
беше неопходна за лекување на пациенти
со Ковид-19. Банката ја покрила и сумата за
набавка и испорака на апаратот до Клиника-
та.34
Софтверската компанија Nextsense разви и
донираше мобилна апликација „СтопКоро-
на!“ на Министерството за здравство во
Северна Македонија. Вредноста на оваа
донација изнесува 47 572 евра. Апликација-
та за паметни телефони базирана на
Bluetooth технологија започна со употреба
на 13 април 2020 година. Направата го мери
растојанието помеѓу телефонот и корисни-
кот и го предупредува доколку дојдат во
контакт со лице кое е позитивно на вирусот.
Апликацијата беше преземена повеќе од 5
000 пати на денот на нејзиното лансирање.
Мобилната апликација гарантира целосна
заштита на приватноста на корисниците и
била направена со следење на практиките
ширум светот за справување со коронавиру-
сот. Граѓаните одржуваат целосна контрола
врз нивните податоци преку апликацијата
додека не решат да ги испратат до Мини-
стерството откако ќе им биде дијагностици-
ран вирусот.35
Донации што не се поврзани со
Ковид-19 во 2020 година
Иако пандемијата го префрли фокусот од
останатите теми на донаторите, забележа-
ниот износ во 2020 година за теми кои не се
поврзани со пандемијата е речиси двојно
поголем од вкупниот износ во претходната
година. Кога станува збор за видовите на
донатори, корпоративниот сектор ја зголе-
мил својата активност во однос на 2019
година. Институциите добиле помала
поддршка од донаторите во споредба со
минатата година, додека непрофитните
организации имале пораст во процентот на
случаи. Поради донаторите што ја пренасо-
чиле поддршката за помош од Ковид-19,
имало пад на случаите за поддршка на
здравствената заштита што не е поврзана со
пандемијата во споредба со 2019 година.
Населението од локалните заедници имало
зголемување на фрекфенцијата на
поддршка, главно преку донирање опрема
до локалните/националните институции.
35
Локален контекст
Законски/фискални промени
кои се должат на Ковид-19
Четвртиот пакет мерки усвоен од Владата на
Северна Македонија за ублажување на
негативните ефекти од пандемијата
Ковид-19 содржи: намалување на ДДВ (осло-
бодување за донации, 10% за храна и
пијалоци за потрошувачка на лице место и
угостителски услуги итн.); воспоставување
кредитна линија која е без камата со грант
компонента за микро и мали претпријатија
кои беа погодени од пандемијата; ревиди-
рање на законот за регулирање на финанси-
рањето на локалната самоуправа за да се
обезбедат општините со стабилни приходи
за време на кризата; презентирање на
предлог-закон со кој се регулира финанси-
ската поддршка на работодавачите погоде-
ни од Ковид-19; зголемување на месечната
финансиска поддршка за самовработените
во текот на октомври, ноември и декември
2020 година.36
Транспарентност
Министерството за здравство на Северна
Македонија отвори сметка за помош
поврзана со Ковид-19, преку која јавноста и
компаниите придонесуваа со донирање
средства, стоки и услуги според листата на
приоритети. Министерството за здравство
објави листа на донаторите.37
Отворена е посветена веб-страница за
Ковид-19, koronavirus.gov.mk, која содржи
ажурирани информации за бројот на
заболени од Ковид-19, вакцинацијата и
други информации (економски мерки,
медицинска помош и сл.). Веб-страницата
вклучува и евиденција за сите финансиски и
нефинансиски донации кои се примени како
помош за справување со пандемијата.38
36
OECD. (April, 2020). Covid-19 Crisis in North Macedonia. Превземено на 16
ноември 2021г., од:
https://www.oecd.org/south-east-europe/COVID-19-Crisis-in-North-Macedonia-arc
hive.pdf
37
Cuckić, N. (4. Maj, 2020). COVID-19 donations in the Western Balkans: More
transparency needed. Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://europeanwesternbalkans.com/2020/05/04/covid-19-donations-in-the-west
ern-balkans-transparency-needed/.
38
Влада на Република Северна Македонија. Официјални информации за
корона вирус во Северна Македонија. Превземено на 16 ноември 2021г.,
од: Update information for Coronavirus in RSM - Vlada.mk (koronavirus.gov.mk)
36
Србија
Вкупната евидентирана сума во Србија во
текот на 2020 година изнесува 50,9 милиони
евра. Од вкупната донирана сума, евиденти-
рани се 29,5 милиони за ублажување на
негативните ефекти од вирусот Ковид-19.
Бројот на донации е зголемен во споредба
со претходната година (4 319 случаи во 2020
година). Од вкупниот број случаи на
донации, 1 454 се поврзани со пандемијата.
Донираната сума по глава на жител изнесу-
ва 13 евра, што е речиси идентично на
просекот во регионот. Со екстраполација,
потпирајќи се на достапните податоци,
проценивме дека се донирани 90,2 милиони
евра. Непрофитниот сектор во Србија
имаше голема улога во поддршката за
време на Ковид-19 со обезбедувањето
поддршка на ранливите групи, бесплатна
правна поддршка и пристап до важни
информации.39
39
UNDP (септември, 2020). COVID-19 Socio-Economic Impact Assessment.
Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://www.rs.undp.org/content/serbia/en/home/library/crisis_prevention_and_rec
overy/covid-19-socio-economic-impact-assessment-.html
Кога станува збор за крајните корисници,
лицата со здравствени проблеми и граѓани-
те во локалните заедници бележат пад во
процентот на случаи на донации што не се
поврзани со пандемијата бидејќи најголеми-
от дел од донациите за овие корисници биле
за помош во борбата против Ковид-19.
Донации што не се поврзани со
Ковид-19 во 2020 година
Ако се исклучат податоците за донации
поврзани со Ковид-19, вкупната евиденти-
рана донирана сума е повеќе од 29,5 милио-
ни евра што е зголемување во однос на
вкупниот износ во 2019 година. Што се
однесува до видовите на донатори, помал
број на акции е забележан од страна на
корпоративниот сектор и граѓаните, додека
поединците имале зголемена фрекфенција
на донации во споредба со претходната
година. Земајќи ги предвид темите за
донирање што не се поврзани со Ковид-19,
здравството има зголемување во процентот
на случаи, главно за медицински третмани
за деца со попреченост и лица со здравстве-
ни проблеми. Институциите и локалните/на-
ционални власти во Србија имаа намалу-
вање на донациите и вкупниот број на
акции во однос на претходната година,
поради пренасочената поддршка кон овие
приматели заради пандемијата. Од друга
страна, непрофитните организации забеле-
жаа пораст во фрекфенцијата на поддршка.
Инспиративни приказни
MK GROUP, добитник на наградата за филан-
тропија ВИРТУС за 2020 година, обезбеди
повеќе од 1 милион евра донации во текот
на 2020 година, со најголем дел од сумата
наменета за справување со последиците од
пандемијата. Како една од првите компании
што ја поддржа борбата против вирусот
Ковид-19, MK GROUP финансираше набавка
на медицинска опрема за 12 здравствени
установи. Компанијата дополнително
обезбеди летови со приватен авион за да им
овозможи на децата да добијат медицински
третман во Соединетите држави и одмор за
450 медицински професионалци во нивните
хотели во Србија, Словенија и Хрватска. MK
GROUP на социјално загрозените граѓани
им подели и хуманитарни пакети со храна
во вредност од 150 000 евра.
Поголемиот дел од донациите поврзани со
Ковид-19 вклучувале стратешки инвестиции
како што се опрема, возила и други основни
работи за поддршка на здравствените
институции. Српскиот форум за филантро-
пија имал клучна улога во информирањето
на донаторите за потребите и тековите на
донациите. Од почетокот на кризата забеле-
жавме дека Српскиот форум за филантро-
пија, во соработка со Фондот Б92, собрал
повеќе од 1,6 милиони евра средства и над
85 000 евра во стоки наменети за поддршка
на здравствениот систем во Србија.
Локален контекст
37
Во соработка со UNICEF и Nordeus, тие созда-
доа и континуирано ажурираат табела со
потреби и рокови за испорака. Доставените
податоци се редовно проверувани со Мини-
стерството за здравство за да се обезбеди
ефикасна дистрибуција на помошта.
Законски/фискални промени
кои се должат на Ковид-19
Владата на 10 април 2020 година ја усвои
мерката со која се дозволува ослободување
од ДДВ за донации. Но, оваа мерка се
однесуваше само на донаторите кои спаѓаат
во системот за ДДВ, а обезбедуваат донации
на Министерството за здравство, Национал-
ниот фонд за здравствено осигурување и
државните здравствени установи за време
на вонредна состојба.40
Министерството за финансии и Народната
банка на Србија донесоа сет економски
мерки за поддршка на националната еконо-
мија. Овие мерки овозможија одредени
фискални поволности и финансирање на
правните лица од приватниот сектор, како и
еднократна парична помош за сите полно-
летни граѓани на државата.41
Транспарентност
Официјалната веб-страница covid19.rs
обезбедува статистика за случаите со
Ковид-19, информации за контакт од
релевантните здравствени органи и други
информации поврзани со пандемијата.
Поради отсуство на јавно достапни и
целосни информации за донациите поврза-
ни со Ковид-19 кои ги добила Владата на
Србија, Transparency Serbia до Министер-
ството за финансии поднесе иницијатива за
објавување на податоците за донациите за
јавните институции.42
40
Catalyst Balkans. (2021). Србија подарува 2020:Извешај за состојбата на
добродетелството. Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://izvestaj.srbijadaruje.org/country/Serbia/en/full
41
Sovilj i Stojković. (октомври, 2021). Tackling the impact of the COVID-19
pandemic in economy and labour – a case study of Serbia regulation. Medicine,
Law & Society. Vol. 14, No. 2, pp. 301–320
42
Šošić i Lazarević. (јуни, 2020). OPENING GOVERNMENTS IN TIMES OF
LOCKDOWN. Western Balkan Civil Society Empowerment for a Reformed Public
Administration. Превземено на 16 ноември 2021г., од:
https://cep.org.rs/wp-content/uploads/2020/06/Opening-governments-in-times-of-
lockdown_WeBER-policy-brief.pdf.
38
AНЕКС
Извештајот е подготвен со користење на
базата на податоци Giving Balkans, која
систематски се развива од 2013 година, и
останува најсигурната база на податоци за
филантропски донации во регионот. Поради
отсуството на официјални податоци (на пр.,
Министерствата за финансии или Даночна
управа), Catalyst Balkans користи алтерна-
тивни начини за собирање податоци, пред с
è медиумски извештаи и други достапни
ресурси (потврдени извештаи од донатори и
приматели). Во набљудуваниот период (1
март 2020г. – 28 фебруари 2021г.), во базата
на податоци на Giving Balkans беа обработе-
ни вкупно 13 516 записи за филантропски
донации во целиот регион поврзани со
помошта од Ковид-19, од кои 5 459 фигури-
раат како единствени случаи.
За подобро разбирање на извештајот, од
суштинско значење е да се спомене дека го
набљудуваме нивото на филантропски
донации врз основа на два фундаментални
показатели: бројот на случаи и донираната
сума. Еден случај претставува уникатен
настан, т.е. организирана колекција на
донации. На пример, еден случај може да
биде кампања во која група поединци
собираа средства за нечиј медицински
третман или донација од еден донатор на
еден примател.
Нашата методологија има ограничувања,
вклучувајќи го и најважниот факт дека
медиумите не ги евидентираат сите филан-
тропски донации. Друго значајно ограничу-
вање е тоа што не сите извештаи за филан-
тропски акции даваат прецизни информа-
ции, како што е вредноста на донацијата.
Поради оваа причина, инстанците (случаи-
те) претставуваат посигурен показател и
затоа се фокусираме на нив наместо на
донираните суми.
Секој збир на податоци за анализа што го
користи Catalyst Balkans има своја вредност
на транспарентност, што го покажува
процентот на случаи кои имаат донирана
вредност поврзана со нив. Вредноста на
транспарентноста за збирот на податоци
користена во овој извештај е 37%, што значи
дека медиумските извештаи за 2 020 случаи
(од 5 459) вклучиле информација за донира-
ната сума.
Сепак, ние веруваме дека нашето истражу-
вање дава доволно сигурен увид во суштин-
ските аспекти на филантропските донации
бидејќи бројките, иако не се сеопфатни,
нудат минимална вредност за релевантните
индикатори. Ако, на пример, разговараме за
бројот на филантропски случаи, можеме со
сигурност да констатираме дека бројот што
го покажуваме е минималниот број на
случаи што се случиле. Истото важи и за
сумите, актерите и слично. Оттука, овие
податоци може да се користат како индика-
тори за минималниот степен на развој на
филантропијата во регионот на Западен
Балкан.
Meтодологија
39
Речник
Уникатен настан, т.е. пример за собирање донации. Може да се состои од
единечни или повеќекратни донации (на пр., кампања каде граѓаните
собираат масовни донации за нечиј медицински третман).
Акција/инстанца/случај
Донатори
Масовни поединци
Mешани донатори
Истакнати поединци
Корпоративен сектор
Приватни фондации
Донација
Eкстраполација
Филантропија
Крајни корисници
Намена на донација
Приматели на донација
Начин на користење
на донација
Лица и/или правни лица кои донираат пари, време, услуги или стоки. За
поефикасно следење на трендовите, тие се поделени на видови донатори.
Голем број граѓани кои не можат да се идентификуваат по име.
Случаи во кои е невозможно да се одвојат донаторите по вид, т.е. случаи
кога еден пример вклучува повеќе видови донатори.
Граѓани коишто може да се идентификуваат.
Компании (повеќе од 50 вработени), корпоративни фондации и мали и
средни претпријатија (помалку од 50 вработени).
Фондации основани од приватни лица/граѓани или комбинација од
приватни и правни лица.
Чин на давање на одредена сума пари, стоки, услуги или време без
надомест.
Статистичка метода која врз основа на процентот на познати податоци
пресметува податоци кои би важеле доколку 100% од податоците би биле
познати. Екстраполацијата произведува веројатни, а не апсолутни вредности.
Давање на општествено добро без реципрочни очекувања, т.е. добровол-
но давање пари, добра, време или услуги за да се помогне некому или да се
подобри состојбата во општеството.
Целни групи кои имаат корист од донациите. На пример, ако училиштето е
примател на донации, крајните корисници се децата кои одат во соодвет-
ното училиште.
Теми, т.е. цели за кои се даваат донации (како што се здравството, образо-
ванието, итн.).
Приватни и/или правни лица кои примаат донации од донатори. Во
повеќето случаи, донациите се насочуваат понатаму.
Го означува начинот на кој се користи донацијата и дали се користи на
долгорочна или еднократна основа (на пр. за капитални инвестиции,
купување опрема, обезбедување услуги, материјал, потрошни добра итн.)
40
Овој извештај беше поддржан од Balkan Trust for Democracy, проект на
German Marshall Fund of the United States и USAID.
Мислењата изразени во оваа публикација не мора да ги претставуваат
мислењата на Balkan trust for Democracy, German Marshall Fund of the United
States и USAID или Владата на САД.
Каталист Балканс
38 Таковска, 11000 Белград,
Србија
catalystbalkans.org
givingbalkans.org
Подготвено од
Вук Вуковиk
Маја Глигориk
Едитирано од
Александра Весиk Антиk
Ноември 2021.
Квалитетот на податоците
Јелена Бекчиk
Дизајн
Драгана Павловиk

Филантропија во кризни времиња: Одговор на Ковид-19 во регионот на Западен Балкан

  • 1.
    Филантропија во кризни времиња:Одговор на Ковид-19 во регионот на Западен Балкан Ноември 2021.
  • 2.
    Содржина Вовед ........................... ...................................................................................... Резиме............................................................................................................... Одговор на Ковид-19 во регионот на Западен Балкан ..................... • Регионален преглед ..................................................................................... · Донатори .................................................................................................. · Приматели ............................................................................................... · Крајни корисници .................................................................................. · Начини на донации ............................................................................... · Медиумска покриеност ........................................................................ · Донирани средства споредено со ширењето на Ковид-19 .......... • Компаративна перспектива ...................................................................... · Донатори ................................................................................................. · Приматели .............................................................................................. · Крајни корисници ................................................................................. · Начини на донирање ........................................................................... • Локален контекст ........................................................................................ · Албанија ................................................................................................... · Босна и Херцеговина ............................................................................ · Хрватска ................................................................................................... · Косово ...................................................................................................... · Црна Гора ................................................................................................ · Северна Македонија ............................................................................. · Србија ....................................................................................................... Aнекс ................................................................................................................. · Методологија .......................................................................................... · Речник ...................................................................................................... 1 2 4 4 6 8 9 10 12 13 15 17 19 21 23 25 25 27 29 31 33 35 37 39 39 40
  • 3.
    Вовед Функционирањето на непрофитниотсектор во Западен Балкан е нарушено поради опасностите од вирусот Ковид-19. Некои од клучните прашања и бариерите на капаци- тетот на непрофитните сектори ефикасно да одговорат на оваа криза вклучуваат неефи- касна употреба на дигитални алатки и недоволен збир на вештини за соодветна комуникација, соработка, управување со програми и ограничена можност за мобили- зирање на потребните ресурси. Поддржан од Американската агенција за меѓународен развој (USAID) и Балканскиот фонд за демократија (BTD), Catalyst Balkans предло- жи збир на активности за да му ја обезбеди на непрофитниот сектор потребната поддршка за време на пандемијата Ковид-19. Филантропија во кризни времиња: Извеш- тајот Одговор на Ковид-19 во Регионот на Западен Балкан претставува еден сегмент од овој проект. Обезбедува податоци и инфор- мации за напорите на филантропската заедница во Западен Балкан за ублажување на влијанијата на кризата од Ковид-19. Водени од уверувањето дека со постојано зајакнување на своите капацитети и здружу- вање сили со јавниот и деловниот сектор, непрофитните организации можат да бидат еден од главните столбови за надминување на секоја криза, нудиме преглед на филан- тропските практики во Западен Балкан за време на пандемијата. И покрај тоа што веруваме дека визијата на USAID и BTD во голема мера се усогласува со нашата, треба да се забележи дека мислењата изразени во оваа публикација задолжително не мора да ги одразуваат мислењата на соодветните организации или нивните партнери. Регионот на Западен Балкан се состои од земји кои не се членки на ЕУ, а најголемиот дел од неговата територија се наоѓа на Балканскиот Полуостров. Меѓутоа, бидејќи Catalyst Balkans ја следи состојбата на филантропијата и во Хрватска, посоодветно е опфатот на овој извештај да се дефинира како проширена територија на Западен Балкан. Со други зборови, филан- тропските заедници кои се застапени во овој извештај ги подрразбираат следните ентитети: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. На страниците што следат, прво ги сумира- ме филантропските практики помеѓу 1 март 2020 година и 28 февруари 2021 година. Последователно, извештајот е поделен во три поглавја. Првото поглавје дава анализа на податоците на регионално ниво. Користејќи го истиот збир на индикатори, ги споредуваме филантропските заедници во регионот во второто поглавје, додека во третото се фокусираме на специфичностите на локалниот контекст. За крај, ги објаснува- ме методите што ги користиме и обезбеду- ваме листа на клучни термини што се користат во извештајот. 1
  • 4.
    Резиме Филантропијата е важнаво време на стабилност, но е клучна во време на криза. Кризите можат да произведат хомогенизи- рачки ефект, охрабрувајќи ги граѓаните да покажат солидарност и поголема грижа за заедницата. Сепак, може да се случи и поради зголемената егзистенцијална несигурност, заедницата да се фрагментира, а граѓаните да се свртат кон своите примар- ни групи, семејството и самите себе. Кризата Ковид-19 е единствена затоа што ги изоли- раше актерите на глобално ниво со затво- рање на границите меѓу земјите и локално, со наметнување физичка дистанца меѓу луѓето. На почетокот на кризата, поимот социјална дистанца стана широко распро- странет во јавната сфера, но подоцна беше заменет со правилниот термин - физичка дистанца. Двата термина се посебни концепти. Додека физичката дистанца подразбира отсуство на физички контакт, што е пожелно во околностите на епиде- мија, социјалната дистанца претпоставува отсуство на меѓучовечки интеракции, што не е реакција што ја води заедницата кон одржливи практики за решавање проблеми. Сепак и покрај обврзувачките мерки кои ги спречуваа граѓаните да имаат спонтани интеракции во физичкиот простор, подато- ците со кои располага Catalyst Balkans збору- ваат во прилог на поголема хомогенизација на општеството во Западен Балкан. Во текот на набљудуваниот период, донациите насочени само за Ковид-19 генерирале поголеми суми од сите годишни донации пред пандемијата. На регионално ниво биле собрани најмалку 71,9 милиони евра, а биле организирани 5 459 филантропски акции. Притоа, според статистичките пресметки, се проценува дека донираната сума била далеку поголема од евидентираната, при што донираната сума по глава на жител изнесува 6,7 евра. Највисоки донации по глава на жител се документирани во Црна Гора (15,7 евра) и Северна Македонија (10,7 евра), додека најниски донирани суми се генерирани во Косово (2,8 евра) и Албанија (1,1 евра). Бизнис секторот одиграл клучна улога во надминување на пандемијата како најчест вид на донатори, а државните институции добиле најмногу донирани средства. Корпо- рациите и претпријатијата биле особено истакнати во Северна Македонија, додека во Хрватска улогата на цивилниот сектор била поизразена отколку во другите земји. Во споредба со претходните години, донациите насочени за Ковид-19 биле главно во форма на еднократна поддршка, освен во Србија, каде што имало зголему- вање на стратешката поддршка. Гледано хронолошки, филантропската заедница најсилно реагирала на почетокот на панде- мијата. Така, најмногу суми се донирани во првите три месеци од пандемијата, иако бројот на заразени подоцна беше поголем. Сепак, ова откритие не е изненадување со оглед на тоа што и покрај малиот број зараз- ени, помошта на почетокот на пандемијата беше најпотребна, а вниманието на медиу- мите најмногу беше насочено кон кризата со Ковид-19. За оние од нас кои го истражуваат и промо- вираат концептот на филантропија, прашањето за социјална доверба и социјал- на соработка е исклучително важно. За разлика од човечкиот и финансискиот капитал, кој се намалува со неговата експло- атација, општествениот капитал е самоспро- ведувачки. Затоа довербата меѓу членовите на заедницата и довербата на членовите на заедницата во воспоставените институции се најиздржливите ресурси на општеството во време на криза. 2
  • 5.
    Во таа насока,овој извештај покажува дека општествата во Западен Балкан имаат релативно висок степен на соработка и подготвеност да се соочат со предизвиците. Она што останува да се види е колку долго ќе трае кризата со Ковид-19, и следствено, како ќе влијае на филантропијата во иднина. Со други зборови, останува на истражувач- ките напори во иднина да покажат дали мобилизацијата на општествениот капитал била чистa ад-хок реакција на заедницата или имала долготраен филантропски ефект. 3
  • 6.
    Одговор на Ковид-19во регионот на Западен Балкан Регионален преглед Во овој извештај, проширениот регион на Западен Балкан се состои од 7 филан- тропски заедници. Иако секоја од овие заедници е специфична, она што ги прави меѓусебно поврзани се културната сличност, надворешната политичка ориентација кон членство во Европската Унија и интензивна- та економска размена. Во последната деценија, внатрешно-регионалната трговија претставувала една петтина од вкупниот извоз и една десетина од вкупниот увоз на регионот на Западен Балкан (со исклучок на Хрватска)1 . Севкупно, ова е регион од 21,2 милиони луѓе, кој генерира бруто домашен производ од околу 148 милијарди американ- ски долари (7 229 долари во просек по глава на жител)2 . Аналитички е оправдано да се анализира регионот на Западен Балкан како посебна единица во политичка и економска смисла; а истото важи и за филантропијата. Регионот на Западен Балкан се состои од млади, но просперитетни филантропски заедници. Од кога ја следиме состојбата на филантропијата во овој регион3 , забележу- ваме постојан раст на донации. Сепак, законодавната рамка во регионот сè уште недоволно и несразмерно ги поттикнува филантропските активности. На пример, во Албанија и Србија, индивидуалните донации не се квалификуваат за даночно ослободување, а во Босна и Херцеговина, граѓаните кои не се претприемачи не можат да остварат даночни намалувања. Други земји како Хрватска, Косово и Црна Гора, обезбедуваат поповолна средина за индивидуални донации. Сепак, институцио- нално се развива филантропски екосистем, што се рефлектира во порастот на институ- ционалната поддршка и зголемените донации што ги бележиме речиси секоја година. Овој извештај се однесува на донации наменети за надминување на кризата Ковид-19, пандемија што го погоди целиот свет. Единствениот извештај што досега се занимавал со оваа проблематика е World Giving Index 2021, објавен од Charitable Aid Foundation (CAF)4 , според кој регионот на Западен Балкан покажа значителен скок на светската филантропска листа. Сепак, извештајот објавен од CAF се однесува исклучиво на граѓанска филантропија мерена преку анкети. За да се добие посеоп- фатно разбирање за филантропијата во Западен Балкан, ние предлагаме различен методолошки пристап (погледнете во секцијата: методологија) и го анализираме учеството на сите актери во филантропската заедница. Речиси три месеци по почетокот на епиде- мијата во Кина (31 декември 2019)5 , вирусот навлезе на територијата на Западен Балкан (25 фебруари 2020 година)6 . 1 1 P. Kaloyanchev, I. Kusen, A. Mouzakitis. (2018). Untapped Potential: Intra-Regional Trade in the Western Balkans, European Comission. 2 The World Bank. (2021). Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://data.worldbank.org/. 3 Catalyst Balkans ја следи состојбата на филантропијата во регионот на Западен Балкан од 2013 година. За пристап во годишните извештаи посетете: https://www.catalystbalkans.org/en/home/Reports 4 Charitable Aid Foundation. (2021). World Giving Index: A global pandemic special report. 5 World Health Organization. (2021). Novel Coronavirus (2019-nCoV) SITUATION REPORT. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://www.who.int/docs/default-source/coronaviruse/situation-reports/2020012 1-sitrep-1-2019-ncov.pdf. 6 Kalanj, K. et al. (2021). The Impact of COVID-19 on Hospital Admissions in Croatia. Frontiers Public Health. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://doi.org/10.3389/fpubh.2021.720948. 4
  • 7.
    Евидентирана сума Проценета сума Дониранасума по глава на жител 6,7 € 5.459 143.661.010 € 71.882.674 € Број на случаи Во втората половина на март, националните влади последователно воведоа мерки, како што се потполно и делумно затворање. Овие мерки резултираа со затворање на граници, училишта, ресторани, продавници и друго7 . Затоа, го набљудуваме периодот на донации поврзани со Ковид-19 од 1 март 2020 година до 28 февруари 2021 година. Во овој период, филантропските заедници од регионот на Западен Балкан иницирале 5 459 добротворни акции и донирале најмал- ку 71,9 милиони евра. Бидејќи нашите наоди се потпираат на податоци извлечени од медиумски извештаи кои не ги покриваат сите филантропски активности, овие броеви претставуваат минимални вредности (погледнете во секцијата: методологија). Со примена на нашиот статистички модел, вкупната донирана сума ја проценивме на околу 143,7 милиони евра. Во споредба со претходните години, дoнациите поврзани со Ковид-19 генерирале помалку случаи, но поголеми количини на пари. Покрај тоа, кога ќе се пресметаат донациите што не се поврзани со Ковид-19, кои се слични на донациите поврзани со Ковид-19, и бројот на случаи и големината на донации ги надминуваат бројките од претходните години. Со тоа, донираната сума по глава на жител како донација за Ковид-19 е значител- но повисока од претходно – 6,7 евра наспро- ти 3,2 евра.8 7 OECD. (2020). The Covid-19 crisis in the Western Balkans. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://www.oecd.org/south-east-europe/COVID-19-Crisis-Response-Western-Balka ns.pdf. 8 Просечна вредност за трите години пред пандемијата (2017, 2018, 2019). 5
  • 8.
    Донатори Кризата Ковид-19 воголема мера мобилизи- раше поддршка од корпоративниот сектор. За разлика од претходните три години, кога во просек корпоративниот сектор донирал околу една третина од вкупниот износ, а граѓаните биле иницијатори на најголемиот дел од филантропските акции, во набљуду- ваниот период корпорациите и претприја- тијата оствариле над половина од сите донации (60% од сите случаи и 55% од вкупните донации). Како што се очекуваше, големите корпорации (50+ вработени) генерирале најголем дел од донациите, но малите и средните претпријатија исто така значително придонеле. Поточно, додека корпорациите иницирале 4 од 10 филан- тропски акции, малите и средните претпријатија организирале помал број акции (2 од 10), што е и покрај тоа повеќе од кој било друг вид на донатори. Поддршката во борбата против Ковид-19 главно ја обезбедиле компании од прехранбената, банкарската и телекомуникациската индустрија, додека најдарежливи мали и средни претпријатија биле од енергетскиот сектор, трговијата на мало и транспортните услуги. Кога станува збор за физичките лица, прави- ме разлика помеѓу масовни донации на граѓани и истакнати поединци кои може да се идентификуваат по име. Бидејќи корпора- тивниот сектор беше многу поактивен заради олеснување на кризата со Ковид-19 отколку порано, масовните донации и донациите од истакнати поединци паднаа во втор план, но сепак беа значајни. Граѓа- ните организирале 16% од случаите преку масовни акции, додека истакнатите поедин- ци самостојно учествувале во 11% од евидентираните филантропски активности. Сепак, во согласност со нивните финансиски капацитети, и двата вида донатори се позастапени во вкупниот број на организи- рани акции отколку во вкупната донирана сума (масовни поединци 12%; поединци 7%). Во однос на фрекфенцијата и обемот на донации, следува цивилниот сектор, кој, како и корпоративниот сектор, покажа поголем степен на солидарност за време на пандемијата отколку порано. Најчести донатори од цивилниот сектор беа хумани- тарните организации Pomozi.ba, UNICEF Србија и Hemiias Foundation, додека најголе- ми суми собраа Здружението на производи- тели на иновативни лекови INOVIA, Српска лекарска комора и Rotary District 1913 Хрват- ска. Треба да се има предвид дека освен акции во кои донаторите учествуваат самостојно, тие учествувале и во заеднички активности кои обединуваат повеќе видови донатори. Вакви акции немаше многу (2%). Сепак, во вкупната сума на донирани средства, на овој начин се собрани дури една петтина од средствата (19%), што покажува дека панде- мијата, освен што мобилизираше поддршка, во голема мера ја поттикна соработката на различни актери. Во однос на фрекфенцијата и обемот на донации, следува цивилниот сектор, кој, Во однос на фрекфенцијата и обемот на донации, следува цивилниот сектор, кој, како и корпоративниот сектор, покажа поголем степен на солидарност за време на пандемијата отколку порано. 6
  • 9.
    Корпоративен сектор Истакнати поединци Цивилнидруштва /здруженија Мешани донатори Приватни фондации Останати Масовни поединци Инстанци (%) Суми (%) 59,6% 16,4% 11,2% 7,9% 2,3% 1,5% 1,1% 54,9% 11,9% 6,9% 4,7% 19,2% 1,9% 0,5% 7
  • 10.
    Приматели Инстанци (%) Пандемијата Ковид-19ја промени не само структурата на донаторите, туку и структура- та на примателите. Со оглед на тоа што самата природа на Ковид-19 кризата се однесува на јавното здравје и сите власти во земјите во регионот ја презедоа контролата над ова прашање, очекувано беше држав- ните институции да добијат поголема поддршка од претходно. Така, за разлика од претходните години кога приматели беа првенствено непрофитни организации и поединци/семејства, најголем дел од донациите за време на пандемијата беа насочени кон државните институции. Поточно, во дури 7 од 10 акции, собраните средства беа насочени кон здравствени установи (43%), други јавни институции (5%) и локални/национални власти (22%). Допол- нително, бидејќи помошта честопати бараше скапа медицинска опрема, држав- ните институции добија речиси 90% од вкупната сума евидентирана во периодот што се разгледува. Како резултат на тоа, сите други категории на приматели добија поддршка во помалку од една третина од организираните акции. Корпоративниот сектор генерално беше главен донатор и на државните институции и на непрофитните организации. Сепак, акциите на малите и средните претпријатија и кампањите во кои учествуваа повеќе видови донатори, заземаа поголем удел во случаите на донации за непрофитниот сектор (20% МСП, 7% мешани донатори) отколку за државните институции (19% МСП, 2% мешани донатори). Од друга страна, бројот на случаи на истакнати поединци зазема поголемо учество во случаите насочени кон државата (12%) отколку кон непрофитниот сектор (4%). 69,3% Државни институции 16,4% Поединци/семејства 13,3% Непрофитни организации 1,0% Останати 8
  • 11.
    Крајни корисници Со огледна тоа што кризата со Ковид-19 најтешко го погоди здравствениот систем, се очекуваше најмногу корисници на дадената помош да бидат лицата кои користат здравствени услуги. Во рамките на нашата класификација, оваа група на граѓа- ни е пред сè во категориите луѓе од локални- те заедници и лицата со здравствени проблеми. Затоа, во согласност со очеку- вањата, најчести се корисниците од овие две категории. Додека повеќето од филан- тропските акции биле насочени кон луѓето од локалните заедници, организирани биле помалку акции за лицата со здравствени проблеми, но овие акции генерираат поголеми донирани суми. Ова несовпаѓање помеѓу бројот на активности и големината на донациите се јавува затоа што донациите со помала вредност (маски, визири, ракави- ци, средства за дезинфекција итн.) најчесто се сметаат како донации наменети за луѓето во локалните заедници, додека донациите со поголема вредност (респиратори, амбулантни возила, монитори за следење на состојбата на пациентите и сл.) најмногу се вбројуваат како донации наменети за лица со здравствени проблеми. 45,9% Локални заедници 23,8% Лица со здравствени проблеми 18,1% Социјално загрозени лица 0,9% Лица со попреченост 11,3% Останати Иако пандемијата предизвика криза на јавното здравство, поддршка за социјално загрозените граѓани и постарите возрасни лица не изостана. Така, речиси една петтина од добротворните акции биле организира- ни за социјално загрозени лица, иако преку овие акции се собрани само 6% од вкупно донираните средства. Овие акции главно биле насочени кон задоволување на основ- ните потреби на луѓето на кои им е потреб- на помош и често биле организирани за да им помогнат на народните кујни да обезбе- дат храна за своите корисници. Кога станува збор за постарата популација, тие добиле поддршка во 5% од организираните акции, што е повеќе отколку пред пандемијата. Од друга страна, во споредба со периодот пред пандемијата, придобивките од Ковид-19 биле помалку насочени кон лицата со попреченост, луѓето кои живеат во други земји и децата без родителска грижа. Сепак, треба да се има предвид дека овие наоди се однесуваат исклучиво на придобивките од Ковид-19 и не треба да се очекува дека горенаведените категории ќе ја добијат истата поддршка како и за други цели. Инстанци (%) 9
  • 12.
    Начини на донирање Концептотна филантропија по кој се водиме подразбира секаков вид на помош без реципрочни очекувања. Во таа смисла, филантропската активност ги вклучува сите донации од правните и физичките лица, без разлика дали се пари, стоки, про боно услуги или време (волонтерство). Според подато- ците со кои располага Catalyst Balkans, огромно мнозинство на евидентираните донации се финансиски. Причината за ова делумно лежи во начинот на кој медиумите известуваат за филантропијата. Сепак, иако медиумите посветуваат поголемо внимание на паричните донации, уверени сме дека парите се навистина најчестиот вид на донација. Сепак, за време на пандемијата, донацијата на стоки е зголемена. Додека во претходните три години 87% од донациите биле во готовина и 8% во стоки, донациите за Ковид-19 биле исклучиво парични во 73% од случаите, додека дури 21% од донациите биле во форма на стоки. Овие бројки секако не изненадуваат со оглед на тоа што панде- мијата наметна итна потреба од медицинска опрема која беше препознаена од филан- тропската заедница. Дополнително, треба да се нагласи дека про боно услугите што ги обезбедуваат правните лица и волонти- рањето на граѓаните биле за малку почести облици на донации одколку порано. Кога станува збор за начинот на собирање средства (fundraising), пандемијата Ковид-19 постави специфичен предизвик за филан- тропската заедница. Во претходните години, речиси една третина од случаите биле иницирани со организирање настани на кои се собираат донатори. Меѓутоа, бидејќи воведувањето на физичка дистанца го направи овој начин на собирање средства тежок и често невозможен, повеќе- то донатори донирале директно на примате- лите. Заради тоа, директните донации сочинуваат 72% од случаите, алтернативните кампањи 27% од случаите, а речиси и да немало донаторски настани. Генерално, може да се каже дека филан- тропската заедница релативно брзо и успешно се прилагодила на новите околно- сти. Во наредниот период останува да се види дали онлајн собирањето средства во иднина ќе стане се почеста појава и во која мера донаторите ќе се вратат на традицио- налниот начин на организирање донатор- ски настани. Покрај начинот на донации, донациите може да се разликуваат и во ефектот што донаторите имаат намера да го постигнат. Хуманитарните видови донации како храна, облека, лекови и донации за лекување на одредена цел (здравствен третман на одредено лице) спаѓаат во категоријата краткорочни (еднократни) донации. Од друга страна, капиталните инвестиции, опрема и сето она што генерира одреден иден грант спаѓаат во категоријата на долго- рочни (стратешки) донации. Податоците со кои располага Catalyst Balkans покажуваат дека еднократните донации се доминантни секоја година. Сепак, еднократните донации за ублажување на негативните ефекти од пандемијата биле уште позастапени од порано. Поточно, 62% од донациите биле ад-хок по природа, додека 32% биле стратешки. Од еднократните донации, најзастапени биле залихите и потрошниот материјал, како што се епидемиолошки маски, визири и ракавици, додека помал дел биле во вид на хуманитарна помош. Што се однесува на стратешките донации, речиси во сите случаи тие биле во форма на опрема (главно медицински респиратори, но и опрема за онлајн едукација), додека мал број стратешки донации биле во форма на про боно услуги. 10
  • 13.
    Начин на користењена донациите Инстанци (%) 61,8% Еднократно 32,3% Стратешки 5,9% Непознато 11
  • 14.
    Медиумска покриеност 37,0% Ниво на транспарентност Обемоти квалитетот на медиумските известувања за филантропијата се важен фактор за следењето на донациите во Западен Балкан. Бидејќи ниту една од државните институции во регионот не собира или објавува податоци за донации, единствениот веродостоен извор на подато- ци се медиумските извештаи (погледнете во секцијата: методологија). Сепак, квалитетот на медиумското известување не е само предуслов за точно мерење на филантро- пијата туку и показател за развојот на филантропската заедница. Колку повеќе добротворни активности покриваат медиу- мите и колку се подетални медиумските извештаи, толку е поголема свеста за важно- ста на филантропијата, и обратно. Што се однесува до количината на медиум- ска покриеност на донациите за Ковид-19, бројот на објави во медиумите изнесува 13 516, што е помалку од периодот пред панде- мијата. Сепак, треба да се земе предвид дека за време на пандемијата, медиумите известуваа и за донации што не се поврзани со Ковид-19, што ја изедначува фреквенција- та на медиумско покривање во овие два периода. Во огромното мнозинство на случаи, филантропијата била пријавена од онлајн медиуми (81%), додека уделот на печатените (13%) и електронските медиуми е далеку поредок (5%). Во исто време, известувањето за филантропијата почесто било покриено од медиумите со национал- на фреквенција во споредба со периодот пред пандемијата, додека локалните, регио- налните и подрегионалните медиуми известувале во помала мера. Квалитетот на медиумското известување е првенствено поврзан со транспарентноста на медиумските извештаи, мерена како процент на случаи опфатени со податоците за донираните суми. Во таа смисла, се забележува полош квали- тет на медиумското известување кога стану- ва збор за донациите за Ковид-19. Евиденти- раните донации за Ковид-19 покриваат 37% од случаите, што е помалку од пред панде- мијата.9 Најниско ниво на транспарентност на медиумските извештаи е забележано во Косово (23%), Албанија (19%) и Северна Македонија (19%), додека највисоко ниво на транспарентност е забележано во Црна Гора (52%) и Хрватска (45%). Сепак, иако се чини дека пандемијата негативно влијаеше на квалитетот на известувањето, ставот на медиумите кон филантропијата остана умерено позитивен – 98% од извештаите имале позитивна конотација, што дава оптимизам, истакнувајќи дека има простор за подобрување. 9 Нивото на транспарентност во 2019 година изнесувал 44%. 12
  • 15.
    Донирани средства спореденосо ширењето на Ковид-19 Во текот на календарска година, најголем дел од донациите обично се евидентираат во декември (за време на сезоната на празници), додека месец со најмалку донации е август (за време на сезоната на годишни одмори). Сепак, донациите за Ковид-19 отстапуваат од оваа шема. Со оглед на тоа што пандемијата на опасен, но непознат вирус предизвика страв и големо внимание во јавноста, сосема очекувано, најголем дел од донациите за Ковид-19 се забележани во првите три месеци - март, април, мај. За овие три месеци имало 4 232 случаи во кои се наплатени 52,8 милиони евра (77%). Како што траеше пандемијата, донираните средства се намалуваа до декември, кога традиционално забележува- ме раст. Споредено со бројот на новодијагностици- рани случаи, се чини парадоксално што донираните суми се намалуваат, а бројот на заразени се зголемува. Во месецот со најголема донирана сума – април 2020 година (24 625 384 евра) - бројот на новодијагностицирани бил 13 227, додека во месецот со најмала донирана сума - февруари (265 766 евра) - бројот на новодијагностицирани бил 11 пати поголем (145 567). Но, при толкувањето на податоци- те треба да се има предвид алармантната состојба во која се најде здравствениот систем, стравот од непознатиот вирус со кој се соочивме и непредвидливоста на панде- мијата, која доведе и до здравствена и економска криза. На почетокот, филантропската заедница брзо ја набави потребната епидемиолошка заштита и тестовите кои недостасуваа во раните фази на пандемијата. Меѓутоа, како што одминуваше времето, станаа достапни заштитните маски, ракави- ците и тестовите, а фокусот на јавноста се префрли од епидемиолошката на економ- ската криза и други прашања. Конечно, иако донациите се намалуваа како што се зголемуваше бројот на новозаразени лица, скокот на бројот на новодијагностици- рани случаи во набљудуваниот период придружен е со мал, но сепак присутен раст на донациите. Оттука произлегува дека филантропските заедници во Западен Балкан најмногу реагираа на кризата кога беше најпотребна помош, но и подоцна останаа чувствителни на епидемиолошките трендови. 13
  • 16.
    Нови случаи наКовид-19 Донирана сума Март Aприл Mај Jуни Jули Aвгуст Септември Oктомври Декември Фебруари 13.227 13.085 33.782 100.845 334.079 145.567 24.625.381 € 1.642.182 € 415.000 € 2.472.398 € 6.925.176 € 265.766 € Ноември Јануари 2.967 4.724 35.990 31.849 330.226 141.102 17.090.614 € 11.170.608 € 1.161.749 € 765.060 € 283.421 € 855.389 € Донирани средства споредено со ширењето на Ковид-1910 10 Презентираниот графикон вклучува само вредности добиени од медиумски извештај, без податоците за верификација. 14
  • 17.
    Компаративна перспектива Ковид-19 пандемијатаги зафати речиси сите земји на глобално ниво, вклучително и сите земји од регионот на Западен Балкан. Во претходното поглавје, покажавме како се практикувала филантропијата за време на пандемија на регионално ниво. Користејќи го истиот збир на индикатори, ги прикажу- ваме сличностите и разликите помеѓу овие филантропски заедници во ова поглавје. Како што покажуваат податоците на Светската банка11 , најразвиена економија во регионот е Хрватска, додека спротивното важи за Косово. Од вкупниот БДП на регио- нално ниво (148 милијарди долари), БДП на Хрватска и Србија е највисок - 55,9 милијар- ди долари и 52,9 милијарди долари, соодвет- но. Од друга страна, Црна Гора има најнизок БДП - 4,8 милијарди - но оваа сума ја создава и најмалата популација во регионот (621 718). Гледано по глава на жител, Хрватска има убедливо највисок БДП (13 828 амери- кански долари), а Косово најнизок (4 287 долари). Фреквенцијата и големината на донациите во Западен Балкан се донекаде во соглас- ност со макроекономските показатели. Од 5 459 случаи, најголем дел од акциите се евидентирани во Србија и Босна и Херцего- вина, додека најмалку е дадено во Косово и Албанија. Кога станува збор за евидентира- ните суми, од 71,9 милиони евра донирани суми на регионално ниво, најмногу се донирани во Србија и Хрватска, а најмалку во Косово и Албанија. Но, со оглед на бројот на населението, излегува дека убедливо најмногу средства се донирани во Црна Гора, следи Северна Македонија, а потоа и другите земји. Регионално, дијаспората учествувала со 6% од сите донации. Сепак, постојат значителни разлики помеѓу филантропските заедници. Додека дури 16% од донациите во Косово доаѓат од земји надвор од регионот на Западен Балкан, 99% од донациите во Хрват- ска беа генерирани во регионот Хрватска. Натпросечно учество на дијаспората забележавме во Црна Гора (13%) и Албанија (14%), додека дијаспората на другите земји беше блиску до регионалниот просек. 11 The World Bank. (2020). Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://data.worldbank.org/. 15
  • 18.
    Компаративна перспектива 1,1 € 15,7€ 6,0 € 6,2 € 10,7 € 6,3 € 2,8 € Донирана сума по глава на жител12 Евидентирана сума Број на случаи Црна Гора Северна Македонија Србија Хрватска Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина Хрватска Косово Црна Гора Северна Македонија Србија Косово Албанија Албанија 1.078.542 € 12.947.832 € 17.371.312 € 1.983.815 € 9.629.069 € 7.165.001 € 21.707.103 € 100 1.180 928 278 881 610 1.482 12 Пресметка базирана врз основа на проценета сума за секоја земја посебно. 16
  • 19.
    Донатори На регионално нивои во секоја филан- тропска заедница поединечно, корпоратив- ниот сектор одиграл клучна улога во обезбе- дувањето помош за време на пандемијата. Ова првенствено се однесува на Северна Македонија, каде што е забележан најголем процент на корпоративни донации (77% од случаите), пред сè поради големото учество на малите и средни претпријатија. Од друга страна, потпросечно учество на корпора- тивни донации забележано е во Косово (42%), Албанија (42%) и Црна Гора (46%). Специфичноста на корпоративните донации во Косово лежи во фактот дека малите и средни претпријатија генерирале повеќе донации од корпорациите (50+ вработени). Спротивно на тоа, во Босна и Херцеговина, шемата на донации е обратна - корпорациите ги иницирале речиси сите корпоративни акции. Кога станува збор за други видови донатори, масовните донации на граѓаните се на второ место по фрекфентност, освен во Албанија и Косово. Специфичноста на филантропијата во Албанија и Косово е значително поголемото присуство на истак- нати индивидуални донатори, приватни фондации и верски организации. На регио- нално ниво, филантропските акции органи- зирани од истакнати поединци сочинуваат 11% од случаите, додека во Албанија и Косово тие сочинуваат повеќе од една четвртина од случаите. Дополнително, додека приватните фондации учествуваат регионално во 2% од случаите, во Албанија нивното учество е 11%, а во Косово 7% од случаите. Слично на тоа, за време на регио- налната пандемија, верските здруженија започнувале само една од сто акции (1%), додека во Албанија и Косово тоа било три пати почесто (3%). 17
  • 20.
    Босна и Херцеговина Хрватска Косово Црна Гора Северна Македонија Србија Корпоративенсектор Албанија 42,0% 9,0% 29,0% 6,0% 11,0% 3,0% 0,0% 64,3% 16,4% 7,0% 6,6% 0,4% 1,2% 4,1% 54,5% 42,4% 18,9% 9,4% 15,5% 0,2% 0,3% 1,2% Масовни поединци Истакнати поединци Мешани донатори Приватни фондации Останати Цивилни друштва/здруженија 12,6% 28,1% 6,8% 6,8% 2,9% 0,4% 46,2% 19,5% 16,5% 12,8% 0,3% 3,2% 1,5% 77,2% 13,0% 8,0% 0,3% 0,3% 0,4% 0,8% 64,0% 15,5% 9,5% 4,8% 2,8% 0,3% 3,1% Донатори - Инстанци (%) 18
  • 21.
    Приматели Како што веќебеше прикажано, државата е најголемиот примател на донации насочени кон ублажување на кризата со Ковид-19. На регионално ниво, 7 од 10 филантропски акции биле насочени кон јавни институции и локални/национални власти. Од компара- тивна перспектива, Албанија се издвојува во овој поглед, со само 53% од филантропските акции организирани како поддршка за државните институции. Нивото на поддршка што државата го добива во другите филантропски заедници отстапува во помала мера од просекот. Сепак, разликите може да се забележат кога ќе се погледнат видовите на државни инсти- туции кои добиле поддршка. Така, огромно мнозинство од акциите ориентирани кон државата во Босна и Херцеговина и Хрват- ска биле насочени кон јавните институции, додека во Косово и Црна Гора ситуацијата била спротивна - локалните и националните власти добиле најголем дел од поддршката. Кога станува збор за други видови примате- ли - поединци/семејства и непрофитни организации - значителни отстапувања од регионот се забележани во Албанија, Косово и Црна Гора. Во Албанија и Косово, значи- телно поголема поддршка е дадена на поединци/семејства (35%, 27%), додека во Црна Гора, непрофитниот сектор бил почесто застапен меѓу примателите (19%). Како што може да се види од прикажаното, сите филантропски заедници од Западен Балкан ја препознале државата како главен актер во надминување на пандемијата. Сепак, значителна помош е обезбедена директно на поединци/семејства (особено во Албанија и Косово), а непрофитниот сектор останал суштински канал на помош во Црна Гора. 19
  • 22.
    Босна и Херцеговина Хрватска Косово Црна Гора Северна Македонија Србија Државниинституции Албанија 53,0% 35,0% 11,0% 1,0% 73,1% 17,3% 8,9% 0,7% 77,9% 65,1% 9,6% 12,3% 0,2% Поединци/семејства Непрофитни организации Останати 26,6% 7,2% 1,1% 66,0% 11,9% 19,4% 2,7% 73,1% 10,3% 15,2% 1,4% 63,3% 22,1% 14,2% 0,4% Приматели - Инстанци (%) 20
  • 23.
    Крајни корисници Регионално, повеќетослучаи во рамките на донациите заради Ковид-19 се поврзани со луѓе од локалните заедници, додека најголем дел од сумите се собрани за лица со здравствени проблеми. Но, овој сооднос на евидентирани случаи и донирани суми е присутен само во Србија и Хрватска. Во Црна Гора и Северна Македонија убедливо најголемо учество во евидентираните суми имаат луѓето од локалните заедници. Во Босна и Херцеговина, луѓето од локалните заедници и лицата со здравствени пробле- ми имаат подеднаков удел во евидентира- ната сума, додека во Албанија и Косово, најголемата поддршка и во бројот на акции и во донираните суми им припаднала на социјално загрозените лица. Кога станува збор за инстанците, меѓу други- те специфики, треба да се забележи дека донациите во Србија се поразновидни и дека филантропската заедница во Србија е посветена на постарата популација во поголема мера (9%). Понатаму, социјално загрозените граѓани добиле натпросечна поддршка во Северна Македонија (32%), а албанската заедница била повеќе ориенти- рана кон луѓето кои живеат во другите земји (Албанија 8% наспроти регионалниот просек од 2%). 21
  • 24.
    Босна и Херцеговина Хрватска Косово Црна Гора Северна Македонија Србија Локалнизаедници Албанија 30,0% 18,0% 38,0% 0,0% 14,0% 40,5% 33,3% 15,1% 1,7% 9,4% 45,5% 30,2% 36,6% 7,7% 0,4% 0,4% 9,8% Лица со здравствени проблеми Социјално загрозени лица Останати Лица со попреченост 8,3% 49,3% 11,8% 54,3% 11,4% 24,7% 0,1% 9,5% 54,8% 5,9% 31,8% 1,3% 6,2% 46,0% 26,1% 10,3% 1,1% 16,5% Крајни корисници - Инстанци (%) 22
  • 25.
    Начини на донирање Заразлика од минатите години, паричните донации поврзани со Ковид-19 биле порет- ки, додека стоките и бесплатните услуги (про боно услуги од правни лица и волонтирање на граѓани) биле почести форми на донации. Ова особено важи за филан- тропската заедница во Хрватска, која исклу- чиво собирала пари во 63% од случаите, стоки/материјали во 28% од случаите и давала про боно услуги во 5% од регистри- раните филантропски акции. Од друга страна, отстапувања од регионалниот просек се евидентирани во Северна Македонија, каде што натпросечното учество на донации е парично (80%) и потпросечно во вид на стоки и материјали (14%). Бидејќи речиси и да немало донаторски настани организирани во живо поради ограничувањата, единствената разлика што ја наоѓаме меѓу филантропските заедници е начинот на кој тие се прилагодиле на новите околности. Регионално, 7 од 10 добротворни акции се спроведени преку директни донации, а останатите, главно, преку кампањи за собирање средства. Згора на тоа, филантропската заедница во Хрват- ска и Северна Македонија уште повеќе се потпирала на директни донации (8 од 10 случаи), додека ситуацијата во Албанија и Косово е поинаква - во првата имало 20% директни донации, а во втората само 11%. Всушност, огромното мнозинство на акции во Албанија и Косово биле организирани врз основа на моделот на кампањите за собирање средства. Поддршката за ублажување на Ковид-19 кризата била почесто краткорочна одколку вообичаената поддршка дадена во претход- ните години. Во споредба со регионалниот просек, еднократните донации биле уште поприсутни во Косово (81%), Албанија (75%) и Црна Гора (73%). Сепак, филантропската заедница во Србија не се вклопува во оваа рамка, бидејќи нејзи- ните донатори обезбедиле стратешка поддршка за Ковид-19 почеста одколку порано. Гледајќи ги исклучиво краткорочните донации, залихите/потрошните материјали се почести во Хрватска, Северна Македонија и Србија, додека хуманитарната помош е почеста во Албанија, Косово и Црна Гора. 23
  • 26.
  • 27.
    Локален контекст Албанија Освен кризатасо Ковид-19, последиците од разорниот земјотрес што ја погоди Албанија во ноември 2019 година имаа огромно влијание врз општеството и економијата на земјата. Сепак, во текот на 2020 година евидентирани се вкупно 2,5 милиони евра донации во над 174 случаи . Во однос на претходната година, евидентираната сума е намалена, а бројот на акции бележи пораст. Потпирајќи се на достапните податоци и нашите статистички пресметки, проценува- ме дека се собрани 7,7 милиони евра, што е зголемување во однос на 2019 година. Дони- раната сума по глава на жител е 2,7 евра, што е значително помалку од просекот во регионот (13,1 евро). Од вкупната евиденти- рана сума во Албанија, повеќе од 1 милион евра биле наменети за помош од Ковид-19. Донации што не се поврзани со Ковид-19 во 2020 година Повеќе од 1,4 милиони евра се собрани за цели кои не се поврзани со донации за Ковид-19, што е два пати помала сума од вкупната донирана сума во претходната година. Земајќи ги предвид видовите на донатори, масовното индивидуално давање забележа пораст и во бројот на случаи и во донираната сума. Од друга страна, корпора- тивниот сектор и истакнатите поединци имаа пад на поддршката за теми кои не се поврзани со пандемијата. Во однос на темите што ги поддржаа донаторите, забележано е намалување на донаторската поддршка кон општата здравствена заштита и образованието, поради пренасочената поддршка за помош во борбата против Ковид-19. Кога станува збор за видови на приматели, непрофитните организации имале значително зголемување на поддршката кога се работи само за донации неповрзани со Ковид-19. Спротивно, инсти- туциите имале пад на поддршката за други цели кои не се поврзани со пандемијата. Инспиративни приказни Авторот и водителот на ТВ-емисијата „Opinion“ (Мислење), Бленди Февзиу ги поканил компаниите и поединците да донираат за семејствата на кои им била потребна помош за време на пандемијата Ковид-19. Вкупно 300 000 евра биле собрани преку програмата и поделени на семејства- та низ Албанија од страна на фондацијата Different Weekend и персоналот на емисија- та „Opinion“. Корпоративниот сектор бил главен во дистрибуцијата на помошта за јавното здравство во Албанија. Една од иницијати- вите што се издвои била од три телекомуни- кациски компании во Албанија – ALBtelecom, Vodafone и Telekom Albania, кои донираа 40 респираторни апарати на болниците низ Албанија како поддршка за време на панде- мијата Ковид-19. Апаратите се донирани истиот ден, со вкупна вредност од 30 000 евра. Придонесот и солидарноста на овие компании уверија дека потребните медицински помагала му служат на јавниот здравствен систем за сите пациенти со респираторни потешкотии.13 13 ALBtelecom (n.d.) Albtelecom Dhuron pajisje Respiratore Për Sistemin Shëndetësor. ALBtelecom. (n.d.). Превземено на 19 ноември 2021г., од: https://www.albtelecom.al/al/rreth-albtelecom/publikime/te-rejat-e-fundit/njoftime- per-media-2020/albtelecom-dhuron-pajisje-respiratore-per-sistemin-shendetesor/ . 25
  • 28.
    Транспарентност Достапните податоци задонираната домаш- на помош се во некоја мера оскудни и се објавени во форма на извештаи за медиуми- те. Сепак, информациите за меѓународното финансирање се јавно достапни, како што се финансирања од грантови на ЕУ15 , поддршка во форма на опрема за итни случаи од агенциите на ОН, Владата на Швајцарија, Програмата за развој на Обединетите нации, Фондот за население на Обединети- те нации, Амбасадата на Соединетите Држави и други, наменети за итни случаи. Албанската влада на својата официјална веб-страница16 објави податоци за донации- те од странски влади и странски донатори. Во извештајот за Проектот за одговор при итни случаи на Ковид-19 во Албанија, објавен од Светската банка, беше објавен список на активности и придонеси на партнерите, кој содржи донации од светски компании, влади и останати актери со наведени суми на некои од нив.17 14 McLaren, C. (April 2020). Economic impacts of and policy responses to the coronavirus pandemic: early evidence from Albania. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://set.odi.org/wp-content/uploads/2020/04/Economic-impacts-of-and-policy- responses-to-the-coronavirus-pandemic-early-evidence-from-Albania.pdf 15 ibid. 16 Qeveria Shqiptare Keshilli i Ministrave (n.d.). Kryeministria.al. Preuzeto 16 studenog, 2021. s: https://kryeministria.al/en/. 17 The World Bank. (n.d.). ALBANIA EMERGENCY COVID-19 RESPONSE PROJECT. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://documents1.worldbank.org/curated/en/941251597066127352/pdf/Albani a-Emergency-COVID-19-Response-Project.pdf . 18 ENNHRI. (2021). State of the rule of law in Europe 2021 Report. Reports from National Human Rights Institutions Законски/фискални промени кои се должат на Ковид-19 На 21 март 2020 година, премиерот на Албанија претстави тримесечен стимулати- вен пакет како дел од изменетиот буџет, кој вклучува: дополнително финансирање на здравствениот сектор за медицинска опрема и материјали (20 милиони евра); пренаменети средства за хуманитарна помош, храна, лекови итн. за најранливите групи (16 милиони евра); гаранции за поддршка на компаниите за ликвидност за исплата на платите на вработените (79 милиони евра); резервни средства за Ковид-19 итни случаи (7,9 милиони евра); поддршка за покривање на платите за самовработените граѓани и оние кои работат со мали бизниси кои ги загубиле приходите поради пандемијата (52 милиони евра). 14 На 30 април 2020 година, од People’s Advocate беше испратена препорака до Секторот за вонредна состојба, Министер- ството за здравство и социјална заштита, Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда, да ги објават сите нормативни акти на централната власт и други акти во текот на пандемијата Ковид-19.18 26
  • 29.
    Локален контекст Босна иХерцеговина Во пандемиската година, повеќе од 21,8 милиони евра се евидентирани преку 3 489 донациски случаи. Врз основа на достапни- те податоци и нашите статистички пресмет- ки, проценивме дека се собрани повеќе од 38,5 милиони евра. Во споредба со 2019 година, евидентираната сума е повеќе од три пати поголема. Донираната сума по глава на жител е 11,7 евра, што е нешто помалку од просекот во регионот. Само за донации за Ковид-19, донирани се повеќе од 12,9 милиони евра во 1 161 донациски случај. Инспиративни приказни Првиот одговор на пандемијата, во текот на годината, бил да се обезбеди храна за оние на кои им е потребна. Здружението Pomozi.ba започнало кампања за групно финансирање на нивната платформа со цел да се соберат средства за поддршка на луѓето кои ја користат јавната кујна за време на епидемијата. Преку кампањата успеале да соберат 21 659 евра за оброци за социјал- но загрозените семејства. BH Telecom d.d. бил еден од најголемите донатори во 2020 година за ублажување на негативните ефекти од пандемијата. Компа- нијата донирала повеќе од 513 000 евра за кантоналните болници во Коњиц, Зеница, Горажде, Травник и Бихаќ за набавка на медицинска опрема. BH Telecom d.d. ја доби наградата за филантропија ДОБРО во категоријата големи компании. Законски/фискални промени кои се должат на Ковид-19 Советот на министри на Босна и Херцегови- на ја донесе Одлуката за ослободување од индиректни даноци и рефундирање на даноците на веќе платените индиректни даноци, за опрема и ресурси донирани од домашни и меѓународни донатори заради борба со Ковид-19. Ова вклучува донации во форма на маски, ракавици, медицинска опрема, респиратори, средства за дезинфек- ција итн. 19 Донации што не се поврзани со Ковид-19 во 2020 година Донациите за цели кои не се поврзани со пандемијата забележано е дека изнесуваат 8,9 милиони евра, што претставува зголему- вање во однос на претходната година. Меѓутоа, кога ќе се исклучат податоците за Ковид-19, бројот на случаи е нешто помал од 2019 година. Што се однесува до видовите донатори, граѓаните имале помал удел на случаи кои не се поврзани со пандемијата поради падот на уделот на хуманитарните настани во кои граѓаните се главни донато- ри. Во однос на сумата што е донирана од корпоративниот сектор, забележан е пад на процентот во однос на претходната година. Донаторите обезбедиле поретка поддршка за здравствена заштита и образование за цели кои не се поврзани со пандемијата како резултат на пренасочената поддршка кон образовните и здравствените институ- ции за помош од Ковид-19. Затоа, институ- циите како приматели биле поретко поддр- жани за цели кои не се поврзани со панде- мијата. 19 CMS. (n.d.). Law and Regulation of COVID-19 Tax Relief in Bosnia & Herzegovina. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://cms.law/en/int/expert-guides/cms-expert-guide-to-covid-19-tax-relief-meas ures/bosnia-and-herzegovina. 27
  • 30.
    Транспарентност Државните институции воБосна и Херцего- вина несистематски објавувале податоци за донации на различни нивоа на управување. Локалните самоуправи презентирале податоци за донации на нивните официјал- ни веб-страници. Податоците за меѓународ- ните заеми и нивните износи кон властите на Босна и Херцеговина, се јавно достапни. Министерството за финансии и трезор отворило жиро сметка за помош поврзана со Ковид-19. Министерството објави извеш- тај кој беше достапен на јавноста за донаци- ите на сметката од 6-ти до 27-ми април заедно со информациите за донаторите.20 Владата на Република Српска отворила сметка во Фондот за солидарност за донации за Ковид-19, за кои листата на донатори беше јавно достапна. Владата ги објави имињата на фирмите и институциите кои донирале на сметката, донираните суми и информации каде се насочуваат средства- та. Според Transparency International БиХ, периодот на пандемијата бил обележан со нетранспарентно јавно набавување медицинска опрема.21 20 Centar za Zastupanje Građanskih Interesa. (2021). Odgovor Centralne Vlasti Bosne i Hercegovine na Pandemiju Covid 19. Превземено на16 ноември 2021г., од: https://www.cpi.ba/wp-content/uploads/2021/06/Odgovor-centralne-vlasti-BiH-na -pandemiju-Covid19.pdf 21 Cuckić, N. (4. Maj, 2020). COVID-19 donations in the Western Balkans: More transparency needed. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://europeanwesternbalkans.com/2020/05/04/covid-19-donations-in-the-west ern-balkans-transparency-needed/. 28
  • 31.
    Локален контекст Хрватска Вкупната евидентиранадонирана сума во Хрватска во пандемиската година генерира 38,2 милиони евра преку 3 238 случаи на донации. Оваа сума е за 2,4 пати поголема од претходната година. Проценетата сума што ја пресметавме врз основа на распо- ложливите податоци е 77 милиони евра што е два пати поголема од претходната година. Следствено, донираниот износ по глава на жител исто така порасна од 2019 година и изнесува 19 евра, што е повисоко од регио- налниот просек. Понатаму, повеќе од 16,8 милиони евра се евидентирани за Ковид-19 донации низ 920 случаи. Важно е да се спомене дека покрај панде- мијата, во Хрватска имаше уште една криза која ги обедини донаторите во земјата и регионот – два разорни земјотреси – еден во март што го погоди Загреб и неговата околина и вториот во декември што ги погоди Сисак и Петриње. Третина од вкупна- та донирана сума во 2020 година (11,4 мили- они евра) била наменета за помош од земјотресите, најчесто за реконструкција на оштетен имот. Во однос на крајните корисници, забележан е пораст на поддршката за популацијата во локалните заедници како резултат на донации за помош по земјотресите. Долго- рочните донации биле во пораст поради стратешките инвестиции за реконструкција и реновирање на објекти и опрема. Инспиративни приказни Компанијата А1 Хрватска донираше медицинска опрема за лекување на пациен- ти со Ковид-19 на Клиничката болница Дубрава во Загреб. Опремата, вредна 196 600 евра, испорачана е на 1 април 2020 година и вклучува 100 мобилни приклучоци за медицински гасови, ИТ и напојување, диспензери кои овозможуваат терапија со кислород и уреди за следење на состојбата на пациентите.22 Во соработка со тим лекари во Хрватска, д-р Ивор Ковиќ развил заштитен респиратор (маска) наречен „CroResp“, направен од маска за нуркање, 3D печатен адаптер и филтер за воздух. На неговиот портал, Pandemija.info23 д-р Ковиќ иницирал кампања за собирање средства за изработка на маските наменети за поддршка на здрав- ствените работници, на првата линија во борбата против коронавирусот, во болници- те низ Хрватска. Со поддршка од здружение- то „Pomaganje je Uvijek IN“(„Помагањето е секогаш ИН“), биле собрани средства и преку платформата Croinvest.eu. Благодаре- ние на дарежливите поединци и компании- те, биле собрани 24 445 евра, а преку 1 200 уреди CroResp биле доставени во болниците низ цела Хрватска. Донации што не се поврзани со Ковид-19 во 2020 година Евидентираната донирана сума за цели кои не се поврзани со Ковид-19 се зголемила за повеќе од 1,3 пати во однос на претходната година поради поголемото донирање опрема и капитални инвестиции за помош од земјотрес. Забележано е зголемување на износот од учеството на корпоративниот сектор, додека сумата од масовни поединци бележи намалување во однос на 2019 година. За цели кои не се поврзани со пандемијата, институциите имаа пораст во процентот на случаи на донации во 2020 година, додека непрофитниот сектор имал пад во однос на претходната година. 22 A1 Hrvatska. (2. april, 2020). A1 Hrvatska donirala medicinsku opremu za liječenje najtežih slučajeva oboljelih od COVID-19 u KB Dubrava. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://www.a1.hr/tko-smo-mi/objave-za-medije/-/objave/clanak/a1-hrvatska-doni rala-medicinsku-opremu-za-lijecenje-najtezih-slucajeva-oboljelih-od-covid-19-u-kb -dubrava-/1396968367. 23 Pandemija.info. (n.d.). Respirator (filtarska maska) sa zaštitom za oči izrađen od ronilačke maske, adaptera i filtera za viruse. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://pandemija.info/respiratorhr/. 29
  • 32.
    Законски/фискални промени кои седолжат на Ковид-19 Промени во актите за хуманитарна помош што биле направени специјално за помош поврзана со Ковид-19: увозот на стоки (само конкретни стоки и организации, во соглас- ност со Одлуката 2020/491 на Комисијата на ЕУ) што се потребни за ублажување на ефектите од пандемијата Ковид-19 е ослобо- ден од царина и данок на додадена вредност. (Закон за данок на додадена вредност); владината помош што ја добива- ат даночните обврзници на корпоративниот приход како олеснување заради Ковид-19 не се оданочува (Закон за данок на доход за правни лица); владината помош што ја добиваат самостојни претприемачи како олеснување заради Ковид-19 не се оданочу- ва (Закон за персонален данок на доход).24 Транспарентност Владата на Хрватска ја отвори официјалната веб-страница koronavirus.hr25 која објавува информации за корона вирусот, како што се бројот на заболени, бројот на вакцинирани и ревакцинирани граѓани итн. Веб-страни- цата обезбедува и јавни информации за донации од меѓународни институции и влади за Република Хрватска. За донации за помош од Ковид-19, Владата ја иницирала акцијата „Хрватска против корона вирусот“. Кумулативните суми што беа собрани со акцијата се јавно достапни на веб-страницата на Министерството за финансии во форма на соопштенија за јавноста.26 Достапни се и документи каде што е забележано кои институции добиле помош преку акцијата и добиената сума. Сепак, немаше јавно достапни информации за поединечните донации во акцијата. 24 CMS. (n.d.). Law and Regulation of COVID-19 Tax Relief in Croatia. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://cms.law/en/int/expert-guides/cms-expert-guide-to-covid-19-tax-relief-meas ures/croatia. 25 Koronavirus.hr. (n.d.). Koronavirus-statistički pokazatelji za Hrvatsku i EU. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://www.koronavirus.hr/ 26 Ministarstvo financija Republike Hrvatske. (2020.). Priopćenje za javnost. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://mfin.gov.hr/vijesti/priopcenje-za-javnost-3039/3039 30
  • 33.
    Локален контекст Косово Вкупната дониранасума во 2020 година на Косово е 7,7 милиони евра. Оваа сума е 3,2 пати поголема од претходната година. Со оглед на достапните податоци, проценивме дека оваа сума е речиси двојно поголема - 14,5 милиони евра. Донираната сума по глава на жител исто така е зголемена во однос на претходната година и достигна 8,1 евро. Сепак, сè уште е пониска од регионал- ниот просек. Што се однесува до самите донации за помош од Ковид-19, евидентира- ни се повеќе од 1,9 милиони донирани евра преку 276 донации. Дијаспората имала клучна улога во поддршката на Косово за време на пандемијата. 27 Fondacioni BONEVET Prishtina. (2020.). JOIN THE FIGHT – BONEVET Campaign on KOSOVAideas. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://kosovaideas.com/campaign/detail/589?fbclid=IwAR2ittGuXJRsqk6wKvRlTQ B7OSLIN6mDF5SDwHBPUePR9l2TsuHywQKcYTE. Инспиративни приказни Фондацијата BONEVET Prishtinë ја иницира- ше кампањата за собирање средства „Приклучи се во борбата“ на платформата KOSOVAideas, со цел да се соберат средства за купување на 43 нови 3D принтери и филаменти кои можат да произведуваат визири. Кампањата траеше до 29 мај 2020 година и резултираше со собрани 66 000 евра преку платформата со поддршка од 134 донатори. Произведени се вкупно 8 497 3D штитови за лице, а 7 093 се донирани на здравствените и административните работ- ници, како и на останатите на кои им биле потребни за да се спречи ширењето на Ковид-19.27 Здружението Акција за мајки и деца ја започ- на хуманитарната кампања „Një Kafe si Flutur“(„Кафе како пеперутка“) која имала две главни цели: да се соберат средства за обезбедување на потребната медицинска опрема за здравствените институции и да се подигне свеста со совети за граѓаните како да се спречи ширењето на корона вирусот. Средствата биле собрани преку платформа- та GlobalGiving со банкарски трансфер и СМС донации (една СМС била во вредност од 1 евро). Во соработка со Министерството за здравство, здружението ги доделило собра- ните 10 274 евра за донирање на FFP2 респи- раторни маски, заштитна опрема, визири, заштитни очила, нитрилни ракавици, средства за дезинфекција, хируршки ракавици, инфрацрвени челни термометри, постелнина за еднократна употреба и други материјали. Донации што не се поврзани со Ковид-19 во 2020 година Ако се исклучат податоците за донации поврзани со Ковид-19 во 2020 година донирани се 5,7 милиони евра што предста- вува два пати поголем износ од предходната година. Масовното индивидуално донирање имало намалување во споредба со претходната година бидејќи повеќето настани во кои граѓаните се најчести донатори, биле поврзани со Ковид-19. Пандемијата, исто така, влијаела на намалу- вање на случаите на донации поврзани со намалување на сиромаштијата и образова- нието, како теми кои не се поврзани со Ковид-19. Зголемувањето на уделот во вкупниот број на акции кон локалните и националните власти, влијаело на падот на процентот на случаи на поддршка кон поединци и семејства во споредба со претходната година. Населението од локал- ните заедници имало поретка поддршка во однос на 2019 година, додека пораст е забележан кај лицата со попреченост и кај социјално загрозените лица за донации што не се поврзани со Ковид-19. 31
  • 34.
    Законски/фискални промени кои седолжат на Ковид-19 На 4 декември 2020 година, Собранието на Република Косово го одобри новиот Закон за економско опоравување од Ковид-19, а истиот стапи на сила на 7 декември 2020 година. Целта на овој закон е да се дополнат други соодветни закони со цел да се овозмо- жи закрепнување на економијата на Република Косово поради кризата со Ковид-19. Меѓу другите членови, во Законот за опоравување е наведено дека сите бизни- си кои имале проблеми во работата за време на кризата или биле затворени ќе бидат финансиски поддржани од државниот буџет. Помошта требало да ги покрие сите оперативни трошоци на соодветните страни во вкупна вредност од 200 милиони евра.28 Транспарентност Министерството за здравство на Косово создаде онлајн здравствена информативна платформа Kosova.health, посветена на информациите поврзани со пандемијата Ковид-19. Платформата содржи информа- ции со статистика за Ковид-19, превентивни мерки и останато, додека мерките и одлуки- те што ги презема Владата на Косово се јавно достапни само на официјалната веб-страница на Министерството за здрав- ство.29 Информациите за донации од стран- ски институции и организации се достапни за јавност. 28 Deloitte Kosova. (Decembar, 2020). Legal News. Pejes. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://www2.deloitte.com/content/dam/Deloitte/al/Documents/legal/Deloitte%20K osova_Legal%20News_DEC2020.pdf 29 Šošić & Lazarević. (јуни, 2020). OPENING GOVERNMENTS IN TIMES OF LOCKDOWN. Western Balkan Civil Society Empowerment for a Reformed Public Administration. 32
  • 35.
    Локален контекст Црна Гора Вотекот на 2020 година во Црна Гора се евидентирани повеќе од 12,4 милиони евра преку 1 446 случаи на донации. Во споредба со 2019 година, евидентираната сума е повеќе од три пати поголема. Врз основа на достапните податоци, проценивме дека вкупно се донирани над 18,5 милиони евра. Донираната сума по глава на жител е 29,8 евра, што е највисока сума од сите земји во регионот во 2020 година. Вкупната евиден- тирана сума генерирана само од донации за ублажување на негативните ефекти од Ковид-19 изнесува повеќе од 9,6 милиони евра. 30 Kovačević, M. (април, 2020). Fudbalski savez Crne Gore donira sedam respiratora [medijska objava]. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://www.maxbetsport.rs/fudbalski-savez-crne-gore-donira-sedam-respiratora- 199172/ 31 Hipotekarna Banka. (2020). Humanitarna akcija zaposlenih hipotekarne banke Aplauzmedicinarima [медиумска објава]. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://www.hipotekarnabanka.com/obavjestenja/humanitarna-akcija-zaposlenih -hipotekarne-banke-aplauzmedicinarimame-368 Инспиративни приказни На 20 март, Фудбалскиот сојуз на Црна Гора придонесе во борбата против коронавиру- сот со донација од 150 000 евра на Нацио- налната координативна институција за заразни болести на Црна Гора. Донираните средства беа искористени за набавка на 7 респиратори за здравствени установи. Институциите кои добија респиратор беа Клиничкиот центар на Црна Гора, општите болници во Беране, Бијело Поље, Плевља, Никшиќ, Котор и Бар. Потоа, здружението планираше да донира респиратор и на Општата болница Данило Први во Цетиње.30 Онлајн платформата AplauzMedicinarima ја започнаа вработените во Хипотекарна банка од Подгорица во соработка со студио- то „Флека“. Целта била да се соберат 50 000 евра за набавка на заштитна опрема за медицинскиот персонал во првите редови на борбата против Ковид-19 во институции- те низ Црна Гора. До 5 мај 2020 година собрани се вкупно 130 590 евра. Самите вработени први донирале за оваа цел, вкупно 8 130 евра кои биле насочени кон Националното координативно тело за заразни болести на Црна Гора.31 Донации што не се поврзани со Ковид-19 во 2020 година Во 2020 година евидентираниот износ на донаци што не се поврзани со Ковид-19 изнесувал повеќе од 2,7 милиони евра - што е намалување во однос на вкупната сума донирана во 2019 година. Корпоративните и масовните индивидуални донации биле поретки отколку во 2019 година, додека физичките лица имале зголемување во процентот на случаи на донации. Поради пренасочената поддршка за пандемијата, здравството имало нешто помал процент на случаи, додека другите теми (образование, поддршка на маргинализираните групи и намалување на сиромаштијата) имале пораст во споредба со 2019 година. Како и во повеќето земји во регионот, кон институ- циите во Црна Гора има намалување на донациите кога станува збор за теми кои не се поврзани со Ковид-19, додека најголем процент е забележан за поединци и семеј- ства главно за медицински третмани (лекување). Поради пандемијата, забележа- но е намалување на поддршката за лицата со попреченост, додека социјално загрозе- ните лица, лицата со здравствени проблеми и населението од локалните заедници имаат пораст на процентот на случаи во однос на 2019 година. 33
  • 36.
    Законски/фискални промени кои седолжат на Ковид-19 На 13 април 2020 година, Владата на Црна Гора воведе ослободување од ДДВ и царина за медицинските помагала и заштитната опрема, кои се увезени како донација, со цел да се помогне во борбата против после- диците од вирусот Ковид-19 („Службен весник на Црна Гора“, бр.032/20). Транспарентност На почетокот со појавата на Ковид-19, Владата формираше Националното коорди- нативно тело за заразни болести. На 18 март 2020 година беше отворена посебна сметка за финансирање од земјата и странство за помош поврзана со Ковид-19. Информации- те за донации беа објавени на порталот coronainfocg.me. Оперативниот штаб за донации еднаш неделно до Националното координативно тело за заразни болести доставуваше извештај за уплатите и одливи- те на средства, односно за начинот на трошење. Националното координативно тело за заразни болести на 31 март ја донесе Одлуката за начините и условите за распре- делба на средствата собрани преку донаци- ите, откако Институтот Алтернатива повика за транспарентност на донациите. Во одлуката се прецизира потребата од инфор- мации за тоа каде и како се распределуваат средствата и одговорноста еднаш неделно да се информира јавноста за состојбата на сметката.32 Во декември 2020 година беше формиран Совет за борба против корона вирусот. Оттогаш, информациите за донаци- ите се достапни на јавноста преку медиуми- те.33 32 Cuckić, N. (4. Maj, 2020). COVID-19 donations in the Western Balkans: More transparency needed. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://europeanwesternbalkans.com/2020/05/04/covid-19-donations-in-the-west ern-balkans-transparency-needed/. 33 Šošić i Lazarević. (јуни, 2020). OPENING GOVERNMENTS IN TIMES OF LOCKDOWN. Western Balkan Civil Society Empowerment for a Reformed Public Administration 34
  • 37.
    Северна Македонија Во пандемискатагодина во Северна Македонија се регистрирани вкупно 8,9 милиони евра донации, што е за 7,5 пати поголема сума од претходната година. Пораст е забележан и во вкупниот број на филантропски акции (982 филантропски акции во 2020 година). Донираната сума по глава на жител е 17,5 евра, што е нешто повисоко од просекот во регионот. Користејќи ги достапните податоци, врз основа на нашите пресметки, проценивме дека се собрани повеќе од 36,5 милиони евра во текот на 2020 година. Само за ублажување на негативните ефекти од Ковид-19, евидентирани се повеќе од 6,8 милиони евра преку 595 случаи на донации. 34 Plus Info. (2020). „Stopanska banka“ donira aparat za mehanicka ventilacija na Klinikata za infektivni bolesti на Клиниката за инфективни болести [медиумска објава]. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://plusinfo.mk/stopanska-banka-donira-aparat-za-mehanichka-ventilaci-a-n a-klinikata-za-infektivni-bolesti/ 35 Nextsense. (2020). StopKorona! - New mobile app for tracing exposure to COVID-19 - Donation from Nextsense to the Ministry of Health [medijska objava]. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://nextsense.com/ns-newsarticle-stopkorona-new-mobile-app-for-tracing-exp osure-to-covid-19.nspx Инспиративни приказни Стопанска банка АД Скопје ја поддржа борбата против пандемијата со донирање на механички вентилатор – респиратор на Инфективната клиника во Скопје. Оваа донација се проценува на над 42 000 евра и беше неопходна за лекување на пациенти со Ковид-19. Банката ја покрила и сумата за набавка и испорака на апаратот до Клиника- та.34 Софтверската компанија Nextsense разви и донираше мобилна апликација „СтопКоро- на!“ на Министерството за здравство во Северна Македонија. Вредноста на оваа донација изнесува 47 572 евра. Апликација- та за паметни телефони базирана на Bluetooth технологија започна со употреба на 13 април 2020 година. Направата го мери растојанието помеѓу телефонот и корисни- кот и го предупредува доколку дојдат во контакт со лице кое е позитивно на вирусот. Апликацијата беше преземена повеќе од 5 000 пати на денот на нејзиното лансирање. Мобилната апликација гарантира целосна заштита на приватноста на корисниците и била направена со следење на практиките ширум светот за справување со коронавиру- сот. Граѓаните одржуваат целосна контрола врз нивните податоци преку апликацијата додека не решат да ги испратат до Мини- стерството откако ќе им биде дијагностици- ран вирусот.35 Донации што не се поврзани со Ковид-19 во 2020 година Иако пандемијата го префрли фокусот од останатите теми на донаторите, забележа- ниот износ во 2020 година за теми кои не се поврзани со пандемијата е речиси двојно поголем од вкупниот износ во претходната година. Кога станува збор за видовите на донатори, корпоративниот сектор ја зголе- мил својата активност во однос на 2019 година. Институциите добиле помала поддршка од донаторите во споредба со минатата година, додека непрофитните организации имале пораст во процентот на случаи. Поради донаторите што ја пренасо- чиле поддршката за помош од Ковид-19, имало пад на случаите за поддршка на здравствената заштита што не е поврзана со пандемијата во споредба со 2019 година. Населението од локалните заедници имало зголемување на фрекфенцијата на поддршка, главно преку донирање опрема до локалните/националните институции. 35 Локален контекст
  • 38.
    Законски/фискални промени кои седолжат на Ковид-19 Четвртиот пакет мерки усвоен од Владата на Северна Македонија за ублажување на негативните ефекти од пандемијата Ковид-19 содржи: намалување на ДДВ (осло- бодување за донации, 10% за храна и пијалоци за потрошувачка на лице место и угостителски услуги итн.); воспоставување кредитна линија која е без камата со грант компонента за микро и мали претпријатија кои беа погодени од пандемијата; ревиди- рање на законот за регулирање на финанси- рањето на локалната самоуправа за да се обезбедат општините со стабилни приходи за време на кризата; презентирање на предлог-закон со кој се регулира финанси- ската поддршка на работодавачите погоде- ни од Ковид-19; зголемување на месечната финансиска поддршка за самовработените во текот на октомври, ноември и декември 2020 година.36 Транспарентност Министерството за здравство на Северна Македонија отвори сметка за помош поврзана со Ковид-19, преку која јавноста и компаниите придонесуваа со донирање средства, стоки и услуги според листата на приоритети. Министерството за здравство објави листа на донаторите.37 Отворена е посветена веб-страница за Ковид-19, koronavirus.gov.mk, која содржи ажурирани информации за бројот на заболени од Ковид-19, вакцинацијата и други информации (економски мерки, медицинска помош и сл.). Веб-страницата вклучува и евиденција за сите финансиски и нефинансиски донации кои се примени како помош за справување со пандемијата.38 36 OECD. (April, 2020). Covid-19 Crisis in North Macedonia. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://www.oecd.org/south-east-europe/COVID-19-Crisis-in-North-Macedonia-arc hive.pdf 37 Cuckić, N. (4. Maj, 2020). COVID-19 donations in the Western Balkans: More transparency needed. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://europeanwesternbalkans.com/2020/05/04/covid-19-donations-in-the-west ern-balkans-transparency-needed/. 38 Влада на Република Северна Македонија. Официјални информации за корона вирус во Северна Македонија. Превземено на 16 ноември 2021г., од: Update information for Coronavirus in RSM - Vlada.mk (koronavirus.gov.mk) 36
  • 39.
    Србија Вкупната евидентирана сумаво Србија во текот на 2020 година изнесува 50,9 милиони евра. Од вкупната донирана сума, евиденти- рани се 29,5 милиони за ублажување на негативните ефекти од вирусот Ковид-19. Бројот на донации е зголемен во споредба со претходната година (4 319 случаи во 2020 година). Од вкупниот број случаи на донации, 1 454 се поврзани со пандемијата. Донираната сума по глава на жител изнесу- ва 13 евра, што е речиси идентично на просекот во регионот. Со екстраполација, потпирајќи се на достапните податоци, проценивме дека се донирани 90,2 милиони евра. Непрофитниот сектор во Србија имаше голема улога во поддршката за време на Ковид-19 со обезбедувањето поддршка на ранливите групи, бесплатна правна поддршка и пристап до важни информации.39 39 UNDP (септември, 2020). COVID-19 Socio-Economic Impact Assessment. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://www.rs.undp.org/content/serbia/en/home/library/crisis_prevention_and_rec overy/covid-19-socio-economic-impact-assessment-.html Кога станува збор за крајните корисници, лицата со здравствени проблеми и граѓани- те во локалните заедници бележат пад во процентот на случаи на донации што не се поврзани со пандемијата бидејќи најголеми- от дел од донациите за овие корисници биле за помош во борбата против Ковид-19. Донации што не се поврзани со Ковид-19 во 2020 година Ако се исклучат податоците за донации поврзани со Ковид-19, вкупната евиденти- рана донирана сума е повеќе од 29,5 милио- ни евра што е зголемување во однос на вкупниот износ во 2019 година. Што се однесува до видовите на донатори, помал број на акции е забележан од страна на корпоративниот сектор и граѓаните, додека поединците имале зголемена фрекфенција на донации во споредба со претходната година. Земајќи ги предвид темите за донирање што не се поврзани со Ковид-19, здравството има зголемување во процентот на случаи, главно за медицински третмани за деца со попреченост и лица со здравстве- ни проблеми. Институциите и локалните/на- ционални власти во Србија имаа намалу- вање на донациите и вкупниот број на акции во однос на претходната година, поради пренасочената поддршка кон овие приматели заради пандемијата. Од друга страна, непрофитните организации забеле- жаа пораст во фрекфенцијата на поддршка. Инспиративни приказни MK GROUP, добитник на наградата за филан- тропија ВИРТУС за 2020 година, обезбеди повеќе од 1 милион евра донации во текот на 2020 година, со најголем дел од сумата наменета за справување со последиците од пандемијата. Како една од првите компании што ја поддржа борбата против вирусот Ковид-19, MK GROUP финансираше набавка на медицинска опрема за 12 здравствени установи. Компанијата дополнително обезбеди летови со приватен авион за да им овозможи на децата да добијат медицински третман во Соединетите држави и одмор за 450 медицински професионалци во нивните хотели во Србија, Словенија и Хрватска. MK GROUP на социјално загрозените граѓани им подели и хуманитарни пакети со храна во вредност од 150 000 евра. Поголемиот дел од донациите поврзани со Ковид-19 вклучувале стратешки инвестиции како што се опрема, возила и други основни работи за поддршка на здравствените институции. Српскиот форум за филантро- пија имал клучна улога во информирањето на донаторите за потребите и тековите на донациите. Од почетокот на кризата забеле- жавме дека Српскиот форум за филантро- пија, во соработка со Фондот Б92, собрал повеќе од 1,6 милиони евра средства и над 85 000 евра во стоки наменети за поддршка на здравствениот систем во Србија. Локален контекст 37
  • 40.
    Во соработка соUNICEF и Nordeus, тие созда- доа и континуирано ажурираат табела со потреби и рокови за испорака. Доставените податоци се редовно проверувани со Мини- стерството за здравство за да се обезбеди ефикасна дистрибуција на помошта. Законски/фискални промени кои се должат на Ковид-19 Владата на 10 април 2020 година ја усвои мерката со која се дозволува ослободување од ДДВ за донации. Но, оваа мерка се однесуваше само на донаторите кои спаѓаат во системот за ДДВ, а обезбедуваат донации на Министерството за здравство, Национал- ниот фонд за здравствено осигурување и државните здравствени установи за време на вонредна состојба.40 Министерството за финансии и Народната банка на Србија донесоа сет економски мерки за поддршка на националната еконо- мија. Овие мерки овозможија одредени фискални поволности и финансирање на правните лица од приватниот сектор, како и еднократна парична помош за сите полно- летни граѓани на државата.41 Транспарентност Официјалната веб-страница covid19.rs обезбедува статистика за случаите со Ковид-19, информации за контакт од релевантните здравствени органи и други информации поврзани со пандемијата. Поради отсуство на јавно достапни и целосни информации за донациите поврза- ни со Ковид-19 кои ги добила Владата на Србија, Transparency Serbia до Министер- ството за финансии поднесе иницијатива за објавување на податоците за донациите за јавните институции.42 40 Catalyst Balkans. (2021). Србија подарува 2020:Извешај за состојбата на добродетелството. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://izvestaj.srbijadaruje.org/country/Serbia/en/full 41 Sovilj i Stojković. (октомври, 2021). Tackling the impact of the COVID-19 pandemic in economy and labour – a case study of Serbia regulation. Medicine, Law & Society. Vol. 14, No. 2, pp. 301–320 42 Šošić i Lazarević. (јуни, 2020). OPENING GOVERNMENTS IN TIMES OF LOCKDOWN. Western Balkan Civil Society Empowerment for a Reformed Public Administration. Превземено на 16 ноември 2021г., од: https://cep.org.rs/wp-content/uploads/2020/06/Opening-governments-in-times-of- lockdown_WeBER-policy-brief.pdf. 38
  • 41.
    AНЕКС Извештајот е подготвенсо користење на базата на податоци Giving Balkans, која систематски се развива од 2013 година, и останува најсигурната база на податоци за филантропски донации во регионот. Поради отсуството на официјални податоци (на пр., Министерствата за финансии или Даночна управа), Catalyst Balkans користи алтерна- тивни начини за собирање податоци, пред с è медиумски извештаи и други достапни ресурси (потврдени извештаи од донатори и приматели). Во набљудуваниот период (1 март 2020г. – 28 фебруари 2021г.), во базата на податоци на Giving Balkans беа обработе- ни вкупно 13 516 записи за филантропски донации во целиот регион поврзани со помошта од Ковид-19, од кои 5 459 фигури- раат како единствени случаи. За подобро разбирање на извештајот, од суштинско значење е да се спомене дека го набљудуваме нивото на филантропски донации врз основа на два фундаментални показатели: бројот на случаи и донираната сума. Еден случај претставува уникатен настан, т.е. организирана колекција на донации. На пример, еден случај може да биде кампања во која група поединци собираа средства за нечиј медицински третман или донација од еден донатор на еден примател. Нашата методологија има ограничувања, вклучувајќи го и најважниот факт дека медиумите не ги евидентираат сите филан- тропски донации. Друго значајно ограничу- вање е тоа што не сите извештаи за филан- тропски акции даваат прецизни информа- ции, како што е вредноста на донацијата. Поради оваа причина, инстанците (случаи- те) претставуваат посигурен показател и затоа се фокусираме на нив наместо на донираните суми. Секој збир на податоци за анализа што го користи Catalyst Balkans има своја вредност на транспарентност, што го покажува процентот на случаи кои имаат донирана вредност поврзана со нив. Вредноста на транспарентноста за збирот на податоци користена во овој извештај е 37%, што значи дека медиумските извештаи за 2 020 случаи (од 5 459) вклучиле информација за донира- ната сума. Сепак, ние веруваме дека нашето истражу- вање дава доволно сигурен увид во суштин- ските аспекти на филантропските донации бидејќи бројките, иако не се сеопфатни, нудат минимална вредност за релевантните индикатори. Ако, на пример, разговараме за бројот на филантропски случаи, можеме со сигурност да констатираме дека бројот што го покажуваме е минималниот број на случаи што се случиле. Истото важи и за сумите, актерите и слично. Оттука, овие податоци може да се користат како индика- тори за минималниот степен на развој на филантропијата во регионот на Западен Балкан. Meтодологија 39
  • 42.
    Речник Уникатен настан, т.е.пример за собирање донации. Може да се состои од единечни или повеќекратни донации (на пр., кампања каде граѓаните собираат масовни донации за нечиј медицински третман). Акција/инстанца/случај Донатори Масовни поединци Mешани донатори Истакнати поединци Корпоративен сектор Приватни фондации Донација Eкстраполација Филантропија Крајни корисници Намена на донација Приматели на донација Начин на користење на донација Лица и/или правни лица кои донираат пари, време, услуги или стоки. За поефикасно следење на трендовите, тие се поделени на видови донатори. Голем број граѓани кои не можат да се идентификуваат по име. Случаи во кои е невозможно да се одвојат донаторите по вид, т.е. случаи кога еден пример вклучува повеќе видови донатори. Граѓани коишто може да се идентификуваат. Компании (повеќе од 50 вработени), корпоративни фондации и мали и средни претпријатија (помалку од 50 вработени). Фондации основани од приватни лица/граѓани или комбинација од приватни и правни лица. Чин на давање на одредена сума пари, стоки, услуги или време без надомест. Статистичка метода која врз основа на процентот на познати податоци пресметува податоци кои би важеле доколку 100% од податоците би биле познати. Екстраполацијата произведува веројатни, а не апсолутни вредности. Давање на општествено добро без реципрочни очекувања, т.е. добровол- но давање пари, добра, време или услуги за да се помогне некому или да се подобри состојбата во општеството. Целни групи кои имаат корист од донациите. На пример, ако училиштето е примател на донации, крајните корисници се децата кои одат во соодвет- ното училиште. Теми, т.е. цели за кои се даваат донации (како што се здравството, образо- ванието, итн.). Приватни и/или правни лица кои примаат донации од донатори. Во повеќето случаи, донациите се насочуваат понатаму. Го означува начинот на кој се користи донацијата и дали се користи на долгорочна или еднократна основа (на пр. за капитални инвестиции, купување опрема, обезбедување услуги, материјал, потрошни добра итн.) 40
  • 43.
    Овој извештај бешеподдржан од Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund of the United States и USAID. Мислењата изразени во оваа публикација не мора да ги претставуваат мислењата на Balkan trust for Democracy, German Marshall Fund of the United States и USAID или Владата на САД.
  • 44.
    Каталист Балканс 38 Таковска,11000 Белград, Србија catalystbalkans.org givingbalkans.org Подготвено од Вук Вуковиk Маја Глигориk Едитирано од Александра Весиk Антиk Ноември 2021. Квалитетот на податоците Јелена Бекчиk Дизајн Драгана Павловиk