SlideShare a Scribd company logo
16 ЧЕТВРТОК 12 ЈУНИ 2014КУЛТУРА
ЕЛЕНА АНГЕЛОВСКА
Т
атјана Мандиќ-Ригонат е театарска режисерка
со постојан ангажман во Народниот театар во
Белград, каде што е и директор на драма. На ре-
пертоарот на истиот театар се три нејзини претстави:
„Сексуалните нервози на нашите родители“, „Наши
синови“ и „ Зли души“, која воедно е и нејзина драма-
тизација на романот на Достоевски. Неодамна, на 21.
Меѓународен фестивал на мали сцени во Риека,
Хрватска, беше прикажана нејзината претстава „Гос-
поѓа министерка“ од белградскиот театар „Бошко Бу-
ха“. Поради интересот на публиката беше изведена
два пати во ист ден. Оваа комедија на Бранислав Ну-
шиќ напишана во 1929 година и денес е на репертоар
на театрите. Се игра и во Загреб во режија на Оливер
Фрљиќ во Сатиричкиот театар „Керемпух“ и во Скоп-
је, во режија на Наташа Поплавска во Македонскиот
народен театар.
Во својот режисерски пристап, Татјана Мандиќ-Ри-
гонат останува во визуелната рамка на триесетите го-
дини на минатиот век, водејќи ја оваа комедија во
правец на гротеска, а најголема промена или отстап-
ка прави во тоа што во нејзината претстава женските
ликови, вклучувајќи го и насловниот лик, ги играат
мажи. На македонската публика Мандиќ-Ригонат не
и е позната, досега не гостувала со претстава. Момен-
тално таа е во потрага по нова тема и дело кое пов-
торно во неа ќе ја придвижи сета сила на мисли и чув-
ства за да го испитува животот низ театарски јазик,
како што тоа го направи со „Госпоѓа министерка“.
На Меѓународниот фестивал на малите сцени во
Риека бевте по четврт пат. По покана на директо-
рот на фестивалот Ненад Шегвиќ, во Хрватскиот
културен дом на Сушак веќе ја имате режирано и
претставата „Да даде Господ мајка да те роди“, по
романот на Ведрана Рудан. Кои се Вашите впеча-
тоци за фестивалот на кој веќе се чувствувате како
дома ?
Меѓународниот фестивал на малите сцени во Риека
ужива извонреден углед бидејќи на него доаѓаат
претстави што исклучително се селектирани од умет-
нички причини, што кога се во прашање театарски
фестивали оддамна не е правило, туку исклучок. На
чело е Ненад Шегвиќ, кој со својата личност, со ста-
вот во однос на театарот влева восхит, доверба и по-
чит. Првпат на фестивалот бев во 2003 година, потоа
во 2008 година со претставата „Сексуалните неврози
на нашите родители“, која освои три награди.
Во Хрватскиот културен дом на Сушак во 2012 го-
дина ја режирав претставата „Да даде господ мајка да
те роди“, која освои награда од публиката. Јас ја до-
бив наградата за драматизација на романот на Ведра-
на Рудан, а Едита Караѓоле за главна
женска улога. Публиката во Риека е
исклучителна, е со високи критериуми,
искрена и таа му дава посебна вредност
на фестивалот. Останува на критиките на
тркалезна маса, дискутира, поставува
прашања, суди (просудува), не е пасивна.
Оваа година „Госпоѓа министерка“ ја
игравме два пати во еден ден. Колку
смеа, вистински овации, извици „браво“,
колку восхит кон одиграното на крити-
ките искажани на тркалезна маса.
Голема и силна прегратка на публиката и сце-
ната, за паметење, за живот.
Кои теми со ансамблот од белградскиот те-
атар „Бошко Буха“ ги исчитавте кај Нушиќ?
Самобендисаност и општествена травести-
ја. Комедијата на Нушиќ е позната по пат на
народни песни и бесмислено е да се работи
тоа дела без силна контекстуализација во вре-
мето во кое живееме. Живана Поповиќ за ме-
не е архетип, парадигма, состојба на свеста,
но и комична маска што ја создадоа сите
актерки кои досега ја играа. За мене таа е и
српска политика, политика на травестија, и
локална и универзална појава. Живееме во
време кога травестијата е пародија, присутна
и во јазикот и во однесувањето и во политич-
ката практика. Ништо не е онака како што се
гледа и се претставува. На спиење оди како
шовинист, а се буди како космополит. Во име на влас-
та, голем порок, луѓето го менуваат својот имиџ, иде-
ите што ги застапуваат, однесувањето, не од уверува-
ње, туку единствено поради власт. Ликовите на Ну-
шиќ ни малку не ми се симпатични и драги, за мене
тие се опасни и, кога им се смеам, јас се плашам од
нив, затоа што знам колку таквите луѓе произвеле
зло.
Во „Госпоѓа министерка“, што вие ја режиравте,
сите ликови ги играат мажи актери, освен ликот
на детето, кој го игра актерката Катарина Марко-
виќ. Улогата на Живана Поповиќ ја игра извонред-
ниот Горан Јефтиќ. Зошто направивте ваков
избор на ликови?
Поради темата со којашто се занимавав. Во нашата
претстава не се работи за полна травестија, туку за
општествена. Совршенството на травестијата е вид-
ливо во извонредната трансформација на мажи во
жени, без карикатури и пародии, еквивалент е на
општествените травестии кои се случуваат пред наши
очи, а кои лесно ги забораваме. Публиката во момент
заборава дека пред неа се актери, а не актерки во
женски улоги, го прифаќа, ужива во тоа, го следи зап-
летот, политичкиот водвиљ, с` до крај и отрезнување.
Како ги одбравте актерите во претставата?
Во претставата игра машкиот дел од ансамблот,
покрај доајенот Власта Велисављевиќ кој е гостин во
улогата на вујкото Васе. Вујко Васе во алтернација го
игра актерот Бранко Цвејиќ. Во претставата играат и
студенти од класата на Јефтиќ. Голема екипа, која во
еден заеднички здив ја има одиграно претставата 50
пати, од 8 октомври 2013 година кога беше премиер-
но изведена на роденденот на Нушиќ. Се игра по 8 па-
ти месечно, се печатат карти, се резервираат и два
месеци однапред, се прави листа на чекање.
Што сметате дека го поврзува времето во кое жи-
вееме со времето на Нушиќ?
Капитализмот, кревката демократија, роднинскиот
парламентаризам, фамилијарните апетити на стран-
ките, малограѓанството, самобендисаноста, со тоа
што во негово време некој кога ќе се осрамотел мо-
жел да изгуби позиција, денес не! Затоа и крајот на
нашата претстава е поинаков од оној на Нушиќ.
Како и во Србија, и во останатите држави од реги-
онот за културата се издвојуваат с` помалку сред-
ства. На што мислите дека се должи ваквата ситу-
ација?
Во светот на сеопштата манипулација со човекот и со
неговите потреби, во време на терор на неолиберални-
от капитализам, образованиот, културен поединец е
непожелен, вишок. Потребни се робови кои не прашу-
ваат за смисла. Критичката свест е опасна и непосаку-
вана. За мене културата е цел кон која треба да се стре-
миме. Народи кои тоа не го разбираат, кои не инсисти-
раат на образование и култура во најширока смисла на
зборот, по сигурен пат се движат кон доброволна само-
небитност.
Театарската режисерка од Србија чија
претстава „Госпоѓа министерка“ привлече
големо внимание на 21. Меѓународен фестивал
на малите сцени во Риека, вели дека и кога им
се смее на ликовите на Нушиќ се плаши од нив
Изложба на Драги Хаџи-Николов
во „Матица ексклузив“
Живееме во време кога
травестијата е пародија
На Антички театар во
Охрид и на Долни
Сарај деновиве се
поставуваат покривни
конструкции за заштита
од надворешни
влијанија. Покривните
конструкции на двете
сцени кои се
поставуваат со
поддршка на
Министерството за
култура треба да
овозможат
унапредување на
музичко-уметнички
настани и
манифестации кои се
одвиваат во Охрид во
текот на целата година.
(К.Б.)
Нови покривни конструкции
за Антички театар и Долни Сарај
ИНТЕРВЈУ Татјана Мандиќ Ригонат
Во
мултимедија-
лниот центар
„Матица
ексклузив“
вчера беше
отворена
изложбата на
акдемскиот
сликар Драги
Хаџи-Николов,
на која тој се
претставува со
30-тина дела
создавани во
последните
неколку години.
За оваа пригода,
„Матица
македонска“
подготви
каталог за
неговото
творештво, а
изложбата ја
отвори
академик
Георги
Старделов.
Академик
Георги Старделов и
сликарот
Драги Хаџи-Николов

More Related Content

What's hot

Унковски во Загреб
Унковски во ЗагребУнковски во Загреб
Унковски во ЗагребElena Angelovska
 
Интервју Рандал Мартин
Интервју Рандал МартинИнтервју Рандал Мартин
Интервју Рандал МартинElena Angelovska
 
Изложба Осумдесеттите
Изложба ОсумдесеттитеИзложба Осумдесеттите
Изложба ОсумдесеттитеElena Angelovska
 
драмски театар скопје
драмски театар скопједрамски театар скопје
драмски театар скопјеstefans12
 

What's hot (9)

Унковски во Загреб
Унковски во ЗагребУнковски во Загреб
Унковски во Загреб
 
Еуроказ 2013
Еуроказ 2013Еуроказ 2013
Еуроказ 2013
 
MESS 2011
MESS 2011MESS 2011
MESS 2011
 
Интервју Рандал Мартин
Интервју Рандал МартинИнтервју Рандал Мартин
Интервју Рандал Мартин
 
15
1515
15
 
Изложба Осумдесеттите
Изложба ОсумдесеттитеИзложба Осумдесеттите
Изложба Осумдесеттите
 
драмски театар скопје
драмски театар скопједрамски театар скопје
драмски театар скопје
 
14
1414
14
 
Mојата улица
Mојата улицаMојата улица
Mојата улица
 

Интервју Татјана Мандиќ Ригонат

  • 1. 16 ЧЕТВРТОК 12 ЈУНИ 2014КУЛТУРА ЕЛЕНА АНГЕЛОВСКА Т атјана Мандиќ-Ригонат е театарска режисерка со постојан ангажман во Народниот театар во Белград, каде што е и директор на драма. На ре- пертоарот на истиот театар се три нејзини претстави: „Сексуалните нервози на нашите родители“, „Наши синови“ и „ Зли души“, која воедно е и нејзина драма- тизација на романот на Достоевски. Неодамна, на 21. Меѓународен фестивал на мали сцени во Риека, Хрватска, беше прикажана нејзината претстава „Гос- поѓа министерка“ од белградскиот театар „Бошко Бу- ха“. Поради интересот на публиката беше изведена два пати во ист ден. Оваа комедија на Бранислав Ну- шиќ напишана во 1929 година и денес е на репертоар на театрите. Се игра и во Загреб во режија на Оливер Фрљиќ во Сатиричкиот театар „Керемпух“ и во Скоп- је, во режија на Наташа Поплавска во Македонскиот народен театар. Во својот режисерски пристап, Татјана Мандиќ-Ри- гонат останува во визуелната рамка на триесетите го- дини на минатиот век, водејќи ја оваа комедија во правец на гротеска, а најголема промена или отстап- ка прави во тоа што во нејзината претстава женските ликови, вклучувајќи го и насловниот лик, ги играат мажи. На македонската публика Мандиќ-Ригонат не и е позната, досега не гостувала со претстава. Момен- тално таа е во потрага по нова тема и дело кое пов- торно во неа ќе ја придвижи сета сила на мисли и чув- ства за да го испитува животот низ театарски јазик, како што тоа го направи со „Госпоѓа министерка“. На Меѓународниот фестивал на малите сцени во Риека бевте по четврт пат. По покана на директо- рот на фестивалот Ненад Шегвиќ, во Хрватскиот културен дом на Сушак веќе ја имате режирано и претставата „Да даде Господ мајка да те роди“, по романот на Ведрана Рудан. Кои се Вашите впеча- тоци за фестивалот на кој веќе се чувствувате како дома ? Меѓународниот фестивал на малите сцени во Риека ужива извонреден углед бидејќи на него доаѓаат претстави што исклучително се селектирани од умет- нички причини, што кога се во прашање театарски фестивали оддамна не е правило, туку исклучок. На чело е Ненад Шегвиќ, кој со својата личност, со ста- вот во однос на театарот влева восхит, доверба и по- чит. Првпат на фестивалот бев во 2003 година, потоа во 2008 година со претставата „Сексуалните неврози на нашите родители“, која освои три награди. Во Хрватскиот културен дом на Сушак во 2012 го- дина ја режирав претставата „Да даде господ мајка да те роди“, која освои награда од публиката. Јас ја до- бив наградата за драматизација на романот на Ведра- на Рудан, а Едита Караѓоле за главна женска улога. Публиката во Риека е исклучителна, е со високи критериуми, искрена и таа му дава посебна вредност на фестивалот. Останува на критиките на тркалезна маса, дискутира, поставува прашања, суди (просудува), не е пасивна. Оваа година „Госпоѓа министерка“ ја игравме два пати во еден ден. Колку смеа, вистински овации, извици „браво“, колку восхит кон одиграното на крити- ките искажани на тркалезна маса. Голема и силна прегратка на публиката и сце- ната, за паметење, за живот. Кои теми со ансамблот од белградскиот те- атар „Бошко Буха“ ги исчитавте кај Нушиќ? Самобендисаност и општествена травести- ја. Комедијата на Нушиќ е позната по пат на народни песни и бесмислено е да се работи тоа дела без силна контекстуализација во вре- мето во кое живееме. Живана Поповиќ за ме- не е архетип, парадигма, состојба на свеста, но и комична маска што ја создадоа сите актерки кои досега ја играа. За мене таа е и српска политика, политика на травестија, и локална и универзална појава. Живееме во време кога травестијата е пародија, присутна и во јазикот и во однесувањето и во политич- ката практика. Ништо не е онака како што се гледа и се претставува. На спиење оди како шовинист, а се буди како космополит. Во име на влас- та, голем порок, луѓето го менуваат својот имиџ, иде- ите што ги застапуваат, однесувањето, не од уверува- ње, туку единствено поради власт. Ликовите на Ну- шиќ ни малку не ми се симпатични и драги, за мене тие се опасни и, кога им се смеам, јас се плашам од нив, затоа што знам колку таквите луѓе произвеле зло. Во „Госпоѓа министерка“, што вие ја режиравте, сите ликови ги играат мажи актери, освен ликот на детето, кој го игра актерката Катарина Марко- виќ. Улогата на Живана Поповиќ ја игра извонред- ниот Горан Јефтиќ. Зошто направивте ваков избор на ликови? Поради темата со којашто се занимавав. Во нашата претстава не се работи за полна травестија, туку за општествена. Совршенството на травестијата е вид- ливо во извонредната трансформација на мажи во жени, без карикатури и пародии, еквивалент е на општествените травестии кои се случуваат пред наши очи, а кои лесно ги забораваме. Публиката во момент заборава дека пред неа се актери, а не актерки во женски улоги, го прифаќа, ужива во тоа, го следи зап- летот, политичкиот водвиљ, с` до крај и отрезнување. Како ги одбравте актерите во претставата? Во претставата игра машкиот дел од ансамблот, покрај доајенот Власта Велисављевиќ кој е гостин во улогата на вујкото Васе. Вујко Васе во алтернација го игра актерот Бранко Цвејиќ. Во претставата играат и студенти од класата на Јефтиќ. Голема екипа, која во еден заеднички здив ја има одиграно претставата 50 пати, од 8 октомври 2013 година кога беше премиер- но изведена на роденденот на Нушиќ. Се игра по 8 па- ти месечно, се печатат карти, се резервираат и два месеци однапред, се прави листа на чекање. Што сметате дека го поврзува времето во кое жи- вееме со времето на Нушиќ? Капитализмот, кревката демократија, роднинскиот парламентаризам, фамилијарните апетити на стран- ките, малограѓанството, самобендисаноста, со тоа што во негово време некој кога ќе се осрамотел мо- жел да изгуби позиција, денес не! Затоа и крајот на нашата претстава е поинаков од оној на Нушиќ. Како и во Србија, и во останатите држави од реги- онот за културата се издвојуваат с` помалку сред- ства. На што мислите дека се должи ваквата ситу- ација? Во светот на сеопштата манипулација со човекот и со неговите потреби, во време на терор на неолиберални- от капитализам, образованиот, културен поединец е непожелен, вишок. Потребни се робови кои не прашу- ваат за смисла. Критичката свест е опасна и непосаку- вана. За мене културата е цел кон која треба да се стре- миме. Народи кои тоа не го разбираат, кои не инсисти- раат на образование и култура во најширока смисла на зборот, по сигурен пат се движат кон доброволна само- небитност. Театарската режисерка од Србија чија претстава „Госпоѓа министерка“ привлече големо внимание на 21. Меѓународен фестивал на малите сцени во Риека, вели дека и кога им се смее на ликовите на Нушиќ се плаши од нив Изложба на Драги Хаџи-Николов во „Матица ексклузив“ Живееме во време кога травестијата е пародија На Антички театар во Охрид и на Долни Сарај деновиве се поставуваат покривни конструкции за заштита од надворешни влијанија. Покривните конструкции на двете сцени кои се поставуваат со поддршка на Министерството за култура треба да овозможат унапредување на музичко-уметнички настани и манифестации кои се одвиваат во Охрид во текот на целата година. (К.Б.) Нови покривни конструкции за Антички театар и Долни Сарај ИНТЕРВЈУ Татјана Мандиќ Ригонат Во мултимедија- лниот центар „Матица ексклузив“ вчера беше отворена изложбата на акдемскиот сликар Драги Хаџи-Николов, на која тој се претставува со 30-тина дела создавани во последните неколку години. За оваа пригода, „Матица македонска“ подготви каталог за неговото творештво, а изложбата ја отвори академик Георги Старделов. Академик Георги Старделов и сликарот Драги Хаџи-Николов