SlideShare a Scribd company logo
14 ВТОРНИК 2 ЈУЛИ 2013КУЛТУРА
ЕЛЕНА АНГЕЛОВСКА
Битолскиот народен театар со претставата
„Травничка хроника“ од Иво Андриќ во ре-
жија на Бранко Брезовец викендот настапи на
27. Меѓународен фестивал „Еуроказ“ во Загреб.
Претставата беше одлично одиграна од актер-
ски и од технички аспект, а на крајот беше наг-
радена од публиката со долготраен аплауз и
овации. Картите и за двете изведби беа распро-
дадени, а многумина останаа разочарани пора-
ди неможноста да ја видат. Иако станува збор
за тешка претстава со различни референци -
историски, музички, политички, каде што
антиката се поклопува со современоста, на
изведбата во Загреб можеше да се забележи де-
ка на некои од актерите претставата им легна-
ла одлично. Односот на актерите беше проме-
нет и се почувствува дека имаат контакт со
една голема тема, влезот на Хрватска во ЕУ, кој
се случи вчера, па претставата изгледаше како
да е сменета и како да се занимава со нешто
многу посериозно.
Од театарските работници и критичарите
претставата беше оценета како збиднување по
својот концепт, која може да биде интересна за
потесен, но и за поширок круг на публика.
„Со Бранко Брезовец во минатото имаме дос-
та соработувано и повеќе пати бил гостин со
своите претстави на нашиот љубљански фести-
вал ’Екс понто‘, а оваа што денеска ја видов мо-
рам да речам дека е кулминација на неговата
работа, затоа што мислам дека внатре се некои
категории потребни за денешниот театар, што
значи некоја современост, многу силен мо-
мент на музика, сценографија, костимографија
и текстот на Иво Андриќ, ’Травничка хроника‘.
Сето тоа Брезовец некако успеал во својот стил
да го компонира во една претстава, која е на-
вистина збиднување по својот концепт. Прет-
става која може да биде интересна за потесен,
но и за поширок круг на публика, иако внатре
можат да бидат само 60 луѓе, таа треба многу да
се игра“, изјави Дамир Домитрович Кос, дирек-
тор на љубљанскиот фестивал „Екс понто“.
Новинарот и театарски критичар Младен Би-
чанич нагласи дека Брезовец е препознатлив
по своите режисерски постапки. Дека режира
како што тој знае, со многу бес, бучава, музика,
движења и живи слики, кои на некого ќе му се
допаднат или не, но кои сигурно имаат некакво
свое сценско оправдување.
„Мислам дека е тешко да се каже колку е тоа
Андриќ, колку е тоа ’Травничка хроника‘, во се-
кој случај, тоа е Бранко Брезовец, онака како
што го познаваме со користење на неговите
стандардни постапки, таканаречени патент
драматургии. Тоа е еден широк избор на сите
можни текстови, на сите можни мелодии и пес-
ни, кои на некој начин би требало да го
исфрлат од ’Травничка хроника‘ она што е бит-
но, што Брезовец сака да каже“, изјави Бичанич
за „Утрински весник“ по првата изведба.
Актерите беа задоволни од приемот на пуб-
ликата и гостопримството, а се забележуваше и
нивната еуфоричност што ја имаа можноста да
ја играат претставата на самиот ден кога се
прославуваше влезот на Хрватска во ЕУ и што
имаа можност да учествуваат на овој фестивал
рамо до рамо со значајни европски и светски
трупи и уметници.
„Доаѓам првпат на ’Еуроказ‘, за фестивалот
имам слушано од повозрасните колеги секогаш
со позитивни критики и зборови. Многу сум
изненадена од приемот на претставата од стра-
на на публиката, сепак, станува збор за прет-
става која 90 проценти се игра на македонски
јазик, ама излегува дека јазичната бариера во
ваков тип претстави не значи ништо. Самиот
аплауз на крајот го покажа тоа дека претстава-
та апсолутно е сфатена и прифатена. На големо
задоволство публиката многу убаво реагираше.
Ми се допадна театарот во кој настапувавме,
многу ме потсети на битолскиот театар, што во
димензии е малку помал. Луѓето се гостоприм-
ливи и се чувствува нивното позитивно лудило
пред влезот на Хрватска во Европската унија,
па мислам дека тоа малку повеќе го крева адре-
налинот специјално и за самиот фестивал“,
изјави актерката Маја Андоновска.
Актерот Огнен Дранговски, кој третпат нас-
тапува на фестивалот (првпат во 2003 година
со „Животот на цезарите“ и во 2008 година со
„Тито, сигурни дијаграми на копнежот“) вели
дека за него фестивалот е многу интересен заш-
то секогаш избира тема и таа тема се работи и
се провлекува низ фестивалот.
„Овој пат темата е влезот на Хрватска во
Европската унија. Оваа претстава е базирана
на ’Травничка хроника‘ на Иво Андриќ, меѓу-
тоа, во претставата се провлекува една друга
политичка нишка која ја доближува до денеш-
ницата“, рече Дранговски.
Уметничкиот директор на битолскиот теа-
тар, Благој Мицевски, пак, нагласи дека „Еуро-
каз“ за него има посебно значење, бидејќи уште
како студент ги следел неговите први изданија
додека студирал и живеел во Загреб. Фестива-
лот трајно го определил неговиот вкус за театар
и за она што се обидува да го наметне како
естетика во претставите како костимограф, а
во последниве неколку години и како уметнич-
ки директор на театарот.
„Посебно ми е драго што сум во поинаква
функција во Загреб и на овој фестивал, не како
гледач и студент, туку како некој што ја донел
својата трупа на фестивалот во друштво на
многу значајни светски компании. И без разли-
ка на тоа што ова ќе биде последно издание на
’Еуроказ‘, сепак, тој ќе се преориентира во не-
каква продукциска куќа, затоа што ја заврши
својата функција во смисла што Хрватска е во
Европа, нема што Европа да се носи тука. Мис-
лам дека во Македонија она што го правеше
МОТ и што с` уште се обидува да го прави мо-
же да има поголемо влијание во смисла на це-
локупната естетика од македонскиот театар, а
ние во Битола се обидуваме да го правиме тоа
со претставите и со изборот на режисерите и со
местата каде што гостуваме и каде што нашите
претстави ги прикажуваме и кој ги гледа и оце-
нува“, изјави Мицевски.
„Еуроказ“ или Фестивалот на новиот театар
годинава последен и по 27. пат се одржува како
фестивалска форма, а акцентот е ставен на
европски групи и уметници кои на некој начин
му имаат помогнато. Но, и на оние што допрва
ќе треба да се разберат, да се согледаат надвор
од афирмативната култура на брзи прегледи,
генерации со кои „Еуроказ“ би сакал отворено
да соработува.
Од денеска и „Арт-фест“ на „Бит фест“
Денеска во Битола во рамки на „Бит
фест“ ќе бидат одржани неколку
настани.
Во Културниот центар „Магаза“ во 10
часот ќе почне работилница за стрип
насловена „Калеидоскоп“ во организација
на здружението на граѓани „Тугедер“, а
во 21 часот концерт на современ џез ќе
одржи „Венци Благоев квартет“ од
Бугарија каде што ќе настапат
музичарите Венци Благоев - труба, Сашо
Поповски - гитара, Оливер Јосифовски -
контрабас и Александар Секуловски -
тапани. Тие ќе исполнат авторски
композиции од Венцислав Благоев и
Сашо Поповски, како и џез-стандарди.
Во изложбениот салон на Центарот за
култура во 20 часот ќе биде отворена
манифестацијата „Арт-фест“ во чии
рамки почнувајќи од вечерва во
наредните денови ќе бидат презентирани
изложбите на Александар Јоначиќ,
Мирко Пејковски, како и традиционална
изложба на уметнички дела од повеќе
области: дрворезба, фотографија,
сликарство, карикатури и стрип. Ќе биде
отворена и изложба на фотографии и
илустрации.
Детскиот хор „Ѕвончиња“ во
концертната сала на Заводот и музеј во
20,30 часот ќе го одржи концертот
„Музичко виножито“, а на летната сцена
на Тумбе-кафе „Отворено летно кино“.
„Травничка хроника“ во контекст
на влезот на Хрватска во ЕУ
Односот на актерите беше
променет и се почувствува дека
имаат контакт со една голема
тема, влезот на Хрватска во ЕУ
Битолскиот народен театар
викендот ја одигра претставата
на „Еуроказ“, кој по последен,
27. пат се одржува како
фестивалска форма во Загреб
Претставата беше одлично одиграна од актерски и технички аспект, а на крајот беше
наградена од публиката со долготраен аплауз и овации
Во „Магаза“ ќе
се слушаат
авторски
композиции од
Венцислав
Благоев и Сашо
Поповски, како
и џез-стандарди

More Related Content

What's hot

Јулија Кристева
Јулија КристеваЈулија Кристева
Јулија КристеваElena Angelovska
 
Интервју Оливер Фрлиќ
Интервју Оливер ФрлиќИнтервју Оливер Фрлиќ
Интервју Оливер ФрлиќElena Angelovska
 
Изложба Осумдесеттите
Изложба ОсумдесеттитеИзложба Осумдесеттите
Изложба ОсумдесеттитеElena Angelovska
 

What's hot (6)

Ерјона Какели
Ерјона КакелиЕрјона Какели
Ерјона Какели
 
Јулија Кристева
Јулија КристеваЈулија Кристева
Јулија Кристева
 
Интервју Оливер Фрлиќ
Интервју Оливер ФрлиќИнтервју Оливер Фрлиќ
Интервју Оливер Фрлиќ
 
Изложба Осумдесеттите
Изложба ОсумдесеттитеИзложба Осумдесеттите
Изложба Осумдесеттите
 
MESS 2011
MESS 2011MESS 2011
MESS 2011
 
14
1414
14
 

Травничка Хроника

  • 1. 14 ВТОРНИК 2 ЈУЛИ 2013КУЛТУРА ЕЛЕНА АНГЕЛОВСКА Битолскиот народен театар со претставата „Травничка хроника“ од Иво Андриќ во ре- жија на Бранко Брезовец викендот настапи на 27. Меѓународен фестивал „Еуроказ“ во Загреб. Претставата беше одлично одиграна од актер- ски и од технички аспект, а на крајот беше наг- радена од публиката со долготраен аплауз и овации. Картите и за двете изведби беа распро- дадени, а многумина останаа разочарани пора- ди неможноста да ја видат. Иако станува збор за тешка претстава со различни референци - историски, музички, политички, каде што антиката се поклопува со современоста, на изведбата во Загреб можеше да се забележи де- ка на некои од актерите претставата им легна- ла одлично. Односот на актерите беше проме- нет и се почувствува дека имаат контакт со една голема тема, влезот на Хрватска во ЕУ, кој се случи вчера, па претставата изгледаше како да е сменета и како да се занимава со нешто многу посериозно. Од театарските работници и критичарите претставата беше оценета како збиднување по својот концепт, која може да биде интересна за потесен, но и за поширок круг на публика. „Со Бранко Брезовец во минатото имаме дос- та соработувано и повеќе пати бил гостин со своите претстави на нашиот љубљански фести- вал ’Екс понто‘, а оваа што денеска ја видов мо- рам да речам дека е кулминација на неговата работа, затоа што мислам дека внатре се некои категории потребни за денешниот театар, што значи некоја современост, многу силен мо- мент на музика, сценографија, костимографија и текстот на Иво Андриќ, ’Травничка хроника‘. Сето тоа Брезовец некако успеал во својот стил да го компонира во една претстава, која е на- вистина збиднување по својот концепт. Прет- става која може да биде интересна за потесен, но и за поширок круг на публика, иако внатре можат да бидат само 60 луѓе, таа треба многу да се игра“, изјави Дамир Домитрович Кос, дирек- тор на љубљанскиот фестивал „Екс понто“. Новинарот и театарски критичар Младен Би- чанич нагласи дека Брезовец е препознатлив по своите режисерски постапки. Дека режира како што тој знае, со многу бес, бучава, музика, движења и живи слики, кои на некого ќе му се допаднат или не, но кои сигурно имаат некакво свое сценско оправдување. „Мислам дека е тешко да се каже колку е тоа Андриќ, колку е тоа ’Травничка хроника‘, во се- кој случај, тоа е Бранко Брезовец, онака како што го познаваме со користење на неговите стандардни постапки, таканаречени патент драматургии. Тоа е еден широк избор на сите можни текстови, на сите можни мелодии и пес- ни, кои на некој начин би требало да го исфрлат од ’Травничка хроника‘ она што е бит- но, што Брезовец сака да каже“, изјави Бичанич за „Утрински весник“ по првата изведба. Актерите беа задоволни од приемот на пуб- ликата и гостопримството, а се забележуваше и нивната еуфоричност што ја имаа можноста да ја играат претставата на самиот ден кога се прославуваше влезот на Хрватска во ЕУ и што имаа можност да учествуваат на овој фестивал рамо до рамо со значајни европски и светски трупи и уметници. „Доаѓам првпат на ’Еуроказ‘, за фестивалот имам слушано од повозрасните колеги секогаш со позитивни критики и зборови. Многу сум изненадена од приемот на претставата од стра- на на публиката, сепак, станува збор за прет- става која 90 проценти се игра на македонски јазик, ама излегува дека јазичната бариера во ваков тип претстави не значи ништо. Самиот аплауз на крајот го покажа тоа дека претстава- та апсолутно е сфатена и прифатена. На големо задоволство публиката многу убаво реагираше. Ми се допадна театарот во кој настапувавме, многу ме потсети на битолскиот театар, што во димензии е малку помал. Луѓето се гостоприм- ливи и се чувствува нивното позитивно лудило пред влезот на Хрватска во Европската унија, па мислам дека тоа малку повеќе го крева адре- налинот специјално и за самиот фестивал“, изјави актерката Маја Андоновска. Актерот Огнен Дранговски, кој третпат нас- тапува на фестивалот (првпат во 2003 година со „Животот на цезарите“ и во 2008 година со „Тито, сигурни дијаграми на копнежот“) вели дека за него фестивалот е многу интересен заш- то секогаш избира тема и таа тема се работи и се провлекува низ фестивалот. „Овој пат темата е влезот на Хрватска во Европската унија. Оваа претстава е базирана на ’Травничка хроника‘ на Иво Андриќ, меѓу- тоа, во претставата се провлекува една друга политичка нишка која ја доближува до денеш- ницата“, рече Дранговски. Уметничкиот директор на битолскиот теа- тар, Благој Мицевски, пак, нагласи дека „Еуро- каз“ за него има посебно значење, бидејќи уште како студент ги следел неговите први изданија додека студирал и живеел во Загреб. Фестива- лот трајно го определил неговиот вкус за театар и за она што се обидува да го наметне како естетика во претставите како костимограф, а во последниве неколку години и како уметнич- ки директор на театарот. „Посебно ми е драго што сум во поинаква функција во Загреб и на овој фестивал, не како гледач и студент, туку како некој што ја донел својата трупа на фестивалот во друштво на многу значајни светски компании. И без разли- ка на тоа што ова ќе биде последно издание на ’Еуроказ‘, сепак, тој ќе се преориентира во не- каква продукциска куќа, затоа што ја заврши својата функција во смисла што Хрватска е во Европа, нема што Европа да се носи тука. Мис- лам дека во Македонија она што го правеше МОТ и што с` уште се обидува да го прави мо- же да има поголемо влијание во смисла на це- локупната естетика од македонскиот театар, а ние во Битола се обидуваме да го правиме тоа со претставите и со изборот на режисерите и со местата каде што гостуваме и каде што нашите претстави ги прикажуваме и кој ги гледа и оце- нува“, изјави Мицевски. „Еуроказ“ или Фестивалот на новиот театар годинава последен и по 27. пат се одржува како фестивалска форма, а акцентот е ставен на европски групи и уметници кои на некој начин му имаат помогнато. Но, и на оние што допрва ќе треба да се разберат, да се согледаат надвор од афирмативната култура на брзи прегледи, генерации со кои „Еуроказ“ би сакал отворено да соработува. Од денеска и „Арт-фест“ на „Бит фест“ Денеска во Битола во рамки на „Бит фест“ ќе бидат одржани неколку настани. Во Културниот центар „Магаза“ во 10 часот ќе почне работилница за стрип насловена „Калеидоскоп“ во организација на здружението на граѓани „Тугедер“, а во 21 часот концерт на современ џез ќе одржи „Венци Благоев квартет“ од Бугарија каде што ќе настапат музичарите Венци Благоев - труба, Сашо Поповски - гитара, Оливер Јосифовски - контрабас и Александар Секуловски - тапани. Тие ќе исполнат авторски композиции од Венцислав Благоев и Сашо Поповски, како и џез-стандарди. Во изложбениот салон на Центарот за култура во 20 часот ќе биде отворена манифестацијата „Арт-фест“ во чии рамки почнувајќи од вечерва во наредните денови ќе бидат презентирани изложбите на Александар Јоначиќ, Мирко Пејковски, како и традиционална изложба на уметнички дела од повеќе области: дрворезба, фотографија, сликарство, карикатури и стрип. Ќе биде отворена и изложба на фотографии и илустрации. Детскиот хор „Ѕвончиња“ во концертната сала на Заводот и музеј во 20,30 часот ќе го одржи концертот „Музичко виножито“, а на летната сцена на Тумбе-кафе „Отворено летно кино“. „Травничка хроника“ во контекст на влезот на Хрватска во ЕУ Односот на актерите беше променет и се почувствува дека имаат контакт со една голема тема, влезот на Хрватска во ЕУ Битолскиот народен театар викендот ја одигра претставата на „Еуроказ“, кој по последен, 27. пат се одржува како фестивалска форма во Загреб Претставата беше одлично одиграна од актерски и технички аспект, а на крајот беше наградена од публиката со долготраен аплауз и овации Во „Магаза“ ќе се слушаат авторски композиции од Венцислав Благоев и Сашо Поповски, како и џез-стандарди