2. Упатство за самостојно учење на
наставната содржина „Графици на прави
паралелни со x или y оска“
•Драги ученици !
Движете се низ слајдовите чекор по чекор и
убедена сум дека нема да имате проблем
сами да ја совладате оваа наставна
содржина.
3. Чекор 1
•Отвори го координатниот систем зададен на
линкот https://www.geogebra.org/m/JMMKv7cx
или пак нацртај си во тетратката координатен
систем со вредности од -5 до 5
5. Чекор 3
Ако работиш на
https://www.geogebra.org
/m/JMMKv7cx земи ја
алатката и нацртај
права низ овие точки,
доколку црташ во
тетратка тогаш сам/а со
твојот линијар нацртај си
ја правата
Провери се
6. ДА Сите овие точки
имаат координата х=2
Правата х=2 е
паралелна со y
оската
1. Дали сите
точки лежат на
таа права која ја
нацрта?
2. Што
забележуваш за
координатите на
овие точки?
3. Во каква заемна
положба е оваа права
со координатните оски?
Чекор 4: Одговарај ги прашањата едно по едно
7. ЧЕКОР 5:
ЗАДАЧА ЗА ВАС:
ВО КООРДИНАТЕН СИСТЕМ ВНЕСИ ГИТОЧКИТЕ
(-3,4), (-3,-2), (-3,-4), (-3,0). КАКО ГЛАСИ РАВЕНКАТА
НА ПРАВАТА КОЈА МИНУВА НИЗ ОВИЕТОЧКИ?
8. Чекор 6:
Во координатен систем внеси ги точките (1,-3),
(3,-3), (-4,-3) и (0,-3). Нацртај ја правата низ овие
точки.
Што можеш да кажеш за координатите на овие
точки?
Во каква заемна положба е графикот на оваа
функција во однос на координатните оски?
9. Чекор 7: Провери
Сите овие точки имаат координата y=-3
Графикот на оваа функција е права со равенка y=-3 и оваа права е
паралелна со х оската.
10. Чекор 8
Задача за вас
Нацртај ја правата y=1 и запиши барем три
точки кои лежат на оваа права.
11. Чекор 9
Напиши ги равенките
на правите на цртежот
a: y=4
b: x=-3
c: x=2
d: x=3
e: y=-1
12. Чекор 10 :
Запиши ги равенките
на правите на
симетрија на следниве
фигури
Фигура А:
Оски
х=-3
y=0,5
Фигура Б:
Оски
х=2
y=1
Фигура В:
Оски
х=1
Фигура Г:
Оски
х=5
13. Чекор 11:
Домашна работа учебник стр. 184 задачи 5,6,7, 8 и 9.
Благодарам што ме следевте.
Очекувам дека сите успешно ќе ги решите
задачите,ќе ми сликате и пратите.
Вашата наставничка :Снежана Златковска