на стандардите за оценување на учениците – презентации и работни мат

11,884 views

Published on

Published in: Education
0 Comments
3 Likes
Statistics
Notes
  • Be the first to comment

No Downloads
Views
Total views
11,884
On SlideShare
0
From Embeds
0
Number of Embeds
3,029
Actions
Shares
0
Downloads
140
Comments
0
Likes
3
Embeds 0
No embeds

No notes for slide

на стандардите за оценување на учениците – презентации и работни мат

  1. 1. PRIMENA NA STANDARDITE ZA OCENUVAWE NA U^ENICITE PREZENTACII I RABOTNI MATERIJALI ZA OBUKA 1Obukata za unapreduvawe na ocenuvaweto se realizira vo sorabotka so Makedonskiot centar za gra|ansko obrazovanie (MCGO)
  2. 2. ПРИМЕНА НА СТАНДАРДИТЕ ЗАОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕПРЕЗЕНТАЦИИ И РАБОТНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКА 1
  3. 3. Ovie prezentacii i rabotni materijali za obuka Primena na standardite za ocenuvawe 1 se finansirani od amerikanskiot narod preku Agencijata na SAD za me|unaroden razvoj- USAID Makedonija, vo ramkite na Proektot za osnovno obrazovanie, komponentaUnapreduvawe na ocenuvaweto na u~enicite, {to go sproveduva Akademijata za razvoj naobrazovanieto (AED) vo partnerstvo so Makedonskiot centar za gra|ansko obrazovanie(MCGO).Prezentaciite i materijalite gi podgotvija: D-r Violeta Petroska Be{ka M-r Kiro PoposkiGrafi~ko ureduvawe: Biljana MihajlovskaStavovite na avtorite iska`ani vo ovie prezentacii i rabotni materijali ne giizrazuvaat stavovite na Agencijata na SAD za me|unaroden razvoj ili na Vladatana Soedinetite Amerikanski Dr`avi.ASS-408-003-MAC
  4. 4. ПРИМЕНА НА СТАНДАРДИТЕ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ПРОГРАМА ЗА СЕМИНАРОваа обука се организира во рамките на компонентата Унапредување наоценувањето на учениците од Проектот за основно образование - УСАИД. Таа име наменета на наставниците од предметна настава, стручните соработници идиректорите на училиштата со цел да се оспособат да ги применуваатСтандардите за оценување на учениците во основното училиште.Цели:На крајот од семинарот се очекува учесниците: да ја осознаат потребата од поинакво оценување во основните училишта; да ги поврзат Стандардите за оценување со добрата пракса на оценување; да ја согледаат потребата од формативно оценување; да се запознаат со стратегии и методи за формативно оценување; да го започнат планирањата за формативното оценување за наредниот период. Обуката за унапредување на оценувањетово рамките на Проектот за основно образование се реализира во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) 3
  5. 5. РАСПОРЕД НА АКТИВНОСТИТЕТема 1: ПОТРЕБАТА ОД ПОИНАКВО ОЦЕНУВАЊЕТема 2: ОЦЕНУВАЊЕТО КАКО КОМПОНЕНТА НА НАСТАВНИОТ ПРОЦЕСТема 3: НАСТАВНАТА ПРОГРАМА КАКО ОСНОВА НА ОЦЕНУВАЊЕТОТема 4: ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕТема 5: ДИСКУСИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ЧАСОТТема 6: УСНА ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈАТема 7: СЛОЖЕНОСТ НА ПРАШАЊАТАТема 8: ЕСЕЈСКИ ПРАШАЊАТема 9: ПИШАНА ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈАТема 10: САМООЦЕНУВАЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ ОД СОУЧЕНИЦИТЕТема 11: ИЗВЕДБЕНИ АКТИВНОСТИТема 12: ПРОЕКТИТема 13: ПОРТФОЛИОТема 14: ПЛАНИРАЊЕ НА НАРЕДНИТЕ АКТИВНОСТИ 4
  6. 6. Обука за наставнициПримена на стандарди за оценување на учениците Базична обука I ДНЕВНИК ЗА УЧЕЊЕТО НА УЧЕСНИЦИТЕ Како дел од Проектот за основно образование, Потпроект: Унапредување на оценувањето во училиштата Поддржан од УСАИД Реализиран од Академијата за развој на образованието (AED) во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) 5
  7. 7. Тема 1: ПОТРЕБА ОД ПОИНАКВО ОЦЕНУВАЊЕНајважно што осознав од оваа тема, а недоволно го знаевпретходноШто од тоа можам да применам во наставатаШто навистина применив(Секогаш кога ќе забележите нешто ново што сте примениле забележете го ипериодот во кој сте го применувале)Со што од тоа што го применив сум задоволен, а што сметам декатреба да подобрам 6
  8. 8. Тема 2: ОЦЕНУВАЊЕТО КАКО КОМПОНЕНТА ОД НАСТАВНИОТ ПРОЦЕСНајважно што осознав од оваа тема, а недоволно го знаевпретходноШто од тоа можам да применам во наставатаШто навистина применив(Секогаш кога ќе забележите нешто ново што сте примениле забележете го ипериодот во кој сте го применувале)Со што од тоа што го применив сум задоволен, а што сметам декатреба да подобрам 7
  9. 9. Тема 3: НАСТАВНАТА ПРОГРАМА КАКО ОСНОВА НА ОЦЕНУВАЊЕТОНајважно што осознав од оваа тема, а недоволно го знаевпретходноШто од тоа можам да применам во наставатаШто навистина применив(Секогаш кога ќе забележите нешто ново што сте примениле забележете го ипериодот во кој сте го применувале)Со што од тоа што го применив сум задоволен, а што сметам декатреба да подобрам 8
  10. 10. Тема 4: ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕНајважно што осознав од оваа тема, а недоволно го знаевпретходноШто од тоа можам да применам во наставатаШто навистина применив(Секогаш кога ќе забележите нешто ново што сте примениле забележете го ипериодот во кој сте го применувале)Со што од тоа што го применив сум задоволен, а што сметам декатреба да подобрам 9
  11. 11. Тема 5: ДИСКУСИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ЧАСОТТема 6: УСНА ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈАНајважно што осознав од оваие теми, а недоволно го знаевпретходноШто од тоа можам да применам во наставатаШто навистина применив(Секогаш кога ќе забележите нешто ново што сте примениле забележете го ипериодот во кој сте го применувале)Со што од тоа што го применив сум задоволен, а што сметам декатреба да подобрам 10
  12. 12. Тема 7: СЛОЖЕНОСТ НА ПРАШАЊАТАНајважно што осознав од оваа тема, а недоволно го знаевпретходноШто од тоа можам да применам во наставатаШто навистина применив(Секогаш кога ќе забележите нешто ново што сте примениле забележете го ипериодот во кој сте го применувале)Со што од тоа што го применив сум задоволен, а што сметам декатреба да подобрам 11
  13. 13. Тема 8: ЕСЕЈСКИ ПРАШАЊАТема 9: ПИШАНА ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈАНајважно што осознав од овие теми, а недоволно го знаевпретходноШто од тоа можам да применам во наставатаШто навистина применив(Секогаш кога ќе забележите нешто ново што сте примениле забележете го ипериодот во кој сте го применувале)Со што од тоа што го применив сум задоволен, а што сметам декатреба да подобрам 12
  14. 14. Тема 10: САМООЦЕНУВАЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ ОД СОУЧЕНИЦИТЕНајважно што осознав од оваа тема, а недоволно го знаевпретходноШто од тоа можам да применам во наставатаШто навистина применив(Секогаш кога ќе забележите нешто ново што сте примениле забележете го ипериодот во кој сте го применувале)Со што од тоа што го применив сум задоволен, а што сметам декатреба да подобрам 13
  15. 15. Тема 11: ИЗВЕДБЕНИ АКТИВНОСТИНајважно што осознав од оваа тема, а недоволно го знаевпретходноШто од тоа можам да применам во наставатаШто навистина применив(Секогаш кога ќе забележите нешто ново што сте примениле забележете го ипериодот во кој сте го применувале)Со што од тоа што го применив сум задоволен, а што сметам декатреба да подобрам 14
  16. 16. Тема 12: ПРОЕКТИТема 13: ПОРТФОЛИОНајважно што осознав од оваа тема, а недоволно го знаевпретходноШто од тоа можам да применам во наставатаШто навистина применив(Секогаш кога ќе забележите нешто ново што сте примениле забележете го ипериодот во кој сте го применувале)Со што од тоа што го применив сум задоволен, а што сметам декатреба да подобрам 15
  17. 17. 14. ПЛАНИРАЊЕ ПРОМЕНИ ВО ОЦЕНУВАЊЕТОНајважно што осознав од оваа тема, а недоволно го знаевпретходноШто од тоа можам да применам во наставатаШто навистина применив(Секогаш кога ќе забележите нешто ново што сте примениле забележете го ипериодот во кој сте го применувале)Со што од тоа што го применив сум задоволен, а што сметам декатреба да подобрам 16
  18. 18. ВОВЕД
  19. 19. ПРОЕКТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ подобрување на оценувањето на учениците 1Слајдовите се подготвени врз основа на: • материјалите за обука спроведена од Томас Џерард Шил и Дамиан Пол Марчан од Ирска • материјалите за обука за Оценување за учење од Велика Британија • книгата Оценување со тестови на знаење на Виолета Петроска-Бешка 2• За повеќе информации за оценувањето во ПЕП проектот можете да најдете на:www.pep.org.mkwww.pepocenuvanje.blogspot.com 3 19
  20. 20. Теми на обуката:1. Потребата од поинакво оценување2. Оценувањето како компонента на наставниот процес3. Наставната програма како основа на оценувањето4. Формативно оценување5. Дискусија за време на часот6. Усна повратна информација7. Сложеност на прашањата8. Есејски прашања9. Пишана повратна информација10. Самооценување и оценување од соучениците11. Оценување изведбени активности12. Оценување проекти13. Оценување портфолио14. Планирање на оценувањето 4 Ние сите... (2 вистини + 1 лага) Активност во групи 5 минути за задачата + 10 минути за презентација 5 Каква е врската на претходната активност со оценувањето? Дискусија со сите 6 20
  21. 21. ТЕМА 1 ПОТРЕБАТА ОДПОИНАКВО ЦЕНУВАЊЕ
  22. 22. Тема 1: ПОТРЕБАТА ОД ПОИНАКВО ОЦЕНУВАЊЕЦели:• да се идентификуваат слабостите на постојниот систем на оценување• да се увидат последиците од несоодветното оценување 1Примарната цел на училиштето еда ги научи учениците Точно НеточноРеалноста• Примарната цел на училиштето е да ги учи учениците• Училиштето ги учи за стекнување знаење, а не и за стекнување вештини и ставови• Знаења што бара да се учат се на многу ниско ниво - главно фактографски знаења и меморирање 2Учениците учат за оценка, а не за знаењеПричини:• уписната политика во средното образование• оценките претставуваат статусен симбол• учениците не се заинтересирани за учење – оценката мора да ги „натера“• на родителите им се важни само оценките – така знаат колку им се успешни децата• од наставниците постојано се бара да ставаат оценки• ..... 3 23
  23. 23. Што обично се зема предвид кога се формира оценката?Индивидуалнаактивност5 минути за набележување на одговорот+ 5 минути за презентирање на одговорите 4Во оценката, освен знаењето, неоправдано учествуваат и други елементиШто ја намалува Што ја зголемува оценката? оценката?• недисциплината • послушноста• непослушноста • редовноста• нередовноста • трудољубивоста• немањето • активноста на домашни задачи часот• неносењето • влијателноста на прибор за работа родителот• ... • ... 5Oценувањето гоподобрува учењето кога:• за учениците обезбедува ефективна повратна информација• активно ги вклучува учениците во учењето• го прилагодува поучувањето на тој начин што ги зема предвид резултатите од оценувањето• ги зголемува мотивацијата и само-почитувањето на учениците, кои се клучни за учењето• ја зема предвид потребата учениците да се вклучат во оценувањето и да сфатат како можат да се подобрат (Блек и Вилијам) 6 24
  24. 24. Последици однесоодветно оценување (Блек и Вилијам)• давање приоритет на квантитет, наместо на квалитет во учењето• намалување на самопочитувањето кај учениците преку судење за постигањата, наместо на давање совети за подобрување• деморализирање на учениците преку постојано негативно споредување со подобри ученици• давање повратна информација која повеќе служи за социјални цели отколку за насоки за поефективно учење• отсуство на комплетна слика за потребите за учење на учениците 7Оценувањето треба да биде составендел на наставниот процес Во реалноста, оценувањето е одвоено од наставниот процесПоказатели:• во обуката на идните наставници за изведување на наставата не е вклучено оценувањето• оценките се изведуваат врз основа на парцијални проверки• за оценување најчесто се користат посебни часови или посебни делови од часот• оценувањето се сведува на формирање оценка 8 9 25
  25. 25. Со оглед на фактот дека добросостојбата и, секако, иднината на толку многу луѓе зависи од резултатите од оценувањето, важноста на оценувањето не може да се прецени. За да биде успешен напорот вложен во оценувањето, ученикот мора да има одговор на базичните прашања: Каде одам? Каде сум сега? Како да стигнам каде што одам? Како ќе знам кога сум стигнал таму? Дали сум на вистинскиот пат? Овие прашања се составен дел на секоја добра програма за оценување. Kellog & Kellog (1999) 10Тема 1: ПОТРЕБАТА ОД ПОИНАКВО ОЦЕНУВАЊЕЦели:• да се идентификуваат слабостите на постојниот систем на оценување• да се увидат последиците од несоодветното оценување 11 26
  26. 26. ТЕМА 2 ОЦЕНУВАЊЕТО КАКО КОМПОНЕНТАНА НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС
  27. 27. Тема 2: ОЦЕНУВАЊЕТО КАКО КОМПОНЕНТА НА НАСТАВНИОТ ПРОЦЕСЦели:• да се согледа потребата од почитување на основните принципи на оценувањето• да се согледаат заемните односи меѓу оценувањето, учењето и поучувањето• да се осознаат функциите на оценувањето• да се увиди разновидноста на методите на оценување• да се согледаат разликите меѓу формативното и сумативното оценување 1Компоненти на наставниот процеспоучување• активностите што ги презема наставникот за да ги научи учениците• во активностите се вклучени учениците, но главната улога ја има наставникотучење• активностите што ги презема ученикот за да го научи материјалот• активности за време на часот и активности вон часовите (дома), но со насоки дадени за време на поучувањетооценување• процес на следење, насочување и утврдување на постигањата на учениците 2 Оценувањето треба да се одвива согласно Стандардите за оценување 3 29
  28. 28. Принципи на оценување Индивидуална активност (работен лист 2-1) 5 минути за одговарање на прашалникот 41. принцип: Оценувањето, пред сè има за цел да ги подобри постигањата на учениците.• Преку оценувањето учениците добиваат информација за тоа што од нив се бара да научат – колку ќе научат и како ќе учат во голема мера зависи од оценувањето што се применува.• Оценувањето служи да го поттикне ученикот да учи и да му даде насоки како да учи за да ги зголеми постигањата во училиштето и вон него, наместо само да утврди колку ученикот успеал да научи. 52. принцип: Оценувањето обезбедува целосни информации за постигањата на ученикот.• Освен информации за тоа што учениците знаат, оценувањето обезбедува и информации за тоа што тие можат да направат со она што го знаат.• Со оценувањето се вреднуваат, не само знаењата и способностите на учениците, туку и нивните вредности, ставови, и навики, кои влијаат и на училишниот успех и на постигањата вон училиштето.• Со оценувањето се добиваат информации и за добрите страни и за слабостите на ученикот, кои потоа се користат за да се обезбеди напредувањето на ученикот во постигањата. 6 30
  29. 29. 3. принцип: Оценувањето е составен дел на наставниот процес (на учењето и на поучувањето).• Постои јасна врска меѓу целите и содржините на наставата и оценувањето (меѓу она што се учи и поучува и она што се оценува).• Поучувањето, учењето и оценувањето се процеси што се надоврзуваат и обезбедуваат кохерентност на наставата.• Од наставните цели и содржини зависи што ќе се оценува, но и од исходите на оценувањето зависи како ќе се одвива наставата, па дури и кон какви цели ќе се стреми. 74. принцип: Оценувањето се базира на користење на повеќе различни методи.• Користењето на повеќе различни методи овозможува да се минимизираат слабостите и ограничувањата на секој поединечен метод.• Кога користи повеќе различни методи, оценувањето ги зама предвид различните стилови на учење на учениците. 85. принцип: Оценувањето е континуиран процес.• Оценувањето опфаќа активности на следење и вреднување на работата и постигањата на учениците во текот на целата учебна година.• Преку оценувањето се проверува напредокот во постигањата на учениците, врз основа на што учениците се насочуваат кон поставените цели во наставата. 9 31
  30. 30. 6. принцип: Оценувањето е праведно.• Праведноста во оценувањето се однесува на непристрасност при спроведување на оценувањето, при вреднување на постигањата и при интерпретација и користење на резултатите.• Оценувањето не фаворизира (ниту според начинот, ниту според содржината) ученици врз основа на нивното потекло, како и врз основа на нивните претходни искуства со наставниците и/или со методот на оценување. 107. принцип: Оценувањето е транспарентно.• Учениците точно знаат што се целите на наставата, кои се стандардите што се очекува да ги постигнат и како ќе се оценува постигањето (што треба да научат и што, како и кога ќе се оценува наученото).• Учениците и родителите имаат увид во оценувањето (во методите што се користат и во исходите од нивното користење). 118. принцип: Оценувањето е валидно (веродостојно) и релијабилно (доследно и сигурно).• Со оценувањето се добиваат информации што се релевантни за целите и содржините на наставата.• Во интерпретацијата на резултатите од оценувањето не влегуваат судови за однесувањата, способностите и вештините на учениците, кои не се предмет на конкретното оценување.• Оценувањето е конзистентно од еден до друг ученик и, по можност, од еден до друг наставник. 12 32
  31. 31. Односот меѓу оценувањето, учењето и поучувањето оценување поучување учење 13 Кога вообичаено се оценува и зошто? Групна активност 5 минути за работа во мали групи + 5 минути за презентирање на одговорите 14 Оценувањето како дел од наставата1. Оценување на почетокот на наставата - за да се утврдат предзнаењата на учениците - за да се планира наставата - за да се утврдат интересите, мотивацијата на учениците2. Оценување во текот на наставата - за да се следи како ученикот учи и напредува во учењето - за да се информираат и родителите за напредокот - за да се поттикнува ученикот подобро да учи - за да се приспособи поучувањето на учениците3. Оценување по завршување на наставата - за да се утврди што ученикот научил - за да се информираат сите заинтересирани за постигањата на ученикот - за да се процени ефикасноста на наставата 15 33
  32. 32. Оценувањето e повеќе од давање оценкаОценувањето е континуиран процес се изведува во текот на наставата, паралелно со поучувањето и учењето примарна цел му е да придонесе за учењетоИзведувањето оценки е нус-продукт на оценувањето произлегува од одговорноста на наставникот да го сумира и соопшти постигањето на секој ученик сите постапки на оценување во текот на наставата се земаат предвид кога се формира оценката 16Водечки функции на оценувањетово наставниот процес1. Обезбедува информации за постигањата на ученикот во училиште - целосни информации (за знаењата, ставовите и вештините) - за добрите страни и слабостите на секој ученик2. Им помага на учениците во учењето - колку ќе научат и како ќе учат зависи од тоа како и што оценува наставникот - дава увид во сопственото напредување - делува мотивирачки3. Им помага на наставниците во поучувањето - од постигањата на учениците зависи што наставникот ќе поучува и како 17 сумативно формативно оценување оценување оценување оценување за учење на наученото 18 34
  33. 33. формативно сумативно оценување оценување за учење на наученото се дава коментар се формира оценка за учењето за наученото за да се подобри за да се извести учењето и колку е научено поучувањето во текот на учењето на крајот на и поучувањето темата/перидот 19 Како ги оценуваме учењето и постигањатаОценување на усни одговори на прашања поставени од наставникот усни одговори на прашања поставени од ученици разговор со/меѓу учениците практични изведби усни презентации есеи изработени вон часот писмени извештаи проектна работа портфолио (досие со трудови на ученикот) тестови изготвени од наставникот (објективни или есејски) стандардизирани тестови 20 Што е користено? Со каква цел – за формативно или за сумативно оценување? Групна активност (работен лист 2-2) 10 минути за работа во мали групи + 10 минути за презентирање на одговорите 21 35
  34. 34. За каков вид оценување се користат: усни одговори на прашања поставени од наставникот .................................................... Ф С усни одговори на прашања поставени од ученици ........................................................... Ф разговор со/меѓу учениците ............................. Ф практични изведби ............................................. Ф С усни презентации ................................................ Ф С есеи изработени вон часот ............................... С Ф писмени извештаи .............................................. С Ф проектна работа .................................................. С Ф портфолио (досие со трудови на ученикот) .. Ф С тестови изготвени од наставникот (објективни или есејски) .................................... С Ф стандардизирани тестови ................................. С 22 усни одговори н у ва њ е практични изведби оце тестови ОЦЕНКА есеи проектна изработени работа вон часот 23Тема 2: ОЦЕНУВАЊЕТО КАКО КОМПОНЕНТА НА НАСТАВНИОТ ПРОЦЕСЦели:• да се согледа потребата од почитување на основните принципи на оценувањето• да се согледаат заемните односи меѓу оценувањето, учењето и поучувањето• да се осознаат функциите на оценувањето• да се увиди разновидноста на методите на оценување• да се согледаат разликите меѓу формативното и сумативното оценување 24 36
  35. 35. Работен лист 2-1:ПРИНЦИПИ НА ОЦЕНУВАЊЕТОУпатство:По секое тврдење заокружете Т - доколку сметате дека тврдењето воцелост е точно, или Н – доколку сметате дека не е во целост точно.1. Колку учениците ќе научат во голема мера зависи Т Н од оценувањето што се применува.2. Оценувањето може да обезбеди информации за тоа што ученици знаат, но не и што можат да Т Н направат со она што го знаат.3. Од наставните цели и содржини зависи што ќе се оценува, а од исходите на оценувањето зависи Т Н како ќе се одвива наставата.4. Кога се оценува треба да се користи еден метод за сите ученици за да се обезбедат еднакви Т Н услови за сите.5. Оценувањето опфаќа активности на следење и вреднување на работата и постигањата на Т Н учениците во текот на целата учебна година.6. Правичното оценување не ги фаворизира Т Н учениците врз основа на нивното потекло.7. Не е секогаш пожелно учениците да знаат како ќе се оценува постигањето за да не се ограничат во Т Н учењето.8. Оценувањето е соодветно доколку со него се добиваат информации што се однесуваат на сите Т Н предвидени цели и содржини на наставата. 37
  36. 36. Работен лист 2-2: ПОСТАПКИ НА ОЦЕНУВАЊЕУпатство:Внимателно прочитајте ја секоја од ситуациите и крај секоја запишете која постапкана оценување е употребена и за каква цел – за формативно (Ф) или за сумативнооценување (С). Која Каква Ситуација постапка? цел?1. На крајот од учебната година, наставникот по биологија спроведува тест што самиот го подготвил. Резултатите од тестот ги користи за да формира оценки на учениците. Оценките ќе им бидат соопштени на учениците и ќе се чуваат во училишната документација.2. Наставничката го прашува со секој ученик за тоа што тие разговараат вон училиштето. Таа планира да ги користи овие информации за да ги определи книгите и списанијата коишто би можела да ги користи на нејзините часови по јазик.3. Од децата во шесто одделение се бара да ја оценат содржината на своите есеи, користејќи скали од 5 оценки (одличен, многу добар, добар, доволен и слаб). Овие оценки ќе се земат предвид при формирање на оценките на крајот од полугодието.4. Наставничката по хемија пополнува листа која покажува дали групата ученици правилно го спроведува експериментот. Листата ќе ù послужи да го регистрира учеството на секој одделен ученик и да го процени неговиот придонес во групната работа.5. Во текот на првото полугодие, секој ученик ги собира своите творби изработени на часовите по ликовно во посебна папка. Од нив се бара за секоја творба да напишат што во творбата најмногу им се допаѓа, а што најмалку, и да понудат како би можело подобро да се изработат.6. На крајот од полугодието, наставникот по математика спроведува тест што самиот го составил. Намерата му е да ги користи резултатите за да ги определи оние ученици на кои им е потребна дополнителна помош по неговиот предмет.7. Наставничката бара од учениците прво да прочитаат даден текст за демократијата во Европа во ХХ век, а потоа да состават свои прашања во врска со текстот.8. Наставничката по мајчин јазик бара од учениците да водат белешки во вид на дневник за најзначајното нешто што им се случило во текот на денот. На крајот од секоја недела, таа ги чита дневниците и освен што им пишува коментари, им поставува и прашања на кои учениците треба да одговорат.9. Наставникот по историја усно ги испрашува учениците во врска со претходно обработената наставна целина. За одговор се јавуваат доброволци. Наставникот внимателно ги слуша и става белешки за нивните одговори во својот бележник. 39
  37. 37. ТЕМА 3НАСТАВНАТА ПРОГРАМА КАКО ОСНОВА НА ОЦЕНУВАЊЕТО
  38. 38. Тема 3: НАСТАВНАТА ПРОГРАМА КАКО ОСНОВА НА ОЦЕНУВАЊЕТОЦели:• да се прави разлика меѓу наставни цели и очекуваните исходи од учењето• да се согледаат разликите меѓу општите и посебните наставни цели• да се поврзат наставните цели и очекуваните исходи со оценувањето• да се увиди потребата од запознавање на учениците со наставните цели и очекуваните исходи• да се направи разлика меѓу когнитивните, афективните и психомоторните цели 1 обезбедуваат насоки за наставата ги информираат НАСТАВНИ другите за намерите ЦЕЛИ на наставата обезбедуваат основа за оценување на постигањата 2Општи (глобални) наставни цели= искази кои најглобално опишуваат што ученикот ќе добие од поучувањетоПр: Да му се овозможи на детето да се развие како социјално битие преку живеење и соработување со други, со што ќе придонесе кон добробитта на општеството• тешко се мерливи• долгорочни се – се остваруваат со постигнување на сите посебни цели 3 43
  39. 39. Посебни (конкретни) наставни цели = искази кои ги опишуваат очекувањата на наставникот за тоа што ученикот треба да научи Пр: Ученикот треба да ги знае процедурите на гласање што обезбедуваат демократски избори • произлегуваат од општите наставни цели и ги конкретизираат • го водат наставникот кон она што треба да го работи со учениците 4 Очекувани исходи од учењето = искази кои опишуваат како учениците го демонстрираат она што го научиле (што знаат и/или можат да направат) Пр: Ученикот може да спроведе тајно гласање за избор на претседател на одделенска заедница • произлегуваат од посебните наставни цели • се дефинираат преку наведување на конкретни активности • можат директно да се опсервираат и мерат • го водат наставникот во подготовка на инструментот за оценување 5 општа посебна очекувани наставна наставна исходи од цел цел учењетоДа се стекнат Да се знае Ученикот да може: знаења и структурата •да нацрта клетка вештини за и функцијата •да ги наведе деловитепроучување на клетките •да ја опише структурата на светот •да ги објасни функциите 6 44
  40. 40. која активност ја спроведува ученикот за да што се очекува што треба ја постигне ученикот даученикот да целта демонстрира научи на крајот на учењетоНАСТАВНА ИСХОД ОД задача ЦЕЛ УЧЕЊЕТО (процес) 7 Какви резултати очекувате од наставата? Знаења? Разбирање? Примена? Способности за размислување? Работни способности? Ставови? Јасно е дека, дефинирањето на очекуваните исходи од наставата треба да биде првиот чекор за добрата настава. Тоа е основен фактор, исто така, и за оценувањето на постигањата на ученикот. Доброто оценување бара поврзување на процедурите во оценувањето, колку што е можно повеќе, со очекуваните исходи од учењето. Linn & Miller, 2005 8 Што е наставна цел, а што очекуван исход?Групна активност(работен прибор 3-1 картички со цели иисходи) 10 минути за работа во мали групи + 10 минути за презентирање на одговорите 9 45
  41. 41. посебни наставни цели очекувани исходиДа се оспособи за ... Да смисли ...Да ја знае ... Да ги наведе ... Да разликува ...Да знае како ... Да го опише ...Да научи што е ... Да идентификува ...Да ги подобри познавањата ... Да ги резимира...Да се оспособи да чита ... Да нацрта шема ...Да знае што е ... Да испланира ... 10 Формулирајте наставна цел, и очекуван исход? Групна активност 10 минути за работа во мали групи + 5 минути за презентирање на одговорите 11 На што се базира оценувањето: на целите или на исходите? • Наставните цели се дефинираат за да се планираат и поучувањето и оценувањето - без дефинирани наставни цели не може да се знае што треба да се поучува и што треба да се оценува • Со дефинирањето на очекуваните исходи се конкретизираат и поучувањето и оценувањето - очекуваните исходи директно укажуваат како може да се оценува (да се провери дали се постигнати наставните цели) 12 46
  42. 42. Дали учениците треба да ги знаат наставните цели пред да започне поучувањето? • Глобалните наставни цели немаат никакво значење за учениците • Посебните цели му кажуваат на ученикот што треба да учи • Очекуваните исходи од учењето најдиректно укажуваат на она што ќе биде оценувано Оценувањето треба да произлегува одпоставените цели (преку очекуваните исходи) 13 когнитивен домени на учењето психомоторен афективен 14 Примери: • слуша внимателно интереси • свесен/на е за значењето на учењето вредности • ги прифаќа разликите меѓу луѓето што се „поинакви“ ставови • ги почитува правилата на верувања училиштето мотиви • ужива да им помага на другите • ја прифаќа одговорноста за сопствените постапки • покажува љубов кон АФЕКТИВНИ животните цели • практикува да јаде здрава храна 15 47
  43. 43. Примери: • точно ги повторува чекорите во преврзување колено откако ќе види како ПСИХОМОТОРНИ се прави тоа цели • ја поврзува музиката што ја слуша со соодветни чекори во играњето • го поставува телото во моторна координација соодветна положба когакинестетичка, визуелна, фрла топка аудитивна и тактилна • управува со слајд-проектор дискриминација • свири на виолина физичка подготвеност • демонстрира коректни движења на рацете и моторни вештини нозете при грбно пливање 16 евалуација КОГНИТИВНИ цели синтеза анализа примена таксономија на Bloom сфаќање познавање 17 Во кој домен спаѓаат наведените наставни цели Активност во парови (работен лист 3-1) 10 минути за работа во парови + 10 минути за дискусија 18 48
  44. 44. Домен на наставните целиОпределување на клучните принципи на една пазарна економија КГВежбање на вештините за дриблање во кошарката. ПМНаведување на проблемите на старите во сообраќајот. КГРазвивање позитивен однос кон читањето. АФИстрчување 800 м. во природа за помалку од 3 мин. ПМОхрабрување на учениците да ги негуваат цвеќињата во дворот. АФСпоредување на творештвото на Рацин и Миѓени. КГПишување состав за последиците од поскапувањето на струјата. КГРазликување различни видови звуци прикажани на снимка. ПМИскажување подготвеност за учество во еко-патрола. АФ 19 Тема 3: НАСТАВНАТА ПРОГРАМА КАКО ОСНОВА НА ОЦЕНУВАЊЕТО Цели: • да се прави разлика меѓу наставни цели и очекуваните исходи од учењето • да се согледаат разликите меѓу општите и посебните наставни цели • да се поврзат наставните цели и очекуваните исходи со оценувањето • да се увиди потребата од запознавање на учениците со наставните цели и очекуваните исходи • да се направи разлика меѓу когнитивните, афективните и психомоторните цели 20 49
  45. 45. Работен прибор 3-1 Да испланира експеримент заУпатство: Да се групираат целите да покаже дека електрицитетоти очекуваните исходи произведува магнетизам. Да се оспособи за ефективна Да смисли говор со кој ќе ја усна презентација пред аргументира потребата од определена група ученици пошумување на брдата. Да ја знае Да ги наведе особините на Питагорината теорема рамнокракиот тријаголник. Да знае како Да разликува здрава се прави мусака од нездрава храна. Да го опише расизмот во Да научи што е фудбалот во Европските дискриминација национални лиги. Да идентификува грешки Да ги подобри познавањата на направени при пренесување на граматиката на мајчиниот јазик. зборовите во даден текст. Да може да прочита даден Да ги резимира главните идеи текст со сигурност. содржани во даден текст. Да нацрта шема со која ќе Да знае што е електролиза го прикаже процесот на електролиза 51
  46. 46. Работен лист 3-1:ДОМЕН НА НАСТАВНИТЕ ЦЕЛИУпатство:По секоја опишана наставна цел/очекуван исход, заокружете ги буквитешто го означуваат посочениот домен на следниот начин: КГ – за когнитивниот домен АФ – за афективниот ПМ – за психомоторниот1. Определување на клучните принципи на една КГ АФ ПМ пазарна економија.2. Вежбање на вештините за дриблање во КГ АФ ПМ кошарката.3. Наведување на проблемите со кои се КГ АФ ПМ соочуваат старите луѓе во сообраќајот.4. Развивање позитивен однос кон читањето. КГ АФ ПМ5. Истрчување 800 м. во природа за помалку од КГ АФ ПМ 3 мин.6. Охрабрување на учениците да ги негуваат КГ АФ ПМ цвеќињата во дворот на училиштето.7. Споредување на творештвото на Рацин и КГ АФ ПМ Миѓени.8. Пишување состав во кој се објаснува кои се последиците од поскапувањето на струјата по КГ АФ ПМ стандардот на луѓето.9. Разликување различни видови звуци КГ АФ ПМ прикажани на аудитивна снимка.10. Искажување подготвеност за учество во еко- КГ АФ ПМ патрола. 53
  47. 47. ТЕМА 4ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ
  48. 48. Тема 4: ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕЦели:• да се идентификуваат клучните карактеристики на формативното оценување• да се согледа потребата од создавање клима за формативно оценување• да се согледа како повратната информација придонесува за формативното оценување 1 формативно оценување оценување за учење се дава коментар за учењето за да се подобри учењето и поучувањето во текот на учењето и поучувањето 2 Оценувањето за учење (формативното оценување) е процес во кој учениците и наставниците трагаат по докази со цел да утврдат каде се учениците во нивното учење, каде треба да одат и како најдобро да стигнат таму. Група за реформи во образованието во В. Британија, 2002 3 57
  49. 49. Клучни карактеристикина формативното оценување (ФО)• вградено е во поучувањето и учењето како составен дел од наставниот процес• учениците се запознаваат со наставните цели• ги вклучува учениците (и соучениците) во (само)оценување• обезбедува повратни информации со насоки за идните чекори во учењето• поттикнува уверување дека секој ученик може да се подобри• ги користи резултатите за да го модификува поучувањето 4 Кои постапки во наставата обезбедуваат ФО? Кои се придобивките за учениците и учењето? Групна активност (работен лист 4-1) 10 минути за работа во мали групи + 10 минути за презентирање на одговорите 5ФО: вградено е во поучувањето и учењетокако составен дел од наставниот процес- се спроведува секој ден и континуирано• оценувањето е серија од испреплетени искуства – се случува истовремено со учењето и поучувањето• му влева доверба на ученикот и му го задржува вниманието на напредокот, дури и во услови на повремени неуспеси 6 58
  50. 50. ФО: ги споделува наставните цели со учениците - учениците знаат кои наставни цели треба да ги постигнат• наставникот им ги соопштува наставните цели на учениците – наставните цели се транспарентни• овозможува ученикот да се самооценува – следи дали (и колку) е на добар пат кон постигнување на целите 7ФО: ги вклучува учениците (и соучениците) во (само)оценување - наставниците и учениците се во партнерски односучениците може самите:• да смислуваат и поставуваат прашања• да учествуваат во составување листи за проверка врз основа на кои ќе се спроведува оценувањето• да ги собираат своите трудови како доказ за сопствениот напредок во учењето• да учествуваат во оценување на своите изработки/активности и/или на изработките/активностите на соученицитеНа тој начин• подобро го следат сопствениот напредок и 8 сами планираат што понатамуФО: Промовира уверување дека секој може да се подобри – се води грижа за емоционалниот аспект на учењето• не може да ја елиминира можноста од неуспех, но може да спречи неуспехот да стане хроничен• кога ученикот доживува неуспех, се создаваат услови што е можно побрзо да следи успех – се враќа довербата во неговите капацитети• им овозможува на учениците да увидат дека успехот е на дофат ако се следат насоките за учење 9 59
  51. 51. ФО: резултатите од оценувањето влијаат врз поучувањето – наставникот го модифицира поучувањето• резултатите го одразуваат напредокот на учениците, но покажуваат и колку ефективно било поучувањето• резултатите му користат на наставникот да го моделира поучувањето за да овозможи учениците да научат• учениците имаат можност да испробаат повеќе приоди во учењето и да го најдат оној кој најмногу им одговара 10ФО: Обезбедува повратни информации и насоки за учење - информациите од оценувањето се тековно достапни• се разменуваат информации меѓу учениците и наставниците• информации можат веднаш да се искористат за подобрување на постигањата• им овозможува на учениците да увидат до каде се како да стигнат до целта 11ФО: Обезбедува повратни информации и насоки за учење -учениците добиваат повратна информација• информација за тоа колку е нешто постигнато во споредба со поставената цел (кажува што е постигнато, a што не)• содржи насока за понатамошно учење• учениците можат да видат каде се наоѓаат во однос на тоа каде сакаат да бидат• учениците можат да определат што треба да направат за да се подобрат• им помага да се оспособат сами на себе да си даваат повратна информација 12 60
  52. 52. Доколку целта ни е да ги подобриме постигањата на ученикот, а не само да ги мериме, мораме да бидеме сигурни дека учениците знаат какви постигања се очекуваат од нив, ги знаат стандардите врз основа на кои се вреднуваат нивните постигања, и имаат можност од оценувањето да учат за следните оценувања. Wiggins, 2002 13Квалитетната повратнаинформација обезбедува:• информација за тоа што е направено• вреднување на тоа колку добро е направено• насоки како постигањето да се подобри 14Кога се дава повратна информација?(a) додека учениците работат на задачата(б) додека учениците ја презентираат задачата(в) по завршување на задачатаКако се дава повратна информација?(а) усно(б) во пишана форма(в) преку говор на телото 15 61
  53. 53. сумативно оценување оценување на наученото се формира оценка за наученото за да се извести колку е научено на крајот на темата/перидот 16Клучни функции насумативното оценување1. да им се дадат оценки на учениците со цел да се извести за нивните постигања2. да се вреднува сопствената настава3. да се идентификуваат учениците за дополнителна и за додатна настава 17Тема 4: ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕЦели:• да се идентификуваат клучните карактеристики на формативното оценување• да се согледа потребата од создавање клима за формативно оценување• да се согледа како повратната информација придонесува за формативното оценување 18 62
  54. 54. Работен лист 4-1 (А): ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ ВО УЧИЛНИЦА Упатство: За секоја од наведените клучни карактеристики наведете еден или повеќе начини како може да се постигне и како ќе влијае врз учењето и врз учениците. клучни како да се постигне како влијае врз учењето и учениците карактеристики на ФО 1. вградено е во учењето и поучувањето како дел од наставниот63 процес 2. ги споделува наставните цели со учениците
  55. 55. Работен лист 4-1 (Б): ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ ВО УЧИЛНИЦА Упатство: За секоја од наведените клучни карактеристики наведете еден или повеќе начини како може да се постигне и како ќе влијае врз учењето и врз учениците. клучни како да се постигне како влијае врз учењето и учениците карактеристики на ФО 3. ги вклучува учениците (и соучениците) во64 (само)оценување 4. обезбедува повратни информации со насоки за идните чекори во учењето
  56. 56. Работен лист 4-1 (В): ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ ВО УЧИЛНИЦА Упатство: За секоја од наведените клучни карактеристики наведете еден или повеќе начини како може да се постигне и како ќе влијае врз учењето и врз учениците. клучни како да се постигне како влијае врз учењето и учениците карактеристики на ФО 5. промовира уверување дека секој ученик може65 да се подобри 6. ги користи резултатите за да го модификува поучувањето
  57. 57. ТЕМА 5 ДИСКУСИЈАЗА ВРЕМЕ НА ЧАСОТ
  58. 58. Тема 5: ДИСКУСИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ЧАСОТ Цели: • да се согледаат карактеристиките на ефективната дискусијата (разговорот) со учениците за време на часот • да се осознае улогата на дискусијата во оценувањето за учење • да се согледаат стратегиите кои водат кон поквалитетна дискусија 1 Оценувањето за учење е најдобро кога поучувањето овозможува учениците да го разберат она што го учат и кога низ разговор излегуваат на виделина сите погрешни концепции што се формираат во главите на учениците. За да го направат ова добро, наставниците треба да се потпрат на своето знаење за предметот, на наставниот приод и, како најважно, на самите ученици. Harrison, Black & Hogden 2Улогата на дискусијата/разговоротво оценувањето за учење• да се идектификуваат знаењата и оспособеноста на учениците• да се изберат најефикасните стратегии за учење и поучување• да се коригираат грешките и да се откријат празнините и можностите за дополнување на знаењата 3 69
  59. 59. Дискусијата/разговорот влијае врз.... мислењето: Им овозможува однесувањето: на учениците Ги поттикнува • да покажат што учениците научиле • да сослушаат вредностите: • да го продлабочат • активно да Промовира разбирањето слушаат • споделување • да развијат • да зборуваат • почитување на нови идеи • активно да се туѓото мислење • да размислуваат вклучат во • соработказа тоа што научиле учењето 4 Kojа дискусија е поефективна? Зошто? Групна активност (работен прибор 5-1 (А и Б) + работен лист 5-1 (А, Б или В) 10 минути за работа на задачата + 10 минути за презентација 5 БИОЛОГИЈА-1 БИОЛОГИЈА-21. Какви се •учениците •одговорите вклучуваат презентирање наодговорите презентираат претходно усвоени знаењана учениците еден или два •поголем дел од одговорите се во формапо должина и факти по на реченици, а не само фразипо содржина? сеќавање или •учениците заедно ја проверуваат со нагаѓање вистинитоста на своите тврдења, без да се натпреваруваат кој ќе даде точен одговор2. Колкав •доминира говорот на наставникот •ученицитедел од прашањата се од затворена природа придонесуваатразговорот (бараат кратки одговори) значително повеќеотпаѓа на •само неколку од учениците креваат •наставникот главнонаставникот раце да одговорат ги насочуваа колкав на •наставникот користи повеќе зборови (учениците самитеучениците? (и тоа повеќето образуваат реченици) доаѓаат до а учениците користат само фрази и одговорите) тоа не повеќе од 3 збора наеднаш 6 70
  60. 60. ФИЗИКА БИОЛОГИЈА3. Колку •малку ученици учествуваат •изгледа дека сите ученициучесници во давање одговор – земаат учество во дискусијатасе активно поголемиот број не се во паровивклучени во вклучени •повеќе ученици учествуваатразговорот? •постои многу малку во дискусијата со целото вистински дијалог одделение4. Дали •интеракцијата е •учениците се слушаат помеѓу себедијалогот слаба - мал дел од додека зборуваат и го градате интер- разговорот се гради дијалогот врз основа на тоаактивен ? на претходно •некои ученици и ги дополнуваат кажаното другите 7 ФИЗИКА БИОЛОГИЈА5. Дали •некои ученици рискираат •некои самите гоучениците одговарајќи со кратки, неточни преформулираат својотпреземаат одговори првичен одговорризик да •некои одбиваат да одговорат •изгледа дека учениците сеодговараат •повеќето не сe пријавуваат да комотни да одговараат ии кога не се одговараат тогаш кога не се сигурни восигурни? одговорот6. Колку •одговорите бараат ниско •одговорите укажуваат наразмислување ниво на размислување повисок степен насе бара при (присетување и размислување (споредување,одговарање- повторување на тоа што го анализирање, вреднување)то? рекол наставникот) 8 Разговорот/дискусијата е ефективна тогаш кога (1): • се води со јасна цел • го зема предвид когнитивниот развој на учениците • користи јасно формулирани прашања • дозволува автентични одговори • остава време за размислување • поттикнува на дискусија меѓу учениците 9 71
  61. 61. Разговорот/дискусијата еефективна тогаш кога (2):• ги поставува прашањата едно по едно• користи потпрашања за разјаснување (Можеш ли да ми кажеш нешто повеќе за тоа? Зошто го мислиш тоа? Дали е можно...?)• реагира позитивно (и вербално и невербално) на одговорите• ги користи и неточните одговорите (преформулација, разјаснување, посочување) 10Тема 5: ДИСКУСИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ЧАСОТЦели:• да се согледаат карактеристиките на ефективната дискусијата (разговорот) со учениците за време на часот• да се осознае улогата на дискусијата во оценувањето за учење• да се согледаат стратегиите кои водат кон поквалитетна дискусија 11 72
  62. 62. Работен прибор 5-1 А:Упатство: Прочитајте го внимателно описот лекцијата.Поделете ги улогите. Ако има повеќе учесници од улоги, тие ќебидат ученици. Подгответе се да ја драматизирате опишанаталекција и да ја изведете пред другите. ЛЕКЦИЈА ПО БИОЛОГИЈА - 1Наставникот = Н; учениците се означени со имињаН: Денес ќе го проучуваме начинот на кој се хранат растенијата. Знам дека во основно училиште работевте нешто на оваа тема.Знае ли некој да ни каже нешто за тоа? Две раце се кренаа во училницата.Н: Можеби се сеќавате на растенијата што растеа во различни делови од училницата (кабинетот). Уште три раце се кренаа. Наставникот избира еден од овие ученици. Да ... Игор?Игор: Беше нешто во врска со светлината.Н: Точно.Светлината е важна за растенијата. Дали некој знае како се нарекува тој процес? Кате?Кате: Фото...Н: Како се нарекува процесот кога растението создава храна во листовите? Пауза во траење од 2 секунди. Ниедна рак не е крената. Никој? Се нарекува фотосинтеза. Значи, како се нарекува Маре?Марко: ФлораН: Не си внимателен Марко. И зборот флора има врска со растителниот свет, меѓутоа се нарекува ... Наставникот прави пауза и погледнува наокулу. Шест раце се кренати. Кире?Кире: Фотосинтеза.Н: Точно. Фотосинтеза. Можеме ли да ја докажеме фотосинтезата? Маја? Маја крева раменици. Шест раце се кренаа да одговорат на прашањето. Немаш идеа. Кажи ù, Лиле.Лиле: Со ставање растение на светло и темно.Н: Добро. Можам да забележам кој од вас е поспан денес. Дали си со нас сега, Маја? (Маја клима со главата.) Добро. Сега со неколку обиди ќе можеме да ја докажеме фотосинтезата. Приближите се околу мене и јас ќе ви покажам како . Потивко ве молам. 73

×