ОНЛАЈН СИСТЕМ ЗА УЧЕНИЧКИ И СТУДЕНТСКИ БЕНЕФИЦИИ - Presentation Transcript
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
ОНЛАЈН СИСТЕМ ЗА УЧЕНИЧКИ И СТУДЕНТСКИ БЕНЕФИЦИИ
Онлајн систем за ученички и студентски бенефиции
Министерството за образование и наука и проектот е-Влада финансиран од страна на УСАИД, минатата година имплементираа софтверска апликација за електронска распределба, која има за цел да овозможи автоматизирана распределба на сите ученички и студентски бенефиции кои ги нуди Министерството за образование и наука на секој ученик и студент во Република Македонија, и воедно ги елиминира сложените и долги административни процедури.
Софтверската апликација има за цел да овозможи електронско аплицирање за следните ученички и студентски бенефиции, но не ограничувајќи се само на нив :
Сместување во студентски домови
125 стипендии за студенти по информатика
Ученички стипендии
Студентски кредити
Студентски стипендии
Онлајн систем за ученички и студентски бенефиции
Софтверската апликација е составена од :
Јавен дел (на кој имаат пристап сите корсници на апликацијата, односно сите кои аплицираат за одредена бенефиција) и
Администраторски дел (наменет за администрирање на апликацијата, како што е креирање на страни, корисници и одредување на нивните привилегии, форми, дистрибуции и други системски подесувања).
Онлајн систем за ученички и студентски бенефиции
Дизајнот на софтверската апликација е модуларен и е составен од одделни софтверски модули. Дизајнот е прикажан на следната слика :
Pupil/Student Apply Get Results Student Benefits Online Ministry of education and science Form Designer Criteria Designer Results Reports
Онлајн систем за ученички и студентски бенефиции
Министерството за образование и наука, како корисник на системот поседува администраторски привилегии, што значи дека може да ги извршува следните работи :
Администрирање на системот
Дизајнирање на формулари за аплицирање
Поставување на критериуми за распределба
Генерирање списоци за распределба
Издавање списоци за извршената распределба
Онлајн систем за ученички и студентски бенефиции
Модули во состав на онлајн системот за ученички и студентски бенефиции се :
Дизајнер на формулари
Дизајнер на критериуми
Преглед на пристигнатите пријави
Распределба
Резултати
Извештаи
Од причина што системот работи со приватни податоци на учениците и студентите, истиот овозможува приватност и заштита при пренос на податоците.
Онлајн систем за ученички и студентски бенефиции
Во 2007 година, повеќе од 13,000 пријави се поднесени преку онлајн системот за ученички и студентски бенефиции на Министерството за образование и наука, со цел остварување на правото за сместување во студентски домови, 125 стипендии за студенти по информатика, ученички стипендии и други бенефиции.
Посебни придобивки од користење на овој систем се :
Отворен пристап од било која локација 24 часа на ден – 7 дена во неделата
Можност за прибирање на информации во однос на подносителите кои би можеле да бидат употребени во процесот на планирање за други бенефиции
Транспарентна и објективна евалуација на сите поднесени пријави
Заштеда на време и средства
Зголемена доверба во државните институции
Онлајн систем за ученички и студентски бенефиции
Министерството за образование и наука како дел од Владата на Република Македонија значително придонесе за растот на е-Влада услугите, преку онлајн системот за ученички и студентски бенефиции. Денес, степенот на софистицираност на онлајн системот за ученички и студентски бенефиции изнесува 3 (три), но со имплементирање на владиниот проект „документ менаџмент систем“, со кој се овозможува поврзување на институциите во еден централен систем, ќе се постигне интеракција во двете насоки на системот, односно достигнување на максимален степен на софистицираност.
0 comments
Post a comment