2. Карактеристично за водоземците е тоа
што имаат двоен начин на живеење.
Поточно, тие се приспособиле на живот
во вода и на копно. Преминот на копно
придонесува за појава на белите дробови
кои не се добро развиени.
3. Кај оваа класа кожата е тенка и лигава и
учествува во размената на гасовите. За разлика
од возрасните единки, ларвата живее исклучиво
во вода и дише со жабри.
4. Телото на водоземците е
поделено на глава, труп и два
пара екстремитети. Во
главата се наоѓа усниот отвор
изграден од две вилици,
најчесто без заби. Во устата
имаат јазик кој е леплив и
служи за ловење на пленот.
Странично на главата има
еден пар добро развиени очи,
пред нив носни отвори, а
екстремитетите завршуваат
со прсти меѓу кои има пловни
кожички.