2. Влијание на сонцето врз животот на
земјата
● Енергијата на сончевата светлина, испуштена во вид на фотони
(квант светлосна енергија), обезбедува вршење на фотохемиски
реакции, како што е фотосинтезата. Фотохемиските реакции се
извршуваат тогаш кога енергијата на квантот не е помала од
енергијата, неопходна а се совлада енергетската бариера на
реакцијата.
● Сончевата светлина се состои од зрачење во опсег на бранови
должини од инфрацрвени до ултравиолетови зрачења. Не би имало
живот на земјата без многу сончева светлина, но во многу голема
мера оваа светлина е и опасна и штетна по човекот. Затоа строго
треба да ја контролираме изоженоста на сончева светлина.
Најголема опасност по човековот здравје предизвикано од сончевото
зрачење е ултравиолетовото.
3. Ефект на стаклена градина
● Ефектот на стаклена градина е израз за загревање на планетата
Земја кое настанало со пореметување на енергетската рамнотежа
помеѓу количина на зрачење кое од Сонцето го прима и во вселената
го зрачи Земјината површина.
● Ефектот на стаклена градина, кој во минатото беше благослов за
Земјата, во последното столетие, засилен од човечките активности,
се чини дека се претвора во сериозна закана.
● Овој ефект се јавува како резултат на зголемување на количината на
зрачењето кое од површината на Земјата не може да биде оддадено
во вселената, туку атмосферата го апсорбира и станува потопла.
● Оние гасови кои го задржуваат зрачењето се познати под назив
стакленички гасови, а проблеми кои настануваат се познати под име
глобално затоплување. Тоа се случува со атмосферата на Земјата во
последниот век.
4. Глобално затоплување
● Глобалното затоплување, кое се должи на ефектот на стаклена
градина е проблем поврзан со можните глобални климатски промени
предизвикани од зголеменото ниво на таканаречените стекленички
гасови во атмосферата.
● Планетата Земја е опкружена од својата атмосфера која е составена
од различни гасови. Некои од нив, како на пример јаглерод диоксид,
имаат исти својства како стаклените панели на една стаклена градина
и не и дозволуваат на топлината да ја напушти планетата.
● Понатаму, енергијата од Сонцето ја апсорбираат водите, почвите и
живите суштества на планетата. Таа енергија постепено се враќа во
атмосферата.
● Озонот (О3) во стратосферата (15 до 40 км од земјината површина)
предизвикува ладење на земјината површина, но озонот во
тропосферата (веднаш над земјината површина) исто така учествува
во ефектот стаклена градина и тоа поинтензивно отколку што е
ефектот на ладење.
5. Озонска обвивка
● Озон е гас составен од три атоми на кислород (О3). Нормалните
кислородни молекули (О2) кои се наоѓаат во воздухот кој го дишиме,
содржат два атома на кислород. Молекулите на озонот се формираат
со фотохемиска реакција:
3O3 2O2 + 2O 2O3
● Кислородните молекули реагираат формирајќи молекули на озон, но
во исто време молекулите на озон реагираат и создаваат кислородни
молекули. Ако бројот на формираните молекули на озонот е еднаков
со бројот на уништените озонски молекули, можеме да кажеме дека
реакцијата е во динамичка рамнотежа.
● Озонска обвивка е термин кој се користи за дефинирање на
присуството на озонски молекули во стратосферата. Озонската
обвивка се протега преку целата земјина топка и има улога на филтер
од опасното ултра-виолетово зрачење (UV-B). UV-B-зрачење е
светлина со висока енергија која доаѓа од Сонцето и има негативно
влијание на здравјето на луѓето и животната средина.
6. Следење на
климатските промени
● Правење на прогнози за идниот развој на глобалното загревање е
многу сложена работа бидејќи зависи од повеќе природни и од
антропогени фактори.
● Концентрацијата на СО2 ќе се зголеми за 90% според најблагото
сценарио, а 250% според најлошто сценарио, и тоа во однос на
концентрацијата во 1750 година.
● Глобалната земјина температура од 1990 до 2100 година може да се
покачи за 1,4 до 5,8ОС. Се очекува во следните неколку декади да
има покачување од 0,1 до 0,2ОС во секоја декада.
● Глобалното средно морско нивоможе да порасне од 9 до 88 см.
● Климатските промени и последиците нема да бидат рамномерни по
целата земјина површина. Се очекува ледените маси и снежните
покривки на северната хемисфера да се намалат, а на јужната малку
да се зголемат поради распределувањето на врнежите.
7. Последици од
климатските промени
● Скорешните регионални климатски промени, особено покачувањето
на температурата, веќе погодија (ранија) многу природни физиолошки
и биолошки системи.
● Во многу региони во светот е документирано поинтензивно топење на
ледените маси, смалување на глечерите, доцнење на замрзнувањето
и поранување на топењето на мразот во реки и езера, исчезнување
на некои растителни и животински популации, порано цутење на
дрвјата, непредвидена појава на инсекти итн.
● Сè позачестените суши и поплави имаат влијание од социоекономски
карактер, на пример со демографски поместувања.
● Климатските промени делуваат неповолно на системите поврзани со
човечкиот живот, а тоа се водните ресурси, земјоделството,
пошуменоста, крајбрежните зони, индустријата, енергијата, здравјето
итн.