4. Откривање Уран е првата планета откриена во модерното време, а и првата планета откриена со помош на телескоп. Ја открил Вилијам Хершел за време на едно системско истражување на небото на 13ти март 1781 г. Тој на почетокот мислел дека видел комета, а не планета. Уран бил виден и порано, но бил сврстен во групата на ѕвезди. Помеѓу 1787 и 1948 биле откриени и петте Големи месечини на Уран, прво Титанија и Оберон, потоа Ариел и Умбриел и последна била откриена Миранда. На Уран до сега слетало само едно летало, “ Војаџер 2 ” во јануари 1986 г. кога се откриени уште 10 нови Внатрешни сателити и двата прстена на Уран. Во 90тите се откриени уште пет нови сателити.
5. Орбита Уран прави еден круг окулу Сонцето за 84 Земјини години. Оската на ротирање е навалена за 98 степени и планетата се движи по орбитната патека на својата страна, а се врти спротивно од насоката на вртење на повеќето планети. Се претпоставува дека страничната положба на Уран е последица од судир со некое друго тело, големо колку самата планета, непосредно по нејзиното создавање. Секој од половите на Уран 21 г. е насочен кон Сонцето додека другиот е во мрак, а потоа положбата им се менува.
6. Структура Уран е голема планета, но е изградена од Поредок материјал. Јадрото е изградено од карпи и можен мраз Поголемиот дел на Уран е составен од вода, метан и мраз од амонијак Обвивката на Уран е составена од атмосфера од водород, хелиум и други гасови
7. Атмосфера и клима Уран има сина боја затоа што облаците од замрзнатиот метан ги впиваат црвените бранови должи- ни на сончевата светлина во студената ат- мосфера на планетата. Температурата на најгорниот слој облаци -214 сте- пени целзјусови е еднаква речиси секаде. Под влијание на ултрави- олетовата светлина метанот соз- дава честички на магла во по- долниот слој на атмосферата, поради што Уран изгледа толку спокојно. Всушност планетата ак- тивно се менува. Откриено е дека таа зрачи онолку енергија колку што добива од Сонцето што значи дека не- ма значителна внатрешна топлина што би поттикнала сложен климатски систем.
8. Прстени Уран има 11 прстени кои се толку многу одвоени еден од друг и се толку тесни што системот има повеќе празнини отколку прстени. Сите освен внатрешниот и надворешниот се високи под 15 км а широкиод 1 до 13 км. Составени се од честички од прав и темни парчиња од материјал богат со јаглерод. Прстените не се наоѓаат целосно на екваторот, немаат тркалезен облик, а немаат ни иста ширина. Се претпоставува дека е ова е последица од гравитационото влијание на малите соседни месечини.
9. Месечини Уран има 27 месечиникои може да се поделат во три групи. Според оддалеченоста од Уран тоа се : малите внатрешни месечини, петте големи месечини што кружат на вообичаен начин и малите надворешни месечини од кои повеќето кружат наназад. Петте големи месечини човекот ги открил со телескоп од Земјата, додека за останатите помали месечини била потребна потребна поусовршена техника на набљудување. Според истражувањата големите месечини се темни, цврсти, карпести небесни тела со ледена површина, оштетени од кратери создадени при удари, пукнатини и вулкански истекувања на замрзната вода. Месечините се наречени според имиња на ликови од драмите на Вилијам Шекспир или песни на англискиот поет Александер Поул. Поважни внатрешни месечини се Корделија, Офелија и Пак, петте големи месечини се Миранда, Ариел, Умбриел, Титанија и Оберон, а поважна надворешна месечина е Калибан.