1. САТУРН Изработиле: Александра Стојковска Нина Левиќ Стефан Костовски
2. Планетата Сатурн Сатурн е шестата планета од Сонцето.Таа е втора по големина во сончевиот систем после Јупитер.Сатурн е изграден претежно од разни гасови и е таканаречен гасен чин.Планетата Сатурн името го добила од римската митологија-Сатурн значи бог на земјоделството.Планетата е впечатлива по прстените што имаат пречник до 300 000км.Тие илјадници прстени се составени од парчиња мраз,карпи и стврдливи гасови.Дебелината на прстените изнесува до еден километар.Кристијан Хејгенс во 1655 год. прв сватил дека прстените не се цврсти и дека се составени од вселенски отпадоци кои орбитираат околу планетата.
3. Период на револуција и составот на Сатурн Неговиот период на револуција околу Сонцето трае околу 30 год.Сатурн прави еден круг околу својата оска за само 10 часа.Тоа е многу големо небесно тело со пречник од 120 536 км.Во најголемиот дел планетата Сатурн е составена од водорот.Таа е полесна и од вода и би пловела во доволно голем океан.Сатурн поседува магнетно поле што е 1000 пати посилно од магнетното поле на Земјата. ,,Пионер 2,, е првата сонда што ја посетила оваа планета во 1979год. Подоцна сондите ,,Војаџер 1 и 2,, уште подобро ја проучиле.Топлината што ја ослободуваат Сатурн во вселената е трипати поголема од онаа што тој ја добива од Сонцето и температурата во јадрото изнесува 15 000°C.
5. Сателитите на Сатурн Околу Сатурн кружат 18(познати) сателити.Според својата структура тие се изградени од лесна и замрзната материја,а на површината имаат бројни и длабоки кратери од метеори.Титан,најголемиот сателит на Сатурн има пречник поголем од 5 000 км.Неговата површина е речиси невидлива поради густиот слој облаци.Температурата на неговата површина изнесува околу -180°C.Тоа е топка од карпи и замрзнати гасови опкружена со обвивка од азот.Тој е еден од трите сателити што имаат атмосфера.