2.
Сончевиот систем е планетарен систем кој се состои
од Сонцето и останатите небески тела кои орбитираат
(кружат) околу него: 8 планети заедно со своите
природни сателити и прстени, илјадиците астероиди и
комети, метеороидите и останатиот меѓупланетарен
материјал. По донесувањето на првата дефиниција на
планета на 24 август, 2006, Плутон престанува да биде
планета и станува планета-џуџе. Со тоа Сончевиот
систем има 8 планети. Сите планети имаат директна
орбита, т.е. тие ротираат околу Сонцето во истата
насока во која ротира и самото Сонце; движењето на
повеќето сателити е исто така директно. Сонцето е
далеку најмасивно тело во Сончевиот Систем,
неговата маса е 330.000 пати поголема од земјината.
Сончевиот систем настанал пред речиси 5000
милиони години, како резултат на згуснувањето на
облак од меѓуѕвезден гас и прашина
3. Структура на сончевиот систем
Најголемото тело во Сончевиот систем е
Сонцето кое содржи 99,86% од вкупната
позната маса на системот. Потоа, тука се
осумте тела кои орбитираат во релативно
уникатни орбити, кои најчесто се нарекуваат
планети и двa појасa составени од помали
објекти. Сите објекти кои орбитираат околу
Сонцето лежат на иста рамнина која се
нарекува еклиптика и ротираат во иста насок.
Главните планети се (по редослед): Меркур,
Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран и
Нептун. Имињата на седум од планетите се од
грчко-римската митологија, додека Земја е
германски збор. Осумте планети се делат во
две групи: внатрешни и надворешни
4. Внатрешни планети
Четирите внатрешни или терестријални планети
се каратеристични по тоа што се составени од
густ (каменест) материјал. Тие се формирале во
пожешките региони поблиску до Сонцето. Затоа,
полесните материјали испариле, а останале оние
материјали кои имаат поголема точка на топење,
како што се силикатите.
Четирите внатрешни планети се:
Меркур
Венера
Земја
Марс
5. Надворешни планети
Надворешните планети или гасните гиганти се
толку големи што заедно содржат 99% од
вкупната позната маса на материјата која
орбитира околу Сонцето. Бидејќи се релативно
далеку од Сонцето, тие ја содржат главнината
од водород и хелиум во Сончевиот систем, кои
биле прелесни за да се задржат на
внатрешните планети.
Трите надворешни планети се:
Јупитер
Сатурн
Уран