2. -Канабис дроги ( марихуана, хашиш, хашишово масло )
- Халуциногени дроги ( ЛСД, ПСП, мескалин, псилоцибин )
- Наркотици ( опиум, морфиум, хероин, метадон )
- Психостимуланси ( кокаин, крек, амфитамини, екстази, метамфетамини )
Канабис дроги
Марихуана
Најкористена дрога кај нас и во светот е марихуаната. Овој вид дрога станува
популарен во 30-тите години од 20 век. Марихуаната се добива од растението
канабис сатива ( canabis sativa ) кое кај нас во народот е познато под името коноп.
Силината на дрогата зависи од местото од каде потекнува, времето и начинот на
собирање, деловите кои се користат, како и начинот на подгоровка на дрогата.
Хашиш
Растението канабис сатива кое се одгледува во тропските краишта лачи
поголема количина смола, која се собира на најразлични форми:
прачки, плочки, табли, погачи и други форми кои се пакуваат и се обележуваат
на повеќе начини, овој производ на канабисот е наречен хашиш. Најчесто
хашишот се консумира со пушење, сам или помешан со тутун, поретко се меша со
алкохол или опиум.
3. ЛСД
Во 1938 година Алберт Хофман вршејќи синтеза на некои супстанции кои ги
лачат печурките, мајчиното зрно и пурпуреата добил диетиламид
лизгерична киселина, синтетичка дрога позната како ЛСД. Влегува во
групата на халуциногени дроги затоа што во микрограмски дози
предизвикува состојба слична на психоза, на ментално заболување ( лудило,
душевни болести ), која трае неколку часови.
Мескалин
Претставува алкалоид изолиран од растението pejote кое расте во Америка.
Горниот дел од растението кој се наоѓа над земјата, се содржи од кружни
кнопчиња кои се отсекуваат и сушат, а потоа се џвакаат или се пијат како чај. При
дејство, консуматорот е свесен, но губи способност за временска ориентација.
Времето му изгледа бескрајно долго, а телото без тежина. По завршувањето на
дејството, се чустувава главоболка, мачнина, потење и вртоглавица.
Времетраењето на дрогата е од 8 до 12 часови.
Псилоцибин
Активна супстанца изолирана од еден вид габичка psilocybe mexicana. Обично се
наоѓаат како цели исушени или како суви печурки, необработени или пак во
форма на прашок.
4. Опиум
Опиумот се добива од афионот со засекување на незрелата чашка од каде
истекува млечно бел сок кој во допир со воздухот потемнува и е во вид
на стврдна гума, растеглив и леплив.
Морфиум
Од сите алкалоиди на опиумот, главен и најзначаен е морфиумот, кој се
наоѓа во облик на хидрохлорид и сулфат. Тој претставува најсилен
аналгетик кој дејствува врз централниот нервен систем. Чистиот
морфиум е во облик на бели, светли иглички или
призматичникристали, кристални парчиња во вид на коцка или како
кристален прашок, без мирис, но со горчлив вкус.
Хероин
Со хемиска преработка на морфинбазата се добива дериват наречен
хероин. За да се добие еден килограм хероин, потребно е да се
рафинираат 10 килограми морфиум. Последните децении хероинот е
најраспространета и најзлоупотребувана дрога во светот и кај нас, што со
огромни размери се шири посебно меѓу младите генерации.
5. Кокаин - Кокаинот се добива со екстракција на листовите од растението
кока коешто успева во јужноамериканските Анди. Ова растение има
сспецифична кора со месесто-црвена боја. Силните
дози, пак, предизвикуваат делириум и грчеви, проследени со депресија, а
поради кардио респираторната парализа може да настапи смрт.
Дрогата е порок, што се шири уште кај најмладата
популација, а зазема место во нивниот понатамошен
раст и развој за на крај да ги покаже своите црни
страни. Зависноста сама по себе го “тепа” лицето во
секој поглед на неговото живеење. Бегање од
семејството, криење на погледот од родителите,
неконтролирано трошење пари, што подоцна
поминува во потреба од крадење. Се ова се само првите
знаци за едно деструктивно однесување на младата
личност која западнала во кругот на дрогата.
6. ИЗРАБОТИЛЕ:
Иван Андреевски
Кристијан Анчов
Мартин Георгиевски
Мила Дачева
Ивана Митевска
Валентино Михајлов
Марија Петрова
Тамара Постоловска
Александра Шатева
Лаки Трајковски
Јануари 2008 Август 2008
2000 2007