1. Шематски преглед на одделните видови
именки:
Именките се зборови кои означуваат имиња на суштества,
предмети, појави или поими.
Именки
Сопствени Општи
конкретни апстрактни
збирни
2. Класификација на именките
Според значењето именките се делат на сопствени и општи.
Сопствените именки означуваат имиња на поединечни
суштества или поими: Трајан, Милица, Струга, Кичево,
Радика,Попова Шапка, Мурго...
Општите именки означуваат имиња на суштества,предмети,
појави или поими што имаат општи (заеднички)карактеристики:
читанка, книга, моме, книжарница, мравка,планина, езеро,
река, игра, насмевка и др.
Општите именки се делат на конкретни и
апстрактни(мислени).
Конкретни именки се оние со кои се именуваат предмети и
суштества што можеме да ги видиме и допреме: плетенка,
книга,семка, дренка, моме, мравки и др.
Збирните именките означуваат множество од исти предмети
кои претставуваат целост.Со еднинска форма тие означуваат
множество, збир:селанство, свештенство,
чиновништво(колектив од чиновници), население,
свет,народ, стока, мебел, учителство...
Одделенски наставник:Виолетка Спасевска