Kontrata mes Komunës së Tetovës dhe kompanisë për sanimin e rrugëve
Kërkesat dhe lutja e studentëve për siguri në Fakultetin e Shkencave Natyrore dhe të Matematikës
1. *на прашањето зошто не било пријавено на време до деканат, заедничкиот одговор беше страв
БАРАЊЕ И МОЛБА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПМФ
Почитувани,
се огласуваме во однос на сериозна тема која ги загрозува нашите права како студенти, но пред сѐ
и како луѓе со слобода. Во прилог се настани кои се случиле на кампусот на Природно –
математичкиот факултет:
Случај 1: Во саботата, на 28.X 2023, околу 16.00, на скалите на ПМФ, кај местото со две
клупи пред кривината, на студент му беше принудно одземан телефонот со закани со нож. Случајот
беше пријавен во полиција и е отворен извештај.
По исказот на студентот, се огласија и други колеги* на кои им се случило ситуации кои
соодвествуваат на горенаведениот, и за тоа сведочат:
Случај 2: Во тек на јунска сесија, на студентка, блиску до рампата за возила, исто така ѝ бил
принудно одземен телефонот, со тоа што била насилно турната во тревата;
Случај 3: На друг студент, по завршени вежби кои биле во подоцнежните часови од денот,
ги цитирам неговите зборови „беше покасно, веќе стемнето, немаше дневна светлина“, му излегле
неколкумина вооружени лица – исто со ладно оружје (нож) барајќи ги неговите лични предмети;
Случај 4: Студентка, по завршени вежби се качила на паркингот, кој веќе е наменет само за
студенти, пред сопствената кола ѝ излегол човек кој бил гол и почнал да се самозадоволува.
Ние, студентите од ПМФ, од сите институти и сите генерации сметаме дека треба да бидат
преземени сериозни рестриктивни и безбедносни мерки во оваа околина, бидејќи стравуваме за
нашата безбедност.
И покрај тоа што инситуциите би презеле одговорност, сметаме дека самиот чин повлекува
форми на вознемирување и трауми меѓу сите студенти. Секако овде го вбројуваме и стравот од
потенцијални исти и/или слични случаи да бидат повторени во иднина. Исто така, свесни сме дека
инциденти може да се случат во било кој момент и на било кое место, но тоа не значи дека не треба
да се потрудиме да ги минимизираме истите.
Факултетот треба да биде место каде ние треба да се чувствуваме безбедно и да уживаме во
нашите студентски години, а не простор каде ќе бидеме во неизвесност дали ќе сретнеме опасност
по пат!
Во однос на безбедносни мерки, наши можни препораки се:
1. Засилување на лица – обезбедување, во смисла на: вработени барем 2 лица кои ќе имаат и
различни капии – места за престој, на различни локации со цел поголем видик на проблеми;
2. Известување на полициски патроли и нивна проверка на околината;
3. Придружба од обезбедувањата доколку имаме активности кои се во подоцнежни часови;
4. Разумно уредување на распоредот и избегнување на доцни часови за вежби, настава и
полагања, од типот на: вежби до 20:00 часот навечер, полагања кои почнуваат од 16:00
или 17:00 итн.;
5. Преуредување на паркинг местата со рампите;
6. Молба или барање до Општина Гази Баба да постави улично осветлување на скалите и
патот на ПМФ;
2. *на прашањето зошто не било пријавено на време до деканат, заедничкиот одговор беше страв
7. Избегнување на било какви активности за време на викенд – кога се знае дека е неработен
ден и истото се злоупотребува од страна на луѓе кои би наштетиле.
Во прилог на документот ќе бидат доставени и документи со колони кои имаат своерачен потпис
од мнозинство студенти, со цел да биде сфатена посериозно иницијативата.
Ве ургираме, во најбрз можен рок, ова да биде предмет на разговор на наставнички совет, и да
се најде решение за овој проблем.
Со почит,
студентите на ПМФ