Propozim-vendim për themelimin e shoqërisë tregtare “ELEKTRO TETOVA“ SHPKPV
Ankesa e Portalbit ndaj Higjienës Komunale Shkup
1. ДО: Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер
- Согласно член 20 став 3 и член 27 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен
карактер ја поднесувам следнава:
Ж А Л Б А
Подносител: Суад Бајрами, новинар на „Порталб.мк“ – дел од Фондацијата „Метаморфозис“, ул.
Франклин Рузвелт број 19 – Скопје, маил: suadbajrami30@gmail.com; suadb@metamorphosis.org.mk;
Телефон: 070213078.
Жалбена основа:
На 11.07.2023, поднесовме барање за пристап до информации од јавен карактер со содржина:
Директорката на Комунална Хигиена, на прес конференција на 08.07.2023
(https://www.facebook.com/portalb.mk/videos/1289174155073682) обвини дека има лица кои што
краделе нафта и продавале делови).
Дали сте поднесувале кривична пријава против нив, кога и за што?
Кој се овие лица?
Врз основа на кои докази обвинувате, и дали имате документи кои што би ги споделиле со
јавноста?
На прес конференција на 10.07.2023
(https://www.facebook.com/portalb.mk/videos/24051458837786529) директорката Мазнева обвини
дека „мафијашки структури“ имал во претпријатието.
За кои лица зборува, директорката дека се дел од „мафијашки структури“?
Исто така, Мазнева, рече дека ги пријавил во Полиција и Обвинителство. Колку лица се пријавени
и за какви кривични дела се пријавени?
Ве молам да ни пратите било какви документи, или докази за вмешаност или криминал на лица
од „мафијашка структура“.
На 27.07.2023, ЈП Комунална Хигиена ни врати одговор, на кој стои дека нашето барање е одбиено
со образложение дека утврдиле „заштитен интерес – исклучок од слободен пристап до
информации, во согласност со член 6 став 1 точка 4 од ЗСПИЈК. (Одлуката ви ја доставуваме во
прилог, заедно со барањето и жалбата).
Сметаме дека ЈП Комунална Хигиена не постапил законски бидејќи:
ЈП Комунална Хигиена им ги прекинал договорите на 34 вработени, кои самата директорка и
градоначалничката на Град Скопје ги нарече група од „мафијашки структури“ кои што земале плата
2. а не оделе на работа, а освен тоа, за нив кажаа дека направиле еден куп кривични дела, меѓу кои и
крадење нафта, и продавање на делови од возилата на Комунална Хигиена.
Таквите сериозни обвинувања, сметаме дека треба да се поткрепат со соодветни докази, или
пријави, на кои на транспарентен начин треба да се објаснува, за што конкретно секој од
вработените се обвинуваат.
Паушалните изјави, без докази и аргументи, сметаме дека се во спротивност со принципите на
правната држава, односно се креира практика за понатаму, за секој висок функционер да обвинува
вработени за сешто, и врз основа на тоа да ги избрка од работа, и да не приложи докази за тоа.
Со ова, на отпуштените вработени, директорката им нанесува материјална и нематеријална штета,
со што, без да наведе докази ги стави во група на „мафијаши“ и „крадци“.
Директорката има законска обврска да ги објаснува постапките пред граѓаните, со чии пари се
финансира Јавното Претпријатие Комунална Хигиена.
Лицата што ги обвинува директорката Мазнева дека ги пријавил во Обвинителство, бараме да
дознаваме за што се пријавени и врз основа на што, дали пријавите се за кривичните дела и за што
конкретно.
Сметаме дека Комунална Хигиена треба да биде транспарентна и отчетна институција спрема
граѓаните и да ги образложи постапките.
Дополнително на ова, самите вработени побарале од Инспекторатот за Труд да ја утврдат
фактичката состојба со отпуштањата на 34 лица од вработените (https://meta.mk/inspektorat-utvrdil-
deka-direktorkata-na-komunalna-higiena-nezakonski-gi-potpishala-otkazite-na-rabotnicite/) за што
Инспекторатот утврдил дека директорката незаконски ги испуштил од работа.
Сметаме дека, објавувањето на докази е од интерес на граѓаните и во корист на довербата на
граѓаните во институциите кои што имаат законска обврска да бидат транспарентни и отчетни
спрема граѓаните.
(Правна поука: Против решението на Агенцијата може да се поднесе тужба за поведување
управен спор до надлежниот суд)
Скопје, (с.р. потпис на жалителот)
28.07.2023 год.