SlideShare a Scribd company logo
1 of 18
ПОЈАВА НА ЕВРОПСКАТА
        УНИЈА
Од ЕЕЗ, преку Единствениот eвропски
 акт (EEA) до Европската Унија (ЕУ)
  Кратката рамка на развојот, која што досега ја анализиравме,
  ни овозможи да препознаеме 2 централни карактеристики
  на процесот на Европска интеграција кои се врежани во овој
  процес а тоа се:

  Првата карактеристика е постојаната затегнатост меѓу:
  Наднационални тенденции, кое го наоѓаме во ЕЗЈЧ, и
  Меѓудржавните тенденции, што ги наоѓаме во Договорите за
  ЕЕЗ, каде можеше да се констатира поместување на
  надлежностите од наднационалните органи кон државите-
  членки.

  Втората карактеристика е постојаната затегнатост меѓу:
  проширувањето во смисла на зголемување на бројот на
  членките на заедницата
  Продлабочувањето во смисла на јакнење на степенот на
  интеграцијата на парцијалните заедници во една поширока и
  посеопфатна заедница како што е Европската Унија
Пример за судирот меѓу наднационални и
меѓувладини (меѓудржавни) тенденции
Своевремено Советот на министри, централниот орган на ЕЕЗ,
според Договорот од 1 јануари 1966 требаше да премине од
едногласно одлучување во мнозинско одлучување.
Но, француската влада под Де Гол одлучно го одби тоа. Откако
потоа кон средината на 1965 не се дојде до согласност за
спорното финансирање на аграрот, Таа ги повлече своите
претставници во Советот за да спречи донесување одлуки.
Оваа т.н. „Политика на празен стол“ беше првата
голема криза на ЕЕЗ.
Таа беше разрешена во јануари 1966 со „Луксембуршкиот
компромис“. Во него државите-членки се согласија да се
откажат од предвиденото мнозинско одлучување, кога се
засегнати виталните интереси на една држава. Затоа де факто
важеше принципот на едногласност, како што е
карактеристично за традиционалните форми на меѓудржавна
соработка.
Ова значеше јасен засек во историјата на интеграцијата.
Европскиот суд (ЕС) како фактор
 во наднационални тенденции
ЕС даде предност на правото на заедницата
пред националното право.
Националните судови без вклучени во ЕУ-
судството со тоа што беа охрабрени да се јават
во ЕС при нејаснотии по прашања во правото
на ЕУ.
На тој начин со Европскиот суд беше создаден
еден правен поредок, кој беше сличен на оние
од националните системи, беше над сето тоа
што дотогаш беше познато од доменот на
меѓудржавните односи.
Тој правен поредок стана препознатлива
карактеристика за единственоста на ЕЕЗ.
Преговорите за Договорот од
 Мастрихт беа многу тешки
Во процесот на дизајнирање на идното Европско
заедништво посебно значење има договорот за
основање на Европската Унија од
7 февруари 1992 година во Мастрихт.
Преговорите беа исклучително тешки заради различните
интереси и донекаде јасните разлоки во претставите на
државите-членки по прашањето дали и како Европското
заедништво треба да се развива понатаму.
Континуираниот отпор на Велика Британија кон секаков
вид ширење на социјално-политичката компонента на
Заедницата и нејзиното противење да се вклучи во
планирата монетарна унија, мораа да бидат обработени
од страна на самите шефови на држави и влади на
самитот во Мастрихт.
А, дури и овде договорањето беше можно само со голем
број исклучоци и дополнителни протоколи.
Проблеми со ратификацијата
    на Договорот за ЕУ
Договорот од Мастрихт беше одбиен во јуни 1992 на
референдумот во Данска, со сосем тенко мнозинство од
50,7 наспроти 49,3 проценти, со што целиот проект
повторно се доведе во прашање, бидејќи сите држави-
членки мора да ја одобрат примената на договорот.
Дури по натамошни преговори и концесии за Данска,
следното гласање во мај 1993 го донесе саканиот
успех (56,8 наспроти 43,2 проценти).
Но, проблеми со потребното одобрување имаше и во
другите држави-членки. Тука се мисли, на навистина
тенкиот исход на еден референдум во Франција (51,05
наспроти 48,95 проценти во полза на „за“) или
тужбите против Договорот во Германија, кои биле
одбиени од страна на германскиот Сојузен уставен суд
дури во октомври 1993.
Сето ова доведе до тоа Договорот за унијата да влезе
во сила со значително задоцнување на 1 ноември 1993
година.
Новини на Договорот од
         Мастрихт
Со договорот од Мастрихт беше формирана
една нова организација на Европската унија,
која, како што е прикажано на сликата, опфаќа
три столба под еден ист, заеднички кров.
Европската Унија како градба
која се темели на три столба
EЗ-столбот, значи соработката што се
потпира на Парискиот договор (ЕЗЈЧ), Римските
договори, како и на EEA, кој сега, со Договорот
од Мастрихт доживува неколку важни
дополнувања и промени.
Заедничка надворешна и
безбедносна политика (ЗНБП) како
„втор столб“, со кој понатаму се развива
меѓудржавната соработка во областа на
надворешната политика и истата се поставува на
договорна основа.
Соработката во областите правда и
внатрешни работи како „трет столб“. И таа
не е создадена од ништо, туку тематизира веќе
постојни, но и мошне рудиментарни приоди на
европско усогласување во овие полиња.
Од Договорот од Мастрихт до
 Договорот од Амстердам
Веќе во јуни 1994 година, значи само
половина година по влегувањето во
сила на Договорот од Мастрихт, беше
ангажирана таканаречена
рефлексивна група за подготовка на
владината конференција од 1996.
Врз основа на нејзиниот извештај,
Европскиот совет во март 1996 година ја
утврди работната програма за
конференцијата.
Договорот од Амстердам

Процесот на реформи со
рефлексивната група и владината
конференција се влеа во Договорот
од Амстердам како нова голема
договорна ревизија, по Договорот
од Мастрихт.
Тој беше потпишан во 1997 и влезе
во сила на 1 мај 1999. и донесе
неколку суштински новитети во
сите три столба на ЕУ.
Подготовката за проширувањето
      на Исток без успех
Од друга страна не може, а да не се забележи
дека Договорот од Амстердам не исполни една
од своите главни цели, подготовката на ЕУ за
проширувањето на Исток.
Со тоа, според многу критичари, Договорот од
Амстердам не му беше „дораснат“ на огромниот
притисок од проблеми и загуби уште една
можност за одржливо продлабочување на
интеграцијата, што беше уште потешко бидејќи
требаше да не ја „промаши“ историската
можност за создавање на целосна Европа што
се овозможи по епохалните промени од
1989/90.
Теми на владината конференција
      2000 година во Ница
Само после неколку месец по
влегувањето во сила на Договорот од
Амстердам, се одржа меѓувладина
Конференцијата во Ница која се
занимава со прашањата, кои не можеа
да бидат решени во Амстердам, или
подетално:
големината и составот на Комисијата на
ЕУ;
тежењето на гласовите во Советот на
ЕУ;
можно проширување на одлуките со
квалификувано мнозинство во Советот
на ЕУ;
Одредбите на Договорот од
         Ница
Што се однесува до големината и составот на
Комисијата, Договорот предвидува секоја
држава-членка од 2005 година да поставува
само по еден член во Комисијата на ЕУ.
Со пристапувањето на 27-та држава-членка
(Бугарија и Романија) се ограничува бројот на
комесари (тој мора да биде под 27).
За обезбедување на ист третман на сите
држави-членки треба да се воведе ротациски
систем.
Донесување на устав на
     Европската Унија
На 4 октомври 2003, под претседателство на
Италија започна владината конференција, која
требаше да дебатира за предлог на Устав на
ЕУ и да го донесе до Самитот во Брисел на 13
декември 2003.
И покрај големата надеж не се успеа да се
постигне договор и тоа поради длабоките
разлики во мислењата за составот на
Комисијата и распределбата на гласовите кај
одлуките со квалификувано мнозинство после
жестока караница помеѓу Шпанија и Полска од
една страна и другите земји, особено
Германија и Франција од друга страна.
Октомври 2004: Потпишување
   на Договорот за устав
По исклучително тешки дебати, на 18 јуни 2004 конечно се постигна договор.
Свеченото потпишување од страна на шефовите на држави и влади како и
нивните министри за надворешни работи се одржа на крајот од октомври во
истата сала, во која пред точно 50 години беа потпишани договорите за
основање на ЕЕЗ.
Процес за ратификација за
        Договорот за устав
    Во ноември 2004 започна и процесот на донесување на
    уставот од страна на 25 држави-членки, во поголем дел
    преку парламентарна постапка, но дел и преку
    референдуми.
•   Почетокот го означи Литванија (парламент) веќе во
    средината на ноември 2004, потоа следуваа
•   Унгарија (парламент, 20 декември 2004),
•   Словенија (парламент, 01.02.2005),
•   Италија (парламент,06.05.2005),
•   Грција (парламент, 19.04.2005),
•   Словачка (парламент, 11.05.2005),
•   Шпанија - првата земја со референдум - (76,73%:
    да;17,24: не; потврдено од страна на парламентот на
    19.05.2005)
•   Австрија (парламент, 25.05.2005) како и
•   Германија (парламент, 27.05.2005).
Ниски удари за проектот
       „Европски устав“
Но, потоа следуваа два ниски удари едноподруго за проектот
„Европски устав“, кои предизвикаа, уставот да не може повеќе
да се реализира во постојната форма.
Од една страна референдумот во Франција на 29 мај 2005
година, во кој беше одбиен Договорот за устав со јасно
мнозинство од 54,87% (против) наспроти 45,13% (за) при
забележливо учество во гласањето од 69,74%.
А само неколку дена подоцна, референдумот во Холандија, на
кој гласаа дури 61,8% против и само 38,2% за. И тоа во две
членки-основачи на ЕЕЗ!
Со тоа избирачите им сигнализираа на своите влади јасно
„стоп“; дека на ЕУ повеќе не и се дозволува да постапува така
и понатаму и едноставно да го пречекорува дневниот ред.
И јасното „за“ на референдумот, одржан на 10 јули 2005 во
Луксембург, не смени ништо.

Така ни се поставуваат две прашања.
Како прво, прашањето за причините за ова одбивање; и
како второ, прашањето за последиците.
Како понатаму?
Дали сознанијата за развојот на ЕУ би можеле да
помогнат за да се одговори на ова прашање и да
можеме да даваме прогнози за нејзиниот
натамошен развој.
Во секој случај веројатноста дека 27 држави-
членки, ќе можат заеднички на ваков начин да
одат понатаму е намалена од претходно
споменатите причини.
Освен тоа, во случаите, во кои задолжително е
неопходна едногласност - на пример кај
барањата за пристапување на други земји -
реакциите се поконзервативни отколку
досега. Тоа најмногу се однесува на разговорите
со Турција како и со државите од Балканот.

More Related Content

Viewers also liked

15 enemies-of-success
15 enemies-of-success15 enemies-of-success
15 enemies-of-successSarwan Singh
 
Oar Annual Report 2011
Oar Annual Report 2011Oar Annual Report 2011
Oar Annual Report 2011OARFFX
 
5 string bluegrass banjo photo album slideshare
5 string bluegrass banjo photo album slideshare5 string bluegrass banjo photo album slideshare
5 string bluegrass banjo photo album slidesharefenderleo2
 
мой посёлок
мой посёлокмой посёлок
мой посёлокmarinasold
 
Lopezpazjesus Tecnología Educativa
Lopezpazjesus Tecnología EducativaLopezpazjesus Tecnología Educativa
Lopezpazjesus Tecnología EducativaJesús López Paz
 
Rest over soap
Rest over soapRest over soap
Rest over soapvhpvmx
 
Uru Cure Carnaval 2012 Rio Cuarto
Uru Cure Carnaval 2012 Rio CuartoUru Cure Carnaval 2012 Rio Cuarto
Uru Cure Carnaval 2012 Rio Cuartojcoria
 
Command keynote! part 1
Command keynote! part 1Command keynote! part 1
Command keynote! part 1ambersweet95
 
Credit Card Product Update - 2015 Year in Review
Credit Card Product Update - 2015 Year in ReviewCredit Card Product Update - 2015 Year in Review
Credit Card Product Update - 2015 Year in ReviewCorporate Insight
 
Alimenti ricchi in grassi
Alimenti ricchi in grassiAlimenti ricchi in grassi
Alimenti ricchi in grassiMassimo Falsaci
 
Provider workshop 11.14.12
Provider workshop 11.14.12Provider workshop 11.14.12
Provider workshop 11.14.12progroup
 

Viewers also liked (12)

15 enemies-of-success
15 enemies-of-success15 enemies-of-success
15 enemies-of-success
 
Oar Annual Report 2011
Oar Annual Report 2011Oar Annual Report 2011
Oar Annual Report 2011
 
Mr.APISIT UPAKIT
Mr.APISIT UPAKITMr.APISIT UPAKIT
Mr.APISIT UPAKIT
 
5 string bluegrass banjo photo album slideshare
5 string bluegrass banjo photo album slideshare5 string bluegrass banjo photo album slideshare
5 string bluegrass banjo photo album slideshare
 
мой посёлок
мой посёлокмой посёлок
мой посёлок
 
Lopezpazjesus Tecnología Educativa
Lopezpazjesus Tecnología EducativaLopezpazjesus Tecnología Educativa
Lopezpazjesus Tecnología Educativa
 
Rest over soap
Rest over soapRest over soap
Rest over soap
 
Uru Cure Carnaval 2012 Rio Cuarto
Uru Cure Carnaval 2012 Rio CuartoUru Cure Carnaval 2012 Rio Cuarto
Uru Cure Carnaval 2012 Rio Cuarto
 
Command keynote! part 1
Command keynote! part 1Command keynote! part 1
Command keynote! part 1
 
Credit Card Product Update - 2015 Year in Review
Credit Card Product Update - 2015 Year in ReviewCredit Card Product Update - 2015 Year in Review
Credit Card Product Update - 2015 Year in Review
 
Alimenti ricchi in grassi
Alimenti ricchi in grassiAlimenti ricchi in grassi
Alimenti ricchi in grassi
 
Provider workshop 11.14.12
Provider workshop 11.14.12Provider workshop 11.14.12
Provider workshop 11.14.12
 

(8,6) pojava na evropska unija

  • 2. Од ЕЕЗ, преку Единствениот eвропски акт (EEA) до Европската Унија (ЕУ) Кратката рамка на развојот, која што досега ја анализиравме, ни овозможи да препознаеме 2 централни карактеристики на процесот на Европска интеграција кои се врежани во овој процес а тоа се: Првата карактеристика е постојаната затегнатост меѓу: Наднационални тенденции, кое го наоѓаме во ЕЗЈЧ, и Меѓудржавните тенденции, што ги наоѓаме во Договорите за ЕЕЗ, каде можеше да се констатира поместување на надлежностите од наднационалните органи кон државите- членки. Втората карактеристика е постојаната затегнатост меѓу: проширувањето во смисла на зголемување на бројот на членките на заедницата Продлабочувањето во смисла на јакнење на степенот на интеграцијата на парцијалните заедници во една поширока и посеопфатна заедница како што е Европската Унија
  • 3. Пример за судирот меѓу наднационални и меѓувладини (меѓудржавни) тенденции Своевремено Советот на министри, централниот орган на ЕЕЗ, според Договорот од 1 јануари 1966 требаше да премине од едногласно одлучување во мнозинско одлучување. Но, француската влада под Де Гол одлучно го одби тоа. Откако потоа кон средината на 1965 не се дојде до согласност за спорното финансирање на аграрот, Таа ги повлече своите претставници во Советот за да спречи донесување одлуки. Оваа т.н. „Политика на празен стол“ беше првата голема криза на ЕЕЗ. Таа беше разрешена во јануари 1966 со „Луксембуршкиот компромис“. Во него државите-членки се согласија да се откажат од предвиденото мнозинско одлучување, кога се засегнати виталните интереси на една држава. Затоа де факто важеше принципот на едногласност, како што е карактеристично за традиционалните форми на меѓудржавна соработка. Ова значеше јасен засек во историјата на интеграцијата.
  • 4. Европскиот суд (ЕС) како фактор во наднационални тенденции ЕС даде предност на правото на заедницата пред националното право. Националните судови без вклучени во ЕУ- судството со тоа што беа охрабрени да се јават во ЕС при нејаснотии по прашања во правото на ЕУ. На тој начин со Европскиот суд беше создаден еден правен поредок, кој беше сличен на оние од националните системи, беше над сето тоа што дотогаш беше познато од доменот на меѓудржавните односи. Тој правен поредок стана препознатлива карактеристика за единственоста на ЕЕЗ.
  • 5. Преговорите за Договорот од Мастрихт беа многу тешки Во процесот на дизајнирање на идното Европско заедништво посебно значење има договорот за основање на Европската Унија од 7 февруари 1992 година во Мастрихт. Преговорите беа исклучително тешки заради различните интереси и донекаде јасните разлоки во претставите на државите-членки по прашањето дали и како Европското заедништво треба да се развива понатаму. Континуираниот отпор на Велика Британија кон секаков вид ширење на социјално-политичката компонента на Заедницата и нејзиното противење да се вклучи во планирата монетарна унија, мораа да бидат обработени од страна на самите шефови на држави и влади на самитот во Мастрихт. А, дури и овде договорањето беше можно само со голем број исклучоци и дополнителни протоколи.
  • 6. Проблеми со ратификацијата на Договорот за ЕУ Договорот од Мастрихт беше одбиен во јуни 1992 на референдумот во Данска, со сосем тенко мнозинство од 50,7 наспроти 49,3 проценти, со што целиот проект повторно се доведе во прашање, бидејќи сите држави- членки мора да ја одобрат примената на договорот. Дури по натамошни преговори и концесии за Данска, следното гласање во мај 1993 го донесе саканиот успех (56,8 наспроти 43,2 проценти). Но, проблеми со потребното одобрување имаше и во другите држави-членки. Тука се мисли, на навистина тенкиот исход на еден референдум во Франција (51,05 наспроти 48,95 проценти во полза на „за“) или тужбите против Договорот во Германија, кои биле одбиени од страна на германскиот Сојузен уставен суд дури во октомври 1993. Сето ова доведе до тоа Договорот за унијата да влезе во сила со значително задоцнување на 1 ноември 1993 година.
  • 7. Новини на Договорот од Мастрихт Со договорот од Мастрихт беше формирана една нова организација на Европската унија, која, како што е прикажано на сликата, опфаќа три столба под еден ист, заеднички кров.
  • 8. Европската Унија како градба која се темели на три столба EЗ-столбот, значи соработката што се потпира на Парискиот договор (ЕЗЈЧ), Римските договори, како и на EEA, кој сега, со Договорот од Мастрихт доживува неколку важни дополнувања и промени. Заедничка надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) како „втор столб“, со кој понатаму се развива меѓудржавната соработка во областа на надворешната политика и истата се поставува на договорна основа. Соработката во областите правда и внатрешни работи како „трет столб“. И таа не е создадена од ништо, туку тематизира веќе постојни, но и мошне рудиментарни приоди на европско усогласување во овие полиња.
  • 9. Од Договорот од Мастрихт до Договорот од Амстердам Веќе во јуни 1994 година, значи само половина година по влегувањето во сила на Договорот од Мастрихт, беше ангажирана таканаречена рефлексивна група за подготовка на владината конференција од 1996. Врз основа на нејзиниот извештај, Европскиот совет во март 1996 година ја утврди работната програма за конференцијата.
  • 10. Договорот од Амстердам Процесот на реформи со рефлексивната група и владината конференција се влеа во Договорот од Амстердам како нова голема договорна ревизија, по Договорот од Мастрихт. Тој беше потпишан во 1997 и влезе во сила на 1 мај 1999. и донесе неколку суштински новитети во сите три столба на ЕУ.
  • 11. Подготовката за проширувањето на Исток без успех Од друга страна не може, а да не се забележи дека Договорот од Амстердам не исполни една од своите главни цели, подготовката на ЕУ за проширувањето на Исток. Со тоа, според многу критичари, Договорот од Амстердам не му беше „дораснат“ на огромниот притисок од проблеми и загуби уште една можност за одржливо продлабочување на интеграцијата, што беше уште потешко бидејќи требаше да не ја „промаши“ историската можност за создавање на целосна Европа што се овозможи по епохалните промени од 1989/90.
  • 12. Теми на владината конференција 2000 година во Ница Само после неколку месец по влегувањето во сила на Договорот од Амстердам, се одржа меѓувладина Конференцијата во Ница која се занимава со прашањата, кои не можеа да бидат решени во Амстердам, или подетално: големината и составот на Комисијата на ЕУ; тежењето на гласовите во Советот на ЕУ; можно проширување на одлуките со квалификувано мнозинство во Советот на ЕУ;
  • 13. Одредбите на Договорот од Ница Што се однесува до големината и составот на Комисијата, Договорот предвидува секоја држава-членка од 2005 година да поставува само по еден член во Комисијата на ЕУ. Со пристапувањето на 27-та држава-членка (Бугарија и Романија) се ограничува бројот на комесари (тој мора да биде под 27). За обезбедување на ист третман на сите држави-членки треба да се воведе ротациски систем.
  • 14. Донесување на устав на Европската Унија На 4 октомври 2003, под претседателство на Италија започна владината конференција, која требаше да дебатира за предлог на Устав на ЕУ и да го донесе до Самитот во Брисел на 13 декември 2003. И покрај големата надеж не се успеа да се постигне договор и тоа поради длабоките разлики во мислењата за составот на Комисијата и распределбата на гласовите кај одлуките со квалификувано мнозинство после жестока караница помеѓу Шпанија и Полска од една страна и другите земји, особено Германија и Франција од друга страна.
  • 15. Октомври 2004: Потпишување на Договорот за устав По исклучително тешки дебати, на 18 јуни 2004 конечно се постигна договор. Свеченото потпишување од страна на шефовите на држави и влади како и нивните министри за надворешни работи се одржа на крајот од октомври во истата сала, во која пред точно 50 години беа потпишани договорите за основање на ЕЕЗ.
  • 16. Процес за ратификација за Договорот за устав Во ноември 2004 започна и процесот на донесување на уставот од страна на 25 држави-членки, во поголем дел преку парламентарна постапка, но дел и преку референдуми. • Почетокот го означи Литванија (парламент) веќе во средината на ноември 2004, потоа следуваа • Унгарија (парламент, 20 декември 2004), • Словенија (парламент, 01.02.2005), • Италија (парламент,06.05.2005), • Грција (парламент, 19.04.2005), • Словачка (парламент, 11.05.2005), • Шпанија - првата земја со референдум - (76,73%: да;17,24: не; потврдено од страна на парламентот на 19.05.2005) • Австрија (парламент, 25.05.2005) како и • Германија (парламент, 27.05.2005).
  • 17. Ниски удари за проектот „Европски устав“ Но, потоа следуваа два ниски удари едноподруго за проектот „Европски устав“, кои предизвикаа, уставот да не може повеќе да се реализира во постојната форма. Од една страна референдумот во Франција на 29 мај 2005 година, во кој беше одбиен Договорот за устав со јасно мнозинство од 54,87% (против) наспроти 45,13% (за) при забележливо учество во гласањето од 69,74%. А само неколку дена подоцна, референдумот во Холандија, на кој гласаа дури 61,8% против и само 38,2% за. И тоа во две членки-основачи на ЕЕЗ! Со тоа избирачите им сигнализираа на своите влади јасно „стоп“; дека на ЕУ повеќе не и се дозволува да постапува така и понатаму и едноставно да го пречекорува дневниот ред. И јасното „за“ на референдумот, одржан на 10 јули 2005 во Луксембург, не смени ништо. Така ни се поставуваат две прашања. Како прво, прашањето за причините за ова одбивање; и како второ, прашањето за последиците.
  • 18. Како понатаму? Дали сознанијата за развојот на ЕУ би можеле да помогнат за да се одговори на ова прашање и да можеме да даваме прогнози за нејзиниот натамошен развој. Во секој случај веројатноста дека 27 држави- членки, ќе можат заеднички на ваков начин да одат понатаму е намалена од претходно споменатите причини. Освен тоа, во случаите, во кои задолжително е неопходна едногласност - на пример кај барањата за пристапување на други земји - реакциите се поконзервативни отколку досега. Тоа најмногу се однесува на разговорите со Турција како и со државите од Балканот.