Successfully reported this slideshow.
We use your LinkedIn profile and activity data to personalize ads and to show you more relevant ads. You can change your ad preferences anytime.

алтернативни извори на енергија

15,287 views

Published on

презентација за неконвенционални-обновливи алтернативни извори на енергија

• Be the first to comment

алтернативни извори на енергија

1. 1. Алтернативни извори на енергија
2. 2. Алтернативни извори? Потребен ресурс

Европскиот начин на живот сеуште е зависен од фосилните горива(конвенционален извор на енергија). Од овие горива кои се создале пред многу години веќе пола од нив се искористени, но како и да е за неколку декади овие горива нема да постојат. Со тоа ќе виде потребно Европа да развие сигурни извори на енергија кои што се непресушни како што е енергијата од сонцето, ветер, вода и енергетски постројки. Обновливата-алтернативната енергија не е ништо ново бидејќи со векови веќе се започнало пронаоѓањето на начини како да се искористат на најдобар начин овие извори. Ресурсите-материјалите на алтернативната енергија не се промениле, но технологијата сигурно се променила, така што се создаваат поефикасни технологии со кои се доаѓа до енергијата од алтернативните извори, кои не произведуваат јаглеродни гасови кои го предизвикуваат глобалното затоплување.

3. 3. Што претставуваат алтернативните извори на енергија?

Овие извори всушност претставуваат неконвенционални односно алтернативни,обновливи извори на енергија кои ги има насекаде околу нас, а ние сме тие кои што треба да пронајдеме или е веќе пронајден начин за квалитетно,ефикасно и ефективно искористување. Во оваа група спаѓаат :

Ветер

Сонце

Биомаса

Морски бранови

Тидална (плима-осека)

Геотермална

4. 5. Колку се штетни или корисни овие извори?

Овие алтернативни извори на енергија имаат своја позитивна и негативна страна која на некој начин дава потик за подобар живот, односно дека со нивно губење и неправилно користење целиот свет би бил ставен во едно големо праш a ње за тоа како да се дојде до задоволителни и ефикасни ресурси од овие извори на енергија за да можеме да ги задоволиме нашите потреби, така што со задоволување на нашите потреби, но на правилен начин, би имале подобар и секако поздрав живот.

5. 6. Позитивни и негативни одлики на алтернативните извори

Позитивни одлики на овие извори се :

Влијанието врз животната средина

Неисцрпни односно обновливи

Цената-бесплатна

Важна улога во смалувањето на емисијата на јаглерод диоксид

Негативни одлики се :

Достапни во ограничено време

Имаат релативно мал енергетски потенцијал

6. 7. Хидроенергија

Хидроенергијата е голем извор на енергија во повеќе европски земји. Хидроенергијата претставува примена на потенцијалната или кинетичката енергија на водата. Со поимот хидроенергија се опфаќа секоја можност која е искористена од струењето на водата.

Браните или хидроцентралите се користат за правење на некој начин резервоари така што водата се пропушта низ стрмно поставени цевки и ги движи турбините кои ја произведуваат електричната енергија.

7. 9. Сончева енергија

Енергијата од сонцето во вид на сончева светлина-енергија го одржува скоро целиот живот на Земјата преку фотосинтеза и ја управува земјината клима и време.

Сончевата енергија веќе подолго време станува еден многу важен ресурс. Така што неопходно е воведување на мерки на оваа енергетска ефикасност, така што би се зголемил процентот на искористување на оваа енергија.

Дека технологијата помага во сето овај план се и многубројните конструкции кои се покажале добро.Сончевите панели кои се користат доста многу ја претвораат сончевата во електрична енергија. Соларната термална енергија се користи за обезбедување на топлина и топла вода, така што цевките ја апсорбираат сончевата енергија и преку цевките ја пренесуваат во резервоарот за вода.

8. 11. Ветерна енергија

Начинот за искористување на ветерната енергија потекнува од пред многу години и декади, но сепак останал доследен на својата ефикасност и ефективност. Оваа енергија со ветраните се користела за мелење на жито и кај бродовите за превезување на стока и луѓе околу светот. Но, сепак современите денешни ветерни турбини се многу ефикасни и сега произведуваат електрична енергија за илјадници домови во Европа.

Но, сепак произведувањето на енергија на ваков начин зависи од фактори кои и до некаде си сносат и свои последици како што се брзината на ветерот и густината на воздухот.

9. 12. Ветерна енергија*

Енергетски извор

Погонска машина

Електрична машина-генератор

Мрежа корисник

10. 14. Биомасата

Биомасата претставува една од најразновидните од обновливите извори на енергија. Биомасата претставува енергија од биолошките супстанци а нејзини извори се дрвените остатоци, остатоци од храна, сточни остатоци и индустриски култури. Како што природните сили ги претвориле праисториските шуми во нафта, јаглен и гас, така и напредната технологија може да се искористи за претворање на биомасата во цврсти, течни и гасни горива. Дрвото, сламата и некои индустриски култури можат да бидат согорени во термоелектрани за производство на електрична енергија и топлина.

11. 16. Геотермална

Геотермалната енергија се состои во користење на топлината од внатрешноста на Земјата. За користење на оваа енергија се унапредени многу технологии. Има повеќе начини на добивање на геотермална енергија, но најпознат е добивањето со користење на топлата вода која избива или се испумпува со пумпи од внатрешноста на Земјата. Но, овој начин може да биде применет само на некои места на планетата, бидејќи не секаде избива топла вода или може да биде испумпана истата. Овај начин се користи во поразвиените земји како што се САД, Јапонија, Филипините како и во Мексико.

12. 18. Тидална (плима-осека)

Енергијата од плима-осека доаѓа од гравитационата сила на Сонцето и Месечината. Сега за сега нема поголеми комерцијални достигнувања на експлоатацијата на оваа енергија, но потенцијалот не е мал. Овај начин се користи на места каде овие морски промени се поизразени, на пример каде што разликата плима-осека е 10 метра. На овие места се изградени електрани кои работат на сличен принцип како хидроцентралите. Лоцирани се најчесто на стеснувањето на некои мориња и достигнуваат до многу големи должини. Сепак овај начин е скоро нов и никоја држава досега не покажала подобар напредок.

13. 19.                                                 најпознатата електрана е на реката Ранц во Франција која е изградена во 1960 и сеуште работи.
14. 20. Изработиле : Кристина Ристевска Мартина Секуловска Оливер Петровски II 7