1. ОУ „Манчу Матак“
– Кривогаштани
Писмена проверка за познавање на македонскиот јазик на кандидатите кои
конкурирале на оглас за вработување
Одговори на следниве прашања со дополнување, допишување или заокружување.
1. Првата словенска азбука се вика ______________________ и била создадена од
___________________________________________________.
2. Кој ја создал кирилицата? _________________________________________________.
3. Колку гласови (букви) има во современата македонска азбука? __________________.
4. 2008 година е прогласена како година за зачувување на _______________________
писмо.
5. Кој македонски творец и со која книга има најголемо значење за македонскиот
литературен јазик?
________________________________________________________________
6. Граматиката на македонскиот литературен јазик ја напишал истакнатиот македонски
писател и академик:
а) Васил Иљоски
б) Блаже Конески
в) Славко Јаневски
7. Колку самогласки постојат во македонскиот литературен јазик и кои се тие:
___________________________________________________________.
2. 8. Во која група на јазици спаѓа македонскиот јазик:
а) јужната јазична група
б) западната јазична група
в) источната јазична група
9. Акцентирај ги следните зборови:
- прв; дрво; книга; слобода; слободата
- Рено; дефиле; тераса; телевизор
- читајќи; пеејќи; со мене; пред тебе
10. Подвлечи ги оние зборови кои се членувани:
ученици куќата училиште децава празников книга
11. Корегирај ги оние зборови кои се неправилно напишани:
забче ___________; граф ____________; снег _____________;
учефме ___________; че ______; гратски ___________ педти ___________
одтогаш ___________; образ ____________ фторник _________________
евтино _____________ овца ___________.
12. Кој стил на пишување се употребува при пишувањето на научните книги по
биологија, математика, физика и други?
________________________________________________________________
13. Поправи ги грешките при употребата на големата буква.
На илинден во Крушево Востаниците на чело со питу Гули и Никола карев
се бореа на мечкин камен. тоа се случи во Август 1903 Година.
3. 14. Употреби ги правилно правописните знаци во дадениот текст!
Блаже Конески рече Се додека го имаме јазикот ќе ја имаме татковината
15. Заокружи ја песната која ја напишал поетот Кочо Рацин!
а) „Везилка“
б) „Кога ја љубев Дениција“
в) „Елегии за тебе“
16. Драмата „Чорбаџи Теодос“ ја напишал:
а) Антон Панов
б) Васил Иљоски
в) Војдан Чернодрински
...................................................................................................................................................
Клуч за оценување: За успешно помината писмена проверка се смета доколку точно
се одговори на најмалку 60% од поставените прашања.
Мислење на комисијата:
__________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________
Комисија:
Трендафилка Клекачкоска _______________________
Илија Клекачкоски ______________________________
Роза Бурнеска _________________________________
Директор:
___________________
Светлана Костадиноска
Кривогаштани, ____________