2. С О Д Р Ж И Н А
1. Вовед----------------------------------------------------------------------------3стр
2. Главен дел---------------------------------------------------------------------4стр
2.1 Изработка на НУ машини----------------------------------------4стр
2.2 Разработка на технолошки процес---------------------------4стр
2.3 Пресметка на режим на режење-------------------------------6стр
2.4 Видови на програмирање----------------------------------------6стр
2.5 Фактори кои влијаат врз работата на тех.процес------11стр
3. Заклучок------------------------------------------------------------------------12стр
4.Користена литература------------------------------------------------------13стр
2
3. Вовед
Со управувањето на машини која е целосно или делумно поврзана со
компјутерска помош со однапред приготвена програма е познато како
компјутерско нумеричко управување (CNC – Computer Numerical Control).
Класичните, стандардните или конвенционалните машини, кои се дополнети со
специјални мотори, сензори и управувачки единици претставуваат нумерички
управивани машини алатки (НУМА).
Иако е постигнато високо ниво на примена на информатични технологии
во прозиводните процеси кога се во прашање проектирање на производи и
инжињерски пресметки и анализи во областа на проектирање на CNC
технологија, квалитетот на програмата на NC сеуште зависи во голема мера од
анализата и искуството на инжењерот.
3
4. Главен дел
Во проектирањето на технолошкиот процес на нумеричките машини,
прва подготвителна фаза е технолошката подготовка.
Избор на делови за обработка на НУ машини
Најекономично е на НУ машините да се обработуваат делови кои теба
да се обработат сложени внатрешни и надворешни површини, голем број на
различни отвори и таму каде што се бара зголемена точност на обработката.
Анализа на технологичноста
Анализа на технологичноста на делото што треба да се обработува се
определува врз основа на самата обработка која треба да се издаде со
бараната точност.
Технолошко прилагодување на цртежот
Технологот треба цртежот на делот да го приспособува на барањата на
обработка на НУ машина. Тоа се однесува на правилно котирање и
поставување на проекциите кои одговараат на положбата на работниот во
уредите за стегање. При изработка на елови со релативно едноставна контура
каде алатото не ги менува често правецот и насоката на движење, најчесто се
применува апсолутно програмирање.
Разработка на технолошкиот процес на НУМА
Проектирање на технолошкиот процес
Една од најсложените задачи кои се решаваат ри проектирањето на
технолошките процеси е определувањето на редоследот на работата. При
изработката на технолошката програма се користи цртежот на делото, цртежот
на појдовното парче, картата на машината, стандарди, каталози на резниот,
мерниот и помошниот алат и према, нормативи за режимите на режење,
типични технолошки процеси. Разработката на технолошкиот процес се состои
од определување на редоследот на операциите и зафатите, одредувањето на
4
5. режимите на обработка, формирањето на листи на потребн резен, мерен и
помошен алат и опрема.
Избор на појдовно подрачје
При определувањетоо на димензиите на појдовното подрачје може да се
земат помали додатоци за обработка со оглед на големата точност на
обработка со нумерички машини.
Избор на методи за обработка, број и редослед на операциите
Почнува детална анализа на работничкиот цртеж, при што се утврдува
во колку операции мора да се извршии обработката, односно се определува,
видот, бројот и редолседот на операциите.
Формирање план на стегање
Сите положби на делот во однос на алатот се прикажуваат со
определени скици кои се нарекуваат планови на стегање. На овие планови
еднозначно се означува положбата на делото, се обележуваат координатните
оски и се внесуваат неопходните мерки и да се прикажат уредите за стегање.
Формирање план на алатот
Димензионото дефинирање на алатот претставува прецизно
определување на положбата на врвот на сечилото во однос на референтната
точка на држачот на алатот. Сите алатки кои се користат во процесот на
обработка се внесуваат во посебен образец кој се нарекува план на алатот. Во
него се внесуваат поважни податоци за соодветна машина и делот што се
обработува. Врз основа на овој план се приставува кон подготовка на алатот
односно преднагодување вон машината на специјалниот уред за
прилагодување на алатот.
Планот за обработка опфаќа дефинирање на:
-работното место (видот на машината)
-список на операции,
5
6. -редослед на зафати,
-дефинирање на премините,
-броеви на вртежи,
-вредност на чекорот,
-измена на алатот,
-средство за ладење.
Пресметка на режимот за режење – помест, брзина на режење,
длабина на режење
Постојат три начини на за определување на режимите за обработка:
аналитички, табеларен и графички. Кај машините со адаптивно управување,
управувањето на поместот е во функција со оптовареноста на сечилото.
Проектирање на патот на алатот
Патот на алатот всушност се дефинира со патот на врвот на алатот.
Доколку во процесот на режење дојде до затапување на врвот, тоа мора да се
земе во предвид со корегирање на патот на алатот.
Пресметка на времето за обработка
Мерењерто на работното време порано кај нумеричките машини било
рачно, но денес кај новите СNC системи пресметката (мерењето) на
обработката се изведува во самата управувачка единица во која постои тајмер
кој го мери времето помеѓу почетокот и запирањето на програмата.
Програмска листа
Добиените податоци од досегашната постапка, следува компјутерско
тестирање на програмата, прво преку компјутерска симулација а потоа на
самата машини.
Видови на програмирање
Програмот на НУ машините и алатки треба да биде оптимален, економичен и
без грешки. Програмирањето на работниот процес на нумерички управувани
6
7. машини се состои од зафати на систематизаија на информациите за
обработка, нивното пишување по одреден редослед и код според правилата на
програмскиот јазик во форма на управувачка програма.
Постојат три начини на програмирање:
-Рачно програмирање,
-Полуавтоматско,
-Автоматско (компјутерско) програмирање.
Без разлика на кое програмирање се работи, НУ машините ги добиваат сите
потребни информации за автоматска обработка на некој елемент. Тоа се
информации за потребните главни и помошни движења, информации за
автоматска измена на алатите и обработката, за почеток и крај на програмата.
7
8. Пред внесувањето на програмот за работа во НУ машината треба да се изедат
следните активности:
-Подесување на машината спрема листата за подесување, тоа се
потребни алатки и нивните држачи.
-За машините кои не се опремени со апсолутни мерни систем, после
подесувањето, клизачите се доведуваат до нула точка, поради усогласување
на мерниот и управувачкиот систем.
-Во случај да откаже алатот, машината мора да биде спремна да ја
прекине програмата за обработка. После замената на латот или обртот на
плочите, програмата треба да стартува од првиот главен блок пред времето
кога прекинал процесот на обработката.
-Симулацијата на процесот на обработка треба да овозможи
верификација на квалитетот на програмата.
Рачно програмирање
Рачното програмирање пронашло
примена во почетните фази на НУ
машините. Денес има примена во
работни организации кои имаат мал
број на НУ машини. Кај овој начин на
обработка сите геометриски и
технолошки задачи се реализираат со
изработка од страна на програмер-
технолот. Рачното програмирање
започнува со зимање на податоци од
цртеж и пресметување на податоците
во број на зафати, во длабочина и
брзина на растегнување, брзина на
помошно движење, потоа и
8
9. податоците за алатот и проборот за стегање. Програмирањето во машински
јазик, односно програмирањето дирекно во бинарен код е обемно и сложено.
Кај поновите нумерички системи СNC, се употребува проблемски програмски
јазик. Компјутерот во управувачката единица е тој што наредбите од
програмата ги претвара во бинарен код, врз основа на тој код се формираат
управувачки сигнали за управуање на погонскиот систем на машината, односно
работните органи на машината.
Полуавтоматско програмирање
Тоа се остварува со помош на компјутер со помал капацитет, кој прави
обработка на влезните геометриски информации, односно го дефинира патот
на врвот на алатото или патот на движењето без користење на компјутер.
Автоматско програмирање
Тоа се остварува со помош на компјутер со голем капацитет, со што се
скратува времето на изработка на програмата и се смалува можноста за
грешка. Кај автоматското програмирање компјутерот покрај геометриските
информации обезбедува и автоматско дефинирање на технологијата.
Автоматски се прави избор на алати од постојаните бази на податоци и
автоматско пресметување ма режими на обработка.
Предности од примената на автоматското програмирање кај НУМА се:
-Брза и евтина изработка на програмата,
-Програмите се кратки и независни од производителот на
машината,
-Помала е можноста за внес на погрешни информации со
пресметувањето,
-Подобро се искористува програмерот,
-Овозможено е управување и со просторни системи за обработка.
За автоматско програмирање се користат специјализирани CAD/CAM
софтверски апликации. И за полуавтоматско и автоматско програмирање се
употребуваат проблемски програмски јазици.
9
10. Основни функции на САМ системите поврзани со планирање на производно
технолошкиот процес се:
-Генерирање на подготовката,
-Креирање и користење на базата на
податоци и каталогот на режим и алати,
-Пресметка на времето на изработка,
-Генерирање на НУ програмата,
-Симулација и визуелизација на
процесот на изработка,
-Генерирање на произведните
документи,
-Брза иработка на прототипови.
Кај полуавтоматско и автоматско програмирање постојат две фази:
-Подготовка на програмата за компјутерот (ја подготвува програмер),
-автоматско претварање на таа програма во програма за НУМА.
За изведување на овие две фази во компјутерот постојат два посебни
програми: процесор и постпроцесор. Со процесорот се обработува програмата
и се претвара во машински јазик – бинарен код, а со постпроцесорот добиените
податоци од процесорот се приспособуваат на конкретниот тин на управување
на CNC машината (FANUC, SIEMENS, MAZAK)
FANUC SIEMENS MAZAK
10
11. Фактори кои влијаат врз разработката на технолошкиот процес
Крутост – е однос помеѓу статичка сила која дејствува во правец нормален на
обработуваната површина. Статичката крутост се мери во N/µm.
Темпрературни деформации – Во зоната на режење вкупната енергија
потребна за остварување на кинематиката и процесот на режење се претвара
во топлинска, а последиците се негативни бидејќи се загрева системот за
обработка. Краен резултат е влошување на точноста и квалитетот на
обработка, постојаноста на алатот, економијата на процесот и сл.
Абење и постојаност на алатот – Високите притисоци и високите
температури на контактните површини како и високите релативни брзини на
спрегнатите парови претставуваат основен услов за интензивен развој на
процесот на абење на алатот.
Абењето може да биде:
Абразивно абење- го условуваат микрокомпонентите во материјалот на делот
што се обработува.
Атхезивно абење – го карактеризира создавањето на цврсти метални врски.
Дифузно абење – се јавува при високи температури на режење(700-800ºС).
Абење поради замор на материјалот – се случува поради замор на
површинските слоеви на материјалот.
Точност на обработка – претставува степен на совпаѓање на обработените
делови со претходно определен етанол. Тука спаѓаат:
-Точност на мерките,
-Точност на формата на површините и
-Точност на меѓусебните односи на две или повеќе површини.
Додека квалитетот на обработените површини се определува во однос на:
-Рапавоста,
-Брановидноста,
-Физичко-механичките својства на површинскиот слој.
11
12. Заклучок
Во време на интензивна дигитализација на целосниот живот, па и
производниот систем, еден од најголемите предизвици со кој се соочува светот
е областа на производството. Широката употреба на компјутери доведе до
вистински револуции во технологијата. Трансформиран е целосниот процес на
проектирање производи, анализи и производство. Денешниот инжењер треба
да владее со повеќе знаење од претходно, за да може да ги користи сите
постоечки алати, потенцијали и можности на CNC технологијата.
12
13. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
• Програмирање НУМА, Ниш 2011
-Златиза С. Геров
• Софтверска решења CAD/CAM система, Крагујевац 2004
-Девеџиќ Г.
• Возила и механизација, Скопје 2011
-Проф др Тодор Давчев
-Проф др Јанко Јанчевски
• http://www.masfak.ni.ac.rs/sitegenius/article.php?aid=2692
• http://www.scribd.com/doc/57986455/PROGRAMIRANJE-NUMERIČKI-
UPRAVLJANIH-GLODALICA-POMOĆU-CAM-SISTEMA
13