1. Копнени биоекосистеми
Тундри и Пустини
Ментор Изработила:
Проф.Др. Панде Трајков Мери Митевска
Инд.бр:6816
2. Биом представува голема географска област на карактеристични
растителни и животни групи, кои се адаптирани за таа одрдена
средина.Климатскитските услови одредуваат каков тип на биом ке
постои во тој регион.
Главните биоми вклучуваат пустини, шуми, пасишта, тундра, и
неколку видови на водни средини. Секој биом се состои од многу
екосистеми, чии заедници се адаптирани со мали разлики во климата
и животната средина во внатрешноста на тој биом.
Сите живи нешта се тесно поврзани со нивната животна средина.
Секоја промена во еден дел од животната средина, како и
зголемување или намалување на видот на животните или
растенијата, предизвикува доминоефект во регионот на промена
преку други делови на животната средина.
Земјата вклучува огромна разновидност на живите суштества, од
комплекс растенија и животни , едноклеточни организми. Но, големи
или мали, едноставни или сложени, ниеден организам не живее
сам. Секој зависи на некој начин на другите живи и неживи работи
во неговата околина.
3. Тундра представува растителна формација од
видови кои се прилагодени да живееат во
сурови услови.Тундрата е огромна површина
без дрвја и зафаќа 20% од копното .
Тундрата е позната по нејзиниот смрзнат
пејсаж ,екстрено ниските температури ,
силните ветрови ,мала количина на
врнежи,почвата е сиромашна со хранливи
материи и тундрите имаат доста кратка
вегетациона сезона.
4. Тундрата се дели на три типови и тоа :
Арктичка
Антарктичка
Алпска тундра
Заеднички одбележја за сите овие се : екстремно
ладната клима, малиот биодиверзитет , кратка
сезона на растење и репродукција.
5. Арктичката тундра е лоцирана меѓу 55тиот и 70тиот степен
северна географска ширина. Ваквата локација доведува
зимите да се доста долги и ладни , со тоа што средната зимска
температура е околу - 34 ̊С , а за разлика од зимите летата се
кратки со средна летна температура од 3 - 12 ̊С , а сезоната за
растење и репродукција трае 50 - 60 дена,
Сумата на годишните врнежи варира во зависност од
оделните региони и достигнува од 150 - 250 мм .Почвата
бавно се формира на длабочина над 20тина см. и таа е
смрзната во текот на целата година.Во летата водата од
истопените снегови и евентуалните дождови формира езера и
мочуришта.Поради ваквите климатски услови вегетацијата е
адаптирана на ладната клима и силните ветрови, така што
растенијата се ниски , живеат во групи а поради кратката
вегетациона сезона репродукцијата е главни вегетативна - со
папки и делење , а мн ретко генеративно.
6. Флората во оваа тундра ја чинат околу 1700
видови , од кои само 400 видови се цветници а
останатите се главно ниски жбунови
, мовови, лишаи и др треви.
Животните во тундрата се адаптирани за живот
во долги ладни зими , па поради недостаток на
храна во зима некои од животните хибернираат
, други мигрираат на југ , а трети акумулираат
големи количини на поткожно масно ткиво .
7. Оваа тундра се појавува по антарктичките
острови јужно од 60тиот степен јужна
географска ширина. Оваа тундра за разлика од
арктичката е многу посиромашна со жив свет
, така што флората се состои од околу 300 - 400
видови , 100тина видови мовови и околу 700
видови водени и копнени алги.
Во антарктичката тундра за разлика од
арктичката не се јавуваат големи цицачи главно
поради физичката изолација на Антарктикот од
другите компоненти.
8. Алпската тундра се среќава по планинските региони по
целиот свет на големите надморски височини каде што
дрвјата не можат да успеваат. Во овој вид тундра
вегетационата сезона е околу 180 дена , но ноќните
температури се околу 0 ̊
Растителниот свет е прилично посиромашен и се среќаваат
само 200 видови алпски растенија кои поради малата
количина на CO2 на тие височини студот и ветерот повеќето од
растенијата се повеќегодишни кои бавно растат и се
размножуваат.
Флората ја чинат остри треви кои растат со бусени , џуџести
дрвја ,ситнолисни џбунови .
Животните кои живеат во алпската тундра се добро адаптирани ,
за да можат што повеќе да ја намалат загубата на телесна топлина
, тие имаат кратки нозе ,кратки опашки ,кратки уши , а поради
помалата количина на кислород нивните бели дробови се
поголеми и со повеќе крвни зрнца и хемоглобин во крвта.
Од цицачите таму се среќаваат : мрмоти, планински кози,овци ,
лосови и др.
Животот во овој биом за човекот е скоро невозможен.
11. Пустините покриваат околу 36,2 % од копното
и се лоцирани од 30 ̊ с.г.ш до 30 ̊ ј.г.ш . Поголем
дел од пустините се на помали надморски
височини како во Африка ,југозападен САД
;Мексико и Австралија, а помал дел на големи
надморски височини како во Утах и Невада и
делови од Западна Азија .
14. Овие пустини се застапени во Северна Америка ,
Северна Азија и Европа.Кај овој тип пустини
летата се умерено долги и суви а средната годишна
температура изнесува од 21- 27 ̊С .Во овие пустини
средните годишни суми на врнежи се движат од 20-
40 мм. Почвите можат да бидат различни,од
песочни со фина текстура, до каменети со слободни
фрагменти од камен.
Растенијата кај овој тип на пустини најчесто се
трнливи за поголемо задржување на влагата во
растенијата.Животинскиот свет во семиаридните
пустини е застапен со ситни цицачи како :
кенгурест глушец и зајак , некои инсекти, рептили
и птици.
15. Овие пустини ги има во Северна и Јужна Америка
, а најголем пример е пустината Атакама во
Чиле.Кај овој тип на пустини зимите се ладни а
летата умерено долги и топли, така што средната
летна температура на воздухот е од 13 до 24 ̊С , а
средните зимски се околу 5 ̊С и нешто пониски.Во
оделни делови средната госишна сума на врнежи е
од 80-130 мм. , а почвите се со фина текстура и со
умерена содржина на сол.Како резултат на овие
услови растенијата се ситно жбунести и повеќето
од нив се одликуваат со простран коренов систем
кој е сместен близу до површината на земјата за да
може да ја искористи секоја капка дожд.Во овој тип
на пустини се среќаваат и малку покрупни цицачи
како којот, јазовец, некои водоземци, птици и др.