Successfully reported this slideshow.
We use your LinkedIn profile and activity data to personalize ads and to show you more relevant ads. You can change your ad preferences anytime.
Изработиле : Тина Манолева Филомена Јованоска Филип Тупанчески ВЕНЕРА
Содржина

Вовед

Структура

Географија на Венера

Карактеристики...
Вовед Венера  е втората по близина планета до Сонцето и орбитира секои 224,7 земјини денови. По Месечината е вториот најсј...
Структура Венера е една од четирите земјовидни планети, што значи дека исто како и Земјата таа е камено тело. Во големина ...
Географија на Венера Вулканските рамнини ги сочинуваат 80% од површината на Венера. Два високи континенти го сочинуваат ос...
Митологија

Древните луѓе за Венера рекле дека е комета. За неа зборувале како за долгокоса, брадата и маѓепсана ѕв...
Карактеристики Венера околу Сонцето се завртува за 224,7 дена а околу својата оска се завртува за 117 дена. Венера се движ...
Крај
Upcoming SlideShare
Loading in …5

Presentation венера

391 views

Published on

Венера

Published in: Education
• Be the first to comment

• Be the first to like this

Presentation венера

1. 1. Изработиле : Тина Манолева Филомена Јованоска Филип Тупанчески ВЕНЕРА
2. 2. Содржина

Вовед

Структура

Географија на Венера

Карактеристики

Митологија

3. 3. Вовед Венера  е втората по близина планета до Сонцето и орбитира секои 224,7 земјини денови. По Месечината е вториот најсјаен објект кој може да се види на ноќното небо. Максималната видливост планетата ја има предизгрејсонце и малку по зајдисонцето. Затоа често се именува како утринска ѕвезда или ѕвезда вечерница. Името Венера доаѓа од името на Римската божица на љубовта - Венера. Многу од нејзините географски карактеристики го носат името на мистични и славни жени од историјата.
4. 4. Структура Венера е една од четирите земјовидни планети, што значи дека исто како и Земјата таа е камено тело. Во големина и маса е приближна како и Земјата и често се идентификува како нејзина сестра близначка. Дијаметарот на Венера е само 650 km помал од оној на Земјата, а нејзината маса е 80% од земјината. Сепак има голема разлика во атмосферите на двете планети. Атмосферата на Венера е исполнета сојаглерод диоксид, за разлика од Земјата. Венера е многу топла бидејќи сета топлина што ќе ја прими од сонцето не оди нагоре, туку се собира во атмосферата. За тоа зборува прикажаната слика. Венера од Сонцето е оддалечена околу 108,2милиони km. Има пречник од 12.104 km. Просечната температура изнесува 480 °C. Едно деноноќие трае 117 земјини денови, една година трае 225 земјини денови. Венера нема природни сателити.
5. 5. Географија на Венера Вулканските рамнини ги сочинуваат 80% од површината на Венера. Два високи континенти го сочинуваат остатокот од површината. Едниот лежи на северната хемисфера и е наречен Иштар Тера, по Иштар, вавилонската божица на љубовта. Овој континент е со големина наАвстралија. Максвел Монтес, највисоката планина на Венера, се наоѓа на овој континент, а нејзиниот врв се издига 11 километри нд површината на Венера. Вториот континент е наречен Афродита Тера, по грчката божица на љубовта, и е поголем, со големина на Јужна Америка. Поголемиот дел од вој континент претставува мрежа од пукнатини и расади. Покрај кратери, планини и долини, Венера има и голем број уникатни формации на површината. Меѓу другите, тука се вулканските формации со тапи врвови, наречени фара, кои наликуваат на палачинки со ширина од 20-50 километри,и висина од 100 - 1,000 метри. Потоа, постојат радиални, ѕвездолики системи од процепи наречени новае; формации со радијални и кноцентрични процепи кои наликуваат на пајакова мрежа, па затоа се наречени арахноиди; и корни, кои што претставуваат кружни прстени од процепи кои понекогаш се обиколени со депресии. Сите овии формации се вулкански по потекло.
6. 6. Митологија

Древните луѓе за Венера рекле дека е комета. За неа зборувале како за долгокоса, брадата и маѓепсана ѕвезда. Зборувале дека Венера зема форма на божица во својата убавина и во својот ужас, дека била огнен змеј кој ја нападнал Земјата.

7. 7. Карактеристики Венера околу Сонцето се завртува за 224,7 дена а околу својата оска се завртува за 117 дена. Венера се движи спротивно од правецот на кој се движат останатите планети од Сончевиот систем. Гледано од површината на Венера, Сонцето изгрева на запад, а заоѓа на исток.Хемијата на Венера ја крши постоечката теорија за формацијата на планетите. Горната атмосфера на Венера ја карактеризира екстремен ветар, побрз од ротацијата, а мирниот долен слој на атмосферата покажува постојани молњи. Планетата е покриена со сто илјади вулкани кои потполно ја измениле површината на планетата во поновиот геолошки период. Венера има опашка слична на опашка од комета, а се пружа на четириесет и пет милиони километри во вселената. Опашката на Венера ја открил сателитот SOHO, кој е во орбитата на Земјата, а податокот е објавен во 1997 година .
8. 8. Крај