4. ВУЛКАНИТЕ НА ВЕНЕРА На Венера, може да се забележат воглавно вулкански пејсажи. Судејќи според промените, може да се заклучи дека дел од тие вулкани и денес се активни. На површината не можат да се забележат бројни кратери како кај Месечината и Меркур, што не значи дека Венера не била бомбардирана од метеори.
5. КАКО РОТИРА ВЕНЕРА? Во споредба со повеќето други планети во Сончевиот Систем, Венера има необична ротација околу својата оска. Најголемиот дел од планетите ротираат проградно - од запад кон исток, а Венера ротира ретроградно - од исток кон запад. Нејзината бавна ротација околу својата оска трае 243 земјнини денови.
6. ЗАНИМЛИВОСТИ Денот на Венера трае подолго од годината. Атмосферскиот притисок на површината е 90 пати поголем од атмосферскиот притисок на површината на Земјата на морско ниво, што би значело дека чувството да се стои на површината на Венера е приближно исто како да се стои 1000m под морското ниво. Ако се суди според големината, Венера слободно може да се нарече сестра на Земјата.