MONOGRAPH First Children's Embassy in the World MEGJASHI 1992-2022 , 30 year...
ВТОР ПРОДОЛЖЕН РОК за TOR - преведувач(к)и македонско-англиски и англиски-македонски.pdf
1. Проектот „Место за растење: Општини посветени на децата” е финансиски поддржан од страна на Европската Унија.
Изразените ставови и мислења се на организациите кои го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите
и мислењата на Европската Унија
ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ПРЕВЕДУВАЧ(К)И ОД МАКЕДОНСКИ
ЈАЗИК НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК И ОД АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
I. Општи информации
Првата детска амбасада во светот Меѓаши (Меѓаши) објавува повик за ангажирање
преведувач(к)и кои ќе вршат превод за потребите на Проектот: „Локална самоуправа за градови
и заедници по мерка на децата“.
Меѓаши е граѓанска организација чија мисија е да ги застапува и заштитува правата на
децата, поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското
движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите
во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование, развивајки
активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува раличностите и
еднаквите можности за сите.
Мандатот на Меѓаши е заштита и одбрана на детските права преку што се стреми кон
остварување на својата визија за „Поправеден свет за секое дете“. Овој мандат е отелотворен
во секоја активност, програма или проект што Меѓаши го спроведува, во секоја иницијатива за
застапување на правата на децата и во секоја услуга што организацијата ја обезбедува.
II. Општи информации за проектот
Од февруари 2023 Меѓаши во партнерство со Центарот за семејно и детско
згрижување КМОП Скопје (КМОП) го реализираат проектот „Локална самоуправа за градови и
заедници по мерка на децата“. Проектот е поддржан од општините Виница, Дебар, Гостивар,
Велес и Кисела Вода и Заедница на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС).
Проектот „Локална самоуправа за градови и заедници по мерка на децата“ е 30
месечен проект, почнувајќи од февруари 2023 година до јули 2025 година. Проектот е
финансиран од Делегацијата на Европската Унија во рамки на локалните шеми за поддршка на
граѓанското општество на Европскиот инструмент за демократија и човекови права.
Општата цел на проектот е да се зајакнат заложбите на локалните власти за
унапредување на правата на децата и учеството на децата во локалното планирање, во пет
општини во Македонија: Виница, Дебар, Гостивар, Велес и Кисела Вода.
Потребите за зајакнување на услугите за децата на локално ниво беа адресирани во
последните заклучни согледувања од Комитетот на ООН за правата на детето. Освен што
недостига национален стратешки документ за унапредување и заштита на правата на децата,
таков недостиг има и на локално ниво, односно ниту една општина нема локален акциски план
за правата на децата. Проектот ги опфаќа токму овие критични прашања, а преку спроведените
2. Проектот „Место за растење: Општини посветени на децата” е финансиски поддржан од страна на Европската Унија.
Изразените ставови и мислења се на организациите кои го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите
и мислењата на Европската Унија
активности ќе им обезбеди на општините алатки за одржливост. Проектот ќе придонесе кон
промовирање и заштита на правата на детето преку:
а) зајакнување на капацитетите на претставниците на локалните самоуправи за правата на
децата, учество на децата и сеопфатно локално планирање за децата;
б) зајакнување на воспитно - образовните знаењаа и вештини за раниот детски развој и грижа
како и јакнење на училишниот персонал во планирањето и спроведувањето консултации со
децата за прашања од локално значење;
в) поддршка на локалните самоуправи во развивањето и операционализацијата на локални
стратегии за правата на децата преку партиципативни процеси, засновани на најдобрите
практики во ЕУ;
г) воведување алатки за ефективно следење на правата на децата на локално ниво;
д) подигање на свеста за правата на децата и важноста на локалното планирање за
унапредување на состојбата со правата на децата.
III. Цел
Целта на оваа активност е да се овозможи потребните „излезни“ материјали да бидат
објавени на македонски јазик и англиски јазик, како би биле достапни за што поширока група
на корисници.
IV. Задачи, одговорности и временски рокови
Потребите за превод ќе бидат потребни за време на целиот пердиод на трање на
проектот до јули 2025 според динамика усогласена со вклучените страни, како и роковите
определени од другите чинители во процесот. Поконкретно, процесот подразбира неколку
задачи што треба да ги заврши преведувачот/чката, наведени подолу во табелата.
Бр. Задачи Производ
Број на
страни
Рок за
испорака
1
Преведување на содржина на
Публикација на клучните
заклучоци од меѓународна
конференција од македонски
јазик на англиски јазик и од
англиски јазик на македонски
јазик
Преведена содржина на
Публикација на клучните
заклучоци од
меѓународна
конференција на
македонски јазик и на
англиски јазик
20 страни
Септември
-
Октомври
2023
2
Преведување на содржина на
web страница од македонски
јазик на англиски јазик и од
англиски јазик на македонски
јазик
Преведена содржина на
web страница од
македонски јазик на
англиски јазик и од
англиски јазик на
македонски јазик
30 страни
До Јули
2025
3
Преведување на содржина за
Извештај за најдобри
практики, Компилација на
Преведена содржина на
Извештај за најдобри
практики, Компилација на
10 страни
Февруари
-
Јули
3. Проектот „Место за растење: Општини посветени на децата” е финансиски поддржан од страна на Европската Унија.
Изразените ставови и мислења се на организациите кои го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите
и мислењата на Европската Унија
видео сведоштва,
Компилација на подкасти од
македонски јазик на англиски
јазик и од англиски јазик на
македонски јазик
видео сведоштва,
Компилација на подкасти
од македонски јазик на
англиски јазик и од
англиски јазик на
македонски јазик
2025
Сите наведени задачи и обврски треба да бидат спроведени во консултација со проектниот тим
на Меѓаши. Во табелата се наведени максималниот број на потребни страници за превод.
Точниот број на страници ќе биде утврден согласно моменталната потреба на проектните
активности.
V. Хонорари/Услови на исплата
Меѓаши ќе ги исплати преведувач(к)ите според производ, за бруто износ, вклучувајќи и
персонален данок на приход, а ќе изврши уплата во рок од седум (7) дена по примањето и
одобрувањето на комплетната документација и доставени производи опишани во табелата
погоре.
VI. Профил на преведувач(к)и
Завршено високо образование на академски студии од најмалку VII/1 или 240 кредити
според ЕКТС, предност ќе имаат кандидатите со завршени универзитетски студии по
англиски јазик, и/или искуство со превод и толкување не помалку од 3 години;
Течно зборува и пишува македонски јазик со одлично познавање на пишан и говорен
англиски јазик;
Искуство на проекти финансирани од меѓународни донатори, на пример: проекти
финансирани од ЕУ ќе бидат предност;
Одлични компјутерски вештини (MS Word, Excel, Интернет, итн.);
Одлични организациски вештини;
Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
Флексибилност за работа преку викенди;
VII. Аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да ги испратат своите апликации не подоцна од 16.07.2023
до 16:00 часот на следнава адреса placetogrow@childrensembassy.org.mk. За дополнителни
прашања можете да нѐ контактирате најдоцна до 14.07.2023, до 12:00 часот на 071 37 97 99.
а. Кратка биографија на преведувач(к)и
б. Диплома/уверение за стекнато високо образование на академски студии од најмалку VII/1
или 240 кредити според ЕКТС
в. Меѓународно признат сертификат за познавање на јазикот (доколку е применливо)
г. Финансиска понуда во облик на очекуван бруто хонорар по страна за ангажманот за
извршување на горенаведените задачи и обврски.
д. Референци
4. Проектот „Место за растење: Општини посветени на децата” е финансиски поддржан од страна на Европската Унија.
Изразените ставови и мислења се на организациите кои го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите
и мислењата на Европската Унија
VIII. Критериуми за селекција
а. Знаење од областа на преведување (35 бода)
б. Работно искуство (35 бода)
в. Финансиска понуда (30 бода)