Оглас за ангажирање комуникациски асистент/ка
🎤🎤Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi објавува оглас за ангажирање комуникациски асистент/ка со половина работно време (20 часа неделно).
Arritjet dhe angazhimet e rëndësishme organizative.pdf
Оглас за ангажирање комуникациски асистент/ка
1. Оглас за ангажирање комуникациски асистент/ка
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање комуникациски
асистент/ка со половина работно време (20 часа неделно).
Првата детска амбасада во светот Меѓаши е граѓанска организација која 30 години работи
на полето на заштита на децата и нивните права. Веруваме дека со посветено и одговорно
работење на предизвиците со кои се соочуваат децата можеме да направиме промени. Тимот на
Меѓаши е инспириран од личните и организациски вредности како: емпатија, солидарност,
ненасилство, личен интегритет, доверба, искреност, чесност, ентузијазам, отвореност и
соработка, професионалност, правда, иновативност, почитување и достоинство, поддршка.
Нашите вредности ставени во функција на организациската мисија и визијата не движат кон
креирање на општествените промени кои се во најдобар интерес на децата.
Мисија на ПДАС Меѓаши
Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги застапува и заштитува правата на децата,
поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското
движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите
во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование развивајки
активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство, ги негува различностите и еднаквите
можности за сите.
Визија на ПДАС Меѓаши
Поправеден свет за секое дете
Доколку се препознавате во повеќето од нашите вредности, ја разбирате мисијата и
визијата на Детската амбасада МЕЃАШИ и сакате да станете дел од нашиот мал но посветен тим ја
очекуваме Вашата апликација.
Потребни вештини и знаења:
- Високо образование од областа на комуникација и односи со јавноста или друга релевантна
област. Работно искуство и дополнителни неформални обуки за комуникации ќе бидат земени
предвид
- Јавно говорење и настап пред камера
- Користење на социјалните медиуми за професионални цели. Вештини од областа на дигитален
маркетинг ќе се сметаат за предност
- Придонес во креирање информативни содржини за активностите (веб-сајт, социјални мрежи)
и директни учества на медиуми
- Познавање на програми за графички дизајн ќе се смета за предност
2. - Искуство во креирање комуникациска стратегија
- Запознаеност со основни аспекти од проектен циклус
- Најмалку 1 година работно искуство на слична позиција
- Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик. Познавањето и на албански јазик ќе се
смета за предност
- Одлично познавање на MS Office и работа со компјутери
- Професионална етика, одговорно, навремено и уредно завршување на задачите, посветеност
кон мисијата на организацијата, организациските цели, целите на проектите и програмите
- Иницијативност, организаторски способности и способност за работа под притисок
- Одлични комуникациски вештини,способност за тимска работа и работа во средина во која се
почитуваат различностите
- Возачка дозвола Б категорија
Главни задачи и обврски:
- Развивање, планирање, комуникација, координација и имплементација на кампањи
реализирани со вклучување на деца и млади и надворешни ПР агенции
- Подготовка на стратегии и планови за ефективна комуникација и избор на соодветни
комуникациски канали, соопштенија, текстови, постови за социјални и др.медиуми
- Организирање и учество во промотивни настани
- Креирање, дополнување и ажурирање на информативни содржини за активностите (веб-сајт,
социјални мрежи) и директни учества на медиуми
- Подготовување квартални извештаи за видливоста на активностите од кампањите и јавноста и
во медиумите
- Комуницирање со сите засегнати страни, застапувајќи ги вредностите на Детската амбасада
МЕЃАШИ
- Тимска работа и соработка, навремено обезбедување административна и техничка поддршка
на организацијата кога е потребно. Одговорно административно работење, документирање,
евидентирање и архивирање на важната поштенска и електронска коресподенција.
Детската амбасада МЕЃАШИ овозможува:
- Работа од дома и канцеларија
- Слободни денови за родендени на деца
- Можности за професионална и лична надградба –
- Менторство и поддршка од тимот во исполнување на работните задачи
- Детската амбасада МЕЃАШИ вложува во тим кој ги живее вредностите на организацијата и се
труди да обезбеди позитивна работна средина, тимска работа и почитување на личноста и
различностите
- Платен годишен одмор од 26 денови, односно 13 за половина работно време.
3. Вид на вработување:
- Работниот однос ќе биде на определено време од 1 година, со можност за продолжување, со
пробен целосно платен период од 3 месеци, со 20 часовна работна недела (50%).Работниот
ангажман ќе се спроведува почнувајќи од 1 септември 2023 година и предвидува договор за
работен однос со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување и почетна основна
нето плата во износ од 15.200 за пола работно време
Аплицирање:
- Работна биографија,
- Писмо за мотивација,
- Копија од диплома за завршен VII/1 степен на образование;
- Копија од возачка дозвола
- Потврда за познавање англиски јазик (ќе се смета за предност)
- Препораки од претходните работни места (ќе се смета за предност)
Целокупната документација може да се испрати на следнава електронска
адреса info@childrensembassy.org.mk со назнака: „Пријава по оглас за избор на Комуникациски
асистент/каа“ или да биде донесена лично или испратена по пошта на ул: ,,Коста Новаковиќ“ 22а,
1000 Скопје, во затворено плико, со назнака: „Пријава по оглас за избор на асистент
координатор/ка“ најдоцна до 23.08.2023 година . Само кандидатите кои ќе бидат селектирани ќе
бидат повикани на разговор. На останатите кои ќе аплицираат Детската амбасада Меѓаши не
презема одговорност да им одговори.
Повеќе информации за работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши кандидатите/ките
можат да најдат на веб страната: www.childrensembassy.org.mk