1. Втор состанок на Платформа за
заедничко застапување за промени во
системот на државно финансирање на
граѓанските организации во Македонија
МЦМС, 12 јануари 2017 г.
2. Препораките од националната конференција
“Потенцијалот на државното финансирање за
одржливост на граѓанските организации”
• Правен основ за државно финансирање на ГО
• Начин на поддршка
• Распределба на средства од игри на среќа и забавни игри до ГО
• Критериуми и процедури за распределба на средствата од ГО
3. Правен основ за државно финансирање на ГО (1/2)
• Посебен закон, во кој ќе се дефинира посебен процент од буџетот кој е
наменет за граѓанските организации
• Обврзувачки документ (Одлука, Закон) за уредување на процедурата за
распределба на средствата до ГО (планирање на средствата, спроведување на
повици, известување, мониторинг и оценка)
• Кодексот да премине во обврзувачки акт на пр. Правилник (создавање на
законски основ) и посебни критериуми за специфични типови на организации
и нивни потреби
• Кодексот да се ревидира и прошири на сите буџетски корисници
• Закон за здруженија и фондации – измена на законската рамака за
заживување на статусот на организации од јавен интерес (ослободувања со
едноставни механизми пр. давачки, царини итн.).
• Прелог-законот за социјално претприемништво
• Измена на Закон за игри на среќа и забавни игри- % од приходите од игри на
среќа и забавни игри
4. Правен основ за државно финансирање на ГО (2/2)
• Консултативни процеси пред креирање на буџетот: Годишни
планови/програма цели и активности кои што ќе ги спроведуваат
граѓански организации, со план на јавни повици за доделување на
средства за овие активности
• Консултативниот процес за утврдување на приоритети за доделување
на достапните средства
• Да се зголеми буџетската ставка 463 и да се одделат спортските,
младинските организации и партиите од невладините.
• Регистар на ГО по министерства - централизирани (или статусот од
јавен интерес)
5. Начин за поддршка
• Децентрализираниот модел со зајакната координативна улога на Генералниот
секретаријат особено во однос на споделувањето на информациите
• Комбиниран пристап (министерства + посебно тело)
• Објавување на сите информации за повиците на едно место (Единствен
електронски портал за повици за доделување на средства и на веб страниците
на институциите)
• Обезбедување на институционална и проектна поддршка и фонд за ко-
финансирање за проекти финансирани од ЕУ и други донатори, особено
проектите за прекугранична соработка.
• Генералниот секретаријат да е задолжен за институционална поддршка на ГО
кои не добиле поддршка од ресорните министерства.
• Барем 40% од приходите од лотариите за општествени цели (Словенија)
• Исплата на средствата да биде навремено (рати)
6. Извори
• Лотариите и игрите на среќа
• Државниот буџет (вклучително и постоечките фондови на Генералниот
секретаријат)
• Буџетот на локалната самоуправа
• Даноците на пр. 1% од персонален данок на доход директно до ГО (листа на ГО)
• Претпристапни фондови
7. Распределба на средства од игри на среќа и
забавни игри до ГО
• Проширување на рамката на ГО подобни за финансиски средства
односно, организациите кои ќе добијат статус на организација од јавен
интерес исто така да добијат дел од приходите од лотариите и игрите
на среќа
• Отворање на средствата кон сите организации од дефинираните
области
• Целосно искористување на 50% од приходите од лотариите и игрите на
среќа согласно на законската рамка (без дефинирање на апсолутни
износи)
• Да се дефинираат области во законот кои ќе се определат преку
консултативниот процес
8. Критериуми и процедури за распределба на
средствата од ГО
• Обврзувачки документ (Одлука, Закон) за уредување на процедурата за распределба на средствата
до ГО (планирање на средствата, спроведување на повици, известување, мониторинг и оценка)
• Јавен повик со јавно објавени износи на грантовите кои се планираат да бидат доделени, јасно
пропишани услови и критериуми за доделување
• Да се усвои урнек на апликации кој ќе биде јасен и прегледен за институциите и за организациите
• Општите критериумите да се дефинираат со правилник, а дополнителните посебни критериуми да
бидат дефинирани од институциите
• За секој вид на поддршка да се дефинираат посебни критериуми
• Различни критериуми за различни организации (во согласност со големина, географско покривање
итн.)
• Да се објави информација за тоа колку средства нудат различните институции за ГО. На колкави
средства ГО може да се надеваат?
• Објавување на информација колку, на кого и за кои активности грантови се доделени.
• Критериуми кои ќе ги поттикнуваат малите организации
• Критериуми кои ќе овозможат ново-формирани ГО да добијат поддршка (да се гледаат
професионалните биографии и квалитетно напишан проект)
10. Институции кои распределуваат средства од
463-Трансфери до невладини организации
(2016-2017)
Институции 2016 2017 Промена Промена %
04001 Влада на РМ 12.000.000 50.000.000 38.000.000 317%
04009 Секретаријат за европски прашања 0 1.000.000 1.000.000
04010 Секретаријат за спроведување на рамковниот договор 10.000.000 11.300.000 1.300.000 13%
05001 Министерство за одбрана 4.000.000 4.000.000 0 0%
05003 Дирекција за заштита и спасување 3.500.000 3.000.000 -500.000 -14%
07001 Министерство за правда 98.700.000 112.000.000 13.300.000 13%
12101 Министерство за животна средина и просторно планирање 20.000.000 15.000.000 -5.000.000 -25%
15001 Министерство за труд и социјална политика 91.180.000 89.770.000 -1.410.000 -2%
16101 Агенција за млади и спорт 39.022.000 84.022.000 45.000.000 115%
19001 Министерство за здравство 7.000.000 6.000.000 -1.000.000 -14%
66006 Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на
Македонија
2.000.000 2.000.000 0 0%
Вкупно 287.402.000 378.092.000 90.690.000 32%