SlideShare a Scribd company logo
1 of 14
Ликовите во „Страданијата
на Младиот Вертер“
од Јохан В. Гете
Инспирација
• Ова дело е инспирирано од животот на самиот автор. Имено, во 1772
година, тој се преселил во Вецлар и работел како писар, следејќи ја
татковата желба да оди по правничкиот пат. Во романот ја опишал и
кралската институција која работел. Главната инспирација доаѓа од
двајцата секретари Јерусалем и Кестнер, меѓу кои се случила слична
приказна како онаа раскажана во романот.
Инспирација
• Кестнер тајно бил верен со Лота, но кога Гете ја запознал, тој се
вљубува во неа. Тогаш тој дознал дека таа е свршеница на неговиот
пријател и се обидел да ги скрие чувствата кои Лота и Кестнер ги
забележале. Поради своите длабоко всадени морални вредности,
животот станал неподнослив за Гете и тој се вратил во Франкфурт.
Додека сеуште се обидувал да ги среди своите чувства и впечатоци, тој
добива писмо дека другиот негов пријател – Јерусалем се самоубива.
За Гете и „Страданијата на Младиот Вертер“
• Јохан В. Гете е автор на едно вечно популарно дело,творец на типични
романтичарски јунаци преку кои ни ги презентира одликите на
романтизмот,а истовремено ни слика слика во која главниот лик
животот го води преку срцето,исклучувајќи го разумот. Во
„Страданијата на младиот Вертер“ романтичарот Гете ја опишува
чувствителноста како одлика на системот во кои тие не може да се
развиваат.
• Во романот видливо дека преку ликовите се даваат информациите на
романот, кои се обидуваат да го прикажат не директно животот, туку
прикажувањето на животот. Поради тоа, темата, во крајна линија, е
животот, а не документите. Романот е исто толку дел од реалниот свет
колку што е и писмото, а писмата во Страданијата на младиот Вертер
се, во крајна линија, измислени.
За главниот лик: Вертер
Главниот извор на страданието е недостиг на љубов. Лик кој е осуден на
страдание, мака, тага е ликот на Вертер. Токму тој го карактеризира
романот како навистина мрачна книга во која целосно можеме да го
видиме судирот на класицизмот и слободниот романтизам
Преку Вертер, Гете го претставил вистинскиот романтичарски лик. Лик
кој ја сака природата, единственото нешто кое го исполнува и го прави
среќен. Чувствува омраза кон општеството. Го доживува како место во кое
постојат лажни и неправедни односи меѓу луѓето: "блескава" беда, тиња
меѓу тој гнасен свет, каде секој секого навредува.
За главниот лик: Вертер
Вертер е разочаран од таквиот свет, од хиерархијата која постои, која ја уништува
индивидуалноста... Не сака ни да работи, се гуши, постојано патува и се чувствува
неразбран од другите, скитник, патник. Но неговото вистинско страдание
започнува кога се заљубува во Лота – вереницата на неговиот другар Алберт,
девојка која поради моралот не му ја возвратува љубовта.
Преку ликот на Вертер можеме да ги откриеме многубројните романтичарски
елементи кои се застапени во романот. Исто така, неговиот лик претставува
олицетворение на општествената положба на народот во тој период.
• Според писмата на Вертер до Алберт, добиваме впечаток дека луѓето се
добри, вредни, патријархално воспитувани, едноставни и мошне
простодушни. Во средина каде тој наоѓа совршен баланс меѓу
изолацијата и ваквите луѓе, ослободен од било какви ограничувања,
Гете ја користи средината да ја опише романтичарската душа на Вертер
преку описите на пејзажите но најмногу преку платонската љубов кон
Лота.
За Лота
• Таа е многу добра жена,грижлива сестра, која што по смртта на нејзината мајка
го одржува своетоветување и ги одгледува своите сестри и браќа.Храбра,
лојална и секогашспремна да им помогне на другите.За Вертер таа претставува
идеална љубов,но платонска бидејќи помеѓу нив нема ништо повеќе од
духовен однос.Вертер како романтичар својата идеална љубов постојано ја
именува како ангел и јасмета за нова цел за неговиот живот. Нема минута кога
не мисли на неа. Ја доживаува како светост, како божја убавина за неговата
душа, ја сака до таа мера што го засакува и секој предмет што ке го допре таа.
• Иако идеализиран, ликот на Лота претставува олицетворение на
неприфатеноста на романтичарските души во време на транзитот од
класицистичкиот литературен период.
За Алберт
• Алберт е нотар кој ја претставува граѓанската класа и истовремено е симбол на
разумот. Секој чекор во неговиот живот е премислен. Непосредно пред да
дојде Алберт, Вертер е сигурен дека љубовта кон Лота му е возвратена, дури
никогаш не го гледал Алберт како противник. По извесно време тој станува
љубоморен поради желбата саканата да биде само негова. Поради тоа
чувствува грижа на совеста и донесува одлука да замине во друг град каде
добива службеничка работа преку мајка му.
• Поради тоа, Алберт е слика на суровоста на тогашното општество и
општествените прилики во тоа време.
Заклучок
• Страдањата на младиот Вертер е најголемиот љубовен роман во светстката
книжевност. Тоа е драматична приказна за едно пасивно и сентиментално
незадоволство на пречувствително момче, херој на своето време, кое бега
од светот, но не може да ги избегне цврстите окови што му ги
наметнува општеството. Затоа, младиот Вертер наполно му го врти грбот на
тоа општество бегајќи од луѓето и се повеќе тонејќи во природата.
“Страдањата на младиот Вертер“ е роман со лирска исповед за најнежните
и најскриените душевни расположенија и најдлабоката духовна болка на
младата кревка душа за која пред тоа не се знаело, а ниту после тоа ќе се
слушне.
Заклучок
• Гете успеал на неспоредлив начин во описот на една љубовна
трагедија да ги собере сите големи проблеми на своето време во
борбата за правилниот развиток на младата личност. Затоа, овој роман
претставува безвременска приказна која ќе му помогне на секој млад
човек, девојка или момче, да ги прескокне бездните, што се
создаваат во еден период на животот, меѓу силното тело на младоста
и нежните нишки на духот.
• Изработила: Елена Митковска III – 1
• Ментор: Бранка Арсовска
• Ноември, 2013

More Related Content

What's hot

лектира број 2 гоце делчев
лектира број 2 гоце делчевлектира број 2 гоце делчев
лектира број 2 гоце делчевBiljana CM
 
Растенија, градба, животен циклус
Растенија, градба, животен циклусРастенија, градба, животен циклус
Растенија, градба, животен циклусВанѓе Манева
 
ТВРДОГЛАВИТЕ ЈАРЦИ, Ла Фонтен
ТВРДОГЛАВИТЕ ЈАРЦИ, Ла Фонтен  ТВРДОГЛАВИТЕ ЈАРЦИ, Ла Фонтен
ТВРДОГЛАВИТЕ ЈАРЦИ, Ла Фонтен Osnovno uciliste
 
Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војни
Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војниБитово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војни
Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војниAleksandar Arsovski
 
Пиреј - Синоним за истрајноста и неуништливоста на македонскиот народ во мина...
Пиреј - Синоним за истрајноста и неуништливоста на македонскиот народ во мина...Пиреј - Синоним за истрајноста и неуништливоста на македонскиот народ во мина...
Пиреј - Синоним за истрајноста и неуништливоста на македонскиот народ во мина...Aleksandar Arsovski
 
Prirodni i vestacki izvori na svetlina biljana
Prirodni i vestacki izvori na svetlina biljanaPrirodni i vestacki izvori na svetlina biljana
Prirodni i vestacki izvori na svetlina biljanaBiljana Ilioska
 
царство на растенија
царство на растенијацарство на растенија
царство на растенијаvalentinastanoevska
 
Заштеда на енергија и Обновливи извори
Заштеда на енергија и Обновливи извориЗаштеда на енергија и Обновливи извори
Заштеда на енергија и Обновливи извориBobi Jordanov
 
претворање на број во процент и обратно...
претворање на број во процент и обратно...претворање на број во процент и обратно...
претворање на број во процент и обратно...Biljana CM
 
загадување и заштита на животната средина
загадување и заштита на животната срединазагадување и заштита на животната средина
загадување и заштита на животната срединаAleksandar Arsovski
 
т'га за југ
т'га за југт'га за југ
т'га за југskate99
 
константин миладинов
константин миладиновконстантин миладинов
константин миладиновskate99
 
Геотермална енергија - Стефан Јосифоски
Геотермална  енергија - Стефан ЈосифоскиГеотермална  енергија - Стефан Јосифоски
Геотермална енергија - Стефан ЈосифоскиSilvana Krsteska
 
појава на романтизмот во франција
појава на романтизмот во францијапојава на романтизмот во франција
појава на романтизмот во францијаskate99
 
Рефлексивната лирика изразена во поезијата на Матеја Матевски и Гане Тодоровски
Рефлексивната лирика изразена во поезијата на Матеја Матевски и Гане ТодоровскиРефлексивната лирика изразена во поезијата на Матеја Матевски и Гане Тодоровски
Рефлексивната лирика изразена во поезијата на Матеја Матевски и Гане ТодоровскиAleksandar Arsovski
 
алтернативни извори на енергија
алтернативни извори на енергијаалтернативни извори на енергија
алтернативни извори на енергијаOliver Petrovski
 

What's hot (20)

лектира број 2 гоце делчев
лектира број 2 гоце делчевлектира број 2 гоце делчев
лектира број 2 гоце делчев
 
Растенија, градба, животен циклус
Растенија, градба, животен циклусРастенија, градба, животен циклус
Растенија, градба, животен циклус
 
ТВРДОГЛАВИТЕ ЈАРЦИ, Ла Фонтен
ТВРДОГЛАВИТЕ ЈАРЦИ, Ла Фонтен  ТВРДОГЛАВИТЕ ЈАРЦИ, Ла Фонтен
ТВРДОГЛАВИТЕ ЈАРЦИ, Ла Фонтен
 
Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војни
Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војниБитово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војни
Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војни
 
Пиреј - Синоним за истрајноста и неуништливоста на македонскиот народ во мина...
Пиреј - Синоним за истрајноста и неуништливоста на македонскиот народ во мина...Пиреј - Синоним за истрајноста и неуништливоста на македонскиот народ во мина...
Пиреј - Синоним за истрајноста и неуништливоста на македонскиот народ во мина...
 
Prirodni i vestacki izvori na svetlina biljana
Prirodni i vestacki izvori na svetlina biljanaPrirodni i vestacki izvori na svetlina biljana
Prirodni i vestacki izvori na svetlina biljana
 
3Д форми
3Д форми3Д форми
3Д форми
 
царство на растенија
царство на растенијацарство на растенија
царство на растенија
 
Заштеда на енергија и Обновливи извори
Заштеда на енергија и Обновливи извориЗаштеда на енергија и Обновливи извори
Заштеда на енергија и Обновливи извори
 
претворање на број во процент и обратно...
претворање на број во процент и обратно...претворање на број во процент и обратно...
претворање на број во процент и обратно...
 
загадување и заштита на животната средина
загадување и заштита на животната срединазагадување и заштита на животната средина
загадување и заштита на животната средина
 
т'га за југ
т'га за југт'га за југ
т'га за југ
 
константин миладинов
константин миладиновконстантин миладинов
константин миладинов
 
Геотермална енергија - Стефан Јосифоски
Геотермална  енергија - Стефан ЈосифоскиГеотермална  енергија - Стефан Јосифоски
Геотермална енергија - Стефан Јосифоски
 
Екологија
ЕкологијаЕкологија
Екологија
 
појава на романтизмот во франција
појава на романтизмот во францијапојава на романтизмот во франција
појава на романтизмот во франција
 
Jазик
JазикJазик
Jазик
 
Делови на растението
Делови на растениетоДелови на растението
Делови на растението
 
Рефлексивната лирика изразена во поезијата на Матеја Матевски и Гане Тодоровски
Рефлексивната лирика изразена во поезијата на Матеја Матевски и Гане ТодоровскиРефлексивната лирика изразена во поезијата на Матеја Матевски и Гане Тодоровски
Рефлексивната лирика изразена во поезијата на Матеја Матевски и Гане Тодоровски
 
алтернативни извори на енергија
алтернативни извори на енергијаалтернативни извори на енергија
алтернативни извори на енергија
 

ликовите во „страданијата на младиот вертер

  • 1. Ликовите во „Страданијата на Младиот Вертер“ од Јохан В. Гете
  • 2.
  • 3. Инспирација • Ова дело е инспирирано од животот на самиот автор. Имено, во 1772 година, тој се преселил во Вецлар и работел како писар, следејќи ја татковата желба да оди по правничкиот пат. Во романот ја опишал и кралската институција која работел. Главната инспирација доаѓа од двајцата секретари Јерусалем и Кестнер, меѓу кои се случила слична приказна како онаа раскажана во романот.
  • 4. Инспирација • Кестнер тајно бил верен со Лота, но кога Гете ја запознал, тој се вљубува во неа. Тогаш тој дознал дека таа е свршеница на неговиот пријател и се обидел да ги скрие чувствата кои Лота и Кестнер ги забележале. Поради своите длабоко всадени морални вредности, животот станал неподнослив за Гете и тој се вратил во Франкфурт. Додека сеуште се обидувал да ги среди своите чувства и впечатоци, тој добива писмо дека другиот негов пријател – Јерусалем се самоубива.
  • 5. За Гете и „Страданијата на Младиот Вертер“ • Јохан В. Гете е автор на едно вечно популарно дело,творец на типични романтичарски јунаци преку кои ни ги презентира одликите на романтизмот,а истовремено ни слика слика во која главниот лик животот го води преку срцето,исклучувајќи го разумот. Во „Страданијата на младиот Вертер“ романтичарот Гете ја опишува чувствителноста како одлика на системот во кои тие не може да се развиваат.
  • 6. • Во романот видливо дека преку ликовите се даваат информациите на романот, кои се обидуваат да го прикажат не директно животот, туку прикажувањето на животот. Поради тоа, темата, во крајна линија, е животот, а не документите. Романот е исто толку дел од реалниот свет колку што е и писмото, а писмата во Страданијата на младиот Вертер се, во крајна линија, измислени.
  • 7. За главниот лик: Вертер Главниот извор на страданието е недостиг на љубов. Лик кој е осуден на страдание, мака, тага е ликот на Вертер. Токму тој го карактеризира романот како навистина мрачна книга во која целосно можеме да го видиме судирот на класицизмот и слободниот романтизам Преку Вертер, Гете го претставил вистинскиот романтичарски лик. Лик кој ја сака природата, единственото нешто кое го исполнува и го прави среќен. Чувствува омраза кон општеството. Го доживува како место во кое постојат лажни и неправедни односи меѓу луѓето: "блескава" беда, тиња меѓу тој гнасен свет, каде секој секого навредува.
  • 8. За главниот лик: Вертер Вертер е разочаран од таквиот свет, од хиерархијата која постои, која ја уништува индивидуалноста... Не сака ни да работи, се гуши, постојано патува и се чувствува неразбран од другите, скитник, патник. Но неговото вистинско страдание започнува кога се заљубува во Лота – вереницата на неговиот другар Алберт, девојка која поради моралот не му ја возвратува љубовта. Преку ликот на Вертер можеме да ги откриеме многубројните романтичарски елементи кои се застапени во романот. Исто така, неговиот лик претставува олицетворение на општествената положба на народот во тој период.
  • 9. • Според писмата на Вертер до Алберт, добиваме впечаток дека луѓето се добри, вредни, патријархално воспитувани, едноставни и мошне простодушни. Во средина каде тој наоѓа совршен баланс меѓу изолацијата и ваквите луѓе, ослободен од било какви ограничувања, Гете ја користи средината да ја опише романтичарската душа на Вертер преку описите на пејзажите но најмногу преку платонската љубов кон Лота.
  • 10. За Лота • Таа е многу добра жена,грижлива сестра, која што по смртта на нејзината мајка го одржува своетоветување и ги одгледува своите сестри и браќа.Храбра, лојална и секогашспремна да им помогне на другите.За Вертер таа претставува идеална љубов,но платонска бидејќи помеѓу нив нема ништо повеќе од духовен однос.Вертер како романтичар својата идеална љубов постојано ја именува како ангел и јасмета за нова цел за неговиот живот. Нема минута кога не мисли на неа. Ја доживаува како светост, како божја убавина за неговата душа, ја сака до таа мера што го засакува и секој предмет што ке го допре таа. • Иако идеализиран, ликот на Лота претставува олицетворение на неприфатеноста на романтичарските души во време на транзитот од класицистичкиот литературен период.
  • 11. За Алберт • Алберт е нотар кој ја претставува граѓанската класа и истовремено е симбол на разумот. Секој чекор во неговиот живот е премислен. Непосредно пред да дојде Алберт, Вертер е сигурен дека љубовта кон Лота му е возвратена, дури никогаш не го гледал Алберт како противник. По извесно време тој станува љубоморен поради желбата саканата да биде само негова. Поради тоа чувствува грижа на совеста и донесува одлука да замине во друг град каде добива службеничка работа преку мајка му. • Поради тоа, Алберт е слика на суровоста на тогашното општество и општествените прилики во тоа време.
  • 12. Заклучок • Страдањата на младиот Вертер е најголемиот љубовен роман во светстката книжевност. Тоа е драматична приказна за едно пасивно и сентиментално незадоволство на пречувствително момче, херој на своето време, кое бега од светот, но не може да ги избегне цврстите окови што му ги наметнува општеството. Затоа, младиот Вертер наполно му го врти грбот на тоа општество бегајќи од луѓето и се повеќе тонејќи во природата. “Страдањата на младиот Вертер“ е роман со лирска исповед за најнежните и најскриените душевни расположенија и најдлабоката духовна болка на младата кревка душа за која пред тоа не се знаело, а ниту после тоа ќе се слушне.
  • 13. Заклучок • Гете успеал на неспоредлив начин во описот на една љубовна трагедија да ги собере сите големи проблеми на своето време во борбата за правилниот развиток на младата личност. Затоа, овој роман претставува безвременска приказна која ќе му помогне на секој млад човек, девојка или момче, да ги прескокне бездните, што се создаваат во еден период на животот, меѓу силното тело на младоста и нежните нишки на духот.
  • 14. • Изработила: Елена Митковска III – 1 • Ментор: Бранка Арсовска • Ноември, 2013