More than Just Lines on a Map: Best Practices for U.S Bike Routes
импрес
1. Проект на НАУК
при ООУ " Кирил и Методиј"
Свети Николе
Тема Научни истражувања
Наслов; Како бојадисувале нашите предци?
2. Членови на тимот:
Тричковска Матеја
Славевски Петар
Арсовска Драгана
Здравев Виктор
Сандева Теона
Стојанова Ева
Петков Нлагој
Станојков Даниел
Владимиров Ѓорѓија
3. Вовед
На часот по општество работевме истражувачки активности
од темата Република Македонија во светот- наставна
содржина Културното наследство користејки го методот Web
Quest .Повеќето истражуваа за народните носии и везови.
Големата љубов кон народните ракотворби и носиите за кои
не може да се каже кога се изработени., каде се не се чувани,
минималната грижа за нив од наследниците - оставени во
заборав, но сепак опстојале со својот сјај на боите.
Токму споредбата на боите со денешниот текстил не поттикна
да истражуваме и да дојдеме до сознанија Како? На кој
начин? Од што? ги подготвувале боите и го
бојадисувале волненото и памучното предиво,платно и јајцата
за Велигден.
4. Истражувачки активности
Заклучивме дека до сознанија можеме да дојдеме преку интервју со
постари луѓе на кои потеклото им е од некое село.
Подготвивме прашања за интервју
1.Од што се добиваат природните бои?
Која е постапката за правење на природните бои?
Која е разликата на овие бои со боите кои ги користат во
бојаџилниците?
На 19. 04 . 2011 год. го спроведовме интервјуто со баба Лена и
дедо Стојан во нивниот дом дознавме кој е одговорот на
нашето прашање Како бојадисувале нашите предци?
Петар го среди видео клипот и на 23 . 04.2011 год . по часовите
го гледавме и ja дознавме постапката за добивање на природни
бои.
6. Потребно ни е
;
плинско, лончина, цедалка, термус со врела вода,мали шишенца од сок,
инка , пластични канчња,волнено и памучно предиво и платно,
послужавници, лушпи од ореви, лисја или кора од јасен, лушпи од кромид,
коренчиња расад од пипер ипатлиџан,трева брок,трева
млечка,лисјаодорев, комење, каре боја( почва богата со железо), модар
камен, вилушки, ладна веода,салфета, фотоапарат, кибрит, компјутер,
фломастери, лепак, ножици;
7. Подготвивме упатство за работа
Постапка за добивање на природни бои
Природните материјали се ставаат во сад, се посипуваат со
вода и се остаават 2 до 3 дена да постојат,а потоа се става на
оган и се врие додека течноста не добие темна боја
Се вадат природните материјали и во течноста се става
предивото или сплетената облека и пак се врие се додека не
се добие посакуваната боја.Се трга од оганот,се остава да
олади ,се вади предивото ,се засушува,а потоа се пери.
Си поделивме активности и започнавме со
експериментирање.
8. Драгана од стебла пипер доби прекрасна ЗЕЛЕНА БОЈА со
која го бојадиса парчето плетено од волна.
9. МАТЕЈА од кората на јасен со додавање на каре боја во
врелата течност доби црна боја и ја употреби за
бојадисување на шалчето и капата на нејзината омилена
кукла.
10. Виктор од стеблато и лисјата на патлиџан со додавање
на каре боја доби сива боја.
11. Ѓорѓија лушпите на кромидот ги искористи и направи
портокалова боја со која го бајадиса своето предиво.
12. Теона јатката од искршените ореви ги подели со нас и ги
изедовме,а од лушпите доби кремаста боја .
19. РЕФЛЕКСИЈА
Со реализацијата на овој проект
,преку истражувачки активности
научивме за добивањето на
природните бои со кои бојадисувале
нашите предци.
Но задоволството беше поголемо
кога и ние со експериментирање
успеавме да добиеме многу бои и со
нив бојадисавме волнено предиво.