2. Биографија и творештво
Михаил Александрович Шолохов е руски писател од
советскиот период и добитник на Нобеловата награда за
литература (1965). Во своите дела ја продолжува традицијата на
големите имиња на руската литература, да се пишува за
настани кои се од судбоносно значење за рускиот народ.
Роден е во 1905 година во Кружилино ( регионот на реката Дон ),
во селско семејство.
Основното образование го стекнал во црковно училиште, а
гимназија посетувал во повеќе градови, поради службените
преместувања на татко му.
Школувањето го прекинал во 1918 година во екот на
Граѓанската војна. По војната едно време живеел во Москва,
обидувајќи се да го продолжи образованието и поради
немање средства работел тешки физички занаети (носач,
ѕидар)
3. Истовремено учествувал во литературната група
Млада гвардија, но брзо ја напуштил и се вратил во родниот
крај за да земе учество во неговата обнова.
Своите први литературни обиди ги објавува во 1923 година на
осумнаесетгодишна возраст ,тоа е неговиот прв текст во весник.
Пишува раскази собрани во збирките „Донски раскази“ и „Лазурна
степа“ кои се основа за неговите подоцнежни големи дела: роман-
епопеја
„Тивкиот Дон“ (1928-1940) и романот „Разорана целина“(1932). Целото
негово творештво е обземено со судбината на Козаците во текот на
Октомвриската револуција.
По 1940 година објавувал многу малку. Меѓу најзначајните дела е
приказната-епопеја „ Судбината на човекот ” и надворешниот роман
„ Тие се бореа за татковината “.
4. •Тивкиот Дон е едно од најголемите
дела на постоктомвриската
книжевност во СССР. Замислен како
синтеза на роман-епопеја и роман-
трагедија, тој дава слика на животот
на донските козаци за време на
Првата светска војна и за време на
Граѓанската војна во Русија.
•Заради објективниот пристап кон
настаните, Шолохов бил критикуван
од приврзаниците на т.н. соц-
реализам.
5. Судбината на човекот
Во новелата се раскажува за обичниот
руски војник и неговата судбина во текот
на Втората светска војна. Нараторот е
главниот лик, Андреј Соколов, кој полека,
без вознемирување му го раскажува својот
живот на еден непознат човек со кого
случајно се сретнува чекајќи да дојде
сплав за минување на реката. Расказот
започнува со човекот кој ќе ја ислуша
„судбината“ на патникот со малото
детенце и кој на крајот ќе срони машка
солза, но кој исто така ќе се наполни со
надеж - надеж дека човек иако може да
загуби се, сепак ќе изнајде начин да
живее, да продолжи, да биде уште
похуман од порано, да им помага на тие
околу себе - така осмислувајќи си го
животот.
6. Во делото се говори за страдањата на кои бил изложен
главниот јунак, кој како воен заробеник, речиси целата војна
ја поминува во германските логори и покрај повеќето обиди
да побегне од нив.
Откако најпосле побегнал и им се приклучил на единиците
на Црвената Армија, дознал дека сите членови на неговото
семејство: сопругата Ирина, двете ќерки и синот настрадале
во војната. Останат сам, со омраза во душата, но и со
длабока тага, патувајќи низ непрегледните предели на
земјата, Андреј Соколов ќе го сретне детето Вања кое ја има
истата судбина - во војната останало само без своите
родители. Двајцата ќе станат приврзани еден на друг, меѓу
нив ќе се развие љубов. Главниот јунак ја прифаќа измамата
за да ублажи сопствената болка, да ја замени осаменоста со
љубов и грижа за напуштеното дете.
Новелата носи силна антивоена порака, за апсурдноста на
сите стравотии што ги носи војната, а особено за физичкото
уништување. Но уште посилно во делото доаѓаат до израз
љубовта, добрината и сочувството како хумани особини кои
треба да ги негува човекот. Михаил Шолохов на умешен
начин го слави величието на обичниот човек.
7. Во делото се говори за страдањата на кои бил изложен